Силните врнежи на дожд кои што ги предизвикаа сегашните, но и претходните поплави се резулатат на климатските промени кои го зголемуваат испарувањето и на тој начин повеќе водена пареа доаѓа до атмосферата. Ова, а не подземни сатански бази или Трамп, е причина за поинтензивни врнежи од дожд и поплави во некои области, или поекстремни суши во други, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди ...

Пратеничкиот мандат може да биде одземен доколку за тоа има двотретинско мнозинство во законодавниот дом. Двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници во нашето Собрание не е 61 пратеник. Бидејќи во Собранието има 120 пратеници, двотретинско мнозинство е 81 пратеник и доколку 81 пратеник гласа „за“ тогаш може да се одземе пратенички мандат, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Во објава на социјалната мрежа Фејсбук се ...

Организатори на протестот не се „странски платени секташки невладини организации“, туку Грузијци, меѓу кои и професори, доктори, студенти, активисти, политичари од опозицијата, работници итн. Нивната демократска волја е да работат за Грузија внатре во Грузија, на начин што ќе промовираат европски вредности и слободи, развивајќи го граѓанското општество, борбата против корупцијата и слободниот говор, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во ...

Смртните случаи предизвикани од воени конфликти ширум светот во изминатите три години се искачиле на највисоко ниво во последните три децении, покажува новиот извештај на Институто за мировни истражувања од Осло – ПРИО. Според извештајот, иако бројот на смртни случаи на бојното поле е намален во споредба со претходните две години, од 2021 година вкупниот број на смртни случаи поврзан со конфликти, вклучително и цивили, се искачи на највисоко ...

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, беше прогласен за виновен од 12-члена порота за нелегално купување оружје. Бајден дал лажна изјава за некористење дрога кога купувал пиштол во 2018 година, пренесува Би-би-си. Судењето на Хантер Бајден претставува прво кривично гонење на дете на актуелен американски претседател. Доколку тој е кривично осуден, можно е да служи затворска казна од 15-21 месец. Џо Бајден не беше присутен ...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес најави дека алијансата ќе преземе построги мерки против руски шпиони. „Сведоци сме на бројни примери на саботажа, обиди за палење на објекти, кибернапади и дезинформации“, рече Столтенберг, на прес-конференција во Будимпешта. Столтенберг дополни дека оваа проблематика ќе се дискутира подоцна во денот на средбата на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Министрите ќе разговараат за ...

Основните училишта да работат со скратени наставни часови до крајот на учебната година поради високите температури кои ја зафатија државата, препорачува Министерството за образование и наука (МОН). Од министерството препорачуваат: основните училишта да продолжат да ја реализираат наставата со скратени наставни часови, притоа внимавајќи да се запази суштината на наставната материја која се изучува; училниците и другите простории кои се користат ...

„Едукација за родова еднаквост за практичари – од теорија до спроведување политики“, е името на тренинг-програмата, која е наменета за креаторки на политики, претставнички на граѓанскиот сектор, како и јавни службеници од земјите на Западен Балкан. Оваа програма, која се базира на експертиза и практични искуства поврзани со актуелните предизвици со родовата еднаквост во регионот на Западен Балкан, ја имплементира канцеларијата на Фондацијата ...

Израелските сили вчеравечер влегле во Рафах со тенкови. Во градот во јужна Газа биле забележани напади од тенкови, артилерија, хеликоптери и дронови, пренесува Гардијан. Нападите врз Рафах изминатиот месец принудија околу милион луѓе да се иселат од градот. Повеќето од тие лица веќе биле раселени; Рафах инаку има население од околу 150.000. Обединетите нации предупредија дека можно е повеќе од милион луѓе во Газа да се соочат со масовен глад до ...

Во основното училиште „Јован Дучиќ“ во Нов Белград вчера мајка на петтоодделенец физички ја нападнала наставничката поради оценките на нејзиното дете. Жената била пренесена во болница, наставата била прекината, а децата пратени дома. Вработените, како што пренесува Н1, се крајно вознемирени поради, како што велат, уште еден од низата напади врз колегите. „Инцидентот се случил за време на вториот час. Мајката на ученикот дошла на училиште и ...

Не е вистина дека за измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, предложен од Мицкоски, гласале 81 пратеник и дека истиот не добил поддршка од ДУИ. Точно е дека законот ќе бил донесен и без пратениците на ДУИ, односно со двотретинско мнозинство од најмалку 80 гласа, но објавата ја манипулира јавноста создавајќи перцепција дека интегративците не гласале за законот на Мицкоски. Факт е дека за законот гласаа 88 ...

Денес и утре може да се очекува повисоко количество на песок од пустината Сахара низ Балканот, вклучително и во Северна Македонија, известува европската Служба за следење на атмосферата – Коперник (CAMS). Од CAMS известуваат дека прашината од Сахара особено ќе биде присутна во јужна Италија, Бугарија, Грција и северозападна Турција. Оттаму предвидуваат дека овој бран на сахарска прашина може да доведе до тоа да има 150-200 микрограми ПМ10 ...

Партиската книшка не треба да е најмоќното оружје за младите лекари при вработување, а политиката треба да се оддели од здравствениот систем. Ова беше заклучокот од вчерашната панел-дискусија, на која учествуваа лекари од различни специјалности, а коа беше организирана од граѓанското здружение „Замисли“. Здрaвствениот систем сè почесто потфрла, а речиси секојдневно граѓаните се соочуваат со проблеми во болниците, клиниките и во другите ...

Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги извести Националниот Парк Маврово и МВР. Ренџерски тим од НП Маврово веднаш се упатил кон заглавеното мече а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот“, велат ...

На Прилеп му треба театарска зграда. Да не дозволиме материјалното да му го заземе местото на духовното, да не дозволиме излишните луѓе да ги истиснат и да им го заземат местото на оние што му требаат на секое општество, рече во своето обраќање режисерката Зоја Бузалковска, при врачувањето на наградите на 58-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Бузалковска ја доби ...

Во сабота во Денсинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде изведен танцовиот дует „LOUNGE“ од португалската танчарка Марга Алфеирао и танчарката Маријана Бененге, со потекло од Франција и Републиката Конго. Настапот ќе започне во 21 часот. „LOUNGE претставува дует за две тела кои се идентификуваат како женски и заедно се движат низ состојби на активност и пасивно одморање, до уживање во траењето на повторувачките движења“, стои во ...

Шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 18 до 20 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат организаторите. Филмската ревија „Златна рамка“ претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне македонските филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од ...

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17 јуни, Министерството за образование и наука препорачува основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, наведено е во последното соопштение од МОН. Ова следува по реакциите на родители на социјалните мрежи, кои негодуваа децата да бидат на ...

Работилница и предавање за деца за дизајн на игри и основи на креирање видео игри, ќе се одржат утре (13 јуни) со почеток од 16 часот, во просториите на „Base 42“, во рамките на проектот „Видео игротека“. Работилницата и предавањето се наменети за деца од 6 до 14 годишна возраст, а идејата е дa се разбуди детската фантазија за децата да истражуваат и да увидат дека можат да ги развиваат своите идеи во реални проекти. Предавањето и работилницата ...

И оваа година, Филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“. Концертот ќе се одржи во среда на 19 јуни во Градскиот парк со почеток во 21 часот. „На 19 јуни одиме на футуристичко патување низ дел од филмографијата на најкреативниот режисер на сите времиња – Стенли Кјубрик, визионерот кој изврши огромно влијание врз светската филмска уметност. Концертот носи наслов „Одисеја 2024“, кој е инспирација од неговиот ...

Симпозиум за едукација, во периодот од 7 до 15 јули организира Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ), на Техничко-технолошкиот кампус. Овој борд е всушност огранок на интернационална студентска организација со локални групи на 85 различни универзитети во 30 држави низ цела Европа. „Тоа ќе биде летен настан со едукативен, научен и културен карактер. Настанот ќе содржи работилници и дебати на темата „Одговорно инженерство” орагнизирани ...

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии за студии од трет циклус во земјата за академската 2023/2024 година. „Сите кандидати ќе добијат решение, а одбиените кандидати ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од страна на Министерството за образование и наука во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Кандидатите кои се ...

Каи Ценат е гејмер што ја играше играта Елден Ринг без да гледа туторијали. Неговата тврдоглавост, а и решителност го претвори од инаетлија во јак карактер. Тој е гејмерот кој по 24 часовен стрим во Елден Ринг ја победи Маленија со преку 400 умирања само кај тој бос. Маленија, сечилото на Микела, како што и е целосното име, е малтене еден од најтешките босеви во играта иако не е последен. Потребно е да завршите серија квестови во одреден стадиум ...

Станува збор за екслузивна игра на бесплатна промоција од Epic Games. Marvel’s Midnight Suns е навистина добра но и скапа игра која во редовна продажба чини 60 евра. Играта не помина којзнае како на продажбите а излезена e пред две години. Тоа е затоа што иако е turn based, системот со способности преку собирање карти не помина најдобро кај повеќето играчи. Едноставно, ја сметаа за прекомплицирана. Трејлерот вклучува музика од рок бендот ...

Дворовите на основните училишта во Гостивар, каде што се наоѓаат спортските терени, не се во добра состојба и немаат соодветно одржување. Затоа, во некои од нив е тешко да се изведуваат спортски активности или часови по физичко образование. Порталб.мк ги посети основните училишта во кои може да се забележи несредената состојба на терен, а разговаравме и со учениците кои бараат подобри услови. Министерството за образование и наука одговорноста ја ...

За тоа што значи да се биде жена гејмер во денешно време разговараме со Ана-Марија Глигорова, чиј интернет гејминг надимак е Purple Empress. Со неа зборувавме за предивиците и ситуациите со кои се соочуваат жените и девојките гејмерки, како и за други интересни инспиративни теми. Глигорова покрај пасијата за видео игри, има завршено Машински факултет и има црн појас во карате. Таа на Сакура фестивалот за јапонска култура беше организатор на ...

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии за академски студии од втор циклус за академската 2023/2024 година. За лицата кои запишале магистерски студии беа предвидени 50 стипендии, при што во конкурсот стоеше дека 40 стипендии се наменети за студенти на природно-математичките науки, а десет за општествените науки. Сепак, од предвидените 50, доделени се вкупно 34 стипендии. Во ...

Најновата, петта експанзија на „Guild Wars 2: Janthir Wilds“ е во претпродажба и излегува на 20 август. Во моментов има понуда за сите што ќе ја купат предвреме, со козметички бонуси, титули и други додатоци. Меѓу најважните нови карактеристики е што копјата, кои досега беа исклучиво оружја за под вода, ќе бидат додадени на сите класи како оружје и за на копно, а за секој играч ќе се нуди приватен имот „Player Housing“ на повисоко ниво од ...

Матурантите во Македонија денеска го полагаат вториот екстерен испит, кој е задолжителен во рамките на државната матура. Учениците имаа можност да бираат меѓу еден странски јазик и математика. Најбројни се пријавените за полагање англиски јазик – 13.198 матуранти, а математика денеска полагаат 1.356 ученици. Минатата година, околу 3.000 матуранти беа фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик. Препишаните есеи им се бодуваа со 0 поени. ...

Автомобили, возила на Брза помош, нервозни паценти, насобрани роднини… Ако појдете на влезот во хируршкиот блок при комплексот клиники „Мајка Тереза“, ваква е сликата што ќе ја затекнете. И внатре е преполно – во холот, во ходниците пред амбулантите, како и пред некои од операционите сали. Ќе видите и пациенти легнати во болнички кревети, во ходници, додека чекаат прием и преглед од доктор. Поминаа повеќе од две недели откако се појави проблемот ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
63%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
56%
1019
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
67%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.81
43%
1018
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
78%
1019
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
38%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
63%
1019
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
1.54
54%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
1.03
47%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62