
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



РК Алкалоид денеска го одржа последниот тренинг во Скопје, по што замина во Грција. На тренингот беше присутен и Генералниот директор/Претседател на УО на Алкалоид АД Скопје, г. Живко Мукаетов, кој го поздрави тимот, а на играчите им посака среќа и успех и им порача дека верува во нивните квалитети за позитивен резултат, пред реваншот за трофеј во Скопје. Играчите и стручниот штаб му се заблагодарија за поддршката и ветија максимална борба, за ...
Стармер ќе ги пречека лидерите на ЕУ во Лондон во понеделник за да помогне во обновата на односите со Унијата, при што двете страни ќе се обидат да обезбедат напредок во одредени области. Велика Британија ја напушти ЕУ во 2020 година, но Стармер се обидува да ги зајакне врските со најголемиот трговски партнер на земјата откако неговата централно-левичарска Лабуристичка партија победи на минатогодишните национални избори. Самитот ќе резултира со ...
Третото финале во ФА Купот се покажа како талично за Кристал Палас, популарните „орли“ денеска на Вембли го изненадија фаворитот Манчестер Сити и го освоија трофејот, кој е прв во нивната историја долга 119 години. Клучниот момент се случи во 16. минута од мечот кога Муњоз убаво продре по десната страна и му асистираше на Езе за 1-0. Мармуш пропушти да го врати Манчестер Сити во игра, скапото зимско засилување не реализираше пенал во 36. минута ...
Две лица загинаа, 22 се повредени, од кои двајца во критична состојба, откако брод за обука на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, изјави утринава градоначалникот Ерик Адамс. Адамс на платформата Икс изјави дека три од јарболите на бродот биле оштетени минатата ноќ кога бродот удрил во мостот поради механички дефект, објави Ен-би-си њуз. 🇺🇸🇲🇽 | ÚLTIMA HORA — Suben a 35 los heridos, 16 de ellos graves, tras el choque ...
Облечени во стандардниот дрес код – палто, вратоврска, елегантни чевли и задолжително кацига, тие, како и секоја година, така и оваа ќе бидат дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride кое се одржува во 108 држави со вкупно 1.036 учесници. Скопје првпат се најде на мапата на ова глобално движење во 2016 година, а оваа урбана приказна со хуманитарна димензија опстои благодарение на двајцата иницијатори Игор Стефановски и ...
„Реализацијата на проектот ‘градски воз’ ќе се одвива во три дела. Градежните работи на првиот дел од проектот ќе започнат на есен, оваа година. Долж трасите ќе бидат изградени нови стојалишта сè со цел граѓаните да имаат подобар пристап до превозот со воз, којшто ќе им го олесни движењето од нивното населено место до Скопје. Врз основа на податоците дадени во физибилити студијата се подготвува тендерска документација и наскоро ќе биде објавен ...
„Не се соочуваме само со олигархија, туку со претседателот кој го поткопува нашиот устав секојдневно. Се заканува на слободата на говорот, слободата на собирањето. Неговите агенти на Емиграциската и царинска служба (ИЦЕ), во овој момент фаќаат невини луѓе на улица, ги уфрлаат во неозначени возила и ги водат во центрите за задржување’, кажа Сандерс. „Луѓе со маски трчаат по луѓето, ги уфрлаат во камиони“, кажа тој, за што посочи дека постојат ...
Трамп вчера изјави дека одлуката за евентуалните обвиненија ќе ја донесе државниот обвинител Пам Бонди, пренесува Асошиејтед прес. Објавата на Коми се однесува на објава на Инстаграм во која тој напиша – „кул формација на школки на мојата прошетка по плажа“, заедно со слика од школки кои изгледаат како да ги формираат броевите „86 47“. Според речникот Меријам-Вебстер, бројот 86 е жаргонски термин што значи „да се исфрли“ или „да се ослободи од“ ...
Складиштето, кое се наоѓа во близина на клучниот автопат помеѓу Симферопол и Алушта, наводно содржело воена опрема, муниција и гориво. Локалните жители известија дека по нападот над воениот комплекс се издигнал густ облак од чад. Снимките од социјалните мрежи покажуваат силна експлозија. The situation is so serious that the Russians have even blocked traffic on the Simferopol-Alushta route, which runs through the village of Perevalne. There are ...
„Во понеделник, во 10 часот, ќе разговарам на телефон со претседателот на Русија, Владимир Путин. Темите на разговорот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“ во кое просечно се убиваат повеќе од 5.000 руски и украински војници неделно и за трговија. Потоа ќе разговарам со претседателот на Украина, Зеленски“, најави Трамп во објавата на социјалната мрежа Трут соушл. Трамп додаде дека по разговорите со рускиот и украинскиот претседател ќе ...
„СДСМ ја претвори државата во корупциска каса и ги распродаваше интересите на народот за лични функции и со договори зад затворени врати. Тоа време е минато. ЗНАМ, како дел од власта, нема да дозволи Македонија повторно да биде потценета, понижена и ограбена“, рече Димитриевски. Тој порача дека ЗНАМ не е тука да продолжи со старите матрици, туку да воспостави нов систем, базиран на чесност, отчетност и работа во интерес на сите граѓани. „Секој ...
„Последниот случај на разрешување на сите заменик-шефови Албанци и именувањето на блиски роднини на градоначалникот на општината во Полициската станица Бутел претставува не само институционален скандал, туку и опасен сигнал за враќање на ексклузивноста и дискриминацијата во најчувствителниот сектор – безбедноста. Особено загрижува фактот што ова се случува токму во Бутел – една од најизразените мултиетнички општини во главниот град, каде што ...
„ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту претседателката, а по линија надолу ни целата политичка раководната структура, никој не води ни малку грижа за пристојно учество на Албанците во општествените текови. Без разлика што за изборот постои јасна уставна и законска процедура, која минува низ филтерот на претседателката, а потоа и собранискиот филтер, политичките претставници на Албанците во рамките на парламентарното мнозинство ...
„Наместо очекувањата на ЕУ земјава да го исполни договореното за да ги започне преговорите за членство, Македонија очекува ЕУ да ги почитува и да ги исполни сопствените критериуми од Копенхаген. Прилично лесно се изречени несериозните одговори на Кошта дека повеќе нема да има нови билатерални барања од Бугарија по вметнувањето на Бугарите во Уставот. Ќе потсетиме дека во изминатите 25 години и повеќе Македонија редовно слушаше неискрени и лажни ...
„Ние не ја носиме државата со себе – ние имаме право да ја водиме, тоа ни припаѓа! Албанците се над 30 отсто, живеат континуирано на своите огништа и се нераскинлив дел од државноста!“ – изјавил Ахмети, отфрлајќи ги стравовите дека Албанците наводно „ја преземаат државата“. Сепак во својот говор пред поддржувачите, Ахмети упатил јавен повик до премиерот Христијан Мицкоски, и побарал директни објаснувања за „политиките кои го загрозуваат ...
Минчев порача дека вистинската сила е во народот и дека ЗНАМ ја гради својата програма врз основа на реалните проблеми и потреби на луѓето. „Не ветуваме чуда, туку решенија. За нас политиката не е маркетинг, туку обврска кон секој граѓанин кој чека правда, работа и достоинствен живот. Нашата визија е чесна Македонија, во која институциите ќе бидат на страна на народот, а не на партиските елити“, истакна Минчев. Средбите во овие две општини беа ...
Токму поради молкот на институциите, на овој марш немаше јавно обраќање на никој од родителите на децата кои ги загубија животите во огнената стихија. Во долга колона, во која поддршка дадоа и членови на движењето „Кој е следен?“ и граѓани од други градови во државата, во 16 часот и 5 минути учесниците тргнаа од Паркот на rеволуцијата кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и oбвинителството. Со транспаренти ...
„На разденување денес, заедно со неколку пријатели по идеал од Алијансата за Албанците, тргнавме кон Приштина, минувајќи по автопатот ‘Арбен Џафери’, пат што за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална врска. Таму, во Приштина, водевме братски разговор со нашиот пријател, Албин Курти. Она што нè обединува денес, повеќе од кога било, е нашата заедничка визија и идеал за напредок и развој — идеал што не познава ...
Њујорк последен пат во конференциско финале играа во 2000 година кога беа поразени од Индијана. Тоа е тимот со кој и оваа година ќе ја водат битката за освојување на Истокот. Ноќеска во „Медисон Сквер Гарден“ во фантастична атмосфера Њујорк го растури Бостон кој не можеше да парира без повредениот Џејсон Тејтум. Брансон и Оу Џи Ануноби постигнаа по 23 поени, Бриџис реализираше 22, додека Таунс имаше 21 поен и 12 скокови. Џош Харт направи тенок ...
„Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство ќе биде основата и фундаментот на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од пет милијарди фунти, односно шест милијарди евра. Дел од парите ќе бидат за инвестиции во инфаструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, инвестици во здравстото и нови болници, завршување на проектот на Клиничката болница во Штип, заедно со зградата на новиот ...
Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската берзанска асоцијација посочи дека за глобализацијата не само што сè повеќе се расправа како прашање за на јавна сцена, туку сега веќе се разговара за мултипоалиразција, деглобализација, затворање на пазарите, за царински мерки… „Ова што се случува со царините воведени од САД, па нивното одложување за 90 дена, го прави светот 90 дена заложник. Крајната неизвесност што постои во светот, во ...
Заврши сезоната во ПМФЛ, денеска единствено нешто за што се решаваше беше кој ќе го избегне местото кое води во бараж за опстанок. Брера беше во подобра позиција бидејќи одлучуваше сама, струмичкиот тим не потфрли, го совлада Работнички со 3-2 и се спаси. Нџенгуе и Велков донесоа водство од 2-0 за Брера, Лазаревиќ намали на 2-1, тоа беше резултатот од првото полувреме. Ѓорѓиевски од пенал во вториот дел погоди за 3-1, а Работнички до крајот ...
Астон Вила синоќа со 2-0 го победи Тотнем и остана во трка за место во Лигата на шампионите. По крајот на мечот Мартинез подолго од сите остана на теренот и со насолзени очи се поздравуваше со навивачите. Според британските медиуми, Мартинез донел одлука да го напушти клубот од Бирмингем. Наводно Мартинез има понуди од Саудиска Арабија, но и од Европа, тој сака да остане на стариот континент и да игра на највисоко ниво. 🚨 BREAKING: Emiliano ...
Тошковски се заблагодари на гостите од Австрија за вредната донација, притоа изразувајќи уверување дека соработката со австриските волонтери ќе продолжи, како со обезбедување опрема така и во обука на самите пожарникари. Што се однесува на постојните капацитети на државата за справување со пожари, Тошковски посочи дека изминатиот период е работено со единиците за локална самоуправа и Дирекцијата за управување со кризи, во насока на што поголема ...
„Очекуваме дека ќе биде избран оператор кој ќе ги опслужува сите центри во Македонија, сите 37 установи. Се бара да бидат постојано ангажирани 60 лица од компанијата која ќе ги обезбедува нашите објекти. Со тоа го одржуваме она ветување кое го дадовме до центрите кои се соочуваат реално со разни ситуации, кога со граѓани кои имаат постојано потреба од нашите услуги, се случуваат инциденти. Таков еден инцидент, за жал се случи токму во Центарот ...
Автомобил се појави меѓу навивачите кои чекаа да влезат на стадионот, тие почнаа да фрлаат предмети кон него и да му викаат, а тој наеднаш даде гас и почна да вози низ толпата. Повредени се 13 луѓе, никој од нив не е сериозно повреден. Навивачите на Еспањол бараа мечот да се откаже, но веројатно затоа што нема тешки последици од инцидентот, официјалните лица го одбија барањето. Ултрас фановите на Еспањол го напуштија натпреварот поради тоа што ...
Лавров ја потврди подготвеноста на Русија да продолжи со соработката со САД за украинското решение. Шефот на руското Министерство за надворешни работи ја истакна позитивната улога на САД, што придонесе Киев да го прифати предлогот за продолжување на преговорите во Истанбул. Соговорниците разменија мислења за продолжување на контактите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави. Рубио ја нагласи подготвеноста на Вашингтон да продолжи да помага ...
„Попустот до 70%, уште пет дена, до следниот вторник, се однесува и на најактуелни изданија, со голем избор од илјадниците автори, книги и приказни за сечиј вкус – најбараното и од домашната продукција и од светската книжевност. Романи за сите генерации, семејни приказни, автобиографии, фанстастика, филозофија, психологија, историја, драма, трилер, мистика, есеистика, гастрономија, право и политика, лексикографија, книги за деца, енциклопедии, ...
„Полска, Германија и Италија беа толку воено неподготвени што ефективно се потпираа на член 5 за да се заштитат себеси. Суштината на тој член е дека нападот врз една земја се толкува како напад врз сите“, објасни Кларк. Потоа тој презентираше различни сценарија. „Руски напад врз Германија, кој би победил? Русија. Руски напад врз Италија, кој би победил? Русија. Руски напад врз Полска, кој би победил? Веројатно би завршило слично како војната во ...
Од Агенцијата информираат дека од 2010 година имаат свој промотивен штанд во рамките на Павилјонот на земјите од Југоисточна Европа (СЕЕ павиљон), заедно со уште седум земји од регионот – Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Кипар, Србија, Словенија и Хрватска. Преку овој штанд, се реализираат бројни активности со цел промоција на македонската кинематографија, нејзините автори и потенцијалите за меѓународна соработка. Претставниците на ...