Од Н.У. „Завод и музеј“ – Битола и Центарот за истражување на предисторијата, информираат дека раководител на истражувањата е д-р Гоце Наумов и кораководител виш кустос Јасмина Гулевска, додека археоботаничките анализи се во координација меѓу д-р Феран Антолин и д-р Амалиа Сабанов. Во текот на истражувањата се добиле повеќе податоци за архитектурата, материјалната култура, стопанството и обредите на заедницата којашто ја основала оваа ...

Две големи неолитски печки за леб, едни од најголемите досега откриени во Европа, открија археолозите на археолошкиот локалитет Велушка Тумба во Пелагонија. Поради ексклузивноста, но и поради кршливост, неопходна е нивна конзервација и заштита, велат археолозите. Истражувања на Велушка Тумба ги спроведоа Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола и Центарот за истражување на предисторијата, во соработка со Германскиот ...