Не е сè до „пеперутките“ во стомакот. Група хормони и невротрансмитери управуваат со нашите емоции, однесувањето, како и начинот на кој ги градиме меѓучовечките односи. Научниците посочуваат дека различни хемиски супстанции управуваат со речиси секоја фаза на љубовта, од првичната привлечност и возбудата, до долготрајната приврзаност и чувството на сигурност, покажуваат научните истражувања. Станува збор за група процеси кои се активираат ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека некои членови на израелската Влада се обиделе да влијаат врз јавното мислење во САД и да создадат негативен став кон склучувањето мировен договор со Иран. Венс оваа позиција ја изнесе во вчера емитуваната епизода од подкастот на популарниот американски водител Џо Роган. Американскиот потпретседател, кого многумина го сметаат за потенцијален иден претседателски кандидат, и претходно ...

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на оружени системи за прецизни удари и придружна опрема на саудиската армија во вредност од 1,96 милијарда долари – соопшти американската Агенција за одбранбена безбедносна соработка. Според информациите, договорот предвидува набавка на системи произведени од британската компанија „Би-еј-ај системс“ (BAE Systems), како и соодветна опрема и поддршка. Американскиот Стејт департмент ...

Кремљ денеска соопшти дека во моментов нема изгледи за продолжување на мировните преговори со Украина, иако нагласи дека Русија останува отворена за можноста за дијалог. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ја цени подготвеноста на Турција да помогне во напорите за постигнување мир, но дека засега не се очекува продолжување на преговорите. – Целосно сме свесни за подготвеноста на нашите турски пријатели да продолжат да го ...

Новиот дигитален граничен систем на Европската Унија (EEС) погрешно поврза идентични близнаци, по што Британка беше приведена на границата, бидејќи системот покажа дека не го регистрирала својот излез од Шенген зоната, објави бриселскиот „Политико“. EEС, кој требаше да ги замени печатите во пасошите со база на податоци за биометриски информации, почна да се спроведува на 10 април, по години одложувања, а оттогаш патниците се соочуваат со ...

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со актуелната состојба во Гостивар каде голем број граѓани се жалат на стомачни тегоби, нагласи дека се преземат сите мерки и оти ќе има одговорност за случајот. -Во овој момент сите институции се на терен, се преземаат мерки, се испитуваат мостри од водата и имаме процес кој го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, кој е тој кој што дал наредба ...

Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби. Потребни се повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница. Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми и ист како и изминатите денови. – Првите пациенти се јавиле на ноќта на 13-ти јули и оттогаш таа ...

ОВЕН Денеска луѓето од вашето опкружување може да покажат одреден отпор, но не дозволувајте тоа да ве загрижува, наскоро сè ќе биде во ред и работите ќе се одвиваат полесно. Доколку не сте се држеле до договор, научете лекција и не ја изневерувајте повторно туѓата доверба. БИК Доколку денеска посакувате нешто, можеби ќе го добиете, но ќе мора да бидете поинвентивни и да ја земете судбината во свои раце. Ова е многу добар ден да се посветите ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Летото е време кога комарците стануваат еден од најголемите проблеми во дворовите и на терасите. Многу луѓе мислат дека тие се размножуваат исклучиво во бари или езера, но експертите предупредуваат дека им треба само малку отстоена вода за да напредуваат. Затоа еден многу обичен предмет што многу луѓе го имаат во својата градина може да стане идеално место за положување јајца. Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска изјави дека Техеран нема намера да влегува во преговори со САД и дека е фокусиран исклучиво на одбраната на земјата, пренесува Ал Џезира. Во разговор со новинарите, Багеи рече дека Иран ќе ги почитува своите меѓународни обврски само ако САД го сторат истото. „Откако другата страна не ги исполни своите обврски, ние се воздржавме од исполнување на нашите, во сите ...

Братот на шпанскиот премиер Педро Санчез, Давид Санчез, денеска беше прогласен за виновен за административен прекршок и непотизам и му беше забрането да извршува јавна функција девет години поради неговото назначување на висока позиција во културниот сектор во 2017 година од страна на покраинската влада на Бадахоз. Давид Санчез е обвинет дека имал корист од назначување прилагодено за него поради неговите семејни врски со премиерот, кој го ...

Украинските власти денеска објавија дека примиле од Русија уште 501 тело на војници за кои се претпоставува дека загинале во конфликтот, со што вкупниот број на тела вратени од Москва во Киев од почетокот на годината достигна повеќе од 4.000. „По напорите за репатријација, 501 тело беа вратени во Украина. Според руската страна, ова би можеле да бидат тела на украински војници“, објави Украинскиот центар за воени заробеници на социјалните ...

Судот во Џенова денеска го осуди поранешниот извршен директор на „Атлантија“, Џовани Кастелучи, на 12 години затвор за уривањето на мостот во северозападниот пристанишен град Џенова во 2018 година. Во времето на несреќата, Атлантија беше мнозински сопственик на компанијата „Autostrade per l’Italia“, која управува со италијанските автопати, објавува Анса. При уривањето на мостот загинаа 43 лица, кога нивните возила се излизгаа од ...

Во сообраќајна несреќа на Халкидики при судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство, животот го загубија мајка и бебе, додека таткото и другото дете се сериозно повредени, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, автомобилот бил со регистарски таблици од Молдавија. Несреќата се случила попладнево на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос. Противпожарната служба интервенирале со осум ...

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. -Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, случај кој ја потресе јавноста. Од Судот информираат дека Станковски е прогласен за виновен за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“. Обвинетиот на судењето признал вина, а притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата, која е првостепена. Настанот се случил на 11 јануари 2026 ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули до Европската Унија е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, како што вели, уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда. – Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на ...

НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против Д.П. (39) од Скопје за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл. 383-б ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за ...

ОВЕН Не обидувајте се денеска да правите неколку работи одеднаш, бидејќи ќе бидете расеани и може да пропуштите нешто важно. Доколку уживате во пишувањето, инспирацијата ќе ви дојде денеска. Некои од вас ќе можат да ги импресионираат другите со својата способност да зборуваат убедливо. БИК Иако денешниот е одличен ден за работа, некои од вас ќе претпочитаат целосно да се посветат на летната забава и романтични искуства. Дозволете настаните да ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има ...

Политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во нашата заедничка безбедносна архитектура. Современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото, објави на Фејсбук шефот на допломатијата Тимчо Муцунски, кој на покана на државниот секретар на САД, Марко Рубио, во Вашингтон учествуваше и се обрати на министерскиот состанок посветен на заканите од ...

Млеко Млекото обично е безбедно за консумирање и до една недела по истекот на рокот од пакувањето. Сепак, тоа зависи од видот на млекото што го купувате – колку е поголема содржината на маснотии во млекото, толку пократко ќе трае. Ако не сте сигурни, мирисот на млеко може лесно да ви каже во каква состојба е. Јајца Честопати можете целосно да го игнорирате датумот на истекување на кутијата со јајца, бидејќи тие обично се безбедни за јадење ...

Консумирањето кафе има многу придобивки, покрај тоа што е добро за црниот дроб, новото истражување покажа дека може да го продолжи и животот. Истражувачите од Корејскиот универзитет Чунг-Анг, во соработка со Центарот за контрола и превенција на болести, го спроведоа истражувањето, објавено во најновиот број на списанието „Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics“. Тие особено ја разгледаа нивната популација, а целта на истражувањето ...

Ако сте љубител на пиво и ако повремено уживате во него премногу, треба да ги знаете овие седум работи. По консумирањето, алкохолот патува низ телото до стомакот каде што се апсорбира во крвотокот и стигнува до мозокот и мускулите. По 10 минути, телото го препознава алкохолот како отров и не сака да го депонира, се обидува да го разгради и да се ослободи од него што е можно поскоро. Стомакот почнува да го распаѓа алкохолот за да го отстрани ...

Како да излезете од токсични врски и да ја вратите самодовервата! Зошто мудрите и силни жени остануваат во врска која не им носи апсолутна среќа каква што ја заслужуваат? Притоа не мислиме на злоставување во врската која веднаш треба да се пријави и санкционира, туку за врска во која некој манипулира со вас, не ви обрнува доволно внимание и љубов. Многу луѓе остануваат во лоши врски како знак на слабост, меѓутоа тоа е само илузија на рутина и ...

Не за џабе се вели – Појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателот, а вечерата дај му ја на непријателот. Имајте го ова на ум ако сакате да „симнете“ некој килограм или едноставно да останете здрави. Не го прескокнувате појадокот – истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе лесно можат да изгубат и до 13 килограми ако ја одберат вистинската храна за појадок. Експертите советуваат дека вашиот појадок треба да биде богат со протеини ...

Ако ви се слоши секогаш кога ќе погледнете во телефонот или ќе се обидете да читате книга додека се возите, не сте сами. Ова е нешто со кое се справуваат многу патници без да ја знаат причината. Ако се возите со јавен превоз наутро и сте затекнати во шпицот или одите на патување, ви треба нешто што ќе ве забавува. Забава може да биде книгата што неодамна сте почнале да ја читате или вашиот телефон. Сепак, за време на првите неколку реченици ...

Иран ноќеска изврши напади врз Бахреин, Кувајт и Јордан, откако САД ја обновија поморската блокада на иранските пристаништа и ги засилија воздушните напади. Ирански медиуми јавуват дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана за да одговори на, како што се наведува, „непријателски закани“. Американските сили синоќа извршија напади врз ирански крајбрежни утврдувања и ракетни бази по повторното воведување на поморската блокада на ...

Украинскиот претседателот, Володимир Зеленски, денеска ѝ го додели на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, првиот украински Орден на Европа за нејзиниот „исклучителен личен придонес во поддршката на стратешкиот пат на Украина кон полноправно членство во Европската Унија“. За време на церемонијата по повод Денот на украинската државност во Киев, Зеленски рече дека иднината на Украина „мора да биде мирна и европска“, ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
78%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
89%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.1
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Родиум

295786.87