На кејот пред Acibadem Sistina, 750 вработени од финансискиот сектор, ИТ индустријата, телекомуникациите, фармацијата, логистиката, производството, јавните институции, дипломатските претставништва и невладиниот сектор ја заменија канцеларијата со спортска опрема и заеднички настапија на патеката долга 5 километри покрај реката Вардар. Croatia Osiguruvanje Business Run 5K е дел од регионалната Adria Corporate Run League, која ги поврзува ...

Според министерот Тошковски, проектот Маркова нога е значаен за двете пријателски држави. „Преспа заслужува сите да вложиме максимум во рамки на капацитетите што ги имаме затоа што ова е стратешки проект, кој ќе даде додадена вредност од повеќе аспекти за Преспа, за нашите две пријателски држави“, нагласи Тошковски. Граничниот премин од македонска страна ќе биде завршен во септември, годинава, а според инвеститорите зададениот рок е 2028 ...

Тетовскиот клуб претходно јавно ја оспори одлуката на ФФМ, откако беше казнет со повеќе од 100.000 евра поради случувањата во Купот на Македонија, а дополнително доби и суспензија од следното издание на натпреварувањето. Од „Еколог“ дури најавија можност за повлекување од клубот доколку одлуките не бидат преиспитани. На ваквите обвинувања сега одговори и Фудбалската федерација на Македонија, која испрати официјално соопштение до јавноста. ...

„Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по поднесената оставка од селекторската функција на машката младинска репрезентација (М20) од страна на г-дин Наум Танески, за нов селектор на националниот тим е назначен г-дин Игор Илиевски. Г-дин Илиевски ќе ја предводи машката младинска репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство за играчи до 20 години, кое ќе се одржи во Романија. Ракометната федерација ...

„Овој успех е резултат на повеќеслојна, принципиелна и активна надворешна политика што се води со доследност, решителност и визија. Особено ме радува што нашите долгогодишни дипломатски напори и активности за обезбедување поддршка вродија со плод, како и фактот дека бројните странски пријатели и соговорници со кои имав можност да се сретнам во различни прилики ги исполнија своите дадени ветувања“, напиша Сиљановска-Давкова во објава на ...

Тој истакна дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 интервенции имало во 2025 година. За 9,9 проценти имало пораст за периодот 2023 – 2025 година. Се работело за 14 опфатени јавни здравствени установи. Клековски истакна дека земјава е солидна во замена на колкови, но во однос на интервенции на замена на колена сè уште заостанува зад регионот. „Овие бројки потврдуваат дека пристапот до операции за замена на колк ...

Предвремените избори се одраз на долготрајната политичка и институционална криза во која движењето Самоопределување (Ветевендосје) на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа. Ова ќе бидат 11-ти парламентарни избори од 2001 година, кога беа одржани првите повоени национални избори, а повеќето не беа редовни. Предвремените избори беа распишани бидејќи косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател во уставниот рок по ...

„Може на некого тоа да му се допаѓа или да не му се допаѓа, но ја цениме искреноста и на Франција и на Германија што ја соопштија реалната состојба внатре во Европската Унија, којашто трае можеби во последниве седум, осум години. Дека апетитот за нови полноправни членки со целосни права и обврски (право на вето, гласање и слично) не е толку голем како што бил пред 13 или 15 години. Но, од друга страна, не нудат статус кво, туку нудат фазна ...

На форумот ќе присуствува претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, придружуван од владина делегација составена од министри кои ги водат ресорите поврзани со економијата, енергетиката, транспортот и инфраструктурата. Пријавувањето за учество е во тек. Сите заинтересирани компании можат да го пријават своето учество преку стопанските комори во Македонија. По потврдувањето на регистрацијата, компаниите ќе бидат вклучени во ...

Вардар информира за младо засилување на левата бековска позиција. „На наше огромно задоволство, денес, успеавме да го обезбедиме потписот на кадетскиот репрезентативец Марко Ѓорчески, кој во иднина ќе го носи дресот на РК Вардар 1961 и ќе му се приклучи на првиот тим. Ѓорчески настапува на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната. Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите ...

Темелното џвакање храна може да донесе широк спектар на здравствени придобивки – од подобро варење и намалено внесување на калории, до ублажување на стресот и анксиозноста, како и подобрување на когнитивните функции, зајакнување на меморијата и зголемување на распонот на внимание. Со оглед на тоа дека постои врска помеѓу здравјето на забите, Алцхајмеровата болест и деменцијата, експертите велат дека подобрувањето на здравјето на забите би ...

„Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка. Продолжуваме посветено и со јасна цел цврсто да чекориме напред“, напиша Мицкоски. „Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно ...

„Таква опасност навистина постои. И мислам дека веќе е забележлива кај учениците. Тоа е поврзано со образовниот систем, каде што учениците се обраќаат на системи за вештачка интелигенција како ЧетГПТ и други платформи за да најдат одговори на секакви прашања. И така ја губат способноста да размислуваат“, одговори Лекторски на прашањето на РИА Новости дали широката употреба на вештачката интелигенција ќе доведе до тоа луѓето да „го користат ...

„Особено сме горди што Европската Унија го препозна усвојувањето на Патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација како конкретен и опиплив резултат на нашата посветеност. Овие стратешки документи претставуваат темел за изградба на поефикасни институции, посилно владеење на правото и поголема доверба на граѓаните во правосудниот систем“, се наведува во соопштението. Министерството за правда, се додава во него, ...

Во развиена и демократска Европа, постојат околу 25.000 мини хидроелектрани (МХЕ), додека на европскиот континент во кој спаѓа и Балканот, бројката се искачува до 30.000. Огромното мнозинство од овие електрани се изградени во Германија, Италија, Франција, Шведска и Шпанија. Официјалните податоци од 2010 година, кога и започна вистинскиот бум на изградба на мини хидроцентралите, покажуваат дека тогаш имало 21.387 електрани и план да се ...

Вселенската агенција потврди дека мисијата е завршена, по повеќе од една деценија набљудување на црвената планета. Вселенското летало Мејвен, лансирано во 2013 година за да ја набљудува атмосферата на Марс од орбитата, мистериозно замолкна на почетокот на декември додека минуваше зад Марс. Податоците покажаа дека вселенското летало влегло во брзо вртење што ја нарушило неговата орбита и ги испразнило неговите батерии. Истражниот одбор на ...

Пластичните труби кои се појавија на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, а потоа ги имаше и на другите натпреварувања, нема да бидат дозволени на престојниот мундијал. За многумина фанови овие звуци беа иритирачки, па голем број љубители на фудбалот ја поздравија ваквата одлука на ФИФА. Според Кодексот за однесување на стадионите на ФИФА, покрај вувузелите се забранети и свирчиња, труби и сите други уреди што создаваат ...

Како што наведува издавачката куќа, авторката ги предочува темелните аспекти на идентитетот на македонскиот народ, ги посочува теоретските основи, реалните историски процеси, актуелните национални и геополитички состојби и процеси и влијанија, проблемите со несоодветните термини во идентитетските определби и потребата од општествената грижа за зачувување и афирмација на идентитетските обележја на македонскиот народ. Кепеска пишува и за некои ...

Според анализата, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај, првпат по закрепнувањето од ковидот, помал број пазари, како што се Македонија, Албанија и Молдавија, кои припаѓаат на географска Европа, но се земји надвор од ЕУ, продолжуваат да бележат зголемувања. Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, бележат двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет ...

„Како што знаете претседателот на Европскиот совет беше овде и тој даде изјава и беше доста јасен. Сите знаеме дека заложбите направени во 2022 година треба да бидат спроведени. Со тоа има голема определба Северна Македонија да го започне процесот на преговори и нема сомнеж дека земјата припаѓа на европското семејство. Работиме доста активно со цел неопходните услови да се исполнат и да одиме напред. Најважно е во меѓувреме да имаме доверба и ...

Анализата на состојбите во македонската ИКТ индустрија беше презентирана од Дамјан Манчевски, член на Управниот одбор на МАСИТ, кој ги претстави најновите показатели за растот на секторот, неговото влијание врз економијата и трендовите што го очекуваат во наредниот период. Според анализата на МАСИТ, секторот во 2025 година бележи раст од 7,02 проценти на приходите и 7,13 проценти на извозот во однос на претходната година. Во индустријата ...

Љубителите на техниката до 15 јуни имаат можност да бираат сè што е најново на пазарот, достапно и кај нас, од најпознатите брендови, со најдобри услови и цени. Без разлика дали барате нов телевизор во пресрет на Мундијалот, лаптоп, смартфон, бела техника, опрема за домот или нешто од малите апарати, во СЕТЕК ќе пронајдете сè што ви е потребно – со попуст кој носи максимално привлечни цени. Акцијата СЕТЕК денови се одвива истовремено во сите ...

Според сведоштвата на нашите читатели, огнот брзо се проширил, а додека траел пожарот имало и граѓани кои чекале автобус на постојката што се наоѓа под самата Железничка станица каде секојдневно поминуваат и повеќе стотици автомобили. Граѓаните кои се нашле во близина сведочат дека густ чад се ширел низ Железничката станица, што привремено ја намалило видливоста и предизвикало непријатност кај минувачите. На терен интервенирале екипи на ...

Во изминатиот период, со километарските колони што во одредени денови се создаваат на копнените гранични премини, особено на „главната порта за влез/излез“, како што во Грција се нарекува граничниот премин Евзони, освен натписите во медиумите, реакциите од хотелиерите од северниот дел на земјата, неколку пратеници од различни партии, преку пратенички прашања доставени до надлежното Министерство побараа одговори и објаснувања за новиот систем ...

Во последниот пресек селекторот им се заблагодари на интернационалката Добрина Хаџи Тосева и на младата 16-годишна Андреа Митиќ, на кои секако ќе смета во средните репрезентативни акции. Премиерно во А селекцијата шанса добиваат примачот Даниела Горбок и средниот блокер Стефанија Кипријановска. Дамите до четврток ќе тренираат во Скопје, додека в петок рано наутро патуваат за Порто, каде на 6 јуни ќе се соочат со Унгарија, додека на 7 јуни ...

„Како сведоци на нови политички констелации, кога светот се соочува со сериозни геополитички, безбедносни, економски и општествени предизвици, мислам дека се потребни координирани европски политики, солидарност и силни партнерства на сите нас.Затоа убеден сум дека проширувањето е двигател на просперитет и безбедност, најдобриот можен инструмент на Европската унија за зајакнување и промовирање на мирот, демократијата, владеењето на правото и ...

Овој натпревар го одбележа левиот српски бек Стефан Букинац кој си даде комичен автогол. Откако доби топка на својата позиција од голманот Филип Станковиќ, не забележа дека чуварот на мрежата пријде за да му отвори позиција за пас. Букинац испрати топка назад кон својот гол, го фати голманот надвор од позиција и си даде автогол кој привлече огромно внимание. Овој натпревар го одбележа левиот српски бек Стефан Букинац кој си даде комичен ...

Младата руска тенисерка во полуфиналето беше убедлива против Марта Костјук од Украина, славејќи со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-3 по само еден час и 17 минути игра. Осмата тенисерка на ВТА листата целосно го контролираше мечот и не ѝ дозволи на својата ривалка да се надева на пресврт. За Андреева ова беше прва победа против Костјук во нивниот трет меѓусебен дуел. Поради односите меѓу Русија и Украина, натпреварот привлече дополнително ...

Наместо долгогодишно чекање на полноправно членство, официјален Берлин и Париз предлагаат постепена интеграција која би им овозможила на кандидатите да добиваат конкретни придобивки уште во текот на преговорите. Иако во меѓувреме неколку држави напредуваа во преговорите, а некои отворија и затворија значителен број поглавја, процесот на проширување сè почесто се оценува како бавен, бирократски и недоволно мотивирачки. Македонија меѓу ...

По ремито со Босна и Херцеговина и поразот од Турција нашата репрезентација загуби ФИФА поени. Сега до септември на контото ќе има 1.369,16 бода и падна на 69. позиција. Промената на бодовите значи и пад од две позиции на светската ранг листа, каде што пред нашата селекција се пробија Обединетите Арапски Емирати и Кабо Верде. На самиот врв дојде до промена, откако актуелниот светски шампион Аргентина се искачи на првата позиција. Шпанија ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.45
91%
1016
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
3.13
91%
1021
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.12
82%
1023
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.36
91%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
6.11
90%
1015
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.22
89%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
52%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.83
83%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.18
86%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
82%
1012
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
4.02
72%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
88%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Алуминиум

3.48

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Калај

51.97

Паладиум

39545.42

Бакар

12.52

Платина

53756.05

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Злато

131337.93

Сребро

2072.63