Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ја следат состојбата по новиот скок на цената на нафтата на светките берзи. -Како Влада донесовме мерка за намалување на дел од акцизите, за бензините и дизелот. За жал цената на берзите раст, денеска повторно се доближува до психолошката граница за 100 долари за барел. Воените дејства во Заливот се интензивираат, повторно очигледно не’ очекуваат предизвикувачки денови. Се разбира, како Влада ќе ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против сопственик и управител на едно правно лице, како и против самата компанија, поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Според соопштението, првопријавениот С.З., како сопственик и управител на компанијата, со намера да стекне противправна имотна корист за себе и за правното лице, неосновано присвоил трговска стока ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил неговата ...
ОВЕН Денеска комуникацијата со луѓето од вашето опкружување ќе биде доста активна, но, за жал, постои и одреден ризик од недоразбирање. Доколку не сте сигурни за нешто, подобро е да прашате наместо да извлекувате свои заклучоци. Бидете повнимателни кога патувате, бидејќи се можни изненадувања. БИК Денешниот е одличен ден за секаков вид активност – за интелектуална работа, како и за учество на настани, конференции или семинари каде што треба ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 32 степена. ...
Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница на чиј дневен ред се четири закони од областа на образованието и научноистражувачката дејност. Пратениците на седницата треба да ги разгледаат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, Предлог-законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката – прво читање, како и Предлог законот за научноистражувачката дејност. Во ...
Долгата, густа и здрава коса е желба на многу жени, но честото фарбање, топлината од фенот и пеглата, како и стресот, можат значително да го забават нејзиниот раст. Добрата вест е дека постои едноставен трик кој може да помогне косата да изгледа поздрава и да создаде подобри услови за раст. Тајната е во масажата на скалпот Експертите советуваат секојдневна масажа на темето во траење од пет минути. Со нежни кружни движења на прстите се ...
Еве кои пет знаци најчесто се издвојуваат како највесели: Стрелец Стрелецот важи за најголемиот оптимист во Зодијакот. Сака авантури, патувања и нови искуства, а ретко дозволува лошото расположение долго да го следи. Близнаци Духовити, комуникативни и секогаш подготвени за добра шега. Близнаците лесно ги расположуваат луѓето околу себе и се омилени во друштво. Лав Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, но и да ја шират ...
Спиење на две перници Темните кругови се, генерално, показател за недостаток на сон, но исто така се чести кога сме целосно наспиени. Меѓутоа, ако спиеме на две перници, а не на една, главата ќе биде во позиција што спречува задржување на водата во долните очни капаци. Капки за нос Покрај недостаток на сон, темни кругови се јавуваат и поради назална конгестија. Спреј или капки за нос може да го решат овој проблем, иако треба да се ...
Можете да го започнете денот со вклучување аларм, негодување или да го започнете со навики за добро утро што ќе ви помогнат денот да започне без стрес и да помине убаво. Наместо да се „излежавате“ во кревет уште пет минути, треба да се разбудите со првиот звук на алармот: На овој начин ќе ги истегнете сите мускули, но и ќе стекнете самодоверба за да го започнете денот. Луѓето кои се будат со раширени раце во форма на буквата V се посреќни, во ...
Бројот на деца кои починале од потврдени или сомнителни случаи на мали сипаници (морбили) во Бангладеш во изминатите четири месеци се зголеми на 803, откако во последните 24 часа починаа уште шест деца со симптоми на болеста, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство. Според дневниот билтен на Генералната дирекција за здравствени услуги, од вкупниот број смртни случаи, кај 95 деца лабораториски е потврдена инфекција со ...
Јапонија испрати протестна нота до Кина поради нејзините воени вежби со боева муниција во нејзината ексклузивна економска зона. Јапонската армија тврди дека во кинеската воена вежба, што се одржа на 19 јули, учествувале и руски бродови. Воената вежба била одржана на 180 километри југозападно од островот Окинатори. Кина тврди дека Окинатори не е остров туку гребен и оти Јапонија не може да претендира дека водите околу него се дел од јапонската ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговараше со специјалните пратеници на САД, Џаред Кушнер и Стив Виткоф, соопшти советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин. „Разговорот беше конструктивен и значаен. Разговаравме за обновување на дипломатските напори и иницијативите за постигнување мир“ – напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека двете страни ќе продолжат со тесна ...
Европската Унија и Пакистан денеска повикаа на продолжување на дипломатските напори и дијалогот за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток, оценувајќи дека дипломатијата е единствениот одржлив пат кон мирот. Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, се сретна со пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар на маргините на 33. Регионален ...
Романското Министерство за национална одбрана, преку Генералната дирекција за вооружување, потпиша две нарачки во рамките на европскиот инструмент „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), во вкупна вредност поголема од една милијарда евра, за набавка на повеќенаменски хеликоптери „Ербас“ и на радари од француската компанија „Талес“, пренесува романската новинска агенција Аџерпрес. Договорниот партнер е француската Генерална дирекција за ...
За шест месеци од оваа година, полската полиција доби 180 пријави за вербални и физички напади врз Украинците што живеат во Полска, што е за 30 проценти повеќе отколку во истиот период во 2025 година, објавија денеска полските медиуми. Вицепремиерот и министер за надворешни работи Радослав Шикорски апелираше до Полјаците, а пред сè до опозицијата, да разберат дека говорот на омраза секогаш се претвора во физичко насилство. Зголемените тензии ...
Согласно резултатите од анализите на мострите извршени од Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар во моментов е неисправна за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа. Ова е информација за која, меѓудругото, се разговарало на денешната седница што се одржала во Центарот за управување со ...
На 21.07.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Македонски војски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ш.(44) од с.Волково, скопско и патничко возило, кое го напуштило местото на настанот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје, информира ...
Казахстан денеска го заприра испорачувањето сурова нафта до терминалот на Каспискиот конзорциум за нафтоводи (ЦПЦ), во близина на руското пристаниште Новоросијск, поради нападите врз танкери што ги одвраќаат бродските сопственици од користење на пристаништето, јави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Доколку блокадата потрае до крајот на неделата, казахстанските производители би можеле да бидат принудени да го ...
Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 илјади жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители. Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...
Кога Валбон Лимани вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата во Гостивар, СДС, ДУИ и Таравари молчат, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, што ја пренесуваme интергрално. „Истите оние кои секојдневно зборуваат за отчетност и бараат оставки, денес не бараат ниту извинување, ниту политичка, ниту морална одговорност од својот кандидат Валбон Лимани. Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари ...
Во Владата денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда. Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека на состанокот биле разгледани досегашниот напредок и следните активности во однос на реформите. -Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој беа разгледани досегашниот напредок, тековните активности и следните чекори за навремено исполнување на предвидените обврски, напиша Мицкоски. Тој ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со вчерашното невреме, истакна дека градоначалниците со нивните тимови и претпријатија излегоа на терен и ги санираа штетите. -Санацијата по епското невреме продолжува и денеска. Штетите ќе се констатираат и согласно закон и искуство од минатото, ќе биде од страна на надлежните институции сето тоа рефундирано, посочи премиерот. Додаде и дека Владата има ...
Смирувачки тренд на епидемијата во Гостивар. Вака министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја опиша состојбата со Гостивар поткрепено со бројот на лица кои побарале лекарска помош. -Вчера имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се околу 190 пациенти, имаме натамошно намалување што е значајно од врвот со саботата. Продолжуваме со поддршка на сите епидемиолошки активности, неопходни да се утврди хронологијата на ...
ОВЕН Денот ќе биде исполнет со интересни искуства од кои можете да стекнете едно полезно. Нема да бидете задоволни од дневната рутина и ќе барате авантури. За да имате полза од позитивното влијание, не останувајте дома, туку излезете надвор и видете што ви нуди денот. БИК Денешниот ќе биде успешен ден за вас, но под еден услов – треба да бидете внимателни на темпото со кое се развиваат настаните. Доколку работите почнат да се случуваат побрзо ...
Денеска ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), велат од УХМР. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ самостојно реализирала девет од вкупно десетте реформски закони предвидени со Реформската агенда, соопшти денеска владејачката партија. Според ВМРО-ДПМНЕ, единствената незавршена реформска обврска е носењето на Изборниот законик, за што ја обвинува опозицијата, односно СДС, Левица и ДУИ, дека со блокади го спречиле неговото усвојување. „Наместо поддршка за реформите и процесите кои се од интерес за државата и ...
Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементираа усвоените амандмани, со кои се обезбедија дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. ...