
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



„Аналитика“ објави две нови мобилни апликации чија цел е да понудат решенија за сајбер насилството и сајбер безбедноста кај младите. Првата апликација насловена „БезбеденИнтернет“ е дизајнирана за да ја подобри свеста за сајбер безбедноста и да им обезбеди на корисниците практични совети и алатки за да се заштитат од онлајн закани. „Од безбедно управување со лозинки до практики за безбедно прелистување, ‘БезбеденИнтернет’ ги опремува корисниците ...
Во најновата епизода на „Шорткат“ ќе го запознаете литванскиот истражувач д-р Неријус Малиукевичиус, кој беше во дводневна посета на Скопје, одржувајќи предавања и средби со студенти, граѓански активисти и новинари на темата лажни наративи, пропаганда, дезинформации и странски влијанија. Тој за „Шорткат“ зборува за шемата и за начинот на кој се шират штетните странски влијанија и дезинформациите, но и за улогата на сите засегнати страни со цел ...
Фестивалот за јапонска култура „Сакура“ ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 1 јуни. Ова претставува трето издание на овој фестивал, кој оваа година првпат го носи името „Сакура“. Тој е организиран од Јапан@мк, единствената организација која се занимава со промовирање на јапонска култура во државата. Од Јапан@мк најавуваат богата програма која ќе опфати уметнички изложби, настапи и перформанси, панел дискусии, мода, презентации, ...
Ученици и наставници, на првиот ден од пролетта, со интерактивен настан во Градскиот парк ги прикажаа иницијативите за климатска акција и образование за животната средина што се спроведуваат во земјата. Настанот беше организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и УНИЦЕФ, со поддршка од Шведска и други партнери, меѓу кои и град Скопје. „Длабоко сме уверени дека за правилно адресирање и решавање на климатската криза, ...
Со транспарентни, изложба и предавање на отворено, неколку стотици студенти и професори на најголемиот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), го кренаа гласот пред Владата и побараа државата да се ангажира поактивно во справувањето со еден од најголемите предизвици за установата – немањето простор за сместување на речиси 5.000 студенти. „ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада“, „Заборавивте на ...
Играта Helldivers 2 станува многу популарна. Таа користи механики од Warframe и Star Wars Battlefront 2, а јунаците во играта потсетуваат на главниот лик од серијата The Mandalorian. Борбата против бубачки потсетува и на Starcraft 2, со тоа што нејзините „зерги” овде се наречени „терминини”. Самата премиса на играта е очигледно инспирирана од романот „Starship Troopers“ од писателот Роберт А. Хајнлајн, издаден во 1959 година, адаптиран во филм ...
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска во 12 часот излегува на протест пред Владата со барање за подобрување на условите за студирање на студентите поради просторниот проблем со кој се соочува установата. На протестот е најавено дека ќе се одржи и редовна седница на Наставно-научниот совет на факултетот. Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најброен факултет во државата, но вистински предизвик за управата на ...
Денешните ученици не сакаат да читаат. Не им се допаѓа традиционалниот начин на читање. Нашата главна борба се состои токму во тоа, да ги натераме да читаат книги, да читаат текстови бидејќи тие немаат трпение за читање и анализа. Анализата значи дека мора да се размисли барем неколку минути за тоа што се чита, но децата немаат време за тоа, заради сите апликации кои им се на дофат. Ова го тврди Кристијан Руиз, наставник по компјутерски науки во ...
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со одлука на деканатската управа, утре во 12 часот излегува на мирен протест пред Владата. Покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание. Од факултетот соопштија дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна седница на Наставно-научниот совет. Целта на протестот, велат од ...
Играта Deus Ex Manking Divided е бесплатна на Epic Games до четврток, 21.03.2024 година до 16 часот. Станува збор за култна сајберпанк RP игра која може да се преигра со таканаречен “Non-Lethal Combat” – без убивање на непријателите, туку со нивно онеспособување со боречки вештини. Ова е официјалниот трејлер за играта: Играта е тематски претходник на сега популарната Cyberpunk 2077 за која имаме објавено повеќе написи. Вилијам Гибсон е еден вид ...
Германскиот министер за заштита на климата Роберт Хабек со жестока порака предупреди на неконтролираната динамика на глобалното затоплување, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Можеби сме на работ на глобалното затоплување, во овој случај затоплување на океаните, кое всушност излегува од контрола“, рече политичарот на Зелените вчера во Берлин на Меѓународната конференција за енергетска транзиција. Температурата во светските океани е на ...
Со евентуално доделување на просториите во кои во моментов е сместено Бирото за развој на образованието (БРО), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) би добил објект кој не исполнува услови за реализација на наставата. Ова е одговорот од Министерството за образование и наука (МОН) по вчерашното јавно излагање на ФИНКИ во кое факултетот, барајќи решение за просторниот проблем, ѝ порача на Владата да изврши релокација ...
Само седум земји го исполнуваат меѓународниот стандард за квалитет на воздухот, при што смртоносното загадување на воздухот на места се влошува поради враќањето на економската активност и токсичното влијание на чадот од шумските пожари, се вели во новиот извештај на веб-страницата која го мери квалитетот на воздухот IQAir. Северна Македонија, после Босна и Херцеговина, е најзагадената земја во Европа, според концентрацијата на ПМ2,5 честичките ...
Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најголемата високообразовна установа во државата, но вистински предизвик за управата на факултетот е тоа што институцијата нема доволно простор за да ги смести сите запишани студенти. И покрај тоа што информатиката е една од ...
Финансиска едукација, аспекти на урбано планирање, музикотерапија, јавно говорење, унапредување на кариерни вештини и градење на свој бренд беа само дел од темите на работилници кои студентите имаа шанса да ги посетат викендов во склоп на интердисциплинарна студентска конференција. Повеќе од 300 млади викендов го посетија Охрид на конференцијата која беше организирани од Универзитетско студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. ...
Петнаесетина млади лица од учествуваа на втората обука во рамки на програмата „Новинарство за новата генерација“, на тема „Справување со дезинформации и проверка на факти“, која се одржа од 13 до 15 март во близина на Велес. На тридневната обука во организација на Фондацијата Метаморфозис, заедно со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), младите имаа можност да стекнат знаења за начинот на проверка на ...
Општината Велес не му издаде Б-интегрирана дозвола на концесионерот „Кепс Монт груп“, заради тоа што отпадот во депонијата од топилницата не го третира како историска жешка точка, туку како техногена минерална суровина. Во решението општинарите навеле дека го отфрлаат барањето на компанијата за продолжување на дозволата, бидејќи постоеле опасности, заради начинот на кој се предлага да се работи на депонијата, да се предизвикаат штетни последици ...
Во Клубот на пратеници во Скопје, утре со почеток во 11 часот ќе се одржи трибина на тема „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“, во организација на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. На настанот се поканети претставници на младинските тела на политичките партии во земјава и претставници на граѓански организации, со цел ...
Екоцидот и официјално е ново кривично дело во македонското законодавство. На 15 март стапија во сила одредбите од измените на Кривичниот законик кои се однесуваат на дела против животната средина и природата. Екоцидот е дефиниран како долготрајно и широко распространето загадување на животната средина кое предизвикува сериозна штета, а казната која е предвидена е од најмалку десет години до доживотен затвор. Измените на Кривичниот законик се ...
Роденденски честитки, флаери и рачно насликан натпис за продавницата, дела на познатиот уличен уметник Бенкси, направени пред тој да стане познат во среда ќе бидат понудени на аукција, објави БиБиСи. Продавачката Ема Хотон, која го познаваше Бенкси пред неговата слава, рече дека споделувањето на нејзината лична колекција значи дека другите ќе ја видат „шармантната и сентиментална страна“ на уметникот. Делото наречено Holywell Row Happy Choppers ...
Еден професор и неговите четворица студенти од Универзитетот во Чикаго им овозможиле на уметниците да ги заштитат своите дигитални дела за да не се користат без дозвола од паметни програми како DALL-E, Midjourney и Stable Diffusion. Тие го покануваат секој програмер кој сака да помогне, да се приклучи на тимот или да придонесе, за во иднина да можеме ги заштитиме и сликите што ги ставаме на социјалните мрежи, а кои во моментов можат да се ...
Извршена е исплата на средства по основ на студентски стипендии, со што сите стари и нови корисници на стипендии ги добија средствата за тековната академска година, заклучно со март, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). Во меѓувреме, исплатена е и втората рата на сите студенти кои имаат потпишано анекс кон договорот за стипендија и навремено доставиле спогодба за користење на зголемен износ на стипендија. Со оваа исплата ...
Законот за прогласување на Кањонот Матка за заштитена зона од III категорија– споменик на природата една година стоел во фиоките во Собранието без истиот да се разгледа, а на само два месеци пред изборите пратениците најавуваат дека ќе го стават на разгледување во Собраниската матична комисија за екологија. Со оглед на краткото време до изборите, законот тешко дека ќе биде усвоен, пишува Порталб.мк. Матка е уникатен природен резерват, кој речиси ...
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева. „Единствен ...
Во среда, на 20 март, со почеток во 12 часот на малата сцена во Театар Комедија ќе се одржи јавна промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од професорот Иван Џепароски. Книгата ќе ја претстават писателот и професор Александар Прокопиев и професорката и театролог Ана Стојаноска. Книгата е сочинета од девет поглавја, за кои професорот Џепароски во прологот ги „групира“ во три групи: За комичното, За комедијата, За црниот хумор, За иронијата ...
Сите четири национални паркови во земјава „Пелистер“, „Маврово“, „Галичица“ и „Шар Планина“, поднеле проекти до Министерството за животна средина кои треба да се финансираат од државниот буџет. Министерството годинава одлучи за првпат да додели државна помош на овие институции и со тоа директно да учествува во заштитата на природата. Предвидени се 20 милиони денари, а финансии ќе добие секој национален парк. Два од националните паркови, ...
Децата што примиле три дози ДиТеПер вакцина во последните шест месеци ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат во наредните шест месеци. Практично, рокот за ревакцина е скратен на 6 месеци, наместо како што беше досега, на една година. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој ќе му биде доставен на разгледување на министерот за здравство Илир Демири. „Овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во овие ...
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и им нанеле телесни повреди. Од обвинителството соопштуваат дека додека жените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен ...
Тимот на „Култура Бета“ и „ПНВ Публикации“ ги избра младите поети што ќе читаат на настанот „Скопје СИ ТИ“ по претходно распишаниот конкурс за песни на тема урбана поезија. На „Скопје СИ ТИ“ ќе читаат Јулија Ангелова, Андреј Анѓеловиќ, Виктор Бучковски, Иво Донев, Марко Иван Кочишки, Нино Наумовски, Дарио Постоловски, Теодора Прокоповска, Михаела Стефановска, Методија Тасевски, Крсте Трифунов и Розе Ускоска. „Скопје СИ ТИ“ ќе се одржи на 24 ...
Во обид да се зајакне партнерството со Гренланд, остров богат со ретки суровини од стратешко значење за зелената транзиција во Европа, Европската комисија (ЕК) ќе ја отвори својата канцеларија на автономната данска територија во петок, на 15 март. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, заедно со данската премиерка, Мете Фредериксен ќе ја отворат канцеларијата на ЕК во главниот град на Гренланд, Нук. Гренланд и Фарските ...