
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека третата фаза од големата операција за размена на затвореници со Русија ќе започне во недела, со цел враќање на 1.000 Украинци како дел од повеќедневниот напор. Во соопштение објавено доцна синоќа Зеленски потврди дека уште 307 украински војници, претежно војници и водници од армијата, како и припадници на Националната гарда и Државната гранична служба, биле ослободени и вратени дома порано ...
Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, денеска повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Русија, по последниот руски воздушен напад врз Украина во кој загинаа најмалку 12 лица. – Нападите од синоќа уште еднаш покажуваат дека Русија е решена да го зголеми страдањето и уништувањето на Украина. Ужасно е да се видат деца меѓу невините убиени и ранети. Ни треба најсилен меѓународен ...
Новоизбраниот претседател на Романија, Никушор Дан, верува дека властите во Букурешт ќе успеат на своите граѓани и сојузници да им објаснат зошто претседателските избори беа поништени, но и на администрација на американскиот претседател Доналд Трамп, која ги обвини романските власти за газење на демократијата. – Треба да ја вратиме довербата на луѓето во државата и нејзините институции. Поништувањето на првиот круг од изборите во Романија е ...
Хеликоптерот на рускиот претседател Владимир Путин беше нападнат од украински беспилотни летала за време на посетата на Курск, изјави командантот на руската дивизија за воздушна одбрана, Јуриј Дашкин. A helicopter with Putin on board during his visit to the Kursk region found itself at the epicenter of repelling an attack by Ukrainian UAVs. Source: RIA Novosti pic.twitter.com/aXRJXHYwNf — Clash Report (@clashreport) May 25, 2025 Тој за руската ...
Вкупно 53.939 Палестинци се убиени во Газа од почетокот на војната во октомври 2023 година а 122.800 се повредени, извести Министерството за здравство. Во известувањето на Министерството, се наведува дека 38 загинати биле донесени во болниците изминатите 24 часа, како и 204 повредени. Многу од жртвите се уште заробени под урнатините на патиштата и спасувачите не можат да дојдат до нив, наведуваат оттаму. Израелската армија ги продолжи нападите ...
Денко Малески Бегалците се мајки, татковци, сестри, браќа, деца, со исти надежи и амбиции како и ние… (Калед Хосеини) Темата за мигрантите не ја покренав со намера да се вклучам во меѓупартиските обвинувања кои следат секогаш кога оние на власт треба да донесат важни одлуки, туку да укажам на веројатната врска на милијардите со актуелната дебата во Британија со која потпишуваме договор за стратешко партнерство. Да нема забуна: моите чувства се ...
Mерсел Биљали Во национална библиотека студент прашува вработен: Ве молам, каде може да ја најдам книгата „Македонија во ЕУ“? А тоа ќе треба да барате во делот „Бајки за деца“ – возврати библиотекарот! Процесот на интеграцијата на Македонија во ЕУ нѝ е претворено во несреќна одисејада. По наша свесна вина, најважните процеси нè заобиколија како да имаме шуга! Имено, приклучувањето на Македонија на ЕУ е на агендата уште од 22 март 2004 година, ...
Одамна стана повеќе од очигледно дека корпоративната култура и елитизмот се главни карактеристики на голем дел од самопрогласените прогресивни организации на граѓанското општество (ОГО или НВО, како и да ги наречете). Овие ентитети често функционираат изолирано, создаваат резултати со слаб ефект и ограничена јавна вредност. Тие се далеку од тоа да бидат мултипликатори на демократска енергија, не се трудат да вклучат пошироки граѓански мрежи, ...
Е сега, останува само уште прашањето со која камата ќе треба да се враќа тој кредит. Премиерот Мицкоски не ја кажува каматната стапка затоа што има истенчено чувство за драматургија. Се води според принципот „Чеховски пиштол“ – ако извадиш пиштол во првиот чин, до третиот мора да испука. Мицкоски прави драма од сѐ – не може сите детали на приказната да ги открие одеднаш, мора секој ден да вади нов детал за да го влече драмското дејство. И сѐ да ...
Процесот на интеграција во ЕУ, кој Македонија го следи со години, е обременет со контроверзии, неспроведени ветувања и со политички маневри кои изгледа дека немаат крај. Но, Владата на Република Македонија не смее да попушти под овие притисоци. Интеграцијата во ЕУ треба да биде заснована на реални вредности, на принципи и на праведност, а не на политички игри кои постојано ќе ги оспоруваат јазикот, идентитетот, историјата како и други наши ...
Не, ова не се познатите зборови кога од Лондон ги соопштуваат резултатите на Британија од гласањето за Евровизија. Ниту пак повикување на познатата песна на рок-групата „Клеш“. Ова е директната алузија на првите зборови London Calling на Светскиот сервис на Би-Би-Си за време на Втората светска војна најчесто за радио емисиите кон окупираните земји: „Лондон ја повикува Европа“. Емитувањата на англиски јазик беа дел од радио пропагандата и ...
Ако во првиот чин Мицкоски зборуваше за „стратешко партнерство со една моќна европска држава“, во вториот чин најавуваше „убава вест за Македонија“, до третиот чин ќе мора да ја каже и каматната стапка по која ќе го земеме кредитот. Зошто Британија ѝ дава кредит на Македонија? Затоа што Велика Британија во моментов е втор најголем инвеститор, а и повеќе од половината од трговијата на Обединетото кралство со земјите од Западен Балкан е баш со ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за хематологија на сметката за средства од Фондот (737) за 2023 година изразува неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 ...
Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје беа упатени од Клиниката за кожни болести два пациенти суспектни за Monkeypox – Мајмунскисипаници и воедно беше упатно назначено да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес. Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници, известија од ИЈЗ. „Бидејќи за првпат во нашата држава се ...
Во земјава вчера првпат лабораториски се потврдени два случаи на мајмунски сипаници. По потврдувањето на случаите, епидемиологот Драган Даниловски појаснува за какво заболување станува збор, нагласувајќи дека тоа не се пренесува лесно и оти е многу мал ризикот за епидемија. -Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од monkeypox вирусот, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на големите сипаници (variola vera). Симптомите ...
Засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок, велат надлежните. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување. „Позитивните лица се во добра состојба. Нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање, нема нови позитивни случаи. Во текот на ...
Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, ги повикува сите граѓани на бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции (СПИ) кое ќе се одвива од 27 до 30 мај, секој ден од 15.00 до 18.00 часот, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно. Денес ХИВ е контролирана здравствена состојба со достапната и ефективна терапија, важна е само навремената дијагноза. Доцната ...
Годинашниот лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ – Куманово е актерката Весна Петрушевска, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово. – Со огромно задоволство соопштуваме дека лауреат на МТФ Денови на комедија 2025 е актерката Весна Петрушевска. Фестивалот и Советот на Фестивалот МТФ Денови на комедија Куманово во состав: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар ...
Јапонскиот министер за земјоделство поднесе оставка откако изјави дека никогаш не купува ориз бидејќи го добива бесплатно – забелешка што предизвика гнев кај јавноста во земјата што се соочува со зголемување на цените на храната, објави британскиот „Гардијан“. Оставката на Таку Ето го зголеми притисокот врз премиерот Шигеру Ишиба, чиј неуспех да ги ограничи зголемените цени на оризот и да се справи со пошироката криза со трошоците за живот ги ...
Гејмерите често знаат да си го постават прашањето „Што да играм сега“ доколку им здосадат тековните игри што ги играат со години. Вообичаено тука е последователно и прашањето „Која игра е сега најдобра за мобилни?“. Во овој напис ви ja преставуваме моментално најдобрaта бесплатна средновековна фантазиска игри за мобилни телефони. Најновиот наслов кој штотуку излезе е Game of Thrones: Kingsroad достапна за Android и iOS. Серијата Game of Thrones ...
Филмот „Беше само несреќа“ (It Was Just an Accident) од иранскиот режисер Џафар Панахи ја освои Златната палма, главната награда на Канскиот филмски фестивал, во саботата. Овој трилер ја раскажува приказната за пет дисиденти кои дебатираат дали да го убијат човекот што ги мачел. Гореспоменатиот режисер беше осуден на шест години затвор во 2010 година затоа што го критикуваше иранскиот режим во своите филмови и учествуваше во протести. Исто така, ...
Изборот на фирми од Обединетото Кралство што ќе ги градат брзата пруга од Табановце до Гевгелија и неколкуте болници ќе се прави врз основа на Законот за јавни набавки, кој има јасни одредби што се случува при вакви договори „влада со влада“, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Тоа, додава таа, значи дека нема да има само една, туку повеќе понуди. Кочоска: Си има точно, во членот си е ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, рече дека од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство сега може да се зборува за два сигурни проекти – железничката инфраструктура и инвестиции во здравството, во износ од околу 2,2 милијарди евра. Кочоска: Многу сме внимателни во тој дел. Не одиме, да кажеме, наеднаш и оптимистички во реализација на сите шест милијарди ...
Во последните четири години, пазарот на приватни лаборатории во Македонија доживеа сериозни флуктуации – од енормни приходи во време на пандемија до драстичен пад по нормализирањето на здравствениот систем. Податоците за петте најпознати лаборатории – Авицена, Биотек, Синлаб, Никоб лаб и Рамус – покажуваат длабоки разлики во деловната динамика, профитабилноста и прометот. Милионските добивки што приватните лаборатории ги направија за време на ...
По повод 80-годишниот јубилеј на Црвен крст, во Македонскиот народен театар се одржа свечена академија под покровителство на претседателката на државата, н. е. Гордана Сиљановска-Давкова. Под мотото „Осум децении ние гледаме луѓе“ беше одбележан јубилејот на Црвен крст, хуманитарна организација која осум децении им дава помош и поддршка на најзагрозените категории граѓани, промовирајќи хуманост и човечка солидарност. Формиран на 17 март 1945 ...
Во период на економска неизвесност и монетарни предизвици, изборот за нов гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија добива особено значење. Меѓу предложените имиња, се истакнува и проф. д-р Трајко Славески, еден од најискусните економисти во земјава – универзитетски професор, поранешен министер за финансии и активен глас во јавните економски дебати. Познат по својот принципиелен пристап кон фискалната дисциплина, ниските даноци ...
Во компанијата „Renewable Energy Supplies“ (РЕС) која има 16 вработени, просечната месечна плата лани најмногу пораснала – за речиси три и пол пати (236%) и сега изнесува околу 7.000 евра, објави порталот „Пари“. Станува збор за компанија која порано беше во сопствеништво на поранешниот вицепремиер и македонски енергетски могул ставен на американската „црна листа“, Кочо Анѓушев, која сега е во целосна сопственост на бугарска фирма. Во 2023 ...
Во однос на изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе 50-процентна царина за производи од Европската Унија, Мицкоски рече дека Македонија нема да биде погодена од тие мерки, бидејќи се работи на воведување нулта царинска стапка за американски производи. Половина од царинските тарифи ќе бидат нивелирани и намалени од 1 јули, а останатите 50 отсто ќе се укинат на 1 јануари 2026 година, соопшти премиерот Христијан ...
Таванот во средното училиште во Бечеј, Србија, се урна за време на часот, а според Н1, една ученичка е полесно повредена. Парче од таванот паднало врз раката на една ученичка, а двајца други ученици биле изгребани. Според еден од сведоците, ученичката чија рака била повредена е транспортирана со амбулантно возило во Нови Сад. „Одеднаш слушнавме тресок, како некој да фрли стол, се свртевме и видовме делови од таванот на подот и ја слушнавме ...
Високaта претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска ја посети Северна Митровица, каде во зградата „Европска куќа“ е во тек средба со првиот човек на Управата на училиштата за Косово, Блажо Драговиќ. Пред оваа средба Калас ја посети зградата на судот во Северна Митровица, како и вработените во мисијата ЕУЛЕКС. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, вчера во Приштина изјави дека ...