
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Компанијата „Airbnb“ (Ербиенби) најави дека воведува глобална забрана за употреба на безбедносни камери во имотите што се изнајмуваат преку нејзината платформа. Промените во политиката на компанијата ќе стапат на сила на крајот од следниот месец, јави Би-би-си. Платформата за изнајмување преку Интернет вели дека целта на овој чекор е да се поедностават правилата за безбедносните камери и да се даде приоритет на приватноста на гостите. ...
Алатките за вештачка интелигенција како ChatGPT брзо ги вадат на виделина текстовите кои инаку тешко се пребаруваат на интернет и умеат да решаваат сложени задачи. Тоа ја отвора вратата за мамење, па образовната политика детално ја истражува употребата на вештачка интелигенција во училиштата. Помладите пак, од друга страна, ја гледаат вештачката интелигенција повеќе како можност отколку како закана, пишува германската новинска агенција ДПА. ...
Традиционалната Недела на франкофонски филм во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата ќе се отвори в петок, 15 март 2024 година, во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија, со проекцијата на швајцарскиот филм „Блех-музика“, на режисерот Франсоа-Кристоф Марзал, од 2019 година. Неделата на франкофонски филм ја организира Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на Швајцарија, Романија, ...
Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди популарноста на италијанските и други увозни стрипови, но и високото мислење на публиката од регионот за водечките домашни автори. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор за најдобар стрип на годината, по углед на ...
За ширењето на дезинформациите е одговорен процесот преку кој луѓето разменуваат информации, па наместо разменување информации, целта станува ширење хаос, тензии и поделба. Ова го истакна д-р Неријус Малиукевичиус, истражувач од Литванија, од Институтот за меѓународни односи и политички науки на Универзитетот во Вилнус, кој денеска одржа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Д-р Неријус Малиукевичиус е водечки литвански експерт за ...
Три прототип замки за заловување рисови се поставени во Националниот парк „Маврово“. Нив во изминатиот период ги креираа група студенти од природни и технички науки во координација со Македонското еколошко друштво. Студентите работеа на изнаоѓање иновативен начин да се заловат рисовите, кои се загрозен вид на раб на изумирање, за понатаму да се следат, истражуваат и заштитат од истребување. Прототип замката помага безбедно да се залови рисот и ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на прекин на огнот во Појасот Газа, „по можност веќе за време на Рамазан“. Тој вчеравечер преку видео порака рече дека примирјето треба да обезбеди ослободување на израелските заложници и поголема хуманитарна помош за Палестинците, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Убеден сум дека мнозинството Израелци и Палестинци сакаат мир“, рече Шолц. Тој рече дека е вознемирен поради зголемената загриженост на ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе истрага против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. „Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата Прилепска во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче“, соопштува Јавното ...
Охридската полиција поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради сомнежи за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против охриѓанецот Е.М.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. Од СВР Охрид известуваат дека на 8 март годинава, околу 11.30 часот, првопријавениот охриѓанец, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги потврди имињата на носителите на пратеничките листи. Листата во првата изборна единица ќе ја предводи Мицкоски, во втората носител ќе биде Владо Мисајловски, во третата Драган Ковачки, во четвртата Александар Николоски, а во шестата Дафина Стојаноска. За петтата изборна единица сè уште не е дефинирано имeто на носителот. Мицкоски изјави дека ќе водат позитивна кампања која ќе биде насочена на нудење ...
Здружението на новинарите на Македонија ги додели годишните награди „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење. Истовремено беа доделени и четири признанија за посебен придонес во промоција на професионалното истражувачко новинарство. Комисијата за награди во состав Жана Божиновска, Ристо Тасев и Ведат Мемедалија, наградата за ...
Во манипулирано видео од новински сегмент на Франс24 се вели дека официјалната посета на Емануел Макрон е откажана оти француската тајна служба пресретнала информации околу можен атентат на францускиот претседател. Не само тоа, туку атентатот ќе го извршеле украински оперативци, со цел да може да се префрли вината на Русија. А, крајната цел била Украина да добие поголема финансиска и воена помош, па дури и да вмеша НАТО членка во војната. Веста ...
Во периодот од 1 до 7 март се регистрирани 50 нови случаи на голема кашлица, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Од нив, пет лица се хоспитализирани, од кои четири се помали од една година, а едно спаѓа во категоријата на лица од една до четири години. Најголем дел од заболените лица имаат меѓу 10 до 14 години, а најстарите имаат 40 години. Според извештајот, заклучно со 7 март, во државата се регистрирани вкупно 173 ...
Албанската партија ДУИ, која по 2001 година е најдолго на власт и која е одговорна за политичките интервенции во правосудниот систем, и како резултат на тоа и на намалувањето на довербата на граѓаните во правосудниот систем, на последните парламентарни избори вети, но не го оствари проектот за „ветинг“. Овој проект предвидуваше контрола на политичарите, обвинителите, судиите и униформираните работници. ДУИ пак вети ветинг во време кога ...
На полноќ истече рокот за собирање потписи за кандидат за претседател, со што останаа седум кандидати од вкупно 15. Тие се Стево Пендаровски од СДСМ со обезбедени 22.412 потписи, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ со обезбедени 28.086 граѓански потписи, Бујар Османи од ДУИ со 11.085 потписи, Максим Димитриевски од ЗНАМ со 11.605 потписи, Билјана Ванковска од Левица, која обезбеди 10.559 потписи, Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 11.290 потписи ...
„Докторот што со патничко моторно возило влечеше куче врзано за автомобил заработи кривична пријава, а кучето му е одземено“. „Х.Х. организирал борби помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство“. „Обвинетиот, на 08.01.2023 на улицата “Индустриска” во ...
Пет лица во петокот биле приведени затоа што се сомничат дека извршиле кривично дело „фалсификување пари“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за четири лица-жители на Скопје – А.А. (31), М.А. (24), Д.С. и З.Р. и една жителка на Крива Паланка – И.М. (23). Тие минатиот месец стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18.000 денари од истиот купиле 9 ...
Тетово, сепак, засега нема да стане дом на фабриката за производство на електрични автомобили „е.Го“. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), како застапник на Владата во договорот за доделување на државна помош со компанијата, вчера информираше дека договорот се раскинува. Се запира и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства. Од ТИРЗ рекоа дека запирањето на државната помош следи по добиени јавно достапни ...
Поднесена е кривична пријава за обид за убиство против пет лица во врска со инцидент што се случил во петокот вечерта на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Петмината во петокот околу 19 часот со остар и тврд предмет го нападнале 33-годишниот М.А. од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди. Од МВР велат дека веднаш по добиената пријава биле преземени соодветни мерки од страна на полицајци од СВР ...
Несекојдневна спасувачка мисија имал тимот на на јавното претпријатие „Лајка“. Ккао што информираат оттаму, ветеринари и заловувачи викендов спасиле далматинец кој се наоѓал во водите на реката Вардар. „Беше пријавено и лоцирано куче од расата далматинец паднато во реката Вардар , уплашено, исцрпено и во целосно безизлезна ситуација. Благодарение на брзата и успешна интервенција, кучето беше извлечено на брегот и згрижено во прифатилиштето, се ...
Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема за Министерството за одбрана, информира денеска министерката Славјанка Петровска. За случајот информираше првично телевизија Телма, каде министерката Петровска во интервју за КОД изјави дека фирма со руски капитал и со седиште во Европска Унија се обидела да добие тендер во Министерството за одбрана со кој би имала пристап до информатичкиот систем, но понудата ...
Германските политичари, вклучително и министерката за надворешни работи, го критикуваа папата Франциск за неговиот апел да се преговара за мир со Русија, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Навистина се прашувам што сакаше да каже“, рече Аналена Бербок вчера за телевизијата АРД. „Јас не разбирам”, додаде таа. Според Бербок, некои работи можат да се разберат само ако се видат со свои очи. „Кога ќе видите, на пример, како градинките во ...
Со положување цвеќе пред споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи во дворот на поранешниот скопски Монопол денеска во Скопје денеска се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи во нацистичкиот логор „Треблинка“. Овој настан во Скопје е дел од тридневната Комеморативна програма 1943-2024, во организација на Еврејската заедница во државава и на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, што се реализира под ...
Објава шири дезинформации дека ковид пандемијата била „пландемија“, односно план за контрола на луѓето преку 5Г мрежата. Ковид и 5Г мрежата не се поврзани, ниту пак, со нив се контролираат луѓето. Мета на оваа теорија на заговор се и ПЦР тестовите, за нив невистинито се тврди дека се правени за да се собере база на податоци од луѓе за да тие бидат контролирани. ПЦР тестот се користи само за да се утврди дали тестираниот е заболен од коронавирус ...
Извршната наредба што ја потпиша Бајден во септември 2021 година предвидува задолжителна вакцинација на федералните работници, таа се однесува на Белата куќа, ФДА, ЦДЦ и НИАИД. Тогаш Бајден издал посебни барања и за бизнисите со повеќе од 100 вработени кои морале да наложат вакцинирање или да бараат неделно тестирање на вработените. „Модерна“ и „Фајзер“ биле покриени со ова барање на Бајден, а дополнително, според анализите на Ројтерс и АП, ...
Скопје е на врвот на листата на европски градови со средна големина според ефективноста, односно рентабилност за инвестирање на рангирање кое го прави економското списание ФДИ интелеџенс, дел од реномираниот меѓународен весник за економија, Фајненшл Тајмс. Ова е скок од четврто место на кое беше Скопје лани. Годинава и регионот на Скопје исто така се најде меѓу првите десет мали европски региони кои го носат епитетот “градови и региони на ...
Народната банка обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг), соопштија денеска оттаму. Ова го прават заради брзиот технолошки развој и дигитализацијата и сѐ повисокиот износ на електронски трансакции, кои наметнаа потреба од јакнење на свесноста и засилена едукација на граѓаните за безбедносните стандарди во борбата против измамите преку ...
Нема да продолжат гарантираните цени на производите во маркетите од следниот месец, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши за МИА. Редот во нелојалната конкуренција, Бектеши вели дека ќе се става со носењето на Законот за нефер трговски практики, кој според него ќе доведе и до намалување на цените на прехранбените производи. Очекувањата на Бектеши се ова законско решение, да биде усвоено во Собранието најкус можен рок. ...
За околу 35 отсто ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници и јавните институции, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1.200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика, Скопје Север. Овие корисници трошат 20 отсто од потребните количини на топлинска енергија на ниво на град Скопје и меѓу нив ...
Државните пазарни инспектори правеле контроли и вршеле надзори во сите големи синџири маркети во државата, а целта била да се види дали се почитуваат антикризните мерки за намалување на цените. Како што информира директорот Горан Трајковски, од првичните информации, имало прекршоци, но ќе се почека да завршат надзорите во целост. Трајковски кажа дека ДПИ нема надлежност да влијае врз формирањето на пазарната цена, која ја одредуваат трговците до ...