
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



„Денес поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за одбрана. Додека ја извршував оваа функција се водев од институционална посветеност, транспарентност и од одговорност кон граѓаните и кон државниот интерес. Мојата оставка е резултат на длабока лична и професионална проценка, верувајќи дека ова е неопходен чекор и во согласност со моите убедувања“, објави Исмаили на Фејсбук. Таа му се заблагодари на премиерот Христијан ...
Димитриеска Кочоска вели дека како Влада се многу внимателни во тој дел. Не одиме, нагласува, наеднаш и оптимистички во реализација на сите шест милијарди имајќи предвид дека земјава треба да има проекти што се зрели и да можат да се реализираат. „Првиот циклус подразбира некаде околу пет години. Тоа значи дека две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од ...
Се очекува трансферот на Флоријан Вирц да биде еден од најголемите во летниот преоден рок, за услугите на фудбалерот сериозен интерес пројавуваат Реал Мадрид, Баерн Минхен, Ливерпул и Манчестер Сити. Но последните информации велат дека „граѓаните“ се откажале од зделката и најголемиот трансфер во својата историја поради огромната сума која ќе треба да биде инвестирана. Клубот од „Етихад“ пресметал дека целиот пакет ќе биде тежок околу 300 ...
„Стратегијата на ЕБОР за Северна Македонија за периодот 2025 – 2030 година, која беше усвоена овој месец, има јасни приоритети за регионалната интеграција, одржливата инфраструктура и зајакнување на поконкурентната и инклузивна економија. Како што е истакнато во Извештајот за транзицијата 2024-2025 година-Навигација во индустриските политики, истите може да играат критична улога во обликување на долгорочната конкурентност и отпорност на земјата. ...
Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, кој траел повеќе од два часа, сега е завршен, објавија руските државни медиуми. Рускиот претседател го опиша разговорот како „информативен, искрен и многу корисен“, пренесува РИА новости. Путин наводно му се заблагодарил на Трамп за неговата улога во обновувањето на директните разговори меѓу Москва и Киев. „Му се заблагодарив на претседателот на Соединетите Американски Држави за ...
Граѓани се собрале во паркот со неговото име, а в.д. градоначалникот на општината, Дејан Митески, со општински претставници и други делегации, положиле цвеќе пред споменикот на Сандански. Во рамките на програмата биле доделени плакети, признанија и благодарници. „Признанија и благодарници добија и вработените во Општина Аеродром, кои неуморно работат на создавање уште подобри услови за аеродромци цели 20 години, а доказ за тоа дека светот ...
Како дел од проектот, а во рамки на пчеларство „Данев“ поставена е пилот пчеларска фарма во околината на Зрновци, на која ќе се прават теренски обуки на заинтересирани пчелари за добивање на т.н. трутово млеко. „Станува збор за финален пчелен производ што досега е непознат на нашите простори, а во источноевропските земји и Русија во последните неколку децении се користи во секојдневната исхрана. Трутовото млеко е поевтина и подостапна замена за ...
Ајакс објави дека 36-годишниот Фариоли одлучил да го напушти Ајакс по болната сезона. Тој имаше договор до јуни 2027 година, но вели дека има различни размислувања со раководството и поради тоа заминува. „Моето патување во Ајакс започна пред речиси една година, на Де Тоекомст, со цел да го вратиме Ајакс таму каде што му е местото. И заврши на Јохан Кројф Арена, конечно враќајќи го Ајакс во Лигата на шампиони — најголемата сцена на европскиот ...
„Од утре се монтираат и тајмери со електровентили на поголемите зелени површини, со цел контрола на наводнувањето и рационално трошење на водата“, рече Ангеловски. Тој појасни дека се раководат по синхронизирани работни налози по пријави во кол центарот и директно во претпријатието, а за секоја пријава има повратна информација. „Мобилната апликација ,’е – Комуналец’ се почесто се користи од граѓаните, така да силно работиме на дигиталните услуги ...
Во првото коло Ивановски за ривал го има хрватскиот тенисер Мили Пољичак, осми носител, кој во 2022 година беше победник на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Мечот ќе се игра утре (вторник). „Драго ми е што пак сум тука, што ќе играм во Скопје. Секако чест и задоволство е да се игра пред домашната публика. Добро се познавам со мојот утрешен ривал Пољичак, тренираме во ист клуб. Што се однесува до подготвеноста, сметам дека добро сум подготвен, но ...
Вака отприлика најавува новиот германски министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, дека новата германска влада во иднина треба да инвестира дури пет отсто од бруто домашниот производ во одбраната. Тој ова го изјави на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во турска Анталија. Германија, според министерот, го поддржува предлогот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, да се издвојат 3,5 отсто за воени потреби, а ...
Тој во дописот до премиерот Христијан Мицкоски наведува дека поднсеува неотповиклива оставка. „Одговорнста што ја презедов со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чивство на должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја донесувам по внимателна лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да ...
„Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.020 верници од земјава, кои ќе патуваат кон светите места, иако беа пријавени повеќе. Бројката е идентична како и минатата година. Верниците ќе патуваат од 24 мај, со 11 авионски чартер летови, со по 180 патници. Тие се од различни возрасти, највозрасниот е над 80 а најмладиот на 10-годишна возраст“, додаде Јакупи. Според него, ...
Зборувајќи со новинарите пред разговорот на Доналд Трамп со Владимир Путин, потпретседателот рече: „Би рекол дека сме и повеќе од спремни да се откажеме“. „Претседателот беше многу јасен – САД нема да се вртат во круг. Сакаме да видиме конкретни резултати. А првиот клучен резултат што сакавме да го видиме, и за кој сме задоволни, е тоа што и Русите и Украинците донесоа вистински мировен предлог на масата.“ Ванс рече дека станало јасно како дошло ...
Според градоначалникот Ганиу, ова претставува неприфатлива интервенција во надлежностите на локалната самоуправа, со јасна политичка позадина. „Поради недостаток на активности од надлежните јавни претпријатија, Општина Чаир презеде конкретни мерки преку ангажирање приватна компанија за чистење на најзагадените зони, со цел да се обезбеди ред и чистота во јавните простори“, вели Ганиу. Градоначалникот Ганиу упати апел до институциите за итна ...
Лук Лукот често се препорачува за здравјето на срцето бидејќи содржи моќна супстанца наречена алицин. „Алицинот делува како природен разредувач на крвта што спречува згрутчување на крвта и го намалува крвниот притисок“, објаснува Сервацио за Параде. Рутенштајн додава дека алицинот во сечканиот или здробениот лук го намалува воспалението и може да помогне да се спречи создавање наслаги во артериите. Сервацио препорачува да се консумира лук секој ...
Алкалоид заврши голема работа во Атина од каде се враќа со победа од четири разлика пред реваншот во Скопје. Според играта и резултатот, јасно е дека Алкалоид е многу, многу блиску до европски трофеј, но Лазаров е претпазлив. „Одигравме добар натпревар против тим со голема традиција и искуство. Но, ништо не е завршено, можеби предноста од четири гола изгледа како голема предност, меѓутоа мораме да одиграме на високо ниво и во реваншот. АЕК е тим ...
По настапот во Европскта Златна лига следуваат и евро-квалификациите со Грција и Грузија во август кои ќе бидат приоритет. Иако Златната лига ќе биде дел од темпирањето на формата за тие мечеви, Савовски вели дека сакаат резултат. „Трета по ред година во Златната Европска лига. На кормилото на селекцијата се враќа Јошко Миленкоски што искрено мене ме радува и сигурен сум дека многу значи и за останатите, во оваа сега веќе многу подмладена ...
„Мислам дека сите овие случувања во делот на АА предводена од Таравари, се знак дека одлучноста на структурите таму и подготвеноста е многу поголема да не завршат во прегратките на Али Ахмети, од калкулациите на Таравари. Според наши неофицијални информации, тие ќе продолжат. Револтот кај сите поддржувачи, симпатизери и функционери таму е многу голем. Така што, чекаме наредниве денови, мислам дека тој тренд ќе продолжи“, рече Муртезани прашан ...
„Јасно е дека нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов. За нас нема проблем ако сите земји членки имаат дополнителни барања, меѓутоа тие да бидат во склоп на реформите и европските стандарди, а да не бидат претворени во блокади и да не содржат билатерални прашања“, вели Муртезани прашан за пораките испратени од претседателот на ЕС Антонио Кошта и ...
„Не можеме да имаме двојни стандарди кога станува збор за културата“, рече Санчез, додавајќи дека ако Русија била исклучена од натпреварот по почетокот на инвазијата на Украина, ниту Израел не треба да учествува. Во саботата, австрискиот кандидат победи на Евровизија, додека израелскиот пејач Јувал Рафаел го освои второто место, благодарение на многу необичното гласање на „публиката“. Шпанските радиодифузери и формално побараа организаторите на ...
Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ 8 Септември, болницата Св. Наум Охридски и Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница – Кочани на сите пациенти вратени од странство и третирани во земјава по трагедијата со пожарот. Целта е, како што рече денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, да се утврди состојбата на секој пациент одделно ...
„Седиштето на Амнести во Лондон е центар за подготовка на глобални русофобни проекти финансирани од соучесниците на режимот во Киев“, соопшти руското обвинителство. Обвинителството објасни дека од почетокот на својата работа, активистите на Амнести „прават сè што можат за да ја интензивираат воената конфронтација во регионот – ги оправдуваат злосторствата на украинските неонацисти, повикуваат на зголемување на нивното финансирање и инсистираат ...
„Управниот суд, со оглед на зголемениот јавен интерес за предметот У-5.бр.380/2025, ја известува јавноста дека Судот донесе Пресуда У-5.бр.380/2025 од 15.05.2025 година, со која ја уважи тужбата на тужителот Антоанета Димовска од Скопје, а Одлуката за избор на судија на Уставниот суд бр.08-2239/1 од 10.04.2023 година на Собрание, ја поништи, пишува во соопштението од Управен. Одлуката следува по тужбата на членот на Судски Совет, Антоанета ...
„Владата има премиер кој го составува владиниот тим. Јас се чувствувам комплетно продуктивно и посветено во Фондот каде има многу работа. Ќе бидам отворен за разговор, зависно од потребите. Но, повторно ќе кажам, во ФЗО има многу што да се работи, така да какви било рокади мора да предвидуваат комплетно решевање на кадровската екипираност во секторот здравство“, истакна Клековски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за ...
Во видео изјава објавена на социјалните мрежи, Нетанјаху рече дека сојузниците на Израел изразиле загриженост за „сликата на глад“ и дека израелските „најголеми пријатели на светот“, без да прецизира кои, му рекле дека „сцените на масовен глад се нешто што не можат да го поднесат, не можат да го прифатат“ и дека „нема да можат да го поддржат тоа“. „Затоа, за да постигнеме победа, треба некако да го решиме проблемот“, додаде Нетанјаху. Тој ...
Како што информира на брифинг со новинарите, во изминатиот период тим експерти од Велика Британија спроведоа интензивни обуки на 45 здравствени работници за физикална и психолошка рехабилитација на пациентите. „Обуките беа спроведени во пет јавни здравствени установи, во Клиниката за пластична хирургија, физикална медицина во ГОБ “8 Септември” и во болниците во Штип и Кочани. По препорака на англиските експерти рехабилитацијата ќе биде во Кочани ...
Шефовите на држави и влади „разговараа за ситуацијата во Украина и за катастрофалната цена на војната за двете страни“, изјави неименуван портпарол на британскиот премиер Кир Стармер. „Пред разговорот на претседателот Трамп со претседателот Путин (в понеделник), лидерите разговараа за потребата од безусловен прекин на огнот и потребата претседателот Путин сериозно да ги сфати мировните преговори“, додаде тој. По неуспешните преговори меѓу Киев и ...
Како што најави Ивановски на денешната прес-конференција во Владата, ќе се изврши целосна реконструкција на постојната траса со подигање на брзина над 160 километри на час за патничкиот и до 120 километри на час за товарниот сообраќај. Паралелно со постојната ќе се изгради и целосно нова пруга со што ќе има два колосека при што максимално ќе се исправат кривините и ќе се намали должината на пругата. „Рокот за изградба е пет години од почетокот ...
„Финска е избрана како една од земјите што ги спроведува мерките на Европската Унија за снабдување на Украина со одбранбен материјал користејќи ги приходите од замрзнатите руски средства“, соопшти министерството. Муницијата ќе биде купена од фински добавувачи во вредност од 90 милиони евра, според Ројтерс. Финскиот министер за одбрана Анти Хакканен изрази задоволство од договорот, наведувајќи: „Успеавме да преговараме за дополнителни средства за ...