
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Русија денеска изврши голем ракетен и беспилотен напад врз Украина, оштетувајќи ги енергетските капацитети во пет региони низ земјата, соопштија официјални лица, пренесе новинската агенција Хина. Украинскиот национален мрежен оператор Укренерго објави дека нападот оштетил енергетски објекти во источен Доњецк, југоисточен Запорожје и Дњепропетровск, централниот регион Кировоград и Ивано-Франковската област на запад. „Утрово Русите извршија уште ...
Работниците од земјите кои не се членки на ЕУ од денеска, 1 јуни ќе можат да аплицираат за „карта за шанси“ која им овозможува да дојдат во Германија и да бараат работа до една година. Ова се однесува на жителите на С. Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и од Косово. Правилото се однесува на оние кои имаат најмалку две години стручна обука или факултетска диплома која е признаена во државата каде таа квалификација е ...
Утрово во 7 часот се отворени избирачките места за локални избори во 89 градови и општини, меѓу кои Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево и повеќето општини во Војводина. Избирачките места се затвораат во 20 часот. Денеска, повеќе од 4,2 милиони граѓани на Србија можат да го искористат своето право на глас на локалните избори кои се одржуваат во 67 градови и општини и 23 урбани општини во Србија. Изборниот молк, кој започна во четвртокот на ...
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер се случи денеска околу пладне во близина на западниот кикладски остров Китнос, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина. Потресот бил почувствуван во Атина и во други грчки градови, јави грчки Катимерини. Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 11.53 часот, се наоѓа на 17 километри северо-североисточно од островот. Фокусната длабочина на земјотресот е проценета на ...
Клаудија Шејнбаум победи на вчерашните претседателски избори во Мексико, со што стана првата претседателка на Мексико, пренесува Гардијан. Дополнително, таа е и првиот еврејски претседател на Мексико – нејзиното семејство потекнува од Литванија и Бугарија. Таа освоила најмалку 58 отсто од гласовите, според гласовите избројани досега. Шејнбаум е дел од партијата Морена, чиј основач е сегашниот претседател на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор, ...
Спикерот на парламентот во Грузија изјави дека го потпишал законот за „странски агенти“, кој ќе ги обврза невладините организации официјално да се регистрираат како „странски агенти“ доколку повеќе од 20 отсто од буџетот го добиваат од странски извори. Шалва Папуашвили го потпиша предлог законот откако законодавниот дом, контролиран од владејачката партија „Грузиски сон“, не го испочитува ветото поставено од претседателката Саломе Зурабичвили. ...
Од утре, 01.06.2024 година (сабота) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува претпријатието, извести Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје. Од понеделник до сабота работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од 07:00- 23:00 часот. „Апелираме корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно ...
Почнува постапката за кандидирање за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Партијата објави отворен повик за самокандидирање на сите заинтересирани лица. Со одлука на Извршниот комитет се распишани вонредни внатрепартиски избори, кои ќе се одржат на 30 јуни годинава. Од СДСМ соопштија дека на вчерашната седница, Централниот одбор го усвоил Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на ...
Денеска повторно ќе се гласа за нов претседател на Уставниот суд, по шесте неуспешни обиди на седницата во четврток и на нејзиното продолжение во петок. Судиите на Уставниот суд гласаа меѓу кандидатките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, но ниедна од нив не го доби потребното двотретинско мнозинство. Тригодишниот мандат на досегашната претседателка Добрила Кацарска ѝ истече вчера. Покрај неа и двете кандидатки, другите активни судии ...
Пропадна и седмиот обид, па и осмиот обид да се избере претседател на Уставниот суд. Уставната судијка Ана Павловска Данева се повлече од трката за челното место на Уставниот суд, со цел да не предизвика уставна криза. Со нејзиното повлекување, таа остави простор да се избере Татјана Васиќ Бозаџиева, но таа, и на седмото гласање, повторно доби 5 гласови, што е за еден глас помалку од потребното двотретинско мнозинство од деветмината уставни ...
Бројот на склучени бракови во 2023 година изнесува 12.672 и е помал за 1,6 отсто во споредба со претходната 2022 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Најмногу бракови – 12,6 отсто, биле склучени во август, а најмалку во март – 5,8 отсто. Податоците покажуваат дека е најчесто стапувањето во прв брак, односно, во прв брачен однос лани стапиле 93,2 отсто од сите жени и 92,2 отсто од сите мажи што склучиле ...
Со години Кристијан Лазарев користел застарена технологија за да се движи и ориентира низ светот околу него, потпирајќи се на несмасни, роботски гласови и ограничени, често неточни апликации. Сето ова се сменило со најновите технолошки изуми и напредокот на вештачката интелигенција. „Ќе го сликам сега лаптопот и на апликацијата ѝ требаат 5-10 секунди за да ја прати сликата. Напредокот од оваа година е што можам да ѝ поставам конкретни прашања за ...
На сцената во Младинскиот центар во Охрид преку уметност, танц, театар и филм сношти се одржа перформансот „Простор за разговор“, како дел од проектот со кој се зајакнува чувството на припадност кон заедницата и треба да ги поттикне младите, маргинализираните и социјално ранливите да се вклопат во заедницата. Универзитетската професорка и уметник Рисима Рисимкин вели дека перформансот „Простор за разговор“ ги вклучува присутните отворено да ...
Министерот за правда во техничката влада Кренар Лога испратил писмо до дел од амбасадорите во земјава, но и до официјален Брисел и Вашингтон, во кое ја изразува својата загриженост за најавата на ВМРО-ДПМНЕ која партијата ја даде уште пред изборите, дека ќе ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во писмото до амбасадорите, Лога вели дека за него и за Министерството за правда распуштањето на овие тела е неприфатливо, не заради ...
Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку сметките на партиите – парите се слевале на трансакциските сметки предвидени за изборната кампања. Мета.мк ги разгледа двата извештаја што ги поднеле седуммината кандидати за претседатели до Државниот завод за ревизија (ДЗР) – првиот кој се поднесува ...
н На 15 и 16 овој месец, ќе има две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“, со почеток од 20 часот, информираат од организацијата „Тииииит! Инк.“. Перформансот, како што појаснуваат оттаму, бил развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. „Тој премиерно беше изведен лани на МОТ, а поради голем интерес, имаше и втора изведба во склоп на фестивалот. „Мачката Елеонора“ е сработен по ...
Повеќе од 50 луѓе во Индија починале од топлотен удар во изминатите три дена, како последица на екстремните температури кои зафаќаат региони во земјата, пренесува Би-би-си. Во Индија моментално се одржуваат парламентарните избори, кои траат повеќе од четириесет денови. Некои од починатите биле лица кои работеле на избирачките места, вклучително и чувари и лица одговорни за хигиена. Федералното Министерство за здравство соопшти дека имало ...
Украинските сили соопштија дека успешно го погодиле рускиот ракетен систем С-300, користејќи оружје доставено од Запад на руска територија. „Прекрасно гори. Тоа е руски С-300. На руска територија. Првите денови по дозволата да се користи западно оружје на непријателска територија“, објави украинската владина министерка Ирина Верешчук на Фејсбук со фотографија на која наводно се гледа нападот. Подоцна, оваа објава беше избришана. Како што ...
Вчера, на жешкото попладневно сонце, млади луѓе се собраа на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје за да ја изразат својата поддршка за палестинскиот народ, кој веќе осум месеци се соочува со катастрофални услови за живот, како последица на воената офанзива на Израел. На протестниот собир наречен „Солидарност со Палестина“ се одржа едноминутен молк за повеќе од 35.000 загинати Палестинци, се скандираа пораки како ...
Утре (02.06.2024) од 11.00 до 12.00 часот, поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците“, информира СВР Скопје. „Стартната позиција на трката е од Порта „Македонија, десно вдолж ул.„Димитрие Чупоски“, десно по ул.„Васил ...
Таксист од Скопје починал, додека го управувал своето такси возило во кое имало патник, соопшти МВР. Станува збор за 62-годишниот Ќ.В, од Скопје, кој возел „шкода рапид“. „На 31.05.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од ...
И поранешниот министер за здравство, Венко Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ. Актуелниот пратеник на СДСМ ја најави својата кандидатура на ТВ 24. „Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ“, изјавил Филипче. По Славјанка Петровска и Јован Деспотовски, Филипче е третиот кој ја потврди својата кандидатура. Четвртото име кое се споменува во јавноста е Стефан Богоев, актуелен директор на Царинската управа, поранешен градоначалник на ...
Центарот за младински активизам ЦМА Крик традиционално организира „Летни младински инклузивни кампови“ за млади со и без попреченост. Годинава, се собираат средства од граѓаните, за што поголем луѓе со попреченост да бидат дел од инклузивните кампови. „Лани започнавме иницијатива „Одмори се“ за повозрасни корисници. Оваа година, со Извидници, ги здружуваме силите за да обезбедиме одмор за сите!“, велат од Крик и додаваат: „Зајдисонце на плажа, ...
Играта Chivalry II е бесплатна за преземање на Epic Games до четврток, 6 јуни до 17 часот попладне. Се работи за „фантазиски симулатор на средновековна битка” и се игра во прво лице, како на FPS игри. Играта е главно наменета за возрасни играчи, со низа предупредувања за експлицитноста на истата. Секако, и ова е RPG игра која има голе број корисници во последниве неколку дена. Погледнете го трејлерот за играта: Може да се каже дека оваа игра е ...
Денеска во 17 часот на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи протестен собир наречен „Солидарност со Палестина“ во организација на нова студентска иницијатива која се нарекува „УКИМци за Палестина“. Според нивниот пост на Инстаграм, Иницијативата бара од УКИМ да го прекине својот молк и да заземе став за „едно од најголемите злосторства во поновата историја“ и да застане против „геноцидот и етничкото чистење кое ...
Во отсуство на паркинзи и со присуство на препреки на пешачките и велосипедските патеки, автомобилите ги „узурпираат“ тротоарите на Чаир – од „привремено“ паркирање до трајно оставање на автомобилите на нив. Еден чаирчанец неретко се соочува со различни предизвици предизвикани од автомобилите – почнувајќи од доцнење, физички или вербални пресметки, па сè до загрозување на животот, но и смрт, како што се случувало години наназад, пишува ...
Во сабота, 1 јуни, во Младинскиот културен центар (МКЦ) Скопје се одржа третото издание на фестивалот на јапонска култура Сакура. Фестивалот се одвиваше на повеќе сцени и вклучуваше изложби, боречки вештини, балетски перформанс, пијано концерт, гејминг натпревари, мода, штандови за продажба, презентации и панел-дискусии. Во панел-дискусиите, презентациите и работилниците, учество зедоа и јапонски граѓани кои живеат во Скопје. Од организацијата ...
Случаите на насилство, особено оние на физичко насилство меѓу учениците од основните и средношколските училишта во Тетово се вознемирувачки проблем. Ова го потврдуваат и податоците од полицијата. Родителите се загрижени за овој проблем, а дел од институциите молчат. Во Тетово е формиран Општински совет за спречување на деликвенција кај децата, кој работи во оваа насока, но еден од главните проблеми останува недостигот на стручен кадар во ...
Адвокатската комора не може да ја одземе лиценцата зашто некој адвокат решил да го застапува Љупчо Палевски Палчо, бидејќи тоа е негово право на одбрана, но исто така и адвокатите имаат право да одбијат да го застапуваат него од нивни причини. Ниту адвокатската комора, ниту Министерството за правда не можат да одземаат лиценци зашто некој му станал адвокат на Палевски, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Рецензираме објава на ...
Венеција денеска воведе забрана за гласни звучници и ја ограничи големината на туристичките групи на 25 луѓе во обид да го ограничи влијанието на прекумерниот туризам врз италијанскиот град, соопштија официјални лица, пренесува Би-би-си. Претходно оваа година, Венеција воведе влезна такса од пет евра дневно, а во 2021 година го забрани приклучувањето на големите бродови за крстарење во пристаништето во градот. Промените на правилата за туризам ...