„На пожарот е интервенирано со една екипа, едно возило и двајца пожарникари. Гореше сува трева- изјави командирот на смена во ТППЕ Куманово“, Чедомир Кипријановиќ. На потегот од Спомен-костурницата до населбата „Перо Чичо“, во изминатиот период е меѓу местата каде често избувнуваат пожари на отворен простор. Жителите од овој дел на градот повеќепати реагираа поради чадот од запалената сува вегетација и отпад. Поради зачестените пожари, кон ...

РЦУК информира дека по добиено известување од ЕВН Македонија АД без електрична енергија во периодот од 8 до 15 часот, ќе бидат корисниците од улица „Тодор Чангов“, во општина Аеродром. Без струја во периодот од 8.30 до 14.30 часот, ќе бидат корисниците на дел од улица „Методија Андонов Ченто“, објектите кај ЗПЗ Напредок, сендвичара Хит, објектите од место викано Триангла до надвозникот за Ченто, во општина Гази Баба. Во периодот од 9 до 13 ...

Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, осомничените на 22 јуни учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото. „Предложените мерки на претпазливост вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице или кај надлежен државен орган, како и ...

За упис во новото училиште, кое е именувано „7 Мај“ (Денот на македонската полиција), ќе може да конкурираат ученици со завршена втора година средно образование во кое било четиригодишно средно училиште во државава. Учениците што ќе се запишат ќе имаат настава по стручни и општообразовни предмети и ќе престојуваат во ученички дом (интернат) во склоп на Центарот за обука на МВР (Полициска академија) во Идризово, каде што за полицајци се ...

Трамп призна дека лично побарал од ФИФА да го разгледа црвениот картон на Балогун, оценувајќи дека исклучувањето било неправедно. „Побарав да се направи ревизија затоа што не мислев дека тоа беше прекршок. Сите сакаат да гледаат натпревар со најдобрите фудбалери. Како би се чувствувале ако ги тргневме Меси, Роналдо или Хари Кејн?“, изјави Трамп. По неговата изјава, со официјално соопштение се огласи и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ...

Аргентинскиот стратег смета дека напаѓачот бил неправедно исклучен и дека неговата селекција платила висока цена, играјќи со фудбалер помалку во завршницата од натпреварот. „Мислам дека кој го следи фудбалот и верува во етика, треба да ја прослави оваа одлука. Бевме казнети против БиХ, игравме со 10 фудбалери дури 35 минути поради неправедна одлука“, изјави Покетино. Одлуката на ФИФА предизвика бројни реакции во фудбалската јавност, особено ...

Меѓу поетските настапи што годинава предизвикаа особено внимание на Струшките вечери на поезијата, силно се издвои песната „Ми го одзедоа јазикот – македонскиот“ од грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас. Песната беше прочитана на свеченото отворање на 65. издание на фестивалот, во рамките на меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“, на кое Минас учествуваше како поет од Грција. Нејзиниот одек не беше случаен. Напишана по ...

Нов член на клубот е 21-годишниот италијански напаѓач Салваторе Рибаудо, кој во младинските категории настапуваше за Палермо и Парма. Во досегашната кариера беше дел и од Авецано, Кјери, Брера, албанска Лушња и шпанска Реал Авила, а има настапи и за младинската репрезентација на Италија до 15 години. Во нападот ќе конкурира и Лорик Каба Јакупи, кој пристигнува од Шкендија. Напаѓачот има повеќе од 60 настапи во Првата македонска фудбалска лига ...

Обвинителството најпрво презентираше докази од екстракција и анализа на телефонска комуникација од мобилните на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов. Се презентираа СМС пораки и вибер комуникација на Дејан со контакти како што биле запишани во неговиот мобилен – началничка Марија, Цеце, Тодор Јованов, Весна инспекторка приватен, Лазе Жти, Ацо командант, Магдалена лиценца, Вики економија, Благица диско… Од презентираната ...

Искусниот играч за врска се повредил за време на прославата по натпреварот, откако при прескокнување на рекламните панели незгодно го повредил зглобот на раката. Медицинскиот тим веднаш реагирал, а фудбалерот на Брентфорд бил изнесен од теренот на носилки. Селекторот Томас Тухел призна дека жали што повредата е заработена на ваков начин и додаде дека засега не може да каже кога Хендерсон ќе биде подготвен за враќање на терените. „Џордан го ...

Посочуваат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина. „Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните. Резултатите веќе го потврдуваат тоа – велат од Министерството. Од МВР информираат дека од почетокот на примената на системот евидентирани се над 130.000 ...

26-годишниот играч се сели во Лондон по три сезони минато во Њукасл. Првата понуда на Тотнем, вредна околу 80 милиони фунти, беше одбиена, но двата клуба на крајот постигнаа договор. Според информациите, лондонскиот клуб ќе плати 92,5 милиони фунти веднаш, а дополнителни 7,5 милиони фунти ќе зависат од исполнување на договорените бонуси. „Пресреќен сум што сум тука. Се зборуваше дека имало четири или пет заинтересирани клубови, но вистината е ...

„Постигнавме договор секое доброволно противпожарно друштво однапред да декларира одреден број доброволци кои, преку тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување, ќе бидат подготвени во случај на пожар веднаш да бидат упатени на местото каде што е потребно. Исто така, разговаравме и за внатрешната организација. Целосно ја менуваме структурата. Наместо доброволците да бидат ангажирани преку локалните ограноци на Дирекцијата, тоа ќе го ...

„Барањето, како што знаете, е објавено, расправата се одржа во петокот и течат процедурите што се предвидени за обнова на дозволата. Тоа што беше кажано во расправата, тоа што јас сум го кажал и го повторувам, новата дозвола на „Усје“ ќе биде со параметри со новиот закон кој влегува во сила во септември 2027 година. Тоа може да го ветам – дека целата постапка ќе биде транспарентна и јавноста ќе биде цело време известена за сите постапки, кои ...

На брифинг со новинарите претседателот на Собранието Гаши денеска рече дека електронското гласање било и во програмата на неговата политичка партија Алтернатива. Тој информираше дека на 13 јули е седницата за реконструкција на Владата, која треба да трае два дена. а новите членови на Владата ќе се гласаат поединечно. На 15 јули е закажана нова седница на која се и опозициските прашања. Општата расправа за ребалансот на Буџетот ќе трае до 8 ...

Активен е пожарот е во Општина Куманово, во месноста Пармакови Ниви, каде гори сува трева. Петте изгаснати пожари се евидентирани на неколку локации низ земјата. Во Општина Демир Капија, во селото Прждево, биле зафатени две куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума. Во Општина Ѓорче Петров, во селото Волково кај Лепенец, била опожарена депонија. Во Општина Новаци, во селото Новаци, горела сува трева, додека во Општина Дебар бил ...

Сребрениот медал претставува значаен напредок во однос на минатогодишниот бронзен медал Бронз Топ 35 отсто и е уште една јасна потврда за долгогодишната посветеност на Алкалоид на одржливиот развој, одговорното работење, транспарентноста и континуираното унапредување на деловните практики. Ова признание дополнително ја потврдува зрелоста на системскиот пристап на компанијата во имплементацијата на ЕСГ-стандардите и ја зајакнува довербата кај ...

„Признанието беше доделено на фестивалот што се одржа од 27 јуни до 3 јули, а за наградите одлучуваше петчлено жири составено од режисерите Магдалена Лазаркјевич и Ксавери Жулавски, актерите Анджеј Хира и Каролина Грушка и продуцентот Војчех Гостомчик“, соопшти продукцијата „Црна мачка“ Во образложението, жирито ја истакнало „длабоко трогателната изведба“ на Костиќ, оценувајќи дека таа со „извонредна чувствителност и храброст“ го води ликот ...

Синоќа се случи голем скандал кога ФИФА по барање на Доналд Трамп ја корегираше одлуката за суспензија на Балогун поради црвен картон. Наместо суспензија, сега одлуката е условна казна во рок од една година. Одлука која крена лавина реакции бидејќи е невидена досега. УЕФА е згрозена од она што го направи ФИФА и излезе со соопштение во кое го кажа својот став. „Вчерашната одлука за условна суспензија во период од една година за спроведување на ...

Македонија во минатото коло ја завери првата позиција, па денешниот меч против Луксембург беше без резултатски императив поради што селекторот Жозеп Мариа Берокал настапи со комбиниран тим. Андреј Јакимовски не ни отпатува, а Војдан Стојановски немаше потреба да влезе. Денеска дебитираше новиот странец, Нејт Сестина, а играа и оние кои претходно немаа голема минутажа. Македонските кошаркари водеа од првиот до последниот момент, победата не ...

Таа посочи дека иницијативата беше поднесена уште на 23 март, но поради одолжување од страна на власта и Собранието, надзорната расправа, наместо во мај, се одржува дури денес. „На 23 март поднесе иницијатива за потреба од одржување надзорна расправа затоа што се сомневавме во нефункционирањето, и тоа со жал можам да кажам целосно нефункционирање на Законот за употреба на македонскиот јазик, донесен во јануари 2024 година. На 7 април ...

Од Н.У. „Завод и музеј“ – Битола и Центарот за истражување на предисторијата, информираат дека раководител на истражувањата е д-р Гоце Наумов и кораководител виш кустос Јасмина Гулевска, додека археоботаничките анализи се во координација меѓу д-р Феран Антолин и д-р Амалиа Сабанов. Во текот на истражувањата се добиле повеќе податоци за архитектурата, материјалната култура, стопанството и обредите на заедницата којашто ја основала оваа ...

Изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката кај Стенковец на обиколницата до Блаце, границата со Косово, според директорото на ЈПДП Коце Трајановски, е во должина од 10,5 километри. Претходно биле направени 1,5 километар, така што вкупната должина од клучката Стенковец кај Скопје до границата е 12 километри. -„Овие 10,5 километри од автопатот, што се предмет на денешниот заем, ќе имаат во двата правци по две ленти со ширина од 3,5 ...

„Предметот за кој покажувате интерес е во предистражна постапка и јавниот обвинител презема предистражни дејствија. Со оглед на тоа што предистрагата е тајна, во моментов не можеме да споделиме повеќе детали“, велат од ОЈО ГОКК. Ова значи дека сѐ уште се собираат докази кои ќе бидат основа обвинителот што ја води постапката да издаде наредба за почнување истражна постапка, но тоа нема да се случи додека не се обезбедат цврсти докази. Случајот ...

Француската репрезентација е најголем фаворит за освојување на светската титула, покажуваат пресметките на аналитичарите од платформата Football Meets Data. Според овој извор, шансите на Франција да го подигне трофејот изнесуваат 26 проценти, што е повеќе од останатите екипи во турнирот. Бранителот на титулата Аргентина има 13 отсто шанси за нов триумф, додека европскиот првак Шпанија е на четвртото место со 12 проценти. Англија, која пред ...

„МВР постапува по индиции за портали и профили на социјалните мрежи за кои има сомнение за сторено кривично дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Доколку се утврди дека има елементи на кривично дело, Министерството ќе постапи во согласност со своите законски надлежности и ќе преземе соодветни мерки“, велат од МВР во врска со настанот. Според информациите, истрагата се однесува на сомневања дека ...

Експертите од Научно-истражувачкиот институт за шумарство од Гетинген доаѓаат од истата институција во која што претходно работел и германскиот ботаничар Аугуст Гризебах кој првпат ја открил моликата на Пелистер во 1839 година, истакна директорот на истоимената јавна национална установа, Иванчо Тошевски. „Викенд посетата беше во функција на нашата соработка и со цел зачувување на шумските генетски ресурси, идентификација на соодветни семенски ...

Многу прав крена одлуката на ФИФА да ја поништи суспензијата на Балогун и тој да игра против Белгија. Уште повеќе е скандалозно што оваа одлука доаѓа по интервенција на Доналд Трамп. „Да бидеме јасно, тоа не беше црвен картон. Но, ВАР реагираше, одлуката беше донесена. Тоа што одлуката сега е промената за мене е страшно“, вели Тухел. „Мислам дека не требаше да добие жолт картон Деклан Рајс. Дали на Франција и го поништија жолтиот картон за ...

Производите што преку своето име, амбалажа, национални симболи, фотографии, пејзажи или други визуелни елементи оставаат впечаток дека потекнуваат од една држава, а всушност се произведени во друга, можат да ги доведат потрошувачите во заблуда и таквата практика е забранета со македонските прописи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во одговорите на прашањата што МКД.мк ги достави АХВ. Оттаму објаснуваат дека секојдневно, при ...

На минатото рочиште обвинителството презентираше докази, како записници од претрес и потврда за привремено одземени предмети од МВР, дописи, известувања и записници од СВР Штип, известувања од Државен пазарен инспекторат, како и предмети од ДПИ за Класик ДМ и МММ Кафе, налози за вршење инспекциски надзор и записници од извршени инспекциски надзори од ДПИ. Јавната обвинителка Наташа Сарамандова, пред изведување на доказите, напомена дека ова ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Сребро

1670.34