
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, чии измени предвидуваат на престојните парламентарни и претседателски избори да може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи. Па така, со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. Законските измени беа донесени со 84 гласа „за“, ...
После шест години редовни студии и шест месеци поминат стаж за полагање на државен испит, оставени сме во агонија и загриженост за нашата иднина. Ова е коментарот што денеска го дадоа претставници на десетици млади лекари кои државата ги остави без практична работа по завршување на студиите и полагањето на државен испит. Тие три месеци чекаат да бидат викнати на платена пракса, на која Министерството за здравство ги обврзува со закон и ги ...
„Наместо да шеташ куче, шетај дете!“, ми довикна возрасната жена додека ја шетав Љиљана (сосема е во ред да се насмеете на името), додека моето куче одеше накај неа и ѝ се радуваше, мавтајќи со опашката пред локалниот маркет. Посакав да ја запрам жената што ми го даде овој бесценет совет додека се движеше со торбите намирници, оти не еднаш го имам добиено, секако, „најдобронамерно“. Посакав да ја седнам на првата клупа и да ѝ раскажам – зошто ...
Од средата, 6 март, се врши отповикување на чоколаден бар „Милка Орео“ од 37 грама, извести Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Отповикувањето го врши операторот со храна ТД Нелт СТ ДООЕЛ, која воедно е и увозник и дистрибутер на чоколадото, додека производител е компанијата „Mondelez Polska Production SP Zoo“. Причината за отповикување, според АХВ, е „присуство на пластични фрагменти“. Серискиот, односно лот бројот на проблематичниот ...
Не е лесно да се занимава човек со авторска музика во сегашната музичка индустрија, дали е тоа во Македонија или во Велика Британија. Од една страна, интернетот и технологијата им овозможи на музичарите да ги снимаат и издадат своите дела во етерот без филтерот на музичката индустрија. Од друга страна, наместо да убедиш човек да ти ги пушти песните на радио и телевизија, треба да се бориш со каприсот на безличен алгоритам. Всушност, се чини оти ...
Американски конгресен панел одобри нацрт-закон кој ќе ја принуди кинеската матична компанија на социјалната мрежа ТикТок да ја продаде апликацијата во рок од шест месеци или ќе се соочи со забрана за користење во САД, јави Би-би-си. Мерката е воведена од комисија на Претставничкиот дом и е поддржана од Белата куќа поради загриженост за националната безбедност. Од ТикТок велат дека предложеното законодавство ќе им наштети на слободата на говорот ...
Акира Торијама, креаторот на „Драгонбол“ (Dragon Ball) – еден од највлијателните и најпродавани јапонски стрипови на сите времиња, почина на 68-годишна возраст. Торијама претрпел акутен субдурален хематом, вид на крвавење во близина на мозокот, соопшти неговото студио, а пренесe Би-би-си. „Драгонбол“ е популарен ширум светот, а стрипот доживеа и свои цртани и филмски верзии. Стрип серијалот дебитираше во 1984 година. Го следи момчето по име Сон ...
Кружна конструкција, во која посетителите шетаат низ ходници, на кои се поставени телевизори каде се вртат кратки видеа, се одржуваат панели, се прикажуваат документарци – најразлични примери за пропаганда. На овој начин, а со цел да се прикаже како функционира пропагандата, е организирана комплексната инсталација и програмата во живо на холандскиот уметник Јонас Стал, која од 1 март до 31 мај се одржува во Музејот на современа уметност во ...
Во новата епизода на „Шорткат“ ќе ве запознаеме со Станица Пропаганда – нова комплексна инсталација и програма во живо на холандскиот уметник Јонас Стал, која ја истражува врската на уметноста и културата со доминантните форми на современата пропаганда. Во вестите за млади информираме и за сајбер насилството кое зема замав во земјава, како и за проблематичната Европска младинска картичка. Јавуваме и за преполовениот капацитет на Младинскиот ...
Платформската игра Aerial Knight’s Never Yield е бесплатна на Epic Games до денеска. Можете да ја преземете оваа игра акo сте регистрирани на Epic Games, инаку во редовна продажба е 12 евра. Играта е кратка и може да се заврши за час и половина. Ова е трејлерот за играта: Играта има одлична музика инспирирана од музиката на анимето Cowboy Beebop која поприлично добро „ве вози” низ играта, во позитивна смисла и е мешавина од рап и фанк. Играта ...
Февруари 2024 година е најтопол на глобално ниво досега, а глобалната температура на морињата е рекордно висока, изјавија денеска од Европската служба за климатски промени „Коперник“. Изминатиот февруари бил за 0,81 степени Целзиусови потопол од просечниот февруари во изминатите 30 години и 1,77 степени потопол од проценетиот просек февруари во втората половина на 19 век, што метеоролозите го земаат како прединдустриски период за споредување на ...
Компанијата „Рецикл Еко Старт“ сè уште не го исчистила опасниот отпад од преработка на стари акумулатори од плацот во селото Орман во Ѓорче Петров. Компанијата, која доби кривична пријава од Државниот инспекторат за животна средина заради тоа што незаконски и без дозвола собирала и преработувала отпад што содржи олово, не може да најде компанија која ќе го спакува и транспортира опасниот материјал назад во нејзиниот објект. Иако рокот од 60 дена ...
Министерството за образование и наука (МОН) во декември ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии за академската 2023/2024 година, како и од конкурсот за ученички стипендии за соодветната учебна година. Одбиените кандидати кои аплицирале за студентска, но и за ученичка стипендија, според насоките од МОН, имаат можност за жалба, откако електронски ќе го добијат решението во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата ...
Универзитетските студентски собранија од пет државни и еден приватен универзитет денеска го претставија документот Студентски манифест за афирмација на студентскиот глас, студентските предизвици и соочувањето со иднината. Манифестот содржи седум клучни цели: Бесплатно образование, Квалитет наспроти квантитет, Национално студентско собрание, Студентски стандард, Интернационализација, Дигитализација и Автономија – за кои студентите бараат ...
Компанијата „Мета“, сопственик на „Фејсбук“ планира да ја промени политиката за говорот на омраза во однос на поимот „сионист“ или „ционист“ поради, како што велат од таму, загриженоста дека тој поим се поистоветува со еврејскиот или израелскиот народ, пишува The Guardian, а пренесува Порталб.мк. Коалицијата составена од 73 меѓународни организации реагираше за овој чин со испраќање на писмо до креаторот на Мета, Марк Цукерберг и Мета, во кое тие ...
Во тек е пријавувањето за бета-верзијата на играта DUNE Awakening Direct – што може уште веднаш да го направите тука. Првин треба да ја изберете играта и потоа ќе одите на дното на страницата, каде треба да ја внесете е-адресата. Потоа стискате на копчето Register и тоа е крај на процесот. Всушност, станува збор само за влегување во кругот на селекција и не станува збор за гаранција дека сигурно ќе бидете избрани. Најава кога точно ќе биде ...
„Изгубениот“ и досега необјавен роман „Се гледаме во август“ на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес денеска е објавен и на македонски јазик, во превод на Огнена Никуљски. Десет години по смртта на колумбискиот писател во 2014 година, романот е пуштен во продажба на роденденот на Маркес (6 март), покрај во Северна Македонија, и во повеќе од 30 земји во светот. Маркес најавил уште во 2008 година дека работи на нов роман, но неговата издавачка куќа ...
Од вчера па сè до понеделник, 11 март, во тек е нов повик за аплицирање за финансиска поддршка за меѓуградски превоз за студенти. Пријавувањето е само електронски преку порталот „е-услуги“, а студентите на кои ова право ќе им биде одобрено, до јуни ќе добиваат до 1.200 денари на месечно ниво – средства наменети за покривање на дел од трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање и обратно. Потребно е студентите да прикачат ...
Технолошката компанија „Мета“ соопшти дека го решила „техничкиот проблем“ поради кој Фејсбук, Месинџер и Инстаграм беа недостапни речиси два часа. Стотици илјади корисници ширум светот не можеа да пристапат до овие апликации, пренесува Би-би-си. Проблемите се појавија околу 16 часот и 20 минути по локално време, а погодени беа и мобилните апликации, како и десктоп верзиите од платформите. Паднаа Инстаграм, Фејсбук и Месинџер „Мета“ им се извини ...
Социјалните мрежи и апликации под технолошката компанија „Мета“ – Инстаграм, Месинџер и Фејсбук се во прекин ширум светот, оставајќи стотици илјади корисници оневозможени да пристапат до платформите. Проблеми се појавија околу 16 часот и 20 минути по локално време, а погодени се и мобилните апликации, како и десктоп верзиите од платформите. Страницата „DownDetector“, која ги следи прекините на интернет, покажува дека над 500.000 корисници досега ...
По повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправноста на жените – 8 Март (петок), граѓанската организација „Тиииит Инк!“ повикува на колективна акција, колективен протест и колективен марш во заедничката борба за рамноправност и родова еднаквост. Оваа година ќе се маршира под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање“, со почеток од 17 часот на плоштадот Скендербег. Маршот е најавен како ...
Европската Унија ја казни технолошката компанија „Епл“ со 1,8 милијарда евра поради кршење на законите за конкуренција, јавија светските новински агенции. Казната, како што пренесува Би-би-си, е поради спречување на „Спотифај“ и другите музички стриминг платформи да ги информираат корисниците за опциите за плаќање надвор од продавницата за апликации на „Епл“. Одлуката ја донесе Европската комисија, а следуваше по жалбата на шведскиот музички ...
Здружението за еднакви можности „Мрежа Стела“ организира завршен настан „Дигитално омоќување и родова еднаквост: Изложба и промоција на публикација за дигитално родово базирано насилство“, што ќе се одржи на 6 март со почеток од 19 часот во горното фоаје во Младинскиот културен центар (МКЦ). „Дел од настанот ќе биде и изложбата на дизајните на графичката дизајнерка Теано Кардула, кои беа дел од нашиот креативен израз за време на кампањата 16 ...
Практичниот ИТ факултет „Бреинстер Некст колеџ“ (Brainster Next College), во новата уписна година на сите идни студенти им нуди поволност, која овозможува да ги платат студиите откако ќе се вработат. Со оваа финансиска поволност, студентите можат да завршат без да платат буквално ништо. Со исплаќање на школарината започнуваат откако ќе дипломираат или ќе се вработат, на бескаматни рати. Според генералниот менаџер на „Бреинстер Некст колеџ“, ...
Членовите на групата за климатски активизам „Последната генерација“ истурија портокалова боја на фасадата на Германската канцеларија вчера наутро, пренесува германската агенција ДПА. На фотографијата објавена од групата се гледа натписот: „Помогнете! Вашите деца“, напишана со големи букви и бројни отпечатоци од раце. Можат да се забележат и неколку активисти како седат или лежат на земја пред ѕидот. Берлинската полиција го истражува инцидентот и ...
Ветувањата – неисполнети, трпението на младите – на тест, попустите – одбиени. Во коридорите на бирократските гаранции и ветувања за финансиска помош за младите, некогаш на-големо најавуваната Европска младинска картичка, денес во земјава повеќе е симбол на фрустрација, отколку на зајакнување на младинскиот стандард. Изненадувачки висок процент на млади воопшто и не знаат за постоењето на оваа картичка, исто како и голем дел од бизнисите каде ...
Сите настани, работилници во Детскиот креативен центар, предавања во Планетариум, детски родендени во Младинскиот кулурен центар од денеска се откажани. Родителите кои веќе имале купено карти за одредени настани или имале уплатено за одредени работилници добиле известување дека парите ќе им бидат рефундирани, а тие биле известени дека станува збор за „директиви што ги донела Државата комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а во врска со ...
Музичкото дуо „Мојра“, составено од Дарко Јованов и Јасна Трпкова, утре во 20 часот во кафулето „Буква“ премиерно ќе го прикаже спотот за својата дебитантска композиција „Арома(н)тична“. Трпкова и Јованов ќе отсвират и неколку од своите авторски композиции. Спотот за „Аеома(н)тична“, кој наскоро ќе излезе и во онлајн етерот, е изработен во „stop motion“ или „кадар по кадар“ стил. Станува збор за макотрпна анимациска техника која вклучува сликање ...
Играта Palworld достигна 25 милиони играчи досега со што ги надмина и Elden Ring и Hogwarts Legacy. За два месеци има повеќе од вкупните продажби на овие хит игри за кои им требаше година дена за истите бројки. Играта се купува за околу 30 евра на Steam. Играта многу скоро доби свој „пач“ со кој многу проблеми во играта што беа како негативни багови се поправени, а најголемите проблеми е кога вашите „Pals“ ве следат и се заглавуваат на одредени ...
Ревидираниот Стратегиски план за рехабилитација на Охридскиот регион и понатаму е список на желби на домашните институции, кои не предвиделе ниту временска рамка за имплементација на проектите, буџет и приоритети за секоја активност како што тоа им го бара УНЕСКО. Граѓанската организација „Фронт 21/42“ реагира на Извештајот за состојбата на Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион и за напредокот во спроведувањето на ...