„Признанието беше доделено на фестивалот што се одржа од 27 јуни до 3 јули, а за наградите одлучуваше петчлено жири составено од режисерите Магдалена Лазаркјевич и Ксавери Жулавски, актерите Анджеј Хира и Каролина Грушка и продуцентот Војчех Гостомчик“, соопшти продукцијата „Црна мачка“ Во образложението, жирито ја истакнало „длабоко трогателната изведба“ на Костиќ, оценувајќи дека таа со „извонредна чувствителност и храброст“ го води ликот ...
Нова меѓународна награда за македонскиот филм „17“! Актерката Ева Костиќ ја доби наградата за Најдобра актерка на Интернационалниот филмски фестивал TOFIFEST во Полска за улогата во дебитантскиот игран филм „17“ на режисерката Косара Митиќ. Филмот беше прикажан во главната натпреварувачка програма ON AIR Competition, а неговото фестивалско патување продолжува на Jerusalem Film Festival и Atlàntida Mallorca Film Fest. Честитки до Ева Костиќ, ...

