Директорот Оливер Белопета соопшти дека се држеле до стандардната концепција и сите изведувачи доаѓаат со специјални проекти. Иако се работи за јубилеј, рече, не се амбицирале да направат нешто специјално или програмски да го прошират фестивалот поради тоа што буџетот е ограничен и не постојат инфраструктурни услови за концертите. Како што рече, со години бараат летна сцена поради тропските услови, но дека досега не им е излезено во пресрет. ...
Оффест идната среда (3 јуни) во 20 часот во Македонската национална опера и балет (МНОБ) ќе биде отворен со концерт на „Guitari Baro“ („Гитарски разговори“) – инструментално трио од две гитари и еден балафон, составено од тројца врвни гриот музичари од Гвинеја и Мали. Тројцата музичари ги спојуваат хипнотичките традиционални стилови со влијанија од џез, конгоанска румба, гвинејски танцови ритми и кубанска музика. На првата фестивалска вечер ...

