
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Претставниците на проектот „ЕУ – Поддршка за владеење на правото“, денеска го информираа јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, за планираните активности кои треба да се реализираат во рамките на овој проект во следниот период, информираат во Обвинителството. „Во рамките на активностите на овој проект поврзани со информатичката технологија, фокусот на поддршката ќе биде насочен во изготвувањето на техничката ...
Словачкиот премиер Робер Фицо е застрелан и ранет, јавуваат медиумите во Словачка, а пренесе Би-би-си. Фицо бил застрелан додека ја поздравувал толпата пред културен центар во градот Хандлова, каде што одржал владин состанок. Градот се наоѓа на околу 180 километри североисточно од главниот град Братислава. Според новинарите на местото на настанот, се слушнале неколку истрели. Словачкиот премиер е однесен во болница, а наводниот напаѓач е ...
Се печатат сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024/2025 година. Процесот е отпочнат навремено, во вообичаениот период на печатење како и во изминатите години и наскоро целосно ќе се заокружи, велат во Министерството за образование и наука (МОН). „Најдоцна на почетокот на јуни ќе биде извршена испораката до сите основни ...
Учебната година за матурантите завршува в петок. Ова е период кога се подготвуваат да слават со своите врсници и професори, заокружувајќи го средното образование, но и период кога се подготвуваат за претстојните испити кои се дел од државната матура. Новина годинава е тоа што за прв пат после многу години, испитот на зрелоста ќе се реализира во холови и во спортски сали, наместо во училници како до лани, за да нема препишувања и резултатите да ...
Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје отвора нова студиска програма по Дигитално земјоделство. Програмата, соопштија од таму, има мултидисциплинарен пристап и се реализира во тесна соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Машинскиот факултет, сите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Акцентот ...
Мажите и момчињата потешко ги изразуваат своите емоции и поретко бараат помош кога им е потребна. Во нашата култура често се промовира идејата за „силен маж“ – маж кој не зборува за своите емоции, маж кој не плаче и самиот ги решава своите проблеми. Овој стереотип создава огромен притисок и ги спречува мажите да ги споделат своите чувства и да побараат поддршка, беше истакнато на панел-дискусијата на тема „Грижата за себе и менталното здравје ...
Играта Circus Electrique е бесплатна за преземање на Epic Games до четврток, 16 мај. Станува збор за инвентивна Turn Based игра со Steampunk тематика. Circus Electrique наликува многу на играта Darkest Dungeon каде играте со четири лика против четири непријатели. Архетипите на ликовите од сите категории што ги содржи секој циркус ги има и овде. Приказната не е многу примамлива, но „глумата” е одлична, со добра актерска игра и синхронизација. ...
Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво, па женско“, започнува со претставата „Свет без жени“, в четврток во 20 часот, на академската сцена на Факултетот за драмски уметности. Како што информираат од организацијата „Тиииит! Инк.“, по изведбата на претставата, ќе следи разговор со авторките модериран од Калиа Димитрова од феминистичката платформа „Медуза“. Влезот за претставата е слободен, но треба да се направи резервација на [email ...
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) останува на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, што денеска ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). Станува збор за ранг-листа која CWUR ја објавува секоја година, а при рангирањето, универзитетите и колеџите ги оценува според четири фактори: образование, можност за вработување, настава и истражување. Годинава биле ...
Бројот на загинати во силните поплави што го зафатија јужниот дел на Бразил се искачи на 107, соопшти вчера цивилната одбрана, пренесува „Ројтерс“. Спасувачките операции продолжиле, а властите почнале да ги согледуваат штетите предизвикани од поплавите. Синоптичарите предвидуваат нови врнежи во наредните денови, а тоа ги зголемува стравувањата дека нивото на водата дополнително ќе се зголеми во главниот град на поплавената покраина Порто Алегре, ...
Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата епизода Бункер објаснува дека првата епизода цртана од Гуити требало да биде бројот 660, но распоредот бил поместен заради тоа што еден од четирите цртачи, не по своја вина, доцнел со предавање на материјалот за првобитниот број 659. Затоа ...
В недела во Филхармоијата ќе се одржи еден многу необичен концерт, полн со добро познати звуци претставени во ново светло. Станува збор за концерт на Мизар, култната македонска дарквејв група, која овојпат ќе биде придружена од македонскиот византиски хор „Хармониси“, предводен од проф. Ристо Солунчев, како и од група free jazz музичари, предводена од Дени Омергаиќ, кој служи како аранжер и диригент на насапот. „Ова ќе биде почеток на некое ново ...
Израелскaта пејачка Еден Голан се квалификуваше за финалето на Евровизија после јавното гласање. Нејзината победа следуваше неколку часа откако илјадници пропалестински демонстранти се собраа на улиците на Малме, Шведска, каде што се одржува Евровизија, за да ја дадат својата поддршка за Газа. 20 годишната пејачка беше исвиркана за време на генералните проби. Можеше да се забележи мешавина од навивање и исвиркување за време на вчерашното ...
TикТок ќе ги означува корисниците кои прикачуваат содржина генерирана од вештачка интелигенција (ВИ), а со тоа станува првата голема апликација за видео содржини која автоматски ја означува таквата содржина, пишува „Гардијан“. Содржините создадени со помош на алатките за вештачка интелигенција на TикТок веќе автоматски се означени како такви за корисниците, а компанијата бара од креаторите да ги постават истите ознаки на содржините кои ги ...
Слухот му беше вратен на дете од Британија, со помош на генетската терапија. Малата Оупал Сенди била дел од клиничко испитување и е првиот човек чиј слух бил вратен преку генетска терапија, пренесува Гардијан. Сенди имала аудитивна невропатија, медицинска состојба која ги спречува нервните импулси да патуваат од внатрешното уво до мозокот. Таа е најчесто предизвикана од неисправен ген. По 16-минунтна интервенција, во која се внела „коргириана“ ...
Несекојдневен музички настан организира Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, кој ќе се случи на 11 мај (сабота) со почеток во 12 часот. Во Градскиот парк, на „Школка“, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен. Тој ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, ...
На 10 креативни работилници, млади таленти од Западен Балкан ќе имаат можиност да ги развиваат и снимаат своите први кратки или долгометражни филмови. Во тек е повикот за првата онлајн-работилница за развој на први филмови со експерти од платформата First Film First. Повикот е отворен најдоцна до 15 мај и е наменет за млади помеѓу 15 и 25 години, кои имаат идеја или сценарио за снимање на краток филм. Работилницата ќе почне во втората половина ...
По повод Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија, во Кино Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 14 мај со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи проекција на филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски. Филмската приказна на Столевски се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Тој во септември ја освои наградата „Квир лав“ на Венецијанскиот филмски ...
Играта „Orcs Мust Die! 3“ е бесплатна на Epic Games до четврток, однсоно 9 мај. Станува збор за акциона игра која комбинира елементи од Fortnite, World Of Warcraft и игри со преживување. Во играта истребувате бранови на напаѓачки Орци (или попоуларно кажано „Орки”). Стил на анимација потсетува на ликовите од Fable и WoW Warlords of Draneor експанзијата, а има и големи сличности со играта Kingdoms of Amaldur. Еве го трејлерот за играта: Во однос ...
Утре во КСП Центар – Јадро ќе се промовира книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска, кураторка и теоретичарка на визуелна уметност. Книгата е издадена од организацијата Контрапункт. Промоцијата е во рамките на деветтото издание на фестивалот КРИК за критичка култура и ќе започне во 19:30. Промоцијата ќе се одржи во дијалошки формат меѓу Милевска и Артан Садику, политички филозоф. Воведни ...
Просечните трошоци за еден семестар, студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини 81.335 денари или 1.317 евра, покажува најновото истражување на Форумот за образовни промени. Целта на документот „Студентска кошничка на студентите на Економскиот, Филолошкиот и Медицинскиот факултет“ е да се создаде јасна слика за трошоците на студентите. „Затоа што кога институциите во земјата креираат финансиски политики кои се фокусираат на младите ...
Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека имало од 300 до 500 демонстранти во кампот, додека уште околу 2.000 се собрале надвор од барикадите во знак на поддршка за студентите. Полиција стоела на периферијата на шаторите со часови пред конечно да почне насилно да ...
Додека земјава се подготвува за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои се закажани за 8 мај (среда), во центарот на обликувањето на политичката агенда, повеќе или помалку, се најдоа и младите. Среде налетот на убави говори и предложени политики во официјалните програми, но и на митинзите и средбите со граѓаните, очигледно е дека гласот на младите не само што се слуша, туку активно влијае на дискурсот. Прашањата околу ...
Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по тримесечен спор. Двете страни денес изјавија дека експедитивно ќе почнат со враќање на музиката на артистите, композиторите и текстописците претставени од „Јуниверзал“ на платформата, како и со отстранување на песни создадени со вештачка ...
Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално време, непосредно пред кампот со шатори, каде што пропалестинските демонстранти подигнаа барикади за заштита – а контрадемонстрантите се обидоа да ги урнат. Демонстрантите се туркаа и клоцаа еден со друг, понекогаш тепајќи ги ...
Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање се одржа во четири големи простории во училиштето. Целта на надлежните во Државниот испитен центар (ДИЦ), била да согледаат како ќе тече процесот на полагање во големи простории, наместо во училници, како до минатата година. „Задоволни сме како ...
Новоформираното Национално студентско тело го доби својот прв претседател – Александар Николовски, кој воедно е претседател на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ). Николовски беше избран на втората седница на ова тело која се одржа во саботата, а на која учествуваа претседателите на студентските собранија од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, ...
Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат на 7 мај (вторник). Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и во наставниот календар за основците, па така, учебната година за нив ќе заврши на 17 јуни, додека средношколците последниот час ќе го имаат на 10 јуни. ...
Со финалниот натпревар во пет различни категории на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), вчера заврши 12-тото по ред издание на натпреварот „Робомак“ (RoboMac). На овој натпревар учествуваа 22 тимови составени од студенти од ФЕИТ, Машинскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Студенките Ана Софрониевска и Емилија Чешмеџиевска победија во категоријата „Robotic Arm Challenge“ – ...
Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и ќе трае до утре (недела) вечер. Идејата е учесниците да ги преточат своите идеи во бизнис решенија, односно прототипи. Организатор е Стартап Македонија, а Универзитетот за информатика „Св.Апостол Павле” е домаќин на настанот. Младите професионалци презентирале околу 20 идеи пред ...