Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот - целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката Пулс. Во судница беа презентирани 19 ...
Дебар, 28 мај 2026 (МИА) – Полициските службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода дебранка, поради лажна пријава за семејно насилство, а поднесена е кривична пријава против дебранец за узурпација на земјите, покрај Дебарско Езеро, сопственост на ЕСМ. -Синоќа во 22:10 часот полициски службеници ја лишија од слобода 40-годишната С.Р. од дебарско село затоа што претходно во полициска станица лажно пријавила семејно ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Апелациониот судија Ѓоко Ристов, кому истражителите му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид во домот на неговите родители во Неготино, денеска на почетокот на судскиот процес во Кривичниот суд се изјасни како невин за кривичните дела што му се ставаат на товар. - Не се чувствувам виновен ниту за првото, ниту за второто кривично дело со оглед на правната квалификација, изјави Ристов пред судот. Обвинителката Искра ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.С.(38) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.07.2025 во с.Долно Дупени, ресенско, полициски службеници од СВР Битола извршиле преглед врз пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. ОВР Крива Паланка поднесе ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази за правното лице - правните субјекти Класик ДМ ДОО Кочани и ММММ ДООЕЛ Кочани и подружниците Кабаре Пулс и Клуб Пулс - од основање, измени, состојба во централен регистар и нивна ...
Скопје, 29 мај 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. -Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Имаме нормална инфлација со оглед на кризата во светски рамки, која не е на алармантно ниво за да се ограничат маржите или цените. Ситуацијата постојано се следи и ако има потреба, Владата ќе ги спроведе сите законски можности и решенија. Нормално е да има мало покачување на цените на одредени производи, но сето тоа е дозволиво доколку е економски оправдано, изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Управувањето со јавниот долг, особено кога нивото е блиску до психолошката граница од 60 отсто од БДП, бара особена внимателност. Токму затоа оваа Влада е целосно посветена на зачувување на стабилноста на јавните финансии, паралелно со обезбедување средства за развој на државата, истакна заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски во одговор на пратеничкото прашање на Фатмир Битиќи од СДСМ, кој праша во ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите. Ова го овозможуваат законските измени кои вчера стапија во сила, а денеска беа промовирани пред претставниците на винариите. Лимитот на поддршката е до еден милион евра во наредните пет години. -Ова е историски ден за Македонија, бидејќи прв пат откако постои Законот за финансиска поддршка на инвестициите, производителите ...
28 мај 2026 Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, се наведува во соопштението од Народна банка, што МИА го пренесува интегрално. – Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Трудовиот и Пазарниот инспекторат немаат доволно капацитети, но тоа не треба да биде оправдување. Секоја институција во рамки на своите надлежности треба да постапува максимално и да ги казнува оние што не го почитуваат законот, особено кога станува збор за безбедноста и здравјето на работниците, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, одговорајќи на новинарско прашање зошто се дозволува ...
28 мај 2026 Во првиот квартал на 2026 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) изнесуваат 313.195 милиони денари и се зголемени за 12.660 милиони денари, на квартално ниво. Притоа, средствата на останатите финансиски институции учествуваат со 22,5% во средствата на финансиските институции. Анализирано по сектори, пензиските фондови имаат најголемо учество од 63,3% во вкупните средства на ОФИ, а по нив следуваат ...
28 мај 2026 Советот на Народната банка, на редовната седница, ја разгледа Годишната информација за плаќањата во Република Северна Македонија во 2025 година, при што беше констатиран натамошен раст на безготовинските плаќања и засилена употреба на дигиталните канали за извршување платежни трансакции, се наведува во соопштението од Народната банка, што МИА го пренесува интегрално. Во 2025 година биле извршени 249 милиони безготовински платежни ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Владата денеска го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската Унија. Овие измени, како што информира Министерството за финансии, претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1 јули 2025 година, кога беше извршено ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Пратениците од Собранието на Република Северна Македонија, Калтрина Беќири и Миле Лефков, учествуваа на состанокот на Парламентарниот комитет на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ-ПД), кој се одржа на 26 и 27 мај 2026 година во Букурешт, Романија, на тема „Унапредување на регионалната соработка и поврзаноста за одржлив раст во регионот на ЦЕИ“. Како што соопшти собраниската прес-служба, пратениците учествуваа со ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши денеска го посети Универзитетот во Тетово, каде што оствари средба со раководството на универзитетот и учествуваше во активноста на Парламентарниот караван „Собранието кај младите“, преку отворена дискусија со студентите. На средбата со ректорот Јусуф Зејнели и академското раководство, Гаши, како што соопшти собраниската прес-служба, ја нагласи ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Кадрите во МВР се професионалци и во ниту еден случај не се бираат по етничка припадност, туку според нивната професионалност, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на прашања од пратеничката на ДУИ Арбана Пашоли за застапеноста на раководните кадри за западна Македонија. Пашоли кажа дека граѓаните се загрижени што на раководни места нема Албанци, посочувајќи дека во минатото секогаш ...
Атина, 28 мај 2026 (МИА) – Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји на граничните премини и нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од Северна Македонија и Србија“, јави дописничката на ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Имаме можеби историски најголема криза, епска криза во енергетиката во последните 50 години, но сепак како влада без да правиме емотивни прес-конференции и без да се жалиме колку е тешко, а тешко е, успеавме да креираме модел кој резултираше во моментот со најдобри резултати, имајќи го предвид регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања. Посочи дека имаме доволно колични нафта и ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - На пленарна седница на 10 јуни ќе биде ставена на дневен ред интерпелацијата поднесена од опозицијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, а на истата седница ќе биде и Законот за правична застапеност, што ќе се носи во редовна постапка, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши, по редовниот брифинг со новинарите. Гаши потврди дека до неговиот Кабинет е ...
Штип, 28 мај 2026 (МИА) – Јас објаснив дека и да сака некој да посегне по шпионажа, која секогаш се однесува на класифицирани податоци, не може тоа да го стори, бидејќи кабинетот нема, ниту практикува електронска мрежа на класифицирани податоци, истакна денеска од Штип претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, која одговараше на новинарски прашања поврзани со случајот со вработен во нејзиниот кабинетот, кој медиумите го нарекоа ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Во однос на исполнување на реформската агенда, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на собраниската седница за пратенички прашања истакна дека тоа што е до 30 јуни како грејс период може да биде завршено, и во јунскиот извештај како земја да бидеме и вистински т.н. фронтранери, односно македонската јавност да знае дека е важно да се испорачаат што е можно повеќе реформи - и за граѓаните и за државата. ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Во Собранието, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Улогата на демократските институции во културниот дијалог: Од претставување до кохезија“ – сесија 2 во рамки на Четвртиот форум за културна дипломатија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето обраќање истакнал дека нашата држава има седум културни центри низ светот, нагласувајќи дека културата нема граници. Тој посочил дека Евровизија и ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Денешниот ден повторно ја разоткри коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, кои синхронизирано и координирано повторно ги насочија сите свои сили кон мене. На пратеничките прашања СДСМ повторно со своето папагалско повторување на зборот оставка и ДУИ со своите традиционални измислени етнички прашања, а Левица со поднесувањето на нова интерпелација. Три партии, наводно различни и наводно спротивставени, денес повторно ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од 1 до 5 јуни ќе го посети Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, што ќе се одржи на 5 јуни. Како што информираат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната ...
Скопје, 28 мај 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на седницата за пратенички прашања во Собранието истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси, достоинството на државата и стратешките приоритети. Одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со евроинтеграцискиот процес и надворешната политика, министерот Муцунски потенцираше ...
Скопје, 29 мај 2026 (МИА) - Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Откако ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме и да зборуваме во јавност, вели премиерот Христијан Мицкоски, во однос на предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интеграција во Европската унија. Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање потврди присуство на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, каде очекува, како што рече, ...
Скопје, 29 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски очекува при претстојната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграцијата на државава во Европската унија од, како што рече, вештачкото билатерално барање. Порача дека ставот на државава не е променет и оти ќе се бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. ...
Скопје, 27 мај 2026 (МИА) - Пристапноста не треба да биде привилегија, туку право кое мора да е составен дел од заедниците. Јавниот простор треба системски да е проектиран за да ги задоволи потребите на сите граѓани, порачаа денеска учесниците на онлајн конференцијата која ја организираше Здружението „Икуалити“, во рамки на меѓународниот проект „ID: CITIZEN“. Конференцијата посветена на унапредување на пристапноста, универзалниот дизајн и ...
Скопје, 27 мај 2026 (МИА) - По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска беше гостин во семејството Јетиш. Во топла, пријателска и празнична атмосфера, таа им го честиташе празникот и им посака здравје и бериќет, негувајќи ги традициите на меѓусебно почитување и соживот меѓу сограѓаните, информираат од Општина Кисела Вода. Како што потенцираат оттаму, бидејќи вистинската суштина на ...