ВИДЕО: Севиља со минимален триумф го турка Лас Палмас кон Сегунда

Екипата на Лас Палмас се чини дека тоне кон еден ранг подолу откако вечерва загуби со конечни 1-0 (0-0) на гостувањето кај Севиља во 36. коло на шпанската Примера. 

  • Извештај од натпреварот:

Домаќинот од Аналузија му го нанесе на ривалот четвртиот пораз во низа, со што Лас Палмас останува претпоследен на табелата со 32 бода, два помалку од Леганес и три помалку од Алавес, кои допрва ќе го одиграат мечот од оваа рунда. 

Стрелец на победоносниот погодок за Севиља беше Алваро Пасквал во 52. минута, кој донесе три бода за својот тим. До крајот на сезоната тимот од Андалузија има шанси да се избори за погорните позиции, додека Лас Палмас ќе има многу тешка и скоро невозможна мисија за опстанок во елитата.