Владимир Ѓорчески – Ципа почина во неговиот роден град, Тетово. Тој кариерата ја почна во Југохром од каде по две години се пресели во Работнички и таму остана пет сезони, исто толку настапуваше и за Вардар, а потоа почна да гради интернационална кариера. Ципа играше во Барселона и грчки Арис. Во финишот од кариерата се врати во Македонија и повторно играше за Вардар и Југохром. За репрезентацијата на Југославија има одиграно 48 натпревари. ...

Од Министерството за одбрана упатија повик до младите кои сакаат своето образование и професионална кариера да ја продолжат како идни офицери во рамки на Армијата, а ги исполнуваат условите од конкурсот, да ја искористат можноста и да аплицираат. На конкурсот можат да се пријават кандидати кои се македонски државјани, имаат завршено четиригодишно средно образование, не се постари од 21 година во моментот на пријавување и поднесување на ...

Барди го откажал настапот поради повреда на коленото. Тој се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не може да игра на престојните натпревари. Македонија на 29. мај игра против Босна и Херцеговина во Сараево, а на 1. јуни играме против Турција во Истанбул. Барди го откажал настапот поради повреда на коленото. Тој се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински ...

За Кристал Палас ова е историски исчекор по неуспешниот настап во Интертото купот кон крајот на деведесеттите, додека Рајо Ваљекано досега најдалеку стигна до четвртфиналето на Купот на УЕФА во сезоната 2000/01. Тимот на Оливер Гласнер до финалето стигна преку серија силни партии против Зрињски, АЕК Ларнака, Фиорентина и Шахтјор, додека шпанскиот претставник зад себе ги остави Самсун, АЕК и Стразбур, а во лигашката фаза играше и со Шкендија. ...

Истрагата на Делфи Естонија, ОЦЦРП и повеќе меѓународни медиуми покажува дека зад овие операции стои руската агенција за односи со јавноста Агенција за социјален дизајн (СДА). Агенцијата веќе е под санкции од САД, Велика Британија и Европската Унија поради претходни кампањи за влијание. Но, новите документи сугерираат дека операциите не биле само приватна иницијатива, туку дека имале надзор и координација од самата руска претседателска ...

ОД МВР појаснуваат дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW). „Напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл до 125 см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на ...

Според статистичките податоци, во 2024 година се родиле околу 16.061 дете, што е за речиси 7.000 помалку во споредба со 2015 година. Националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси, Влатко Ѓорчев, неодамна во интервју за МКД.мк кажа дека клучот е во луѓето, а не само во инфраструктурата. „Џабе ни се сите патишта, автопати, згради и фабрики ако нема луѓе. Нема ништо без луѓе. Затоа треба да размислуваме долгорочно и да ги ...

Барањето е поднесено согласно член 129 став 2 од Деловникот на Собранието, при што се предлага Комисијата за финансирање и буџет, како матично работно тело, да ја организира јавната расправа. Од асоцијациите сметаат дека примената на оваа демократска алатка ќе овозможи претставниците на индустријата и вработените во легалните објекти да ја споделат својата експертиза и професионално искуство со пратениците. Според нив, неопходно е во ...

Како што оцени професорот, сите институции во својот домен треба да го направат она што е потребно. „На едно од претходните случувања имавме и човечки жртви, односно човечка загуба, што е нешто најстрашно што може да се случи. Сметам дека треба да се разбудиме, треба сите институции во својот домен да го направат она што е потребно, а ние како Градежен факултет и фела, тука сме да ги дадеме нашите согледувања и инструкции – што е неопходно да ...

“Во Кина многу нешта се можни, дури и роботи да играат „Моравац“, во што се уверивме и самите”, наведе министерот за финансии Синиша Мали во својата објава, кој го посети иновативниот центар на кинеската компанија Минт Фјучр Фактори, пренесува Н1. (VIDEO) Roboti u Kini zaigrali Moravachttps://t.co/YFtLiqjmjL — TV N1 Beograd (@n1srbija) May 27, 2026 Тој, исто така, додаде дека планот е на ист начин роботите да ги пречекуваат посетителите на ...

Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на ди џеј-от Давид Гета и Монолит шоу на 8 септември на Градскиот стадион. Владината портпаролка, Марија Митева, денеска на прес-конференција посочи дека како Влада се подготвуваат за достојно одбележување на 35 години независност. „Навистина ни е важно и сакаме граѓаните да уживаат и да покажеме дека имаме капацитет да организираме настан со македонски и ...

Многу отровни видови змии како водената мокасинка во Северна Америка, краит во Азија и црната мамба во Африка би можеле сè почесто да ги менуваат своите живеалишта поради зголемувањето на температурите и човековото влијание врз природата, пренесува Индрабати Лахири за Еуроњуз. Истражувањето, предводено од Светската здравствена организација (СЗО), беше објавено во четврток во списанието ПЛОС за занемарени тропски болести. Во него се истакнува ...

Како што информираше денеска пратеникот Сашко Јанчев, причина за поднесување на иницијативата е тоа што, со, како што ги нарекува тој, спорните измени, се отвора можност рударски активности да започнат уште пред да биде завршена постапката за експропријација, што според Левица претставува сериозен правен и уставен проблем. Јанчев објаснува дека постапката за експропријација претставува правен механизам со кој државата, во случај на јавен ...

„Со едно ‘да’ можеме да спасиме повеќе човечки животи, органодарителството не е само медицински чин, туку и морална и етичка одговорност на секој поединец“, вели таа. Трансплантацијата на органи им овозможува на примателите да не се зависни од фамилиите, да придонесуваат во заедницата и да го менуваат општеството на подобро, посочува д-р Гавриловска Брзанов, упатувајќи посебна благодарност до семејствата, кои во најтешките моменти на болка и ...

На настанот учествуваа претставници на компании членки на АмЧам, институции и други релевантни чинители, со цел да се отвори конструктивна дискусија за тоа како процесите на одлучување можат да станат поинклузивни, подобро засновани на податоци и насочени кон практични резултати. Стивен Езел, потпретседател за глобална иновациска политика во Information Technology and Innovation Foundation – ITIF од Вашингтон, ги претстави меѓународните ...

Според податоците на ДЗС, природниот прираст е негативен во 66 општини. Во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани бројот на живородени деца изнесува 3.380 и е намален за 4.1 проценти. Бројот на умрените лица во првото тримесечје од годинава бележи намалување од 1 процент во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5.342 лица, а од нив девет се умрени доенчиња. Според податоците на ДЗС, природниот прираст е ...

Одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски, забележа дека единственото отворено прашање во овој момент се односите со Бугарија. „Бугарија имаше избори. Имаме стар претседател и нов премиер, господинот Радев, па ги очекуваме првите контакти, првите чекори што ќе ги направите на тоа ниво. Го следиме дијалогот што го имавте на министерско ниво и ќе настојуваме да ви помогнеме да се ...

Одлуката беше објавена во петокот на состанок зад затворени врати на директорите за политика на НАТО и беше пренесена од советникот на Пентагон Александар Велез-Грин, според двајца дипломати на сојузот кои зборуваа под услов на анонимност. Намалувањето на воените капацитети го одразува долгогодишниот напор на американскиот претседател Доналд Трамп да ја редефинира улогата на Америка во сојузот, како и стратешкиот пресврт на администрацијата ...

Во своето обраќање, тој упати силен апел до владите, граѓанското општество и верските лидери, барајќи нивно поголемо ангажирање и надзор на оваа моќна технологија. Крис Олах се осврна на клучните егзистенцијални, економски и морални прашања предизвикани од брзиот развој на вештачката интелигенција, истакнувајќи неколку загрижувачки трендови. Едно од најочигледните предупредувања се однесува на пазарот на трудот. Крис Олах истакнува дека ...

Интересно е што овој Французин во јуниорските денови неколку години поминал во Белград каде учел тенис. Со 14 години тој тренирал во академијата на Типсаревиќ и тој период оставил голем впечаток на него и влијаел на понатамошниот тек на кариерата. „Јанко има многу високи стандарди. Кога ќе му кажете дека сакате да бидете меѓу првите 100 или сонувате да бидете меѓу првите 10, мора да ја поставите летвичката многу високо. Вашата дисциплина и ...

Сувите бројки на хартија одамна ја изгубија својата магија. Вистинското прашање со кое се соочуваме секој пат кога ќе го погледнеме екранот е многу посуштинско: Може ли технологијата, наместо да ни создава притисок, реално да ни помогне да го заштитиме сопственото ментално и физичко здравје? Модерното секојдневие наметна темпо во кое балансот меѓу работата, семејството и грижата за себе е вистинска уметност. Во таа постојана трка, паметните ...

Во трговијата на мало во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3 проценти, а реално за 11.3 проценти, а во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 1.1 процент, а реално е зголемена за 5.2 проценту. Во Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е ...

Рускиот тенисер важеше за голем фаворит, но по вистинска драма и повеќе од три часа игра мораше да го признае поразот од 97. тенисер на АТП листата. Волтон одигра фантастичен натпревар и славеше со 3-2 во сетови, односно 6-2, 1-6, 6-1, 1-6 и 6-4, приредувајќи едно од најголемите изненадувања на стартот од турнирот во Париз. Медведев така уште на самиот почеток го заврши настапот на вториот Грен слем во сезоната, само неколку часа по ...

Decanter World Wine Awards важи за еден од најпрестижните, највлијателните и најрелевантни вински натпревари во светот. На годинашното издание беа оценувани повеќе од 17.000 вина од 57 земји, од страна на 245 вински судии, меѓу кои и 36 новоизбрани членови. Вината се оценуваат преку blind tasting, процес што обезбедува целосно објективно оценување, без судиите да знаат кое вино го дегустираат. При оценувањето се земаат предвид квалитетот, ...

Времето во кое живееме е време на глобални кризи – политички, воени, економски, културни, кризи кои секојдневно се продлабочуваат. Секојдневието станува сѐ понеизвесно, понепредвидливо и понесигурно. Оттука, немирот кој се всадува во човекот започнува да го преобразува не само неговиот надворешен лик туку, уште повеќе, внатрешноста на телото. Уништувањето, дехуманизацијата и распаѓањето на човекот како единка е застапена тема во уметноста, ...

Сега се појавуваат контурите на крајната стратегија на претседателот Трамп во војната со Иран. Во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера, Трамп наводно објаснил дека САД преговараат со Иран за „писмо за намери“ со кое формално би се завршила војната и би почнал 30-дневен период на преговори за иранската нуклеарна програма и повторното отворање на Ормускиот теснец. Целта и ефектот од таквиот договор треба да бидат ...

Николоски, како што соопшти Министерството за транспорт, истакна дека односите меѓу двете држави се традиционално блиски и пријателски, потенцирајќи дека политичката соработка дополнително се зајакнува преку партнерството на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ во рамки на Европска народна партија. „Со Хрватска имаме доста блиска соработка, би рекол и братска соработка. ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ имаат долгогодишно партнерство, а двете партии се членки на Европската ...

Солун, со својата историја, со плажите оддалечени половина час од центарот, со студентската енергија што се чувствува на секој ќош, овозможува искуство кое многу од младите што заминуваат директно во Велика Британија не го почувствуваат. Наставата се изведува целосно на англиски јазик, заедницата е длабоко меѓународна, со студенти што доаѓаат од над триесет земји од целиот свет, а кампусот функционира како нетворкинг на млади луѓе кои ...

Од ДКСК информираа дека стратегијата претставува клучен стратешки документ насочен кон превенција на корупцијата и зајакнување на институционалниот интегритет, а е подготвена преку широк консултативен процес во кој биле вклучени институции, граѓански организации, експерти, приватниот сектор, медиуми и меѓународни партнери. Во фокусот на стратегијата се области со висок ризик од корупција, меѓу кои јавните набавки, надзорот над спроведувањето ...

Дилемата на Модриќ беше дали да стави крај на кариерата по крајот на Светското првенство или да одигра уште една сезона во Милан. Шпански „АС“ и италијанска „Газета дело Спорт“, тврдат дека Модриќ го одбрал првото, ќе се пензионира по крајот на Светското првенство. Милан остана без пласман во Лигата на шампионите, го отпушти Масимо Алегри, а тие две работи не му се допаднаа на Хрватот. Во клубот во последните месеци владеел тотален хаос, се ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Рутениум

61086.42