Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
На денешниот брифинг за медиуми, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека животниот стандард ќе продолжи да паѓа и дека граѓаните ги чека тешка есен. Говорејќи за економската и социјалната состојба во државата, Филипче нагласи Владата нема никаков план како да ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар што се заканува наесен. „Наместо мерки за заштита на животниот стандард, власта ги остава граѓаните сами да се справуваат со ...
Во мое време немаше труење со вода, ниту епидемија во Гостивар, му одговори претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Мицкоски по обвинувањата дека додека тој бил министер за здравство, јавноста не била информирана за случаи со неисправна вода за пиење. „Во мое време немаше труење, а немаше ни епидемија во болницата. Имаше ли епидемија во Гостивар? Немаше. Имаше ли труење? Немаше. Мицкоски вчера мавташе со нешто, со некој документ, ама освен ...
Бројот на мигранти кои влегле во Сеута, Шпанија, од вчера се искачи на 60.000, изјави локалниот гувернер за „Скај њуз“. Тој, исто така, потврди дека 34 лица загинале за време на преминувањата, додека претходно денес беше објавено дека бројот на загинати се искачил на 27. Шпанските власти претходно проценија дека околу 50.000 мигранти влегле во енклавата во последните 24 часа. Привременото прекинување на граничната контрола предизвика бран ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг за медиуми, порача дека скандалозниот закон за Скопје – Европска престолнина на културата за 2028, не смее да се донесе во ваква форма како што замислила Владата. Тој предупреди дека станува збор за крајно спорен закон и скандалозен обид на Владата да ги заобиколи законите и правилата за јавните набавки. -Ова е скандалозен закон. Со кој памет поднесуваат таков закон? Како може да се ...
Прашан за став по враќањето на пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, премиерот Христијан Мицкоски, изрази мислење дека станува збор за груба манипулација од јавен обвинител, како што рече, соучесник во овој процес. „Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши. Ако сакав да кажам име и презиме, ќе кажев име и ...
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на Воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата во чин –поручник. На денешната свеченост се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во ...
Ули Хенес (74), почесниот претседател на Баерн, одговори на медиумските шпекулации за иднината на Михаел Олисе (24) и ја отфрли можноста за негов трансфер во Реал Мадрид. „Се насмеав добро кога ги слушнав тие гласини. Олисе има договор уште три години, нема повеќе што да се каже на оваа тема“, рече Хенес. „Дури и да дојде царот на Кина, нема да седнеме и да преговараме за Олисе“, додаде Хенес. Олисе, француски напаѓач кој може да игра како ...
Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, како што рече, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им било оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања „Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори на прашањата на ...
Еден од најблиските советници на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поднесе оставка во знак на протест поради планот за продажба на удели во комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори. Карлос Кордеиро, поранешниот претседател на Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави и еден од советниците на ФИФА во работната група на Белата куќа за овогодинешното Светско првенство, го обвини Инфантино за ...
Двајца полицајци се суспендирани од работа поради употреба на прекумерна физичка сила врз притворено лице во полициската станица во Струга. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Првопријавениот Т.М., полицски службеник во Полициската станица Струга и ...
Патник физички нападнал возач на автобус на ЈСП. Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, М.С.(59) од село Бардовци, скопско, пријавил дека на 29.07.2026 околу 22:00 часот, додека извршувал работни задачи како возач на автобус, сопственост на ЈСП, на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое се превезувало во автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Патник ...
Во интервју за „Ноје Цирхер Цајтунг“, швајцарскиот историчар Оливер Јенс Шмит нагласи дека српскиот претседател Александар Вучиќ е единствениот лидер во поновата историја кој вешто успева да балансира меѓу големите сили и да води суверена политика, како и дека времето кога ЕУ беше единствениот хегемон е поминато. Во врска со изјавата на швајцарскиот весник дека Балканот речиси секогаш се става во движење кога се менува системот на големите ...
Како Влада сме ориентирани да направиме современо здравство, оваа година имаме рекордно издвојување од над милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на Клиничката болница во Битола. „Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, ...
Третата суштинска порака на rебалансот е дека економскиот развој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Тоа се средства поврзани со социјалните надоместоци, здравствената заштита и обврските кон граѓаните кои не смеат да зависат од дневната политика. Функцијата социјална заштита расте за околу 1 милијарда и 838 милиони денари, ...
На денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери, се разговаравше за клучните активности од Реформската агенда во правосудството, како и за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји. Италија е значаен партнер во процесот на европска интеграција и континуирано дава поддршка за реформите насочени кон посилно владеење на правото, поефикасно правосудство и одлучна ...
На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација. -Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација ...
Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 36 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година. Директорот на фондот Никола Мемов ги извести членовите на Одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информира дека во пензионерскиот дом Аеродром е оштетен кровот од невремето што го зафати Скопје. Тој додаде дека се преземаат мерки ...
Венко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени? ...
Четири смртни случаи се регистрирани во Грција како резултат на Западнонилскиот вирус, објави Националната организација за јавно здравје на Грција (EODI), додавајќи дека станува збор за лица над 65 години. Како што е наведено, од почетокот на годината, завршувајќи на 29 јули, регистрирани се 42 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус, од кои 37 случаи имале енцефалитис или менингитис, а пет имале благи манифестации. Само во претходната ...
Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати, информира денеска директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов. Тој кажа и дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле за намалување на бројот на ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници. Во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата и нова информатичка опрема, а инсталирани се и системи за видео надзор и алармна ...
Август ќе донесе пресврт за Скорпија каков што ретко се гледа, бидејќи во истиот момент се отвораат вратите на огромно богатство и опасни семејни или пријателски драми. За припадниците на овој знак, финансиската ренесанса започнува на првиот ден од следниот месец. Парите доаѓаат од страни од кои веќе сте кренале раце. Може да биде ненадејна исплата на стар долг, исплата на проект што одамна сте го прецртале во главата или понуда што го ...
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,03 п.п., при што во јуни таа изнесува 2,17%, а просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,36 п.п. и изнесува 4,67%, соопшти Народната банка. Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,36 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во болницата се хоспитализирани четири ...
Каја Гербер неодамна блесна во креација која привлекува погледи и воздишки, а бројни корисници на социјалните мрежи ја забележаа нејзината неверојатна сличност со нејзината мајка, Синди Крафорд. Каја Гербер, ќерка на Синди Крафорд, напорно работи на својата идна кариера како модел и актерка. Ја видовме на модните писти на големи брендови повеќе од еднаш, но овој пат нè изненади со својот актерски потенцијал. Каја направи голем чекор кон ...
Заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи ...
Врската заснована исклучиво на меѓусебна привлечност можеби не е толку силна како што изгледа на прв поглед. Привлечноста и хемијата се важни, но успешната и долготрајна врска бара многу повеќе од тоа. Психологот д-р Марк Траверс истакнува во статија за Psychology Today дека секоја здрава врска се потпира на една клучна вештина – самоконтрола или воздржаност. „Обликот што е познат повеќе од две илјади години, под име што повеќето луѓе го ...
Лебот е суштински дел од дневната исхрана на многу луѓе, но кај некои предизвикува надуеност по оброкот. Причината може да биде чувствителност на пченица или глутен, што предизвикува непријатни симптоми како што се гасови, надуеност и болки во стомакот. Гастроентерологот д-р Џозеф Салхаб, познат на социјалните мрежи како „Докторот на желудникот“, идентификуваше неколку видови леб што би можеле полесно да се сварат, пишува „Хафингтон пост“. ...
Едноделни костими за капење наспроти бикини – што преферирате и што е попрактично за пливање и носење на плажа? Моника Ајнли, париска модна новинарка, гостин уредник за Who What Wear UK и коавторка на популарните подкасти „Мода: Без филтер“ и „Фанфар“ сè уште се сеќава на минијатурните бикини од нејзините дваесетти години, за кои вели дека сè уште имаат посебно место во нејзиниот гардеробер. Сепак, тие само стојат таму, бидејќи целосно се ...
Изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за ДУП Ј-05 „Барутана“ не ги расчисти дилемите околу овој спорен план, туку само потврди дека локалната власт останува решена да ја турка урбанизацијата на падините на Водно и покрај силниот отпор од јавноста. Нацрт-планот беше изгласан со гласовите на советниците на СДСМ и ДПМНЕ, додека Левица беше против, истакнуваат од Левица. Според нив, тврдењето дека планот е прифатлив ...