Вардар информира за младо засилување на левата бековска позиција. „На наше огромно задоволство, денес, успеавме да го обезбедиме потписот на кадетскиот репрезентативец Марко Ѓорчески, кој во иднина ќе го носи дресот на РК Вардар 1961 и ќе му се приклучи на првиот тим. Ѓорчески настапува на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната. Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите ...
Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува да го гради тимот за иднината, откако ги обезбеди услугите на младиот хрватски ракометар Диего Басанесе. Станува збор за 18-годишен десен бек и член на младинските селекции на Хрватска, кој во Битола пристигнува од редовите на Умаг. Басанесе важи за еден од перспективните хрватски таленти, а зад себе веќе има и значаен успех со кадетската репрезентација, со која освои медал на Медитеранските игри. Од ...
Македонскиот шампион Вардар и во наредната сезона ќе ја има поддршката од својот генерален спонзор, откако клубот и „Новоматик Македонија“ постигнаа договор за продолжување на соработката. Според договореното, „црвено-црните“ ќе продолжат да располагаат со финансиска поддршка од еден милион евра годишно. Продолжувањето на партнерството беше официјализирано на прес-конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на „Новоматик ...

