На настанот учествуваа претставници на националните малцинства, како и претставници на Државната изборна комисија. Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во своето обраќање истакна дека актуелниот Изборен законик не обезбедува еднакви можности за политичко претставување на националните малцинства и, според него, претставува сериозна пречка за нивниот влез во Албанскиот парламент. „Неопходно е да ...

Како што информираат оттаму, во текот на денешниот ден Комисијата ќе одржи состанок, по што ќе започне постапката за пријавување на настанатите штети. „Ги повикуваме сите граѓани кои претрпеле штети од непогодата да ги пријават, а дополнителни информации за начинот, местото и роковите за пријавување ќе бидат објавени“, се наведува во соопштението на Општина Ново Село. Инаку, од невремето од пред два дена најмногу штети има на посевите ...

Како што напиша на својот профил на Инстаграм, доктор Јовашевиќ смета дека не се проблем самите игри, ниту тоа што децата ги играат. Игри играа и генерациите што растеа во осумдесеттите и деведесеттите години. Проблемот, според психотерапевтот, е што денешните игри најчесто немаат крај. „Супер Марио“, „Принцот од Персија“, „Контра“, „Аладин“, „Кралот Лав“… тие игри не беа само забава, туку и мал тренинг за живот. Имавте неколку животи, ...

Остануваат да се дефинираат уште некои детали и договорот да се официјализира по што ќе биде и објавен. Наводно Јирген Клоп веќе ги прифатил условите и сигурно е дека тој ќе биде назначен за нов селектор. Клоп ќе биде наследникот на Нагелсман кој ја заврши германската приказна по дебаклот на Светското првенство. Остануваат да се дефинираат уште некои детали и договорот да се официјализира по што ќе биде и објавен. Наводно Јирген Клоп веќе ги ...

Андоновски, кој беше меѓу панелистите на форумот “Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, укажа дека бизнисот многу малку ги користи дигиталните услуги што ги нудат институциите. „Компаниите на меѓународниот пазар веќе не се натпреваруваат само со производ и со цена. Се натпреваруваат и со стандарди, со исполнување услови, со деловни практики, со системи. И во таа насока мора да размислуваме, да ...

„Ги посетивме центрите за вработување низ земјава и реализацијата на годинашниов оперативен план преку мерката за самовработување се одвива добро. Секаде има зголемен интерес. Инаку, прилепчани се едни од најактивните и досега се пријавиле 316 апликанти што е повеќе од лани. Од наредната недела ќе следува уште една атрактивна мерка, а тоа е помош на правните субјекти за вработување каде посебно ќе се субвеницонира вработувањето на младите ...

Според податоците на УЈП, даночните приходи бележат раст од 14,9 проценти, додека приходите од социјални придонеси се повисоки за 7,6 проценти. Особено се издвојува јуни, кога е регистриран раст од 41,6 проценти кај даночните приходи и 12 проценти кај приходите од придонеси во однос на истиот месец лани. -Овие резултати претставуваат потврда за стабилната наплата на јавните приходи, зајакнатата доброволна усогласеност на даночните обврзници и ...

Обраќајќи се на панел-дискусијата „Институционална и правна рамка што поддржува одржливи корпоративни практики“, Божиновска истакна дека компаниите кои денес инвестираат во енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и нови технологии, утре ќе бидат поконкурентни на странските пазари. „Пред само неколку години на зелената транзиција се гледаше како на дополнителен трошок, а денес е најдобрата инвестиција што една компанија може да ја ...

Како што информираа од компанијата, јавната расправа претставува важен дел од законската процедура и можност сите заинтересирани страни да ги изнесат своите ставови, прашања и забелешки. ТИТАН Усје го поздравува учеството на јавноста и верува дека аргументиран дијалог и размената на информации се најдобар начин за градење доверба. Во март годинава ТИТАН Усје до Министерството за животна средина и просторно планирање ја поднесе апликацијата за ...

Со ова признание, претставата ја доби препознатливата фестивалска награда „Метална комета“, во конкуренција на 28 театарски продукции. Специјалната награда на фестивалот се доделува во форма на метална ѕвезда со опашка – симболично наречена „Метална комета“, заедно со голем клинец, според идејата дека „кометата треба да се заковa за ѕидот за да не одлета“. Автор на овој препознатлив фестивалски симбол е сценографот Владимир Кравцев. ...

На средбата биле разгледани тековните активности за изградба на интерконекторот на двете страни од границата, како и динамиката за реализација на договорните обврски. „Во фокусот на разговорите беше потврдената заедничка определба проектот да се реализира во согласност со утврдените рокови, преку интензивна координација меѓу институциите и операторите, со цел да се обезбеди нов, сигурен и диверзифициран пристап до природен гас за Македонија. ...

По убедливиот триумф над Ирска, Андреј Јакимовски не го криеше задоволството од прикажаната игра, но порача дека работата сè уште не е завршена. „Ова беше убедлива победа за нас, ја заслуживме и неа и пласманот во наредниот циклус. Сакаме да победиме и на следниот меч со Луксембург затоа што сакаме перфектен циклус. Не припаѓаме во овие претквалификации, нам ни е местото на повисоко ниво, но чекор по чекор, мислам дека ќе дојдеме до нашата ...

Токму во оваа насока, Genesis ја претставува новата Pallad серија ранци, создадена за корисници на кои им е потребна подобра организација, удобност и сигурен простор за секојдневната опрема. Серијата ги вклучува моделите Pallad 320, Pallad 480, Pallad 510 и Pallad 570, секој со различен капацитет и намена – од компактен урбан ранец до пространо решение за патување, турнири и подолги активности надвор од дома. Новата Pallad серија е наменета ...

Со овој гест, Министерството за спорт и Владата испратија јасна порака дека државата знае да ги препознае, вреднува и почитува спортските успеси кои испишуваат нови страници во македонската спортска историја. Министерот Ристoвски ѝ честиташе на Ѓорческа за извонредниот успех и за историскиот пласман меѓу најдобрите светски тенисерки, нагласувајќи дека нејзиниот настап претставува момент на гордост за целата држава. „Лина, да знаеш дека цела ...

Новата платформа овозможува сите клучни административни процеси важни за студентите во текот на образованието да бидат достапни онлајн, преку едно централизирано дигитално решение, со што платформата претставува значаен исчекор во дигиталната трансформација на високото образование во земјата. Дигиталната платформа овозможува повеќе функционалности – почнувајќи од новата академска година, студентите на УАКС ќе можат електронски да регистрираат ...

На дневен ред на 112. седница на Собранието се три точки – предлог за разрешување членови на Владата, предлог за разрешување на заменици на министри во Владата и предлог за избор на членови на Владата. Пред пратениците ќе се најде предлогот за разрешување на Игор Филков од функцијата министер кој раководи со Министерството за правда, а на негово место се предлага избор на Јетон Шасивари. На местото на Иван Стоилковиќ, за министер кој ќе ...

„Oчекувам и во овој јунски извештај да бидеме најдобри, како што бевме и во декемврискиот извештај. Мене ме радува и ме охрабрува информацијата што вчера ја пренесе еден европски медиум дека сè погласни се изјавите од страна на високи европски политичари кои ќе овозможат топ-ап (top-up), односно додавање на сумата за три земји од групата Западен Балкан 6, кои се понапредни во делот на испорачување на реформската агенда. Ние веќе ги дефинираме ...

Царинската управа соопшти дека унапредувањето на граничното управување на граничните премини со Албанија, преку поефикасни контроли и олеснување на трговијата, ќе овозможи забрзување на регионалната интеграција во ЕУ. „Оттука во фокусот на царинските управи ќе биде унапредување на царинските процедури што ќе бидат дефинирани со новиот Протокол за спроведување на меѓудржавниот Договор за заеднички гранични премини“, соопшти Царинската управа. ...

Златко Илиев, од доброволното противпожарно друштво Кочани вели дека три часа се на терен со четири возила од ДПД Кочани и ДПД Виница. Забележува дека пожарот е делумно ставен под контрола, а во моментов се направија пресеци со градежна механизација, за пресретнување на пожарот и спречување негово ширење кон селото Ратавица. Во гаснење на пожарот помага и локалното население. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче ...

По образложението на ребалансот од страна на ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, во попладевното продолжение на седницата опозициските пратеници оценија дека со ребалансот не се адресираат клучните предизвици со кои се соочуваат граѓаните, додека пратениците од власта посочија дека промените на буџетската каса овозможуваат дополнително зајакнување на економските состојби, прилагодување на реалните економски движења, реализација ...

Вашата дневна шолја кафе може да го намали ризикот од заболувања на црниот дроб или од рак на црниот дроб, покажала нова голема студија, дури и ако пиете пет или повеќе шолји дневно. Наодите се базираат на повеќе од 354.000 учесници кои биле следени од истражувачи повеќе од една деценија, според студијата објавена во средата во списанието „Клиничка гастроентерологија и хепатологија“. „Ова се веројатно најобемните долгорочни податоци што ги ...

Пред половина час евакуирани се и текстилните работнички од текстилната конфекција „Албатрос“. Локализиран е пожарот на тврдината Исар, кој попладнево зафати поголема површина и постоеше опасност огнот да се приближи и до куќите во населбата Исар. Во гаснењето и на овој пожар учествуваа пожарникари од ТППЕ Штип, доброволци од ДПД Штип и локално население. Според очевидци пожарот на тврдината Исар настанал од искрење на жица од електричен ...

Како што информираше ЦУК, активен е пожарот што се протега на подрачјето на општините Чешиново-Облешево и Пробиштип, односно во атарите на селата Новоселани и Лепопелци во Чешиново-Облешево, како и Бучиште и Неокази во Општина Пробиштип. Огнот зафатил ниска вегетација и нискостеблеста деградирана шума. Во меѓувреме, изгаснати се пет пожари. Во Општина Штип се локализирани и изгаснати четири пожари – кај селото Чардаклија, каде што гореле ...

„Ние сме фокусирани на 10-те чекори што беа во грејс-периодот и кои истекуваа на 30 јуни. И на овие 10 чекори мора да кажам дека навистина внимателно работевме, непосредно со Владата, со цел да ги исполниме. Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати. Како што знаете, тие ќе бидат доставени во следните 10 дена до Европската комисија на една последна процена и крајната одлука се носи некаде во ...

Од ДЗС информираат дека сите расположливи сили се максимално мобилизирани и се наоѓаат на критичните точки со цел да се стави огнот под контрола. Посочуваат дека на терен активно и координирано работат Територијалната противпожарна единица – Пробиштип (ТППЕ), членовите на Доброволното противпожарно друштво (ДПД) – Пробиштип, претставници на надлежните институции и локалното месно население кое помага во справувањето со огнената стихија. Со ...

„На јавната аукција учествуваа девет заинтересирани понудувачи од Струга, Охрид, Битола и Скопје. По транспарентна и конкурентна постапка, највисоката понуда во износ од 22.000 евра ја достави компанија од Битола, која беше избрана за најповолен понудувач“, пишува во информацијата. Актуелната општинска администрација, како што наведуваат, смета дека на Општина Струга не ѝ се потребни луксузни службени возила, туку функционална администрација, ...

Двете страни почнаа прво вербално да се расправаат, а потоа се случи и физички контакт. Засега не е познато што го предизвикало инцидентот. Египет вечерва од 20 часот игра против Австралија меч за пласман во осминафиналето на Светското првенство. Egypt’s team and Dallas police got into an altercation. pic.twitter.com/g0fpQqNv6o — World Cup HQ (@WorldCup26HQ) July 3, 2026 Двете страни почнаа прво вербално да се расправаат, а потоа се случи и ...

Амбасадорот на Европската Унија, Рокас, оцени дека станува збор за видлив резултат од партнерството меѓу Европската Унија и Македонија, особено по потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана во 2024 година. „Европската Унија го има Европскиот мировен фонд, којшто ја одразува растечката соработка во безбедноста и одбраната помеѓу Европската Унија и Македонија. Морам да кажам дека денес е многу убав ден. Ги гледаме резултатите и ...

Од забраната се исклучени припадници на надлежните институции, шумарските служби, како и лицата кои ќе поседуваат писмено одобрение издадено од надлежните подружници на ЈП „Национални шуми“. За спроведување на мерката задолжено е јавното претпријатие „Национални шуми“, Шумската полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Министерството за внатрешни работи. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство појаснуваат ...

Кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство во Кочани и се однесува на С.Ш.С. (53) од Македонски Брод, С.Ѓ. (59) од Скопје и З.М. (64), С.З. (61), Т.К. (42), Н.Д. (43), Г.П. (41) и М.З.С. (44), сите од Кочани. Тие се осомничени за кривичното дело „несовесно работење во службата“. Според наводите во пријавата, во периодот од 2022 година до 16 март 2025 година, осомничените, како службени лица во Државниот инспекторат за ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.34
52%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
71%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
74%
1009
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.07
45%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.7
43%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.17
90%
1010
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
3.58
65%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.11
53%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.91
81%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
3.13
64%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
57%
1006
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 21ᴼ
2.54
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Рутениум

53852.50

Родиум

263636.12

Алуминиум

3.17

Бакар

12.74

Иридиум

252383.36

Платина

50958.93

Калај

53.50

Паладиум

39448.97

Кобалт

56.29

Сребро

1870.85

Злато

130265.18

Цинк

0.00