Талат Џафери, премиер на техничката влада, по однос на специфично прашање за лицето Дрин Ахмети и генерално за неспроведување на заклучоци и други акти од Антикорупциската комисија, даде невистинита изјава дека Владата немала таква надлежност. Законите, сепак, велат поинаку, а во крајна линија, Владата има и посебен вицепремиер за добро владеење, во чија надлежност се и антикорупциските и прашањата за судир на интереси, пишува „Вистиномер“ во ...

Намалување на финансискиот товар на студентите и забрзана дигитализација на универзитетите, беа главните пораки што беа упатени од првиот Национален студентски форум во земјава што вчера се одржа во Младинскиот културен центар (МКЦ) во организација на Форумот за образовни промени. На настанот беа усвоени Резолуцијата на Студентскиот форум и Повелбата за студентски права – два важни документа кои понатаму се очекува да бидат прифатени и ...

Пет романи го поминаа последниот филтер и влегоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Во трка за наградата остануваат романите „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски, „Заборав“ од Томислав Османли, „Сѐ уште можам нешто да сторам“ ...

Падот на хуманитарна помош која била доставена во Газа по воздушен пат и чиј падобран неуспешно се отворил резултираше со пет загинати и 10 повредени лица, пренесува Гардијан. Очевидци близу кампот за бегалци Ал-Шати во северот на Газа велат дека виделе како палета која била поврзана за падобран паднала на група мажи, тинејџери и помали деца кои се надевале да најдат храна. Загинатите и повредените лица биле однесени во болницата Ал-Шифа во ...

Наспроти тврдењата во објавите, не е вистина дека Силјановска-Давкова дека отишла кај Ковачев да бара поддршка пред претседателските избори. Заедничката фотографија на Ковачев и Силјановска-Давкова не е скорешна, туку датира од нивната средба во 2019 година во Брисел, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На неколку објави на социјалните мрежи споделена е фотографија од Гордана Силјановска-Давкова со ...

Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) изрази поддршка за Фондацијата Метаморфозис по јавните напади против сегашните и поранешни вработени во фондацијата вклучувајќи ги новинарите во порталот Вистиномер. Во своето соопштение, ICFJ ја забележуваат дезинформациската кампања против Метаморфозис, која вклучува лажно претставување на проверката на факти како цензура и обвинувања за нелегални активности од страна на фондацијата. Дополнително, од ...

Два случаја во кои жени биле нападнати од своите сегашни или поранешни партнери се регистрирани во полицискиот билтен во изминатово деноноќие. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), ноќеска во 1 часот по полноќ во СВР Скопје, 35-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н., кој употребил и тврд предмет. Вчера пак, во 14 часот и 10 минути во СВР ...

Со законска интервенција во Законот за високо образование, кој по скратена постапка беше изгласан денеска, се изедначи вредноста на коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи од буџетската сметка во државата. Тоа значи дека отсега, ќе биде изедначена платата на вработените во јавните високообразовни установи, која се исплаќа од средствата на буџетската сметка, за иста сложеност, ист обем на работа и исто ...

Јакнењето на регионалната кибер безбедност е цел кон која Фондацијата „Метаморфозис“ ги фокусира своите капацитети веќе подолго време. Ова го истакна извршниот директор на фондацијата, Бардил Јашари, кој присуствуваше на на конференцијата „Сајбер зиро“ (Cyber Zero), што се одржа во Приштина од 4 до 5 март. Настанот кој беше организиран од албанската асоцијација за кибер безбедност, со поддршка од Амбасадата на САД во Приштина, собра експерти и ...

Ники Хејли го победи Доналд Трамп на републиканските прелиминарни избори во Вашингтон, што е нејзина прва победа над поранешниот американски претседател во кампањата за 2024 година за тоа кој ќе стане републикански претседателски кандидат. Хејли, која е единствен преостанат предизвикувач на Трамп, освои 62,9 отсто од гласовите во Федералниот округ Колумбија, наспроти 33,2 проценти што ги освои поранешниот претседател, пренесува Гардијан. Со ова, ...

Вработените во Универзитетот во Тетово денеска излегоа на протест поради непотпишувањето на Колективниот договор од страна на Собранието за зголемување на платите како на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Синдикатот на универзитетот побара потпишување на колективниот договор пред распуштање на парламентот. Протестираа и професорите пратеници од ДУИ кои се дел од Владата и мнозинството во Собранието, пишува Порталб.мк. Претседателот на ...

Професионалните новинарски здруженија и граѓански организации од медиумскиот сектор категорично им се спротивставуваат на обидите за повторно враќање на државното рекламирање во медиумите. Тие сметаат дека предложените измени ќе бидат исклучително штетни за медиумскиот плурализам, независноста на медиумите и слободата на новинарите и медиумските работници во Македонија. Во заедничкото соопштение на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) укажува на непримерна јавна комуникација од страна на Димитар Апасиев, пратеник и лидер на политичката партија Левица кон телевизијата Канал 5. Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, од 2 март, меѓу другото, Апасиев го истакнува и следното: „Од сите куртон-медиуми, само (К)АНАЛ 5 продужува упорно со вмроидната хајка против Левица!?“. Со оваа објава, велат од ЗНМ, Апасиев прави обид за ...

Градоначалникот на Општината Карпош, Стевче Јакимовски во својата изборна програма „Моќен сојуз, јас и вие“, вети дека локалната власт ќе им даде поддршка на младите жители за стекнување практикантско искуство во фирми од Карпош. Во програмата на Јакимовски, во делот посветен на младите, се предложени три проекти, со кои, покрај отворањето на канцеларија за млади и помош за обуката за возачки испит, се ветува и помош за младите да работат во ...

Во видеото новинарката не зборувала за лек што треба да спречи „умирање од вакцината против ковид-19“. Станува збор за лапсус по кој таа веднаш се поправила, а третманот за кој зборувала се тестирал за да им помогне на пациентите хоспитализирани поради инфекција со ковид-19, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Анализираме објава на Фејсбук која споделува видеоклип од телевизиски вести, во кој ...

Иако во февруари се одбележуваат две години страдање од руската агресија на Украина, илјадници загинати и безмерно уривање на сè што е важно за Украина и за Украинците, дезинформациите од Москва за овој нејзин воен поход и натаму упорно се пласираат во светот. Тие беа поттикнати лично од Путин во интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон, но потоа беа засенети со смртта на рускиот адвокат и најголем опозиционер на Путин, Алексеј Навални, ...

Климатските промени беа во фокусот на Светскиот економски форум (СЕФ) во 2021 година, но тие се високо на агендата и во последниве години и тука нема ништо спорно. Наспроти тврдењата во објавата што се шири на Фејсбук, климатските промени не се лага, ниту „пландемија“, ниту теорија на заговор. Глобалното затоплување и климатските промени се научно докажани – и тоа уште многу одамна. Истражувачите откриле дека климатските промени започнале пред ...

Видеото од објавата што ја рецензираме не е од центар за вакцинација туку од итната помош во Неапол. Како што информираат проверувачите на факти на на Factcheck.vlaanderen, самата болница пред која се случил инцидентот, воопшто не служи како вакцинален центар. Станува збор за насилен инцидент во чекалната на службата за итни случаи во Неапол, откако човекот се изморил од чекање, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Рецензираме ...

Дека Талат Џафери ја извртува вистината, т.е. спинува и дека говори непринципиелно, покажува и фактот што повеќе пати албанските политички партии се координирале во Тирана, но тогаш од ДУИ немало изјави дека станува збор за мешање во внатрешните работи или, пак, дека таквата координација ќе ѝ нанесе штета на Албанија. Впрочем, со Курти и со неговата партија предизборно се координираа и од СДСМ, а во рамки на работната посета се сретна и ...

Не постои ниту еден релевантен извор од кој произлегува дека Јулија Навални била обвинета за „нов љубовник“. Фотографијата на која се гледа Јулија Навални на плажа со некој маж, е од 2021 година. Со обратно пребарување, пронајдовме дека станува збор за Евгениј Чичваркин, руски милионер кој живее во егзил во Велика Британија, а фотографијата првпат е објавена на 17 август 2021 година на Инстаграм, значи пред смртта на Навални. Чичваркин е ...

Речиси три децении се провлекува наративот дека постои заговор за разнебитување на државата и за уништување на „македонштината“ заради лични интереси. Резултатот од слепото верување во овој заговор е игнорирање на фактите, дури и кога тие бодат очи, па некои не можат или не сакаат да ја видат вистината. Од неодамна се шират и дезинформации дека на илјадници Албанци од Косово ќе им се дадат нови македонски пасоши, иако се работи за барања за ...

Наспроти изнесеното во објавите, оваа фотографија не е од 2024 година, туку е стара речиси осум години и не претставува пракса на официјална Грција, туку инцидент. Оригиналната фотографија била објавена во македонските медиуми на 23 август 2016 година, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Рецензираме објави на социјалната мрежа Фејсбук (овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде и овде) во кои се споделува фотографија за која се ...

Двете цврсти тврдења на Ковачевски за ВМРО-ДПМНЕ дека е партија која не може да донесе никави позитивни промени и дека е партија која е против членството на С. Македонија во ЕУ, се извртување на вистината, т.е. спин. Првиот го темели на спин дека сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не чинат и не постигнале ништо, а вториот на минатите политики на Никола Груевски и на сегашниот став на партијата дека нема промена на уставот под бугарски диктат. Но, ...

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во ноември 2021 година најави дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Иако две години подоцна, единствено беше функционална мерната станица до Домот на културата во Кисела Вода, градоначалникот Ѓорѓиевски неодамна, на 29 февруари 2024, го исполни ова ветување и со цел да се контролира загаденоста ...

Станува збор за невистина и пропагандна флоскула која ја презентираше самиот руски претседател, Владимир Путин за да ја оправда воената инвазија во Украина која ја почна на 24.февруари 2022 година, сосема неиспровоцирано. Бројни историчари тврдат дека воената агресија во Украина не може да се доведува во корелација со никаква денацификација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме објава на ...

Приказната за „тајните американски биолаборатории во Украина” е мит на руската пропаганда. За таа цел се злоупотребува изјавата на Викторија Нуланд од март 2022 година, дека има биолошки лаборатории за истражување во Украина. Нуланд тогаш пред Сенатот на САД кажа дека Украина има подлога за биолошко истражување, додавајќи дека е загрижена дека руските воени сили настојуваат да ги заземат тие лаборатории. Претходно и СЗО предупреди на истото и ...

Германската министерка за развој Свења Шулц пред нејзиното патување во Западна Африка предупреди на исламистичкиот тероризам и руското влијание во тој регион. „Терористичките групи кои се шират и растечкото руско влијание во регионот имаат потенцијал дополнително да го дестабилизираат целиот регион во соседството на Европа“, рече министерката, пренесе германската новинска агенција ДПА. Таа одржа политички разговори во Буркина Фасо, во првата ...

Џо Бајден и Доналд Трамп во голема мера стигнаа до лесни победи во таканаречениот „Супер вторник“ – ден кога гласачите во 15 сојузни држави и една американска територија гласаат за номинација на кандидати од Демократската и Републиканската партија. Во раните резултати, Бајден и Трамп извојуваа победи на прелиминарните избори во Калифорнија, Вирџинија, Северна Каролина, Мејн, Масачусетс, Оклахома, Тенеси, Тексас, Арканзас, Алабама, Колорадо и ...

Министерството за одбрана на Канада соопшти дека земјата се приклучува на меѓународната иницијатива за опремување на Украина со јуришни дронови. „Канада се приклучува на Коалицијата за дрон-капацитети при Контакт групата за украинската одбрана, која е предводена од Латвија и од Обединетото кралство (ОК). Како дел од Коалицијата, Канада ќе продолжи да бара начини да ги зголеми дрон-капацитетите на Украина“, се вели во соопштението од ...

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, чии измени предвидуваат на престојните парламентарни и претседателски избори да може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи. Па така, со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. Законските измени беа донесени со 84 гласа „за“, ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
27%
1014
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
2.06
18%
1012
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
42%
1011
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
20%
1015
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.62
34%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
5.14
47%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
5.14
27%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
47%
1017
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
25%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
24%
1013
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
4.12
32%
1009
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
29%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61