Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во Битола денеска се одбележаа 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Според востановената традиција, Општина Битола и здруженија на граѓани и организации за големиот деец на Македонската револуционерна организација, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење организираа историски час. Пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, во чест на македонскиот ...
Започнаа уписите на првачињата во основните училишта во Кочани, процес што од денеска ќе трае до 30. месецов. Родителите во овој период треба да ги запишат своите деца во училиштата според местото на живеење, при што е потребно да ја достават и целокупната потребна документација. Според списокот на МВР, во учебната 2026/27 година на територијата на Општина Кочани треба да бидат запишани околу 300 првачиња, но ова не е конечна бројка со оглед ...
Во пресрет на матурските прослави, Секторот за полициски работи од општа надлежност заедно со Отсеците за превенција, Одделенијата за полиција и Одделенијата за криминалистичка полиција при сите СВР, реализираат превентивна кампања со матурантите од сите средни училишта во државата под мотото „Одговорно слави го успехот“. Целта на оваа кампања е на афирмативен и позитивен начин да им се укаже на младите дека полицијата е тука за нив – не само ...
Учениците и наставниот кадар од ООУ „Гоце Делчев“ и оваа година со достоинство и почит го одбележаа патрониот празник на училиштето и 123-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Одбележувањето започна со традиционално положување свежо цвеќе пред бистата на патронот, со што симболично беше оддадена почит кон неговото дело и придонес во борбата за слобода. Свежо цвеќе положи делегација од Општина Илинден, предводена од ...
Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер, многу лесно го освои Мастерс турнирот од серијата 1000 на земјена подлога во Мадрид, откако попладнево со 6-1, 6-2 во финалето го совлада Германецот Александар Зверев. За само 25 минути, Синер поведе со 1-0 во сетови, а италијанскиот тенисер наиде на слаб отпор и во вториот сет во кој му препушти само два гема на Зверев. За Синер ова беше десетта победа над Зверев во нивниот 14. меѓусебен ...
Кошаркарките на Крива Паланка триумфираа вечерва на домашен терен над Бадел 1862 со 88-76 и поведоа со 2-0 во финалната серија до три победи во разигрувањето за титулата во Првата „Шпаркасе Лајф“ лига. Натпреварот број 2 од финалната плејоф серија во салата „Бранители 2001“ наликуваше на случувањата од првиот натпревар. Веќе во првиот период домашната екипа се стекна со двоцифрено водство (28:17), кое успеа да го зголеми до полувремето ...
Во двата завршни натпревари од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), АП Брера извојува гостинска победа над Струга со 1-0, додека Тиквеш и Арсими одиграа нерешено 1-1 во Кавадарци. Фудбалерите на АП Брера освоија важни бодови во битката за опстанок, триумфирајќи над третопласираната Струга со голот на Петровиќ во 88 минута, откако домашниот тим остана со фудбалер помалку на теренот поради исклучувањето на Хамза во 71 минута. На ...
Во финалето во Лигата на шампиони на 23 мај во Осло на стадионот „Улевал“ ќе играат фудбалерките на Барселона и Лион. Барселона обезбеди место во финалето откако вечерва го совлада со 4-2 и со вкупен резултат од 5-3 го елиминираше германскиот клуб. Претходно во саботата, фудбалерките на Лион го совладаа на домашен терен бранителот на титулата Арсенал со 3-1 и ја надоместија негативата од 1-2 од првиот натпревар во Лондон. Барселона и Лион ќе ...
Американската пливачка Гречен Волш постави нов светски рекорд на 100 метри пеперутка, испливувајќи ја патеката на митингот во Форт Лодердејл со време од 54,33 секунди. Волш за 27 стотинки го подобри стариот светски рекорд што, исто така, беше во нејзина сопственост од минатиот мај во истиот базен. Американската пливачка, која освои три златни медали на ланското Светско првенство во Сингапур, сега има време за повеќе од една секунда подобро од ...
Мексиканскиот боксер Давид Бенавидез со победа над сонародникот Гилберто Зурд Рамирез во Лас Вегас ги освои титулите во крузер категорија во верзиите WBA и WBO, со што ја освои круната во третата категорија во тежина. Бенавидез (29), кој е шампион во суперсредна и полутешка категорија, остана непоразен во својата 32 борба, нокаутирајќи го Рамирез во шестата рунда. Од своето професионално деби, Бенавидез во 26 свои борби победи со нокаут. Од ...
Фудбалерите на Шалке изборија враќање во Бундеслигата на две кола до крајот на сезоната во втората германска лига, со триумф пред своите гледачи над Фортуна Диселдорф со 1-0. Шалке е убедливо прв на табелата со 68 бодови, десет повеќе од второпласираниот Падерборн и 11 повеќе од Хановер на третото место. Иако и двата тима имаат натпревар помалку, сепак, третопласираниот Хановер веќе ниту математички не може да го престигне на табелата клубот ...
Шампионската трка во швајцарското фудбалско првенство денеска официјално заврши со историски триумф на Тун во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Елмин Растодер. На три кола до крајот на првенството, Тун е првопласиран со 74 бодови, недостижни 11 повеќе од второпласираниот Сент Гален, кој попладнево загуби на домашен терен од Сион со 3-0. За Тун ова е првата шампионска титула во 128-годишната историја на клубот, откако минатата ...
После изминатите два дена, каде во вечерните часеви температурата се спушти под 0, денес направен е увид на дел од лозовите насади, каде веќе се забележуваат мрзнења на лозјата , особено по должината на реката Вардар. За ова попладнево информираше градоначалничката на Неготино, Марија Нацева. Ќе ја следиме ситуацијата оваа недела и доколку се процени дека има оштетувања, Општина Неготино ќе формира комисија за констатирање на состојби ...
Од време на време, едно од најдискутираните прашања во социологијата, психологијата и демографијата станува како брачниот статус влијае врз среќата и благосостојбата на поединецот? Традиционално, бракот се смета за извор на стабилност, поддршка и среќа, но со растечкиот број на сингл лица во современото општество, ова сфаќање се преиспитува. Среќата (субјективната благосостојба) се дефинира како комплексен конструкт кој ги опфаќа позитивните ...
Фудбалерите на Левски, во чиј редови настапува македoнскиоt репрезентативец Никола Серафимов, ја освоија шампионската титула и со тоа ставија крај на 14-годишната доминација на Лудогорец во бугарскиот фудбал. Левски во саботата ја совлада ЦСКА 1948 во големото софиско дерби со 1:0 и стекна недостижна предност од 14 бодови на врвот на табелата на четири кола до крајот на сезоната. За Левски ова е 27 шампионски трофеј во историјата, а прв од ...
Колумбиската поп-ѕвезда Шакира синоќа воодушеви милиони луѓе со бесплатен концерт во Рио де Жанеиро на легендарната бразилска плажа Копакабана. – Никогаш нема да го заборавам овој настап – рече Шакира на крајот од шоуто, кое траеше нешто помалку од два и пол часа и беше најавено како најголемо во нејзината кариера. Публиката беше проценета на два милиони луѓе. Таа изведе голем број од своите најголеми хитови како „Waka Waka“ и „Whenever, ...
Кошаркарите на Филаделфија се пласираа во полуфиналето на Источната конференција во НБА лигата, откако синоќа во седмиот натпревар од плејоф серијата до четири победи триумфираа на гостински терен над Бостон со 109-100. Филаделфија беше во негатива од 1-3 во серијата против Бостон но со голем пресврт и три последователни победи дојде до конференциското полуфинале во кое ќе игра против Њујорк. На седмиот натпревар Филаделфија имаше предност од ...
Две кола пред крајот на сезоната во португалската Примеира лига, фудбалерите на Порто ја освоија шампионската титула со триумфот синоќа на домашен терен од 1-0 над Алверка. Пред завршните две кола, Порто има 85 бодови, недостижни девет повеќе од второпласираната Бенфика, која во саботата одигра само 2-2 на гостувањето кај Фамаликао. Третопласираниот Спортинг заостанува три бодови зад Бенфика, со натпревар помалку. За Порто ова е 31 шампионска ...
Француски Лион е првиот финалист во женската Лига на шампиони, откако во полуфиналето го елиминираа бранителот на титулата Арсенал со вкупен резултат од 4-3. Лион во саботата вечер на домашен терен го совлада англискиот тим со 3-1 и со тоа ја надомести негативата од 1-2 од првиот натпревар во Лондон. Ренар од пенал во 22 минута го навести триумфот на домашниот тим, а до полувремето Диани (36) го удвои водството. Арсенал со голот на Русо во 76 ...
Утрово е најстудено на Попова Шапка, -2 степена, а максимални 8 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци и Гевгелија. Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени и 0 степени во Берово, 1 во Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе, 3 во Крива Паланка и Претор, 4 во Охрид и Виница, 5 во Штип, 6 во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп и Струмица, како и 7 степени во Тетово, Куманово и Демир Капија. Најмногу врнежи изминатите 24 ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. Како што информира ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. -Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се ...
Следува период на релативно топло време, а кон крајот на неделата се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утре наутро се очекува времето да биде ведро и постудено, а преку денот сончево со мала облачност. Температурата ќе се движи од минус три до 25 степени Целзиусови. Според УХМР, од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. ...
„Јасновидец… трагичен македонски пророк“ е насловот на новата книга на Ставре Џиков во која тој, покрај познатите случувања и сомнежи поврзани со смртта на големиот Кочо Рацин, поместува и нови дилеми, но и нови моменти за откривањето на неговиот гроб, како и за пренесувањето на книгите со неговата збирка „Бели мугри“ печатена на македонски јазик во Самобор, прво во Белград, а потоа и во Скопје. Голем дел од книгите од Самобор во Белград ги ...
Светскиот првак во Формула 1, Ландо Норис (Мекларен), победи на денешниот спринт во Мајами, искористувајќи ја полпозицијата и водеше од првиот до последниот метар во трката од 19 кругови. Успехот на возачите на Мекларен го комплетираше Австралиецот Оскар Пјастри, кој го освои второто место. На третото место се пласираше возачот на Ферари, Шарл Леклер. Водечкиот во генералниот пласман, Италијанецот Кими Антонели (Мерцедес) заврши на шестото ...
Ракометарите на ГРК Охрид се пласираа во финалето на ЕХФ Европскиот куп, елиминирајќи го вечерва во драматичен натпревар пред своите гледачи словенечки Целје на пенали (4-3), откако реваншот во регуларниот дел заврши 25-24. Откако на првиот натпревар пред една недела во Целје загубија минимално со 26-27, ракометарите на Охрид на десетина секунди пред крајот на регуларното време во СЦ „Билјанини извори“ прв пат дојдоа до посакуваната предност ...
ФИФА објави дека ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на билети за Светското првенство во 2030 година откако се соочи со критики поради вртоглавото зголемување на цените на билетите за претстојниот мундијалски турнир во САД, Канада и Мексико. Генералниот секретар Матијас Графстром им изјави синоќа на новинарите по конгресот на ФИФА во Ванкувер дека високите цени на билетите за Светското првенство 2026 ја одразуваат „реалноста на ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, најави дека шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал, кој во моментов е повреден, ќе биде подготвен за Светското првенство, кое започнува на 11 јуни. „Тој се справува добро со повредата. Мислам дека ќе го видиме на Светското првенство“, изјави Флик на прес-конференцијата пред денешниот натпревар од Ла Лига против Осасуна. „Има доволно време да се опорави и да се врати, што е она што го сака.“, додаде тој. ...
Поранешниот бразилски репрезентативец Хулк ќе го напушти Атлетико Минеиро, објави клубот, наведувајќи оти двете страни постигнале согласност за предвремен раскин на договорот чија важност е до крајот на оваа година. Триесетидеветгодишниот Хулк го носи дресот на Атлетико Минеиро од 2021 година и со клубот го освои бразилското првенство, националниот Куп и бразилскиот Суперкуп. Одигра вкупно 309 натпревари, на кои постигна 140 голови и запиша ...
Капитенот на минхенски Баерн, Мануел Нојер, е заинтересиран да го продолжи договорот со клубот до лето 2027 година, објави весникот „Билд“. Според истиот извор, менаџерот на Нојер, Томас Крот, го посетил седиштето на Баерн во четвртокот за да почне преговори за иднината на голманот. Нојер, наводно, побарал да го задржи своето место во стартниот состав, но е согласен да остане на клупата за резерви на некои натпревари за да му даде шанса на ...
Лидерот Вардар направи голем чекор кон освојување на титулата, откако попладнево го совлада Башкими со 2-0 во рамки на 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и ја зголеми предноста пред второпласираната Шкендија на шест бодови, додека во пресметката на директните конкуренти за опстанок Работнички и Пелистер одиграа нерешено 3-3. Вардар на гостувањето против Башкими на неутрален терен во Гостивар дојде до победата со голови во ...