Нов член на клубот е 21-годишниот италијански напаѓач Салваторе Рибаудо, кој во младинските категории настапуваше за Палермо и Парма. Во досегашната кариера беше дел и од Авецано, Кјери, Брера, албанска Лушња и шпанска Реал Авила, а има настапи и за младинската репрезентација на Италија до 15 години. Во нападот ќе конкурира и Лорик Каба Јакупи, кој пристигнува од Шкендија. Напаѓачот има повеќе од 60 настапи во Првата македонска фудбалска лига ...

Екипата на Арсими продолжува активно да го засилува тимот за новата сезона, и го потврди доаѓањето на нигерискиот играч за врска Ибрахим Олаосебикјан. Дваесет и шестгодишниот фудбалер пристигнува на позајмица од редовите на Вардар, каде што во изминатата сезона одигра 20 натпревари. Претходно остави одличен впечаток во македонскиот шампионат настапувајќи две сезони за Брера, а во својата кариера има интернационално искуство и во литванските ...