Градот Скопје и по повеќе од 26 месеци од почетокот на градежните работи на терен, нема абер да го заврши проширувањето на булеварот Борис Трајковски меѓу населбите Пинтија и Драчево. Првиот рок зададен од претходниот градоначалник Петре Шилегов и Град Скопје, дека изградбата на оваа сообраќајница ќе трае неполни две години, не успеа да ја доврши во зададениот рок неговата следбеничка Данела Арсовска односно ова ветување не е исполнето во ...

Во Програмата за работа на Владата на Македонија од 2022 година, потпишана од тогашниот мандатор Димитар Ковачевски, во делот насловен како „Младите во фокусот“, е наведено ветување дека ќе се создаде и објави, „регистар на наши млади умови ширум светот“, кои треба да учествуваат во креирањето политики. Според одговорите што ги добивме од Владата, ваков регистар не постои, со што ова ветување го оценуваме како неисполнето. Во Програмата за ...

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски пред локалните избори во 2021 година вети општински субвенции за реализација на еколошки проекти со кои ќе се намали аерозагадувањето, нагласувајќи дека загадувањето е еден од најголемите проблеми во општината. Ваквото предизборно ветување е во тек на реализација, иако средствата што ги издвојува Општина Кисела Вода за решавање на проблемот со загадениот воздух се прениски и се далеку од ...

Општината Карпош досега не изгради трим патека за рекреација на граѓаните до Милениумскиот крст на Водно, иако овој проект беше едно од изборните ветувања на градоначалникот Стевче Јакимовски. Од Општината сега информираат дека не се подготвени самостојно да го реализираат овој проект, туку дека само би учествувале доколку Градот Скопје го реализира. Според ова, можеме да заклучиме дека ова ветување на Јакимовски, иако беше ветено, засега не е ...

Вкупниот долг на сите државни институции, јавното здравство, образованието, судството, социјалата, агенции, општини, јавни претпријатија, на крајот на 2023 година изнесувал 408,1 милиони евра. Најголеми доспеани, а неплатени обврски имаат јавните претпријатија на централно ниво и државните фирми, пишува Порталб.мк. Најголем дел од долгот или 91,3 милиони евра, е по основ на комуналии, транспорт, комуникации. На новата должничка листа на првите ...

Владата вчера ја донесе Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2024 година и Програма за финансирање микроземјоделски производители на вино за 2024 година. Со овие програми, велат од Владата, се обезбедува грант поддршка до 10.000 евра за малите производители на храна и за малите винарии, како и поддршка за набавка на опрема за производство. Од Владата информираат дека на предлог на Министерството за земјоделство, ...

Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија одлучи, заклучно со крајот на денешниот ден, да го затвори јавниот повик за организирање на одмор за работници со ниски приходи, соопштија оттаму. „За пет дена од објавување на огласот, во архивата на Министерството за економија и по пошта пристигнати се над 3.600 апликации. Се очекува оваа бројка на апликации дополнително да се зголеми со барањата кои ќе пристигнат по ...

Највисоки, милионски суми за „самовработување“ и за „нови работни места“, се предвидени за млади невработени лица од 15 до 29 години. Со новиот Оперативен план за 2024 се предвидува вработување на 11.622, пред сè, млади луѓе, пишува Порталб.мк. Сепак, државните грантови се условени – враќање на парите доколку бизнисот пропадне или ако вработените останат без работа поради отказ или доброволно. Планирано вработување на 11.622 пред сè млади лица – ...

А.Д. Македонски железници – транспорт ќе добие вонредна помош од речиси 2,5 милиони евра за исплата на платите и за расчистување на обврските, пари кои се доделуваат со одлука на Министерството за транспорт и врски. Ова е втора одлука за доделување средства на МЖ Транспорт за да си ги расчисти долговите откако Владата на 10 ноември лани исто така му исплати 16 милиони евра за плаќање на долговите за електрична енергија. Последните средства се ...

Околу 250 демонстранти се собраа во неделата во близина на руската амбасада во Берлин за да протестираат поради смртта на затворениот дисидент Алексеј Навални, објави полицијата во германската престолнина. Како што објави германската агенција ДПА, организаторите пријавиле протест на 450 луѓе. Непосредно пред протестот повикан за рано попладне, протестната група Пуси Рајот најави свои демонстрации. Портпаролот на полицијата изјави дека голем број ...

Германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) предложи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен повторно да биде кандидат на Европската народна партија за претседател на Европската комисија, по јунските избори за Европскиот парламент, пренесува германската агенција ДПА. Фон дер Лајен претходно потврди дека сака да влезе во трка за нов мандат. „Во овие пет години не само што порасна мојата љубов кон Европа, туку и моето ...

Палестинскиот министер за надворешни работи го обвини Израел за „колонијализам и апартхејд“ на сослушувањето пред Хашкиот суд за израелската окупација на палестинските земји од 1967 година, пренесува Гардијан. „Повеќе од еден век, неотуѓивото право на палестинскиот народ на самоопределување е прекршувано. Палестина не беше земја без луѓе. Не било како што го опишаа израелските лидери, пустош. Имаше живот на оваа земја“, изјави Ријад ал-Малики ...

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, 52-годишен компјутерски експерт од Австралија, е пред вториот ден во Високиот суд во Лондон како дел од долгогодишната битка против екстрадицијата во САД, каде што е обвинет за оддавање доверливи воени тајни. Основачот на Викиликс е баран од американските власти поради наводен заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана, по објавувањето на стотици илјади протечени документи поврзани со ...

На борбеното поле во Украина и понатаму продолжи гранатирањето и бомбардирањето на цивилни цели, при што во нападите во регионот Донецк во изминативе 24 часа, еден цивил во селото Константинивка го загубил животот, а друг е повреден. Во целиот регион Донецк се повредени уште осум лица, соопшти шефот на Регионалната воена управа на Донецк, Вадим Флашкин. Како што пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net, во регионот од ...

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека Вашингтон ќе воведе повеќе од 500 нови санкции против Русија. САД се обидуваат да го зголемат притисокот врз Москва во пресрет на втората годишнина од нејзината инвазија во Украина, пишува Ројтерс. Соединетите Држави, исто така, ќе воведат нови извозни ограничувања за речиси 100 субјекти кои даваат поддршка на Русија и ќе преземат активности за дополнително намалување на приходите на Русија од ...

Во Прилеп вчера намерно бил опожарен приватниот автомобил на обвинителката на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска, соопштија денеска од таму. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело. „Според првичните сознанија, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо ...

За случајот познат во јавноста како „Моќник“, јавниот обвинител во завршните зборови извршил прецизирање на диспозитивот на обвинителниот акт во обвинителен предлог, а извршил и промени во правната квалификација на кривичните дела за кои беа обвинети, соопшти денеска Основниот кривичен суд. „Првообвинетиот М.М. и второобвинтетиот В.М. сториле кривично дело Измама, а третообвинетиот А.М. сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и ...

Граѓаните на Шуто Оризари, но и некои делови на Чаир се соочуваат со сериозен недостиг на автобуси и се во невозможност да ги извршуваат своите секојдневни обврски. Автобуската линија број 19, која сообраќа од Шуто Оризари преку Чаир, Центар до Карпош и обратно, и понатаму е една од најнередовните линии и поради ова, граѓаните се принудени или да чекаат со часови или да поминат две до три други автобуски линии за да стигнат до посакуваната ...

Лекот „Трикафта“ досега го имаат примено 32 пациенти на Клиниката за детски болести и на Клиниката за пулмологија, а во земјава има вкупно 130 пациенти кои живеат со болеста цистична фиброза. Од Министерството за здравство за Мета.мк уверуваат дека сите пациенти ќе го добијат лекот. „Скоро половина од пациентите кои се над 12 години и според мутацијата delta F508, за која е индицирана модулаторната терапија, веќе се почнати со лекување. Бројката ...

Од утре, 25 февруари 2024 година, Државната изборна комисија на својата веб страна, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија. „Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира“, информира ДИК. Моментално, во подрачните одделенија и ...

По повод одбележувањето на две годишнината од руската инвазија врз Украина, Советот за безбедност на Обединетите нации одржа брифинг за Украина, каде се обратија голем број Министри за надворешни работи и други високи функционери. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк се обрати на брифингот. „Две години од инвазијата на Руската Федерација на Украина – очигледно кршење на Повелбата ...

Точно два и пол месеци траеше голготата на редакцијата на Мета.мк да добие информации од јавен карактер од Зоолошката градина – Скопје, а во врска со прашања чии одговори не би требало да имаат одреден степен на тајност, ниту пак да бидат скриени од очите на јавноста. Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни, а посебно внимание во јавноста предизвика смртта на двете жирафи кои долго време беа белег на установата, ...

Почувствуван е земјотрес во југозападниот дел од Републиката, во Струга и околината, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2024 година во 11 часот регистрираше земјотрес чиј ...

Бројот на иселени државјани на РСМ што работат во Европа, бројот на издадени пасоши, бројот на пасоши што треба да се издадат, капацитетите на машините што ги печатат, бројот на резервите на обрасци и динамиката со која се очекуваат и ред други нешта покажуваат дека Османи говори желба, а не вистинита проценка за тоа колку ќе трае вонредната состојба со издавање на патните исправи во ДКП-ата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот ...

Министерството за надворешни работи на Ирска го повикало рускиот амбасадор во Даблин за да „изрази гнев“ поради смртта на познатиот руски дисидент Алексеј Навални во затвор, јави ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ. Ирското МНР на Твитер објави оти на амбасадорот Јури Филатов му повторило дека „конечната одговорност“ за смртта на Навални „лежи кај руското раководство“. Исто така, била побарана целосна независна и транспарентна истрага. Смртта ...

Кривичната пријава е поднесена против Џулијан Асанж бидејќи го открил идентитетот на изворите и поттикнувал кражби и хакирање, а не поради политички причини, рекоа адвокатите што ја застапуваат владата на САД, која бара екстрадиција на основачот на WikiLeaks (Викиликс) на денешното сослушување во судот во Лондон, извести „Гардијан“. Асанж би можел да биде екстрадиран во САД за неколку дена. Таму би се соочил со обвинение за шпионажа, поради ...

Пет лица се убиени кога дом во Рафах бил мета за време на „интензивно бомбардирање низ градот Рафах“, јави новинарот на Ал Џезира, Хани Махмуд, а пренесе „Гардијан“. Махмуд во четвртокот соопшти дека бомбардирањето се проширило во раните утрински часови и дека „гласни експлозии може да се слушнат од северниот дел на градот“ и дека звукот доаѓа од „систематското уривање домови“. „Во текот на ноќта, гледаме напади во источниот, северниот дел, па ...

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок директно му се обрати на својот руски колега Сергеј Лавров на состанокот на Г-20, барајќи да престане војната во Украина, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Ако се грижите за човечките животи, ако се грижите за сопствениот народ, руските деца и младите луѓе, мора веднаш да ја прекинете оваа војна“, рече Бербок во средата во Рио де Жанеиро, свртена кон Лавров. „Ако Русија сега ...

Соединетите Американски Држави се вратија на површината на Масечината за првпат по повеќе од педесет години, откако приватното летало наречено „Одисеј“ го заврши 73-минутното спуштање од орбитата во близина на јужниот пол на Месечината. Американската вселенска агенција НАСА го поздрави „џиновскиот скок напред“, без да го потврди статусот или состојбата на леталото, пренесува „Гардијан“. Подоцна компанијата „Интуитив Машинс“ (Intuitive Machines) ...

Ковачевски има законско право да зема апанажа, исто како и ексминистерот за внатрешни работи Спасовски, како што такво право имаат и други функционери по завршувањето – престанувањето на мандатот. И тоа не е спорно. Прашањето за апанажата од 2.500 евра не е проблематично од законски, туку од етички аспект. Дали Ковачевски, како и Спасевски, мораа да го искористат тоа законско право? Дали баш немаа никаква друга опција за да (пре)живеат освен да ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
55%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
1.74
62%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
64%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.91
45%
1014
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
79%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
0.89
29%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
53%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
6.69
66%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
49%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61