Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Украински беспилотни летала во текот на ноќта меѓу саботата и неделата нападнале неколку руски региони, при што била погодена нафтена рафинерија во Саратов, а мета била и воената воздушна база кај Енгелс, пренесуваат руските и украинските медиуми. Жители на Саратов и Енгелс пријавиле експлозии, а според првичните информации, во кругот на рафинеријата во Саратов избувнал пожар на две локации. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка по повод 2 Август – Илинден. Во честитката, Мисајловски порача дека Илинден е нашиот најголем празник и најсветлиот датум во националната историја нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината. „Илинден е темелот врз кој е изградена современата македонска држава. Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 2 Август – Илинден. Во честитката, Сиљановска-Давкова посочи дека на Илинден 1903 година македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република, а во 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници. „Низ крвавите страници на тешката историја, ...
Европа се соочува со суша од големи размери поради повеќемесечниот недостиг на врнежи, високите летни температури и вториот екстремен топлотен бран за само еден месец. Според проценките на експертите, економските штети од сушите и жештините до 2029 година би можеле да достигнат дури 126 милијарди евра годишно. Последиците веќе се чувствуваат низ целиот континент. Од април до јуни, од Португалија до јужна Финска, се регистрирани значително ...
Тринаесет лица загинаа при пад на туристички авион за време на панорамски лет над светски познатите линии во Назка, едно од најпосетуваните археолошки локалитети во Перу. Според локалните власти, во авионот имало 11 патници и двајца пилоти, а леталото се урнало во поле во близина на градот Назка. Нема преживеани. A small tourist plane crashed on Saturday while conducting a sightseeing flight over Peru’s famous Nazca Lines, killing all 13 ...
Три лица загинаа, а 21 се повредени во експлозија што синоќа се случи во ресторан во центарот на Москва. Иако првичните информации на социјалните мрежи упатуваа на истекување на гас, руските истражители соопштија дека експлозијата била предизвикана од експлозивна направа. Според руската државна агенција ТАСС, повикувајќи се на Националниот антитерористички комитет, жена се обидела да внесе експлозивна направа во ресторанот, но била запрена ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека планираниот нов бран воени напади врз Иран е ставен во мирување поради, како што наведе, напредок во насока на постигнување дипломатски договор. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп изјави дека прекинот на нападите е условен со брзо постигнување договор. Тој посочи дека американските сили биле подготвени да извршат напади „со полна сила“, но дека Иран и други земји од регионот ...
Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден, еден од најзначајните датуми во македонската историја. Годинава се навршуваат 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната прослава традиционално ќе се одржи во Крушево. Чествувањето ќе започне со положување цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите на „Слива“, по што ќе биде одржана панихида во храмот ...
Сончево и многу топло време ја очекува Македонија денеска. Максималната дневна температура ќе достигне од 33 до 39 степени, додека утринската ќе се движи од 9 до 18 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени. Според најавите на синоптичарите, топлотниот бран нема наскоро да попушти. Напротив, до крајот на ...
Израелските власти проценуваат дека Иран би можел да изведе балистички ракетен напад врз земјата дури и доколку израелската армија не учествува во најавените засилени американски напади врз Иран, објави израелскиот Канал 12, повикувајќи се на неименуван извор. Според истиот извор, Израел е ставен во „највисок степен на борбена готовност“ поради можноста од ескалација на конфликтот. Иранскиот портал Iran International претходно објави дека ...
Водечкиот американски генерал во Европа, Алексус Гринкевич, предупредил дека американската морнарица нема доволно капацитети за долгорочно да продолжи со одбраната на Израел од балистички ракети, што открива колку војната со Иран ги оптоварила воените ресурси на САД. Гринкевич, командант на Европската команда на американската војска (EUCOM), во интерна комуникација со Пентагон посочил дека без дополнителен разурнувач, американската војска ќе ...
Додека Европа и Азија се соочуваат со рекордни топлотни бранови, суши и пожари, научниците предупредуваат дека климатизацијата сама по себе нема да биде доволна за да се справиме со сè почестите екстремни температури. За време на топлотниот бран во Европа кон крајот на јуни 2026 година биле регистрирани повеќе од 10.000 прекумерни смртни случаи, односно смртност над очекуваното ниво од сите причини. Историјата покажува колку опасни можат да ...
Италијанското Министерство за здравство издаде црвен метеоаларм за понеделник за речиси сите поголеми градови во земјата поради новиот топлотен бран што ја зафаќа Европа. Од вкупно 27 поголеми градови, само Реџо ди Калабрија и Месина нема да бидат под највисокото, трето ниво на предупредување. Во сите останати градови се очекуваат екстремно високи температури што можат да претставуваат ризик и за здрави луѓе, а не само за ранливите ...
Жителите на кримскиот град Масандра, кои поради украинските напади останаа без електрична енергија, чекаат во ред за топол оброк што се подготвува на улица, јавува „Ројтерс“. Во градовите низ Крим, полуостров што Русија го анектираше во 2014 година, во текот на летото има проблеми со снабдувањето со гориво и електрична енергија поради украинските напади врз електрани и друга инфраструктура. Храната за жителите на Масандра се подготвува во ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека Иран никогаш досега не се соочил со американски претседател како Доналд Трамп, кој, како што рече, презема конкретни чекори наместо само да испраќа пораки. „Мислам дека иранскиот режим никогаш не се соочил со претседател како Трамп, со некој што навистина презема конкретни чекори. Последните 20 или 30 години беа навикнати да им се толерираат лагите, прекршувањето на договорите и измамите ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп и други високи американски функционери да помогнат да се добие одобрение од Илон Маск за користење на сателитскиот комуникациски систем „Старлинк“ при насочување украински напади врз цели на руска територија. Барањето за проширување на употребата на „Старлинк“ доаѓа во момент кога Киев бара алтернативи за намалување на зависноста од американските ...
Компанијата на американскиот претседател Доналд Трамп од денеска почнува да ја нуди услугата „Truth API“, со која инвеститорите и трговците на Волстрит ќе можат за 100.000 долари месечно да добиваат ултрабрз пристап до неговите објави на платформата Truth Social. Според францускиот медиум France 24, услугата им овозможува на претплатниците да ги добијат објавите за економската политика, царините, војните и другите глобални настани веднаш ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез ги обвини дел од европските влади дека во кризата со мигрантите во Сеута реагираат водени од „предрасуди, лажни вести, незнаење или политички интереси“. Во писмо упатено до раководството на европските институции, Санчез ја оцени реакцијата на дел од партнерите на мигрантската ситуација во шпанската автономна енклава како „себична, поларизирачка и незаконска“ и побара итен состанок на министрите за внатрешни ...
Украина влезе во нова фаза од нападите врз руската енергетска и транспортна инфраструктура, проширувајќи ги операциите од нафтените рафинерии и складишта кон поморската логистика во Црното и Азовското Море. Според украински извори, по повеќе од две години напади врз руската нафтена индустрија со цел да се наруши снабдувањето на руската армија и економија, дроновите сега сè почесто ги таргетираат танкерите, товарните бродови, влечните бродови ...
Американските амбасади во неколку престолнини на Блискиот Исток ги повикаа американските државјани да бидат внимателни и подготвени за евентуално заминување поради можност од „непредвидена ескалација“ на регионалниот конфликт. Безбедносното предупредување било објавено од американските мисии во Каиро, Аман, Ерусалим и Багдад. Во него се наведува дека Американците во регионот треба да размислат за напуштање на областа или да бидат подготвени ...
Полицијата во изминатото деноноќие лиши од слобода 18 возачи поради безобѕирно управување возило на територијата на целата држава. Од МВР информираат дека 17 од приведените возачи управувале возила без возачка дозвола. Петмина од нив биле затекнати во Скопје, тројца во Прилеп, а по едно лице во Битола, Кочани, Делчево, Кичево, Валандово, Гевгелија, Велес, Неготино и во тетовско. Еден од возачите бил лишен од слобода во село Дулица, општина ...
До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а девет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите меѓу селата Слатина и Грешница и од селото Девич кон Самоков во општина Македонски Брод, меѓу селата Делогожда и Татеши во струшко, кај селото Борино во Крушево и кај селото Баранци во битолско. Под контрола ...
Шумски пожари денеска беснеат во повеќе делови на Грција, вклучително и во близина на Атина, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето и евакуацијата на загрозеното население. Грчките власти издадоа предупредувања за опасност од пожари во неколку области во регионите Атика и Евиа. Од вчераутро низ земјата се пријавени повеќе од 70 шумски пожари, а високите температури, сувото време и ветерот придонесуваат за нивно брзо ширење. ...
Полицијата приведе 26-годишен жител на село Лојане, осомничен дека извршил кражба во трговски објект во селото. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 31 јули 2026 година во 15:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишиле од слобода Р.Б. (26) од село Лојане. Апсењето уследило по претходна пријава дека во текот на ноќта меѓу 30 и 31 јули, со употреба на сила влегол во трговски објект во село ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека благодарение на ефикасната работа на полициите на Шпанија и Мароко, најголемиот дел од мигрантите кои нелегално влегле во шпанската енклава Сеута се вратени назад во Мароко. Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс напиша дека разговарала со европскиот комесар за миграции Магнус Брунер и комесарката за Медитеранот Дубравка Шуица за состојбата во малата шпанска енклава во ...
Тројца жители на скопското село Блаце се лишени од слобода поради сомнение за криумчарење стока преку македонско-косовската граница. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 31 јули 2026 година околу 23 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, постапувајќи по оперативен план за спречување и откривање на криумчарење, ги лишиле од слобода Н.Б. (27), Х.Б. (26) и Е.Џ. (21), сите од село Блаце. ...
Израелската војска денеска уби двајца Палестинци и уништи два магацини со лекови во близина на болница во Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти. Здравствените служби на Газа информираа дека двајца Палестинци биле убиени во воздушен напад врз населбата Шеик Радван во градот Газа. Израелската војска соопшти дека станувало збор за членови на Хамас, но не објави дополнителни детали. Во текот на ноќта, израелски воздушен напад ...
Полицијата во Кочани пронајде и одзеде над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана при претрес во дом на едно лице. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска (1 август 2026), полициски службеници од ОВР Кочани, по претходно добиена судска наредба, извршиле претрес во домот на А.Р. во Кочани. При претресот биле пронајдени и одземени повеќе видови наркотични средства – над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана. Лицето е лишено ...
Неколку илјади луѓе вчера се собраа во Киев на протест под мотото „Марш за дијалог и реформи во одбраната“, барајќи од украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно да го именува Михајло Федоров за министер за одбрана. Протестот се одржа 16-ти ден по ред откако Федоров беше разрешен од функцијата. Организаторите најавија дека ќе продолжат со протестите, иако засега нема најава дека Зеленски ќе ја преиспита својата одлука. За разлика од ...
Повеќе од една четвртина од населението на Европската унија постаро од 16 години, односно 27,5 проценти, не можело да си дозволи седумдневен одмор надвор од дома во 2025 година, покажуваат податоците на Евростат. Според европската статистичка служба, уделот на граѓани кои немале финансиски можности за годишен одмор е зголемен за 0,5 процентни поени во однос на 2024 година. Сепак, во споредба со пред една деценија, во 2015 година, тој е ...