Поранешниот селектор на Македонија, му се враќа на репрезентативниот фудбал откако Таџикистан денеска потврди дека тој е нивниот нов предводник. „49-годишниот македонски стручњак Игор Ангеловски е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Таџикистан. Тој ќе го подготвува тимот за Азискиот куп во 2027 година кој ќе се одржи во Саудиска Арабија“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Таџикистан. View this post on Instagram A ...

Тој телескоп од следната генерација „ќе ѝ даде на Земјата нов Атлас на универзумот“, изјави администраторот на НАСА Џаред Ајзаккмен, од Центарот за вселенски летови Годард во Мериленд на вселенската агенција, каде што неодамна беше составен. Висок повеќе од 12 метри, сребрениот инструмент, опремен со огромни соларни панели, сега ќе биде транспортиран во американската држава Флорида, од каде што ќе биде лансиран во вселената во септември со ...

Петтопласираниот тим на Западот по основниот дел од сезоната ноќеска славеше на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс со 99-93 и намали на 2-3 со тоа што шестиот натпревар го игра на домашен терен. Во последните два меча Лејкерс го губат здивот, се повеќе се чувствува неиграњето на Лука Дончиќ, а дури ни враќањето на Остин Ривс не донесе свежина. Во центарот на вниманието на петтиот натпревар беа прво Фини Смит, а потоа Рид Шепард. Особено се ...

„Иако новинарите не работат во непријателска средина, широко распространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за намалување на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините претставници имаат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите“, се наведува во Извештајот на „Репортери без граници“. Македонија и лани забележа пад, за шест ...

Македонија ја претставуваа 23 ученици поделени во пет тима, при што секој тим освои по една награда со свои инженерски решенија на темата „Кога луѓето би биле единствената вештачка интелигенција“. Учениците работеа на проекти поврзани со реални предизвици од секојдневниот живот, опфаќајќи области како транспорт, производство на храна, заштита од природни непогоди и безбедност на значајни објекти, користејќи различни технологии од областа на ...

Тој објасни дека дел од индикаторите од реформската рамка треба да бидат исполнети до крајот на јуни, кога завршува т.н. грејс период за обврските со рок јуни 2025 година. Според него, од вкупно 12 индикатори, 10 се во фаза на реализација. Во делот на енергетиката, Мицкоски посочи дека еден од индикаторите предвидува промена во начинот на набавка на електрична енергија, со што би се намалило државното учество во субвенционирањето на цената за ...

Од компанијата посочуваат дека сите фази од постапката се реализираат под директен надзор на ЕБОР, што, како што се наведува, претставува дополнителна гаранција за законитост, транспарентност и меѓународна усогласеност на целиот процес. „Изборот на изведувач се врши исклучиво според процедурите на ЕБОР. Во овој процес, АД МЕПСО како инвеститор има улога на оценување на референците и перформансите на компаниите, без никаква субјективност или ...

Одговарајќи на прашање од пратеникот Блерим Беџети, премиерот посочи дека Владата нема да дозволи, како што рече, „ситен популизам“ на етнички теми, нагласувајќи дека фокусот треба да биде на проекти и реформи. Тој истакна дека употребата на албанскиот јазик не е спорна, наведувајќи пример со официјални настани на кои се обезбедува превод и на македонски и на албански јазик, во согласност со Уставот. Во однос на Законот за јазици, Мицкоски се ...

„Мислам дека ќе објавиме што е можно повеќе во блиска иднина. Ќе објавиме сè што има врска со НЛО или сличен материјал. И мислам дека голем дел од тоа ќе биде многу интересно. Интервјуирав пилоти, многу сериозни луѓе, и тие рекоа дека виделе работи во кои не би верувале. Така што, ќе читате за тоа“, рече Доналд Трамп. Во февруари, претседателот Трамп го задолжи министерот за одбрана Пит Хегсет да го започне процесот на идентификување и ...

Материјалот е изработен од психологот Деспина Стојановска, која ги предводеше едукативните работилници со учениците во рамките на кампањата. Во повеќе од 150 основни училишта во 26 општини беа одржани 620 работилници, на кои присуствуваа над 18.000 ученици, а искуствата од овие средби беа основа за подготовка на прирачникот. „Овој прирачник не е создаден само врз основа на теорија, туку пред сè, врз основа на директна работа со учениците. Во ...

На обуките за дијадна развојна психотерапија организирани од СОС Детско село кои завршија вчера, а предводени од една од водечките експертки во областа и клинички психолог, Ким Голдинг од Обединетото Кралство, учествуваа претставници на центрите за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детско село во Скопје, Кавадарци и Струмица, на ЈУ Дом за деца „11 Октомври“ – Скопје, на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола, како и од советувалиштата ...

При претрес во подрумска просторија во Аеродром која ја користел осомничениот 49-годишник, полициски службеници пронашле вкупно 108,61 грама марихуана, 66,9 грама психотропна супстанца – амфетамин и синтетички опијат – метадон со вкупен волумен од 210,5 мл. Освен тоа, биле пронајдени и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална трговија со дрога, како и две дигитални ваги со траги од амфетамин, кокаин и марихуана. ...

Како што напиша Ѓорѓиевски, овој проект е од огромно значење за градот Скопје. „Со неговото завршување, Скопје добива нова, современа и функционална сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на градот, која ќе овозможи подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, но и значително ќе ги растовари булеварите Партизански одреди и Илинденска. Со ова решение, граѓаните ќе добијат побрз, побезбеден и поефикасен излез кон ...

Како што соопшти РКЕ, одлуката следува по добиените пет дневни податоци за среднодневната температура на воздухот од Управата за хидрометеоролошки работи, кои покажуваат дека се очекуваат невообичаено ниски температури за овој период од годината. „Целта е достигнување на високи стандарди во исполнување на јавната услуга снабдување со топлинска енергија за греење“, велат од РКЕ. Како што соопшти РКЕ, одлуката следува по добиените пет дневни ...

Како што посочуваат од ЦГК, изградбата и подобрувањето на локалната инфраструктура треба да се заснова врз предвидлива политика и стратешко, повеќегодишно планирање и трошење според среднорочна буџетска рамка – независно од изборните циклуси. „Повеќегодишните проекти треба да имаат обезбедено стабилно и обврзувачко финансирање, со цел намалување на ризиците за одолговлекување и незавршување на проектите и загрозување на финансискиот ...

„Прашањето кое го поставивте од аспект на тоа кој каде живее и кој, каде престојувал, дали престојувал некој министер сегашен или поранешен согласно моите информации, кои што ги добив непосредно неколку секунди. Во рамки на тој објект живеат неколку многу поранешни и сегашни министри, да не специфицирам во јавност, не сакам да нарушам приватност, за разлика од вашето прашање, кое што го поставивте. Јас ќе бидам таинствен и ќе кажам дека во ...

„Главната работа е дека без решавање на основните причини за украинската криза, праведно и долгорочно решение е невозможно“, рече тој на прес-конференција по разговорите со казахстанскиот министер за надворешни работи Јермек Кошербаев, објави РИА Новости. Лавров наведе дека Русија е заинтересирана за продолжување на преговорите за решавање на конфликтот во Украина врз основа на договорите постигнати со Соединетите Американски Држави. ...

„Секој обид за воведување поморска блокада се спротивставува на меѓународното право (…) и е осуден на пропаст“, рече Пезешкијан, откако висок функционер на Белата куќа го спомена можното продолжување на блокадата „за неколку месеци“. Иако ваквите информации придонесоа за нагло зголемување на цените на нафтата, иранскиот претседател рече дека ваквите мерки на блокада „не само што не ја подобруваат регионалната безбедност, туку се извор на ...

Херој на тимот повторно беше Кристијано Роналдо, кој го продолжи својот неверојатен голгетерски ритам и уште еднаш покажа дека и понатаму е клучна фигура за својот тим. Португалецот го отвори резултатот во 76. минута, кога одлично реагираше по центаршут од корнер на својот сонародник Жоао Феликс. Роналдо со прецизен удар со глава од прва статива ја затресе мрежата на противникот и го донесе водството за Ал Наср. Овој погодок беше негов 970. ...

ШК Алкалоид се натпреваруваше во категоријата играчи над 50 години, но откако пропушти победа над Италија во мечот од 6. коло, на крајот од турнирот не успеа да освои поени против Казахстан и Англија и заврши со 10 освоени бодови. На стартот, тимот составен од ВМ Трајко Недев, ВМ Звонко Станојоски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ, ВМ Роландо Кутиров и ЖИМ Габриела Коскоска беше рангиран како шести носител според просечниот рејтинг, но шансата за медала ...

На рочиштето што се одржа вчера, Стерјовски пред судот изјавил дека македонскиот му е мајчин јазик и дека не ги разбира доволно правните термини на албански јазик, нагласувајќи дека обезбедувањето превод е неопходно за фер и правично судење. На ваквото барање на Стерјовски реагирале адвокатите на тужителот од адвокатска канцеларија во Тирана, ангажирани од фондацијата, кои тврдеа дека Стерјовски подобро зборува албански јазик од нив. Сепак, ...

Расправата се одвива во пресрет на усвојувањето на фискална стратегија за периодот 2027 – 2031 година, која е клучна рамка за среднорочно управување со јавните финансии. Оваа стратегија, посочи министерката, е резултат на јасна определба за одговорно и дисциплинирано управување со јавните средства во услови на зголемени глобални ризици, енергетска нестабилност и потреба од зачувување на макроекономската стабилност. Има цел да обезбеди ...

Наводно, Мурињо и самиот му се понудил на Реал Мадрид, Португалецот очајно сака да води гигант со кој ќе може да ги освојува најголемите трофеи. Но, последните информации велат дека сега Јирген Клоп е главниот кандидат за нов тренер на Реал Мадрид. Еден од оние кои се залага за Клоп да го преземе кормилото е Тони Крос кој треба да добие директорска позиција во Реал Мадрид. Германецот почнува сериозно да размислува да се врати на тренерската ...

Според Управата, првопријавениот поранешен претседател на Стоматолошката комора, М.Д., пречекорувајќи ги границите на службените овластувања доверени од Министерството за здравство за издавање, обновување, продолжување и одземање лиценци за работа на доктори по стоматологија, свесно и со однапред утврдена намера склучувал договори со непостоечки здруженија за спроведување облици на континуирано стручно усовршување преку кои докторите по ...

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на првиот квартал изнесуваат 411 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 2,8 проценти споредено со истиот период минатата година, а нето добивката за 0,6 проценти. Зголемени се и приходите од продажба за 5,8 проценти. Македонски телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите од мерењата покажаа дека ...

Каталогот овозможува јавен увид во податоците за пријавените подароци и придонесува кон поголема отвореност на институциите, како и кон зајакнување на довербата на јавноста во нивното работење. „Објавувањето на каталогот претставува значаен дел од системот на институционален интегритет, имајќи предвид дека пријавувањето на подароци е еден од клучните механизми за превенција од судир на интереси и за зајакнување на етичкото постапување на ...

По натпреварот коментар за одиграното даде француското крило Жуниор Тузолана кој доби црвен картон и не можеше да му помогне на тимот до крајот на средбата. „Многу сме разочарани. Не дојдовме само за да го одиграме овој натпревар. Го почитувавме планот на тренерот. Во првото полувреме беше добро. Во второто, не влеговме добро, мојот глупаво добиен црвен картон беше важен, ја стави екипата во тешка ситуација и немавме многу ротации. Најважно е ...

„Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, што се одржа Скопје. Форумот е во организација на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС. Форумот се однесува конкретно на Пелагонискиот и на Југозападниот Плански Регион за ...

За разлика од вчерашниот спектакл меѓу ПСЖ и Баерн (5-4), овој натпревар донесе многу повеќе тактичко надмудрување и мал број вистински шанси. Двете екипи беа внимателни, а во првото полувреме заканите доаѓаа само повремено. Арсенал дојде до предност во самата завршница од првиот дел кога Виктор Ѓокереш изнуди пенал и самиот го реализираше за 0-1. Во второто полувреме, составот на Диего Симеоне ја презеде контролата и постојано вршеше ...

Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 18 % во споредба со минатата година. Како докажан партнер на јавното здравство, компанијата активно учествува во обезбедувањето на најсовремени ретки и специфични терапии преку застапување на производите на светски реномирани фармацевтски производители, обезбедувајќи значајна поддршка за здравствениот систем во земјава. Иако профитабилноста на овие ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.85
57%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.58
61%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.93
60%
1021
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.28
53%
1022
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.85
73%
1018
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.45
54%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 20ᴼ
1.79
46%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.65
67%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.53
50%
1017
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
1.34
95%
1018
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
0.89
48%
1020
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.76
90%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Рутениум

48965.59

Калај

51.97

Сребро

2072.63

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.48

Платина

53756.05

Злато

131337.93

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Бакар

12.52

Паладиум

39545.42

Иридиум

253540.09