Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ја „преземаат“ контролата врз Ормуската Теснина откако Иран објави дека преминот низ тој стратешки важен воден пат е затворен поради, како што изјави Техеран, непријателските активности на САД. „Ја преземаме теснината. Тие немаат ништо“, рече Трамп во телефонско вклучување во емисијата „Фокс енд Френдс“ на Фокс њуз. Американскиот претседател оцени дека Вашингтон требало да се ...

Претставничката на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, објави дека уште 250 лица и субјекти ќе бидат вклучени во рускиот режим на санкции. Калас: ЕУ санкционира уште 250 лица и субјекти поврзани со Русија Таа на мрежата Икс изјави дека одлуката ќе биде донесена со 21-от пакет санкции. „Ова е нашата најголема рунда индивидуални санкции од руската ...

Двајца мажи загинаа на плажата Ситон Керју во Хартлпул, Англија, откако влегоа во морето за да спасат две деца во неволја. Децата се безбедни и се пренесени во болница на преглед, објави полицијата во Кливленд, пишува Скај њуз. Несреќата е пријавена околу 15:45 часот, по што спасувачите од Кралската национална служба за спасување (RNLI), крајбрежната стража и екипите за итна медицинска помош излегоа на терен заедно со полицијата. Двајцата ...

Северна Кореја планира да ги прошири и зајакне своите нуклеарни вооружени сили, да ја модернизира воената инфраструктура и да ја зголеми борбената готовност на армијата. Мерките за модернизација на армиските капацитети биле донесени на проширена седница на Централната воена комисија на Работничката партија на Кореја, со која претседавал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Како што објави севернокорејската државна агенција КЦНА, претседателот ...

Европската комисија денеска ја обвини компанијата Мета за кршење на законот за социјални медиуми поради дизајнирањето на Фејсбук и Инстаграм со што ги навлекува корисниците подолго да останат на платформите. ЕК и нареди на Мета да ги оневозможи „клучните функции што предизвикуваат зависност“. ЕК тврди дека Мета не успеала правилно да ги процени ризиците по физичкото и менталното здравје на корисниците, вклучително и на малолетниците, од ...

Кубанската национална електрична мрежа од синоќа повторно не испорачува струја. Тоа е втор прекин неделава, а четврти од почетокот на годината. Кубанското Министерство за енергетика на социјалните мрежи објави дека „се активираат протоколите за да почне процесот на закрепнување“. На 6 јули електрична енергија немаше низ цела Куба, при што беа погодени речиси 10 милиони луѓе. Во средината на мај без електрична енергија останаа источните ...

Четири републикански и демократски членови на американскиот Сенат соопштија на социјалните мрежи дека добиле одобрение од Белата куќа Конгресот да ги разгледа новите санкции против рускиот енергетски сектор. „Горди сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со администрацијата на Трамп за унапредување на нашето ажурирано законодавство во врска со санкциите против Русија“, наведоа републиканските сенатори Линдзи Грејам и Роџер Викер ...

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразуваат сериозна загриженост поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на ...

На денешната седница во Собранието се обрати пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека економската стабилност и спроведувањето на конкретни мерки се клучни за постигнување долгорочни резултати, нагласувајќи дека актуелните политики даваат позитивни ефекти врз состојбите во државата. „На Македонија и се потребни луѓе коишто испорачуваат стабилни долгорочни резултати. Додека ние нудиме ...

По големото разочарување и испаѓањето во групната фаза на Светското првенство, Уругвајската фудбалска асоцијација одлучи да сврти нова страница. Марсело Биелса ја напушта клупата, а националниот тим привремено ќе го преземе Диего Форлан, еден од најомилените играчи во историјата на уругвајскиот фудбал. Мандатот на Марсело Биелса заврши со целосен прекин на односите во тимот. По освојувањето на третото место на Копа Америка, очекувањата беа ...

Со освојувањето на Вимблдон, Јаник Синер направи уште еден голем чекор во потврдувањето на својата доминација во светскиот тенис, а воедно го зголеми и своето банковно салдо. Со одбраната на трофејот, Синер оствари значителна финансиска корист. За освојувањето на Вимблдон, тој доби награда од 4.172.510 евра, додека Зверев заработи 2.086.255 евра како финалист. Италијанецот го победи Александар Зверев во финалето и ја одбрани титулата на ...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик. https://mvr.gov.mk/mk-MK/potragi Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко ...

На 12.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.И.(24), М.Ф.(28), М.К.(28) и Д.А. (18), сите од Скопје и Р.Ѓ.(20) од Гевгелија, затоа што кај нив се пронајдени марихуана и дробилка. На 12.07.2026 во 19:30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во населба „Точила“ во Прилеп го лишија од слобода Т.Т.(37) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. На 13.07.2026 во ...

Во мај годинава, во земјава се евидентирани 131 723 туристи, од кои 106 756 странски, а 24 967 домашни, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236 727, од кои 75.8 % се од странските, а 24.2 % од домашните туристи. Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај ...

Пратеникот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада. -Гледаме спротивни реакции на опозицијата денеска иако требаше да се одржи средба за изборниот законик. Тука доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада. Со месеци се преговараше, над четири месеци, па кога требаше да се ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати кои ќе стапи на сила од полноќ. Согласоно одлуката, бензините поскапуваат за 1,50 денари, а дизелот за 5,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ...

Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое се служи на народот, порача премиерот Христијан Мицкоски, денеска на 112. седница на Собранието на која треба да бидат разрешени и избрани членови на Владата. Осврнувајќи се на предлогот за разрешување на дел од министрите, рече дека сите до еден се луѓе со чест и достоинство и пред се чесни луѓе. Денес, нагласи, не се збогуваме со луѓе кои не работеле, туку ...

Во текот на изминатиот викенд (11/12.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 27 за ...

ОВЕН Денешниот е исклучително плоден ден за деловна кореспонденција, преговори и финансиски прашања – ќе бидете многу убедливи и сè ќе мине добро. Можеби ќе добиете финансиска поддршка или некој може да врати пари што сте ги позајмиле. БИК Доколку денеска почувствувате импулс да покажете повеќе храброст, не го потиснувајте – дејствувајте и ќе видите дека резултатот ќе се исплати. Двоумењето е последното нешто што треба да си го дозволите ...

Син го убил татко си со нож на Бит Пазар откако тој пијан ја нападнал сопругата, односно мајката на 31-годишникот. Синот е уапсен, а жената е пренесена на лекување во болница. – На 12.07.2026 околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ...

Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, ...

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека СДС, Левица и ДУИ го блокираат донесувањето на новиот изборен законик и според партијата наместо реформи ние прават политичка блокада. Според партијата иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес. Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, вчеравечер го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Според неа „Охридско лето“ симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање. За претседателката, Охрид е оаза и ...

Многу луѓе користат мобилен теллефон додека се во тоалет. Според истражување спроведено во Велика Британија, просечен граѓанин на таа земја поминува нешто повеќе од три часа неделно во тоалетот, што е далеку од препорачаните 10-15 минути на ден. Поголемиот дел од тоа време, се разбира, е потрошено на користењето на мобилен телефон, а експертите посочуваат шест причини зошто да не користиме мобилен телефон додека седиме во тоалет. Телефонот ...

Постојат луѓе кои работат дури и кога се болни, како и такви кои често велат дека се болни за да не работат, а има и такви кои наместо да настинат – користат некои други изговори за да не доаѓаат на работа. Податоците што шефовите ги „собирале“ во минатото, од нивните работници, навистина нè тераат да се запрашаме – кој можел да смисли такво нешто? Одговорот е: Многумина. Имено, истражувањето покажало дека околу 30 проценти од работниците се ...

Тагата може да биде емоција со која е тешко да се справиме. Различни луѓе можат да имаат различни реакции на тага. Некои од нас не ја признаваат, некои не ја препознаваат јасно, а други пак поради неа стануваат деструктивни. Прочитајте кои знаци според хороскопот, најтешко ја поднесуваат состојбата кога се чувствуваат тажно. Овен Кога е тажен, Овенот често излегува надвор. Понекогаш чувствува како да нема контрола над својот живот, па станува ...

Бананите речиси сите ги сакаат, а токму затоа и оваа јапонска диета е супер популарна. Овој режим на исхрана не е комплициран, евтин е, а може да ви помогне да загубите и до десет килограми за помалку од две недели. Имено, Сумико Ватанабе, фармацевтка од Осака, овој едноставен план на исхрана го осмислила за да му помогне на својот сопруг Хитоши да го забрза метаболизмот и да се избори со вишокот килограми – и успеала во тоа, затоа што тој за ...

Не повторувајте ги оние грешки што довеле до раскинување Ваквите одлуки, се разбира, не се носат преку ноќ Размислете дали претходно имало проблеми со довербата, а потоа зборувајте пред повторно да влезете во врска И покрај тоа што раскинавте, сепак постои хемија и, пред сè, се разбира, љубов. Честопати доаѓате до идеи според кои треба да се помирите со вашиот поранешен партнер. Замислете како би било да контактирате со таа личност и да ...

Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија. Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата на вето во ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07