Вашите проблеми се наши важни приоритети. Владата е решена да ви даде силна поддршка и да создаде услови во кои вашиот труд, талент и амбиција ќе може да блеснат. Ќе продолжиме да инвестираме во вас, вашите соништа, и вашата иднина. Ова се дел од пораките што премиерот Христијан Мицкоски ги упати пред студентската заедница вчеравечер, на одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите. Од културниот центар Лабораториум, на настанот во ...

Полицијата поднесе кривична пријава против рудникот „Саса“ во Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животната средина и природа“ и „загадување на добиточна храна и вода“. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека поднеле кривична пријава против правното лице – рудникот, но и против 57-годишниот К.Б.К. од Велика Британија, со дозвола за привремен престој во Македонска ...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествуваше на Конференцијата на командантите на Јужното крило на НАТО, која се одржа на 19 и 20 ноември во Здружената команда на НАТО силите во италијанскиот град Неапол, соопшти Министерството за одбрана (МО). На годинашнава координативна Конференција беа дискутирани повеќе теми од стратешко значење за Алијансата, како регионалните планови на НАТО и активностите под ...

Сите платфомски игри од Castlevania серијалот се бесплатни на Epic Games до четврток во 17 часот кога завршува промоцијата на Castlevania Anniversary Collection. Станува збор за колекција од навистина постари но забавни игри. Протагонистот е ловец на вампири и главното оружје му е најчесто камшик или боздоган, додека користи и мечови. Најчесто протагонистот е ликот Ричер, но има моменти во оваа франшиза каде играте и со Дракула. ...

Скопје 2024 Европска претстолнина на ѓубрето, место каде ѓубре, вируси и бактерии оро водат. Оваа порака ја испраќаат од Центарот за современи уметности CAC, преку спроведување на герила акција со цел подигнување на свеста за ѓубрето во нашиот главен град. По неуспешните обиди за Европска претстолнина на младите 2027 и закочениот процес на подготовки за престижната титула Европска претстолнина на културата 2028, оваа година на Скопје му се ...

Во најновите гејминг вести за големите франшизи ги разгледуваме новитетите околу моменталната 30 годишнината на Warcraft, скорото излегување на Path of Exile 2 на 4 декември и можен ремастер на Диабло 1. Веќе е објавен ремарстер на ремастерот на Warcraft 3, а исто така направени се ремастери и на стратешките Warcraft 1 и 2, Старкрафт и Диабло 2 па гејмерите шпекулираат дека е логично најлегендарната верзија на Диабло исто така да добие ...

Од следната година ќе продолжи изградбата на новите згради на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ – ДИФ), изјави синоќа министерката за образование и наука Весна Јаневска. При одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите во културниот центар Лабораториум, Јаневска рече дека буџетот за студентски стандард во 2025 година ќе изнесува 30 милиони евра ...

Слаби ученички резултати на меѓународните тестирања, буџет за образование кој е далеку под просекот на ЕУ, дигитална трансформација која е ефективна, кохерентна и инклузивна. Ова се само дел од забелешките нотирани во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, кој се однесува на образованието. Иако има многу предизвици, сепак, во делот кој се однесува на дигитализацијата, пишува дека Северна Македонија презела чекори кон ...

Русија од ноќеска започна масовен напад со крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала врз украински градови и постројките за производство и пренос на електрична енергија низ земјата. Во одредени региони проектилите завршиле и во резиденцијални делови, а пријавени се и жртви. „Во тек е масовен напад врз енергетскиот систем. Непријателот ги гаѓа капацитетите за производство и пренос на електрична енергија низ целата земја. Операторот ...

Дипломатските тензии околу глобалното затоплување ќе заземат централно место на самитот на Г-20 во Бразил, бидејќи претходно, преговарачите на Самитот на ОН во Азербејџан се најдоа во ќорсокак околу прашањето за финансирање на последиците од климатските промени, јавува Ројтерс. Шефовите на држави на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро првите два дена ќе ги поминат во решавање на прашањата за сиромаштијата и гладот и реформите на глобалните ...

Попладнево во Скопје ќе се одржи Меѓународната ноќна атлетска трка „Низ Улиците на Скопје 2024“. Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации во градот и се организира по повод ослободувањето на Скопје, 13 Ноември. Првата трка била одржана во 1953 година, кога се трчало во поединечна и екипна конкуренција, стартот и целта биле на срeдината на плоштадот, a должината била 5 километри. Трката денеска ќе започне во центарот на Скопје, ...

Во израелски напад врз станбена кула во северна Газа, загинаа најмалку 72 лица, соопшти владината канцеларија за медиуми на Газа. Цивилната одбрана соопшти дека нејзините тимови не можат да стигнат до областа и дека уште десетици се ранети и заробени под урнатините. Истовремено, израелските сили продолжуваат да го напаѓаат и Бејрут, додека либанските власти известуваат за 145 израелски напади низ целата земја во изминатиот ден. Еден од ...

Американскиот претседател Џо Бајден одобри да ѝ се дозволи на Украина да користи американски оружја за напади врз руска територија, пренесува „Си-би-ес њуз“. Конкретно, Кијив ќе смее да Армискиот тактички ракетен систем или ATACMS за да погоди цели во Русија. Потегот претставува сериозна промена во американската политики во врска со конфликтот меѓу Украина и Русија. Украина со месеци бара од САД и од западните сили да одобрат да се користи ...

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 е регистриран изутринава во 5 часот и 31 минута во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот бил на 80 километри југоисточно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од III степени според Европската ...

Предлог буџетот за 2025, според владеачката ВМРО ДПМНЕ предвидува 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции, што според нив ќе придонесе за подобар животен стандард. За опозициската СДСМ, пак, предлог буџетот на владата на Христијан Мицкоски е најрасипнички во историјата на Македонија. Од владеачката партија посочуваат дека буџетот е развоен што се гледа во планираните инвестиции во инфраструктура, училишта, градинки, болници и други ...

Асоцијацијата за здравствена едукација ХЕРА, по повод Европската недела на ХИВ тестирање и месецот на машкото здравје, организира бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции. Тестирањето, под мотото „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“, ќе може да се направи од утре до 23 Ноември во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно. Од ХЕРА посочуваат дека истражувањата покажуваат дека една од ...

До три години грејс период и до 15 години рок на отплата се условите под кои домашните банки ќе можат да работат со унгарскиот кредит од 250 милиони евра, наменет за кредитирање на стопанството, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по средбата со Македонската банкарска асоцијација, но додаде дека се уште не е договорено колкава камата банките би им додале на фирмите што ќе аплицираат за овие средства. „Во врска со желбата да се ...

Загадениот воздух, покрај возраста на мајката, инфекции, повеќеплодова бременост и други предуслови, претставува еден од факторите кои можат да влијаат на предвремено породување. Лани во државата имало вкупно 604 предвремено родени бебиња, а оваа година бројот е 681. Денеска во Клиниката за гинекологија и акушерство беше одбележан Светскиот ден на предвремено родените бебиња, 17 Ноември. Директорката на клиниката, проф. д-р Ирена Алексиоска ...

Илјадници демонстранти синоќа се собраа во Братислава, главниот град на Словачка на протест против политиките на популистичкиот премиер Роберт Фицо. Демонстрациите се случија на 35-годишнината од почетокот на Кадифената револуција која стави крај на децениското комунистичко владеење во поранешна Чехословачка, јави „Јуроњуз“. Протестот ја обедини опозицијата, вклучително и либералната Прогресивна Словачка, про-бизнис партијата Слобода и ...

Граничната полиција, на влез на градот Дебар при редовна контрола на товарно патничко возило со скопски регистарски ознаки, утврдила дека се врши нелегален превоз/транспорт на животни без соодветни документи за движење на животните (искористени сертификати за движење на животните од истото одгледувалиште), со валидни пасоши за животните. Како што информираа во Агенцијата за храна и ветеринарство, при извршениот вонреден инспекциски надзор од ...

Македонската влада планира во иднина да воведе интерконтинентални летови од Меѓународниот аеродром Скопје, објави порталот exyuaviation.com. Како што пишува во нивната објава, министерот за транспорт и врски Александар Николоски, изјавил дека веќе почнале да работат на тоа и свесен бил оти е тоа голема амбиција. „Владата има планови да организира интерконтинентални летови од скопскиот аеродром, што ќе биде единствен случај не само за земјата, ...

Во пакистанската провинција Пенџаб е прогласела вонредна здравствена состојба поради присуството на токсичен смог, пренесува Еј-би-си. Главниот министер на регионот Маријум Ауранџеб забрани градење на отворено, ги затвори училиштата уште една недела, ги советуваше жителите да останат во затворени простории и побара часовите од универзитетите да се изведуваат онлајн. Тој исто така најави дека ќе биде забрането движење надвор наредниот викенд ...

Денеска во Основниот Кривичен суд, сведокот Кираца Трајковска, чие семејство е во кумска врска со семејството на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, кажа дека во целиот случај и таа и син ѝ Гоце Трајковски биле во улога на истражители во целиот случај. Трајковска кажа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо ѝ бил зет за втора братучетка, како и дека и претходно комуницирале со Палчо деловно. Таа ги поврзала Александар и нејзиниот ...

Граѓаните кои денес се шетаат по улица Македонија во главниот град ќе можат да видат една активистичко-уметничка инсталација, во форма на плакар. Целта на оваа инсталација, наречена „Приказни од плакарот“, е визуелно и низ приказни да ги претстави искуствата со криење, отфрленост, насилство и процесот на самоприфаќање и прифаќање од околината на ЛГБТИ+ луѓето. Инсталацијата е креирана како заеднички продукт од учесниците на Летната школа за ...

Задолжителното купување на оригинални книги како услов за полагање на предметот или добивање дополнителни поени е најчестата коруптивна практика која ја применуваат дел од универзитетските професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Ако професорите не престанат со ваквото делување во претстојниот период, ќе ги објавиме со име и презиме, вели во интервју за Мета.мк претседателот на Универзитетското студентско собрание на ...

Објава на Фејсбук го опишува Мариупол како „град во Русија“, но според меѓународното право, тоа е град во Украина, кој е под окупација на Русија. Таа го држеше под опсада скоро 3 месеци, при што разурна 90 отсто од градот, дури и породилиште и детска болница на 9.3.2022 г., а на 16.3.2022 г. и театар обележан со натпис „Деца“, во кој беа засолнети цивили. Русија го зазеде градот на 20.5.2022 г. и го анектираше на 30.9.2022 г., а ООН тоа го ...

Американската влада нема да ја намали испораката на оружје за Израел, соопшти Стејт департментот. САД велат дека Израел не ги прекршува американските закони за блокирање на испораките на помош по 30-дневниот рок што го зададоа, со цел Израел да го засили пристапот до хуманитарната помош во Газа, пишува Би-би-си. Официјални лица во вторникот рекоа дека Израел презел голем број чекори за да одговори на барањата за зголемување на снабдувањето во ...

На денот на својот 79.роденден (15 ноември) Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ја претстави дигиталната колекција Анте Поповски, дел од отворениот ресурс Дигитална библиотека . „Дигитализирањето на творештвото на Анте Поповски е наша силна заложба за негово доближување до сите истражувачи, студенти, средношколици и негово афирмирање, зашто Анте е еден и голем, не само поет, туку и мислител, општественик. Благодариме на довербата ...

Двата лифтови на Детската клиника не работат, ЕЕГ апаратот не работи, но е направена набавка, пумпната станица е руина и само една пумпа овозможува притисок за хидрантите. Ова го истакна директорот на Детската клиника Реџеп Мемеди, кој зборуваше за повеќе предизвици со кои се соочува клиниката, но и за постигнувањата кои институцијата ги има. „Недостигот на кадар е системски недостаток кој се провлекува со години. Да, дежураат ...

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека утре 17.11.2024 (недела) со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Настанот ќе се одвива со следната траса на движење: од Порта „Македонија“, преку плоштад „Македонија“, по ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.25

Сребро

2460.50

Родиум

336779.07

Паладиум

546.56

Кобалт

64.04

Калај

46.91

Платина

67162.91

Алуминиум

3.03

Бакар

11.69

Злато

159231.39

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51