Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Кошаркарите на Панатинаикос го победија Монако со 87:79 во плејин натпреварот во Евролигата. Патанаикос лесно го победи Монако пред своите навивачи во Атина и влезе во плејофот од седмата позиција, па затоа имаат натпревар против Валенсија. Монако ќе се бори за осмата позиција, последна во плејофот, и ќе игра против подобриот тим од дуелот помеѓу Барселона и Црвена Звезда. Овој натпревар се игра во петок. Херој на Панатинаикос беше Ти Џеј ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека во следните 24 часа очекува деблокирање на кредитот за Украина, кој беше блокиран од Унгарија. „По изборите во Унгарија има нов моментум и очекувам позитивна одлука за кредит од 90 милијарди евра во следните 24 часа“, изјави Калас по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург. Калас додаде дека ЕУ треба да ...
Иран доби одредени сигнали дека САД би можеле да ја прекинат поморската блокада, но продолжувањето на преговорите зависи исклучиво од тој потег, изјави иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир Саеид Иравани. Зборувајќи во Њујорк, Иравани нагласи дека укинувањето на блокадата околу Ормускиот теснец е клучен предуслов за продолжување на дијалогот. „Кога тоа ќе се случи, следната рунда разговори ќе се одржи во Исламабад“, рече тој. ...
Денеска во Виена имав можност да се сретнам со нашите сограѓани од македонската дијаспора, истакна во објава на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски. Соопшти дека било разговарано отворено за предизвиците, но и за можностите што ги имаме како што рече, како држава. „Посебно ја истакнав важноста од продолжување и продлабочување на пријателските односи со Австрија. Блискоста меѓу нашите земји е јасна, а таа треба да ја претвориме ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека Израел треба да се откаже од своите територијални претензии во Либан, додека во исто време оцени дека Хезболах мора да биде разоружан од самите Либанци. Зборувајќи од Елисејската палата заедно со либанскиот премиер Наваф Салам, Макрон повика на повлекување на израелските сили од либанската територија, нагласувајќи дека единствениот пат до мир е политички договор меѓу Израел и Либан што ...
Засега, заминувањето на потпретседателот на САД Џ.Д. Венс во Исламабад, главниот град на Пакистан, за планирани преговори со Иран, е одложено, јавува CNN повикувајќи се на неименувани извори. Се очекуваше денес Венс да отпатува во Исламабад на преговори со делегацијата на Иран, но не е познато каков е моменталниот план. Извори за CNN изјавија дека Венс пристигнал во Белата куќа на состанок за следните чекори на американската администрација, ...
Германија, како најголема економија во Европа, треба да направи повеќе за европската безбедност, изјави министерот за одбрана Борис Писториус. „Во контекст на својата големина, економска моќ и геостратешка улога, Германија има обврска да направи многу повеќе отколку што направи досега, не само за сопствената безбедност, туку и за безбедноста на цела Европа“, рече тој на индустрискиот саем во Хановер. Економската сила и безбедноста се ...
Наполи го казни Ромелу Лукаку со 150.000 евра, што е 20 проценти од неговата бруто месечна плата, објави „Ла Газета дело Спорт“. Како што стојат работите, разделбата на лето изгледа сè поизвесна. Белгискиот напаѓач се врати во Неапол од Белгија на почетокот на неделата, по повеќе од две недели отсуство без дозвола од клубот, и во таа прилика разговараше со спортскиот директор Џовани Мано. Клубот му дозволи да остане во Антверпен, но со ...
„Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии? Законот треба да важи еднакво за сите! Како што важи за претседателот на државата, за јавниот обвинител, за амбасадорите – така да важи и за сите избрани и именувани лица. Без исклучок. Од денес“, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. „Еве, нека немаат двојно ...
Грчките власти одлучија да ги ослободат британските туристи од примената на новиот систем на Европската унија за регистрација на влез и излез (EES), со цел да се намалат толпите и да се олесни пристигнувањето на посетителите пред летната туристичка сезона, објавија денес британските медиуми. Според Грчката национална туристичка организација, оваа мерка има за цел да обезбеди „побрз и поефикасен влез“ за британските државјани, а воедно ...
Во четврток ќе се бира нов директор на Македонската радио телевизија, а човекот кој Мицкоски и ДПМНЕ очекуваат да биде избран е Зоран Ристоски, долгогодишен сопственик на маркетинг агенцијата „Греј World Wide” која добива тендери од Државна лотарија, велат од Левица. Оваа партија предупредува дека изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис. „МРТ е најголемиот плен на политичко-медиумската ...
Нафтоводот „Дружба“, кој транспортира руска нафта во Европа, е подготвен да продолжи со работа, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, сигнализирајќи дека Киев сега очекува деблокирање на пакетот помош од 90 милијарди евра. „Украина ги заврши поправките на делот од нафтоводот „Дружба“ што беше оштетен во рускиот напад. Нафтоводот може да продолжи да работи“, напиша Зеленски на Икс. Прекинувањето на протокот ги налути ...
Британските одбранбени претставници веруваат дека новата флота тенкови ќе надмине и ќе „надвладее“ се што рускиот претседател Владимир Путин може да распореди на бојното поле. Програмерите велат дека напредната одбрана на „Челинџер 3“ ќе може да се справи со напади со беспилотни летала, кои уништија тенкови на бојните полиња во Украина, додека неговиот нов модуларен оклоп ќе може да издржи поголем отпор од кој било претходен британски главен ...
Претседателот на владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета во Виена, Република Австрија, соопштија владините служби. Во рамки на посетата, Мицкоски ќе оствари средба со канцеларот на Република Австрија, Кристијан Штокер на која ќе се разговара продлабочување на билатералната соработка, како и за важни и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот. После средбата, ...
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека nајавениот прекин во водоснабдувањето, односно отстранувањето на дефект во водоводна мрежа на ул. Црвена Вода, поради технички причини се одложува за 22.04.2026 г. (среда), поради тоа од 09:00 часот до завршувањето на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. (Општина Центар) · На ден 22.04.2026г. (среда), поради изведување на водоводен приклучок на ...
Времето утре, променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 ...
Папата Лав денес предупреди дека иднината на човештвото е во опасност да биде „трагично загрозена“ од тековните војни и распаѓањето на меѓународното право, во говор за време на турнејата низ четири земји во Африка. Папата, кој го предизвика гневот на американскиот претседател Доналд Трамп откако стана поотворен во своите критики во последните недели, исто така ја осуди „колонизацијата“ на нафтените и минералните ресурси на Земјата, за која ...
Руските власти ќе продолжат да работат на создавање безбедносна зона на границата со Украина, објави денес рускиот претседател Владимир Путин. „Ќе продолжиме да дејствуваме на овој начин сè додека не ја отстраниме заканата за нашите погранични региони“, рече Путин. Тој рече дека е потребно да се спроведат мерки за помош на локалното население погодено од поплавите, вклучително и оние во Курската област. „Веќе разговаравме за тоа со владата ...
Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош, велат од опозициската партија. Како што додаваат, ако бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасош јасно е, според нив, дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски. „Очигледно непостапувањето на владата на Мицкоски и упорното одбивање да прати ново барање за ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев се обрати пред високи претставници од Европската Унија и земјите од Западен Балкан на Министерската конференција „Од реформи до подготвеност: градење лидерство и таленти за пристапување во Европската Унија“, одржана во рамки на Берлинскиот процес, осврнувајќи се на напредокот и приоритетите во реформата на јавната администрација. Во своето излагање, министерот нагласи дека Македонија веќе ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на „Македонија 2025“, предводени од главната извршна директорка на организацијата, Никица Мојсоска-Блажевски. Тие ја информираа претседателката за исходот од годинашниот конкурс за доделување на Признанието за особен придонес на истакнати личности од дијаспората. Сиљановска-Давкова го поздрави високиот квалитет на пријавените кандидати и принципиелниот избор на ...
Европа мора да се среди, или „нема да има повеќе Европа“, рече американскиот претседател Доналд Трамп. „Дури и пред да влезам во политиката, секогаш велев дека Европа е тигар од хартија. Европа мора да се среди по прашањето на енергијата и имиграцијата. Тие мора да се средat, или нема да има повеќе Европа“, рече тој. Доналд Трамп постојано ги критикува европските власти за ситуацијата со мигрантите и повикува таа да се корегира. Претходно, ...
Поранешниот селектор на Англија, Фабио Капело (79), смета дека Томас Тухел (52), пред Светското првенство, мора да се справи со навиката на националниот тим да игра со страв. Италијанскиот стручњак, кој ја водеше Англија од 2007 до 2012 година, истакна два клучни проблеми со кои се соочува новиот селектор на патот кон можен успех, пишува „Дејли меил“. Капело ги предводеше „Трите лава“ на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, ...
По повод Европската недела на имунизација за 2026 година, која се одбележува од 19 до 25 април под глобалното мото „Вакцините делуваат за секоја генерација“, овие два дена во општина Кисела Вода интензивно се спроведуваат едукативни презентации посветени на важноста на вакцинацијата. Со цел подигнување на свеста и едукација на младите и родителите, во општина Кисела Вода со овие активности се опфатени две основни училишта, ООУ „Рајко ...
Кошаркарот на Олимпијакос, Саша Везенков, го заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата како најдобар стрелец во натпреварувањето, што не беше доволно за асот на Панатинаикос, Кендрик Нан, да му подаде рака на својот лут ривал, но се обиде на секој начин да го дискредитира. Везенков е најдоминантен кошаркар во Евролигата по бројот на постигнати поени, во просек по натпревар, но Нан ги гледа работите поинаку од другите. „Сите ...
Петер Маѓар и Роберт Фицо го одржаа својот прв телефонски разговор, во кој дискутираа за билатералните односи, енергетската соработка и историските прашања. Маѓар, победник на парламентарните избори во Унгарија, порача дека идните политички разговори со Словачка ќе зависат од гаранции за правата на етничките Унгарци во земјата. Тој истакна дека разговори ќе има само доколку се укине законодавство кое, според него, им се заканува со казни на ...
Малолетник бил физички нападнат на подрачјето на Центар, откако претходно заедно со другари фрлил балон наполнет со вода кон лице кое управувало мотоцикл. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 20 април 2026 година околу 21:00 часот од страна на неговиот татко, М.З. (57) од Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил околу 15:15 часот. Откако балонот го погодил мотоциклистот во задното тркало, тој застанал и почнал да ги брка децата. Го ...
Во дворот на црква во село Карпино, општина Старо Нагоричане, бил раскопан гроб со назнака на културно наследство. Како што информираат од СВР Куманово, настанот бил пријавен на 20 април 2026 година околу 18:10 часот, при што била искршена и извадена плочата од гробното место. Полициски екипи извршиле увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во дворот на црква во село Карпино, општина Старо Нагоричане, бил раскопан ...
Владата на својата 166-та седница донесе одлука за ограничување на профитните маржи на вештачките ѓубрива, со цел да се спречи растот на цените и да се поддржи домашното земјоделско производство, соопшти министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Со одлуката, највисоката бруто профитна маржа за неорганските ѓубрива се ограничува на 5 проценти во трговијата на големо и 5 отсто во малопродажбата. За органските, органо-минералните ѓубрива ...
Во Штип ќе се одржи манифестацијата „Во чест на поетот“ посветена на Ацо Шопов. Во организација на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, на 22 април (среда) со почеток во 12:00 часот, во Спомен собата на установата, ќе се одржи манифестацијата „Во чест на поетот“, посветена на Ацо Шопов, по повод 44 години од неговата смрт. Настанот е посветен на животот и творештвото на еден од најзначајните македонски поети и има за цел да придонесе кон негување и ...