Нов рекорд за Јокиќ: Го мина Коби Брајант, на само чекор е од славниот Џордан!

Никола Јокиќ не престанува со неговите индивидуални рекорди и остварувања во НБА лигата. На четвртиот натпревар против Оклахома, српскиот репрезентативец забележа 13 скока, со што стигна до вкупна бројка од 1,122, надминувајќи го на вечната листа легендарниот Коби Брајант. 

Близу до оваа цифра е и можеби најдобриот на сите времиња, Мајкл Џордан, кој има 30 скока повеќе, што значи дека Јокиќ наскоро ќе го мине и славниот играч на Чикаго Булс. Во моментов Јокиќ е на 47. позиција, а убедливо најдобар во оваа конкуренција е неприкосновениот Бил Расел со 4,104 скока. 

Зад него е Вилт Чембрлен со 3,913, а на третата позиција се наоѓа иконата на Сан Антонио Спарс, Тим Данкан. По него следи „кралот“ Леброн Џејмс со 2,628 скокови во својата богата НБА кариера.