
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Тимот на “Гастромак” е подготвен за најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот ,,Бисер мора”, кој ќе се одржи на Брач во Супетар, а натпреварот е во организација на “ШКМЕР”! Нови предизвици и искуства за судиите Бесим Латифи и Асан Даутовиќ, кои со својата професионалност ќе дадат свој допринос во напредокот на идните готвачи. Подготвени за натпреварот, полни со елан се и учениците од СОУ “Наум Наумовски-Борче” од Крушево: Ирина ...
Денес продолживме со една голема пролетна еколошка акција за засадување на дрвја во општина Прилеп. Огромна благодарност упатувам до една од најголемите компании во нашиот град ,,Комфи Ангел” а со сигурност исто така и со голема општествена одговорност, за својот придонес за подигнување на свеста кај граѓаните за заштита и зачувување на животната средина. Компанија која од денешна гледна точка има богато минато за нашата општина и многу ...
Големите штркови гнезда, поставени долж патиштата, високо на електричните столбови се честа слика речиси низ сите делови на држвата од рана пролет па се до последните топли денови во есента. Враќањето на штрковите меѓу јавноста во Македонија се смета за неофицијален почеток на пролетта. Тие, заедно со ластовичките се првите знаци дека ладните зимски месеци завршуват и почнува новата сезона. Иако нивното враќање во нашите краишта народски се ...
Општина Битола објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за набавка на инвертер клима уреди за 2023 година. На следниот линк, https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-inverter-klima-uredi/, граѓаните може да го прочитаат Јавниот повик во кој се дадени условите за аплицирање и Изјавата, која апликантите треба да ја заверат на нотар, дека не користеле субвенции за инвертер клима уреди од ...
Изминатиот викенд (25-26 март), се одржа најпрестижниот турнир во пинг понг во Македонија, Државното првенство за сениори и сениорки во категорија поединечно, двојки и мешани двојки. Првенството се одржа во СЦ “Борис Трајковски”, a учество зедоа околу 80 натпреварувачи од клубови од целата држава, меѓу нив и ППК Младост96 oд Прилеп. Поранешниот играч на Младост96 Кристијан Станојковски, кој сега игра за ППК Крива Паланка, по 12-ти пат стана ...
Директорката на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Наташа Илиева, вчера претпладнето ја известила општина Битола, дека утрото во 8.00 часот, паднал таванот во училишните тоалети, за подоцна, Илиева, на прашање од градоначалникот да потврди, дека при падот на таванот била незначително повpeдена ученичка од училиштето. Градоначалникот Коњановски, веднаш по добивањето на информацијата, формира општинска комисија со која ...
На 25.03.2023 година во Битола се одржа втората обука во рамките на проектот FAST FORWARD на тема “Генерирање на бизнис идеи” на која 15-тина млади од руралните општини: Новаци, Могила, Кривогаштани, Долнени, Ресен, Кривогаштани и Крушево се стекнаа со нови знаења за генерирање, анализа и селекција на претприемнички идеи кои имаат потенцијал да се развијат во бизнис план а потоа и во одржлив бизнис. За време на обуката, младите претприемачи ...
Владата денеска на седница треба да донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во тек на неделава да одлучува и за цените на дел од овошјето и зеленчукот. Од Владата оценуваат дека нејзините одлуки за цените генерално се почитуваат и најавуваат дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно. -Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме ...
На 20.03 во 20 часот на местото викано Илинец во атарот на село Борино, општина Крушево, во заедничка акција на Шумската полициja и МВР, се затекнати двe лица кои со два трактори пренесуваат букови огревни дрва без соодветна документација. При акциjaта, едно од осомничените лица го нападнал припадникот на МВР, кој се здобил со тешки телecни повpeди и е пренесен во прилепската болница “Борка Талески”. Одземен е едниот трактор и бeсправно ...
Екипата на РК Прилеп утре (29.03.2023), во рамки на шестото коло од плеј-аут сегментот во Супер лигата го дочекува Куманово. Натпреварот е со почеток од 20 часот во салата на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, а прилепчани бараат поддршка од сите љубители на спортот. Во досегашниот тек на плеј-аут доигрувањето, Прилеп има една победа и два порази, и со 11 бода е на третото место зад Голден Арт со 12 и Куманово со 16. Да ги поддржиме момците предводени ...
Дали вработени лекари во Клиничката болница Битола по “договор” различно се платени поради партиски книшки, ова денеска преку видео изјава го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола. „Денешната реакција е по Ваше барање и инсистирање, почитувани граѓани и е адресирана до директорот на битолската Клиничка болница Александар Обедниковски. Секако, најдиректниот повод е и големата трагедија што се случи и во оваа прилика изразуваме длабоко и искрено ...
„Аудиција“ од Александар Галин е новата претстава што ја подготвува театарот „Војдан Чернодрински“, а ја режира Владимир Милчин. Ќе биде горчлива комедија, современа, денешна. Изјава на режисертот Владимир Милчин: Тоа е нашата ситуација – сегашна. Луѓето на било кој начин се обидуваат да избегаат од земјата, за да на некој начин најдат подобри можности за опстанок. При тоа, тоа е некоја очајна ситуација, во која човек тешко може да го брани ...
Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи. Во неделата вечерта, некаде околу 21 часот, мојот малолетен син е нападнат играјќи сам кошарка на кошот во Парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години, открива македонскиот музичар Петар Младеновски, познат како Пеце од групата Суперхикс. Неговиот Фејсбук статус во кој открива детали за инцидентот, го пренесуваме во продолжение: Прописно ...
Утре во Битола ќе се одржи протест под мотото „Сите сме Јана“ за прераната смрт на шестгодишното девојче Јана Христовска од битолско Кравари кое минатата недела почина во битолската Клиничка болница по примена инфузија. Протестот е закажан за 19 часот на плоштадот „Магнолија“, а организатори се семејството, роднините и пријателите на Христовски. Додека се чека извештајот од обдукцијата која треба да ги даде точните одговори како и поради што ...
-Се надевам дека институциите ќе ги преземат сите мерки и конечно прaвдата ќе го стигне сторителот! За вакво злодело, на секој хилиган мора да му се изрече најстрога казна, бидејќи безбедноста на градот и мирот на сите Прилепчани треба да бидат неприкосновени и загарантирани – напиша на ФБ поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, откако во во неделата ноќта непознат сторител му го оштети возилото. Од видео снимката која ...
Пензионерка која претходно разбра дека премиерот Димитар Ковачевски ќе пазари во локален маркет во скопската населба Тафталиџе во 10.30 часот, го пречека за да му се пожали дека со малата пензија не може да се носи со актуелната инфлација на производите. Дополнително, му рече дека цените се замрзнати на некои производи откако претходно енормно поскапеле. Ковачевски на тоа рече дека пензиите двапати годишно се зголемуваат процентуално и дека ...
Студиото за модерни танци New Generation oд Прилеп во среда на 29.03.2023, тргнува на еден од најдобрите натпревари во Европа, “ИНТЕР ДЕНС ФЕСТ” во Сараево. Во главниот град на Босна и Херцеговина, четири дена ќе настапуваат едни од најдобрите школи и клубови за модерни танци од европскиот континент, кои ќе се натпреваруваат во различни стилови. -Во Сараево четири дена ќе се игра и ќе го претставуваме нашиот град Прилеп и Македонија, и тука ќе ...
„Нашиот став е јасен а тоа е дека сме против уставни измени, еве нека ги поднесат во Собрание и ќе видат како ќе поминат. Апсолутно ставот на ВМРО-ДПМНЕ е ист и е непроменет, како раководство покажавме дека имаме конзистентен став кој не го менуваме секој ден како што тоа го правеле некои претходно или го прави актуелната Влада. Ставот е јасен, цврст и непоколеблив а тоа е дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени и никој од ...
Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, денеска ќе го посети маркетот „Кит-Го“ во Тафталиџе, соопштија од владината прес-служба. Ковачевски, заедно со Бектеши и Трајковски, пред десетина дена посетија супер маркет во Капиштец, со цел да проверат дали се почитува владината одлука за замрзнување на цените на тестенините и млечните ...
На 26.03.2023 во Скопје се одржаа Државните првенства за деца и јуниори во џудо. На овие првенства настапија околу 150 натпреварувачи од сите клубови од Македонија. ЏК Сеишин-Прилеп зеде учество со вкупно 20 натпреварувачи, при што освоени се 16 медали (4 златни, 4 сребрени и 8 бронзени). Резултати поединечно: Деца: Стојковска Тамара второ место, Николоска Матеја прво место, Нарин Ристемоска трето место, Софија Божиноска трето место, Владан ...
Сакате да го разубавите домот со нешто посебно и уникатно, а притоа не сте сигурни дали ќе го направите вистинскиот избор? Тогаш ние ќе ве упатиме во https://www.facebook.com/ModernMetal2, компанија каде ќе ги исполнат сите ваши желби. Модерн Метал изработува буквално се’ од метал, од огради, до секаква украсна метална галантерија. Она што за вас изгледа навидум невозможно, за виртуозите од Модерн Метал е секојдневна работа. Покрај изработка ...
Нема веќе непоразени екипи во третата лига… Екипата на Тетекс ТТК успеа да го сопре победничкиот чекор на кошаркарите на Мега баскет. На свој терен, тетовци стигнаа до победата над прилепскиот третолигаш со 71:65 и со тоа се искачија на второто место на табелата, со ист бодовен скор како и прилепчани. Но, спортскиот дел на натпреварот падна во втор план поради општата тепачка која настана помеѓу играчите на двете екипи. Боксови, клоци, летаа на ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 % во однос на одлуката од 22.3.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,090%, кај дизелот намалување за 1,040%, кај екстра лесното масло намалување ...
Почитувани пријатели и љубители на нашата долгогодишна работа во Македонија и низ целиот свет ве покануваме на нашиот концерт кој ќе се одржи на 21.04.2023 год (петок) од 20ч во Центарот за култура во Битола. Средствата од концертот ќе бидат наменети за Царската Црква, Успение на Пресвета Богородица и 12 Апостоли-Битолско кале, која е значаен историски и културолошки храм и една од најстарите цркви во Битола и околината, но за жал во минатото ...
Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (27.03.2023) до Основно јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(43) од Ресен за сторени кривични дела „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ (чл.265), „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно ...
На 26.03.2023г во 21.45 часот на крстосница од ул.„Архиепископ Доситеј“ и ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп се случила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со прилепски ознаки, yпpaвyвано од Б.Г.(53) од Прилеп и мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од И.Т.(30) од с.Сенокос. Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР ...
Се сеќавате ли на сторијата за 39-годишниот прилепчанец, Миле Тренчевски? Тој за еден месец загуби над 35кг, благодарение на комбинираниот медицински пристап и диететски режим во специјализираната болница “Жан Митрев”, a со тоа си го спаси животот. Mиле во тешка животозагрозувачка состојба и телесна тежина од 170кг бил однесен во болницата на Д-р Митрев, каде животот буквално му беше спасен, а со придржување до препораките од специјалистите во ...
Вчера (26.03.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 144 возачи. Од нив, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и ...
Прилепската Стара чаршија од вчера е побогата со уште еден бутик, но не било каков, туку нешто ново, свежо и уникатно. Прилепските девојки и дами како никогаш досега добиваат можност и избор да блескаат во одлични модни парчиња, а за тоа ќе се погрижи новоотворениот Lady Boutique. Со свечено отварање на кое присуствуваа голем број нивни пријатели и блиски, Ицко и Стефанија Ѓорѓиовски го започнаа својот бизнис, бутик кој ќе биде редовна ...
Македонија е доминантно подготвена за избори, со јасни ставови во однос на власта и опозицијата и незадоволна од сегашната власт без оглед на етничката припадност на анкетираните, и јавноста. По нарачка на порталот Вечер.мк анкетата ја спроведе ИПИС Скопје, стручна институција која ги спроведува повеќето анкети во Македонија со респективна точност, покажува дека продолжува падот на рејтингот на владеачките партии СДСМ и ДУИ. Најавената опција ...