
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Францускиот институт во Скопје и Националната галерија во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, го најавуваат третото продолжение од циклусот изложби, под наслов „Париски рефлексии“. Отворањето ќе се одржи в петок, 22 март 2024, во 12 часот, во Чифте амам. Изложбата, која го носи предзнакот 3, претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, дел како добитници на тогашната ...
На 20 март со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната и драматична балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. „Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а ...
Мониторингот на медиумите во предизборието кој го врши АВМУ, покажал дека во периодот од 15 февруари до 7 март 2024 година немало прекршување на Изборниот законик. Како што велат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со мониторингот биле опфатени девет национални телевизии – МРТ1, МРТ2, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21-М и ТВ 24 Вести. Тие ги анализирале прилозите во централните изданија на вестите/ТВ ...
Власта и опозицијата во Собранието со здружени сили експресно протуркаа законски корекции, со кои прилично се отежнува вклучувањето на независните кандидати во изборната игра. Лутите политички противници обезбедија 84 гласа „за“ и Бадентерово мнозинство, за да ги усвојат измените на Изборниот законик со кои се зголеми прагот за учество на независните кандидати на изборите. Во меѓувреме тие продолжија да прават театар. Едните обвинуваат за ...
Во уште еден неодреден сет одговори за европската перспектива на државата доколку ВМРО-ДПМНЕ ја формира идната влада, нејзиниот лидер Мицкоски во еден момент најавува не така брзо решение „доколку од другата страна немаме вистински партнер“ и потоа искажува спин, нудејќи концепт дека прво треба „да станеме посакувани, со што Бугарија ќе била пред свршен чин“. Ова тврдење е извртување на вистината затоа што има премногу прашања на кои засега ...
Во регионот повторно кружат гласини дека украинските специјални служби се незадоволни од новото раководство на украинската армија и „подготвуваат“ државен удар. Како и претходно, дезинформациите доаѓаат од руската државна агенција „РИА Новости“, но овојпат главен извор се говорни пораки на еден член од тајна Телеграм група. Автентичноста на снимените говорни пораки не може да се верификува, ниту пак, идентитетот на тој што ги испратил, пишува ...
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во интервју на Канал 5 телевизија изјави дека во францускиот предлог и во деловите од преговарачката рамка „ја има суштината на бугарската резолуција, во која се негираат македонскиот народ, нација, идентитет и историја“. Со преглед на јавно достапните документи што Владата и ЕУ ги има објавено за предлогот, лесно може да се види дека никаде не се спомнува такво нешто, објавува Вистиномер. Текстот ...
Мажите прикажани на видеото во објавата, носат високи потпетици за да ја кренат свеста кај населението против родовото насилство и за да помогнат да се соберат средства за жртвите од насилство. Оваа парада е позната како „Прошетајте една милја во нејзините чевли“ (“Walk a Mile in Her Shoes”). Самото видео е снимено во октомври минатата година во американската сојузна држава Џорџија, за време на третиот ваков собир организиран од еден од колеџите ...
Постапките на надлежните институции се во согласност со законите и Уставот на државата и тие во никој случај не можат да се наречат фашистички. Забраната за носење невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки не е фашизам, туку мерка којашто се носи за заштита на населението. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би ...
Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше епидемија со морбили. Вистиномер во архивата на граѓанскиот суд од 2019 година, пронајде неколку судски пресуди во кои родители на невакцинирани деца ги тужат градинките зашто тие не ги примале нивните невакцинирани деца. Судот во сите случаи ги одбил ...
Вакцината која содржи компонента против пертусис може да се дава истовремено со МРП вакцината со оглед на фактот што се работи за давање на една мртва и една жива вакцина, а растојание помеѓу двете вакцини не е потребно. Кога се даваат истовремено, вакцината која содржи компонента против пертусис и МРП вакцината се аплицираат во различни екстремитети, пишува во укажувањето за постапување од министерот за здравство. За тоа дека станува збор за ...
Истакнатиот руски опозиционер и критичар на власта, Алексеј Навални, почина во сомнителни околности. Во отсуство на каква било транспарентност околу неговата смрт, во регионот се шират дезинформации дека починал од тромб предизвикан од ковид вакцината на „Фајзер“. Поточно, се тврди дека Навални е жртва на вакцината преку т.н. нарачано убиство, а не на политичка репресија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во ...
Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски во својата предизборна програма од 2021 година вети дека при реконструкциите на фасадите ќе бидат предвидени нови простори за вертикално зеленило кое ќе гарантира и пониско ниво на загадување. Во програмата имаше и ветување дека ќе се предвидат и т.н зелени кули за нула смог (култури на мовови со васкуларни растенија кои имаат способност да неутрализираат стотици тони јаглерод диоксид на годишно ...
Објавата се однесува на изјава на францускиот претседател Макрон за новиот нацрт-закон за крајот на животот кој ќе овозможи „помош за завршување на животот“. Предложениот закон се однесува само на возрасни лица кои страдаат од неизлечива болест во крајна фаза, односно за кои нема спас и дека истите одлуката за завршување на својот живот ќе ја носат самостојно. Никој нема да ги принудува на ништо, ниту пак, со сила да ги убива, како што сака да ...
ВМРО-ДПМНЕ нема никаква причина со спин да слави дека Американците ги ставиле Катица Јанева и Стевче Јакимовски на „црната листа“. Посебно за Јанева, која за подзаборавените, е избрана со заедничка одлука на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ако веќе се радуваат за Јакимовски, пак, треба да имаат исти аршини и чесно да признаат дека кремот на партијата до пред неколку години, Груевски и Мијалков, исто така се на „црната листа“, пишува ...
Програмата за задолжителна имунизација не е поврзана со Клаус Шваб, ниту пак, со Светскиот економски форум. Парите за вакцините за задолжителната имунизација се обезбедуваат од буџетот на државата. Вакцинацијата е задолжителна затоа тоа што спречува ширење на епидемии ако вакциналниот опфат е над 95 проценти. Станува збор за одлука на национално ниво, донесена по претходна анализа на здравствените власти, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. ...
Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно станува збор за научно докажани ефикасни мерки. Вирусот беше изолиран на 7 јануари ...
„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите и трошењата на општините Струга, Тетово, Чаир и Град Скопје, пишува Порталб.мк. Приходи и расходи на општините Поголема наплата од планираното по основ на данок на доход и добивка, помала од данок на имот. Лани Општина Струга по основ еден ...
Американскиот претседател Џо Бајден има маргинална предност од еден процент пред Доналд Трамп во трката за претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември, според најновата анкета на Ројтерс/Ипсос, објавена откако двајцата кандидати обезбедија доволна поддршка од своите партии за да се појават на гласачкото ливче. Околу 39 отсто од регистрираните гласачи одговориле дека би гласале за Бајден доколку изборите се одржат денеска, во ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија рација утрово во болницата Ал-Шифа, најголемата болница во појасот Газа, во северниот главен град Газа, пренесува Гардијан. Според ИДФ, Хамас ги користи зградите на болницата како засолниште. ИДФ ги предупреди граѓаните во близината на болницата да се евакуираат во градот Ал-Муваси, 30 километри јужно од болницата. Во рок од неколку часа од почетокот на рацијата, ИДФ извести оти имаат контрола врз ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ја поддржувал идејата за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални при размена на затвореници, пред тој да биде пронајден мртов. „Се случува. Нема ништо што можете да направите. Тоа е живот“, бил првиот коментар на Путин во врска со смртта на Навални. Невообичаено било тоа што, оценува Асошиејтед прес, за прв пат во пет години, сега Путин постојано го спомнувал името на Навални, на ...
Доналд Трамп, поранешниот американски претседател кој обезбеди доволно републикански делегати за повторно да ја номинира Белата куќа, изјави дека ќе има „крвопролевање“ ако не победи на изборите во ноември, пренесува Гардијан. Во саботата, во моментот кога поранешниот претседател правеше вербални гафови на предизборен митинг во Охајо, како и за време на изјавите за економијата и автомобилската индустрија, предвиде „крвопролевање“ за земјата, ако ...
Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на луѓето да донираат органи за трансплантација, пренесе германската новинска агенција ДПА. Претходните донаторски картички кои претходно беа воведени, ќе ја задржат својата важност, но во иднина секој граѓанин на возраст над 16 години може да ...
Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок. Правната основа за мерките е сериозно кршење на човековите права. Според извештајот, министрите за надворешни работи на земјите-членки на состанокот во Брисел се договориле да воведар санкции против претставници на ...
Во Лондонската клиника, наводно е покрената истрага поради тврдења дека персоналот се обидел да пристапи до приватните медицински досиеја на принцезата од Велс додека таа се лекувала таму. Најмалку еден член на персоналот се обидел да пристапи до белешките на Кејт Мидлтон додека таа била пациент во приватната болница во центарот на Лондон во јануари, објави „Дејли Мирор“, а пренесува „Гардијан“. Се цитира извор кој рекол дека шефовите во ...
Руските команданти им забраниле на војниците да комуницираат со жителите на окупираните територии во Украина, освен во крајна нужност, јавува украинскиот Центар на национален отпор. Борбените дејствија, пак, продолжуваат со нови случаи на загинати цивили. „Во привремено окупираните територии, непријателот им забрани на припадниците да разговараат со локалците, освен ако нивните задолженија не го налагаат тоа. Причина за одлуката е големото ...
Додека војната во Украина продолжува, ризикот од инцидент во тамошните нуклеарни централи не исчезнува, изјави за ДПА претседателката на Федералната агенција за заштита од радијација, Инге Паулини. Украинската нуклеарна централа Запорожје е причина за загриженост особено поради борбите што се одвиваат близина, снабдувањето со електрична енергија и условите за работа. Мора да се направи сè за да се обезбеди ладење на сите безбедносни релевантни ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека САД поднела нацрт-резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за примирје во Газа, пренесува Гардијан. Блинкен вели оти резолуцијата бара „итен прекин на огнот“ и дека е врзана со ослободувањето на заложниците заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври. Блинкен ја информираше јавноста за резолуцијата за време на неговата неколкудневна посета во ...
Популистичките крајнодесничарски партии во земјите на Европската Унија (ЕУ) немаат усогласени ставови и е бесполезно поголемите партии да си ги адаптираат своите политики за да ги усвојат нивните гласачи, покажува нова студија спроведена од организацијата „Европски совет за странски односи“. Во студијата се забележува усвојување на крајнодесничарски политики од поголемите партии, особено во однос на миграција, во обид да се освојат гласачите на ...
Лидерите на земјите-членки на Европската унија вчера во Брисел ѝ дадоа зелено светло на Босна и Херцеговина за отворање на пристапните преговори за членство во блокот, објави Н1. Одлуката на европските лидери следува по препораката на Европската комисија (ЕК), која минатата недела објави извештај во кој констатира дека Босна и Херцеговина доволно ги исполнува условите за почеток на долгиот пат кон членство во ЕУ. БиХ аплицираше за членство во ...