Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Унгарската нуклеарна електрана Пакс, која произведува речиси половина од електричната енергија во земјата, би можела да биде исклучена уште овој викенд поради рекордно нискиот водостој на Дунав, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар. Според него, четирите реактори од руско производство во моментов работат со само една четвртина од вкупниот капацитет од 2 гигавати, а доколку нивото на Дунав продолжи да паѓа, следната недела би можеле целосно ...
Наташа Пирц Мусар се здобила со полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера додека се враќала од годишен одмор во Хрватска. По превентивно задржување во болница, денеска е пуштена на домашно лекување. Несреќата се случила во тунелот Кастелец, додека претседателката патувала кон Коменда, каде што требало да присуствува како почесна покровителка на почетокот на тридневна велосипедска манифестација посветена на словенечкиот ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека Србија се соочува со сериозни последици од екстремните горештини и нискиот водостој на Дунав, оценувајќи дека дополнителен пад на нивото на реката би можел да предизвика големи проблеми. „Ако се спушти уште 30 сантиметри, готови сме. Во земјите што имаат нуклеарни електрани зависни од водостојот проблемот е уште поголем. Во секој случај, проблеми има безброј, а најголемиот е во Војводина, ...
Лидерите на 22 земји-членки на Европската Унија, на иницијатива на Италија и Данска, испратија писмо до претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Советот на ЕУ, во кое бараат итен и координиран европски одговор по неодамнешните случувања на надворешната граница во шпанската енклава Сеута. Во писмото се бара итно одржување видеоконференција на министрите за внатрешни работи за да се процени состојбата и да се договорат ...
Полицијата лиши од слобода 39-годишен скопјанец, откако при претрес во автокамп на охридското крајбрежје била пронајдена дрога и опрема за нејзино пакување. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 31 јули 2026 година, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода В.С.(39) од Скопје. При претрес на камп-приколка и дворно место, биле пронајдени и одземени шест кеси со марихуана, фолија ...
Полицијата лиши од слобода 35-годишен жител на скопско Кондово, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени револвер и ловна пушка. Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска во 08:00 часот во село Кондово, општина Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.А.(35). При претресот на неговиот дом и помошни простории, биле пронајдени и одземени револвер и ловна пушка. Од МВР додаваат дека по целосно ...
Јеменските хути соопштија дека принудиле осум саудиски танкери со нафта да го сменат курсот како дел од, како што ја нарекуваат, поморската блокада на саудискиот извоз на енергенси. Според нив, танкерите ќе мора да пловат околу ’Ртот на Добрата Надеж‘ во Јужна Африка за да стигнат до своите дестинации во Азија, што значително би го продолжило времетраењето на транспортот. Саудиска Арабија засега не ги потврди овие тврдења. Хутите минатата ...
Педесет и едногодишната Викторија Стелас од Велс секојдневно се соочува со губење на меморијата и епилептични напади, откако по убод од крлеж за време на летување во Грција во 2019 година развила крлежен менингоенцефалитис (КМЕ) – сериозна вирусна инфекција што предизвикува воспаление на мозокот. По враќањето од грчкиот остров Сирос, кај неа најпрво се појавиле симптоми слични на грип, а потоа и ноќни напади. Лекарите долго не можеле да ја ...
Во вториот квартал од годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 договори за закуп, што е за 17 проценти помалку во однос на првиот квартал. И покрај падот на бројот на закупи, вкупната месечна закупнина достигнала 1,2 милиони евра, што претставува раст од 9 проценти на квартално ниво. Најголем дел од закупите се однесуваат на деловни простори – 935 или 44 проценти од вкупниот број. Следуваат становите со 630 закупи (29 ...
Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира Министерството за здравство. Според податоците на Министерството, на 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, надлежните посочуваат дека вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со периодот на најголем број случаи. Најголемиот број прегледи е регистриран на 18 ...
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. „Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови“, велат од УХМР. Институтот за јавно здравје упатува ...
Владата продолжува со политиките за обезбедување достоинствени услови за живот на граѓаните од ранливите категории. Денеска во Дебар беа распределени 47 социјални станови на семејства и лица кои имаат најголема потреба од институционална поддршка. На настанот присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на АД за стопанисување со станбен и ...
Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите. Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вила „Билјана“ во Охрид оствари средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. „ Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог“, пишува ...
Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. На теренскиот увид по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет ...
Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира Министерството за здравство. Според податоците на Министерството, на 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, надлежните посочуваат дека вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со периодот на најголем број случаи. Најголемиот број прегледи е регистриран на 18 ...
Во Гостивар продолжува процесот на хиперхлорирање на водата, а премиерот Христијан Мицкоски очекува наскоро граѓаните да добијат вода која ќе може да се користи и за пиење и готвење. „Во моментот се случува процес на хиперхлорирање којшто го вршат експерти од Јавното претпријатие Водовод Скопје. Секој ден се земаат различни примероци, се испитуваат и веќе можам да кажам дека одиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во ...
Одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија, кажа денеска на прес-конференција, Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Со оваа мерка, до крајот на 2026 година, уште 300 млади лекари ќе добијат можност да го продолжат својот ...
Индустриското производство во јуни годинава бележи раст од 6,5 отсто, додека во вториот квартал растот изнесува 4 отсто, соопшти премиерот Христијан Мицкоски, повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика. Според него, паралелно со растот на индустријата, во вториот квартал од годинава е забележано и намалување на државниот и јавниот долг. „Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал. Сега сме, посебно ...
„Денес Венко Филипче има став за секоја тема и секојдневно дели лекции за тоа како треба да функционира здравствениот систем. Но, каде беше истиот тој Филипче кога со години раководеше со Министерството за здравство, а СДС со власта?“ – истакна на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Филипче денес критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да постапува. Тука е суштинската ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Украина останала без ракети за пресретнување за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, по новиот голем руски ноќен напад врз земјата. Според него, во нападот била соборена само една балистичка ракета, додека руските сили извршиле масовен воздушен напад со ракети и беспилотни летала. Украинските власти соопштија дека само во Киев загинале најмалку девет лица, а повеќе од 30 ...
Во над 50 населени места во Македонија водата не е безбедна за пиење, а листата расте секој ден, кажа денеска на прес-конференција Маја Серафимовска Борозан од СДСМ. „Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и уште многу други места. Во Гостивар има ризик од епидемија на жолтица. И власта повторно задоцни со ...
Актуелниот шампион на Италија, Интер, договори големо засилување во одбраната. Аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро, кој пристигнува од Тотенхем, треба да го облече дресот на „нераѕурите“. Според информациите од аргентинскиот „ESPN“, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 40 милиони евра. Работата е забрзана по директните разговори меѓу спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, и лелниците на лондонскиот клуб. На овој начин, ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поголема фреквенција на возила е забележана и на дел од граничните премини. На граничниот премин Табановце за влез во државата, како и на Богородица за излез од земјава, има зголемено движење на возила. Времето на ...
Реал Мадрид и Винисиус Жуниор стигнаа до точка што лесно може да биде почеток на крајот за Бразилецот во „Кралскиот клуб“. Раководството на Реал, како што објави „Марка“, му достави ултиматум на Бразилецот: продолжување на договорот под условите што ги диктира клубот или разделба до крајот на преодниот рок. И покрај ултиматумот што обично предизвикува негативни чувства од другата страна, клупските челници испратија јасни сигнали до Винисиус ...
Шампионот на Англија, Арсенал, успеа да ги убеди челниците на Њукасл во врска со трансферот на Бруно Гимараеш. Прашање на денови е кога Бразилецот официјално ќе стане играч на Арсенал. Иако 28-годишниот играч од средниот ред има договор со „сврчките“ уште две години, тој инсистираше да го напушти клубот, а главната причина е што Њукасл не игра во европските натпреварувања оваа сезона. Капитенот не се појави во тренинг кампот во Шпанија, ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се откажа од предлогот за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство на приватни инвеститори, по силното противење во рамките на светската фудбалска организација и заканите за бојкот од страна на европските федерации. Инфантино планираше да основа компанија вредна 20 милијарди долари за управување со комерцијалните работи на ФИФА, вклучувајќи ги Светските првенства за мажи и жени, ...
Речиси сите мигранти кои успеале да влезат во шпанската енклава Сеута се вратиле во Мароко, изјави шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, повикувајќи на прекин на, како што рече, „намерните дезинформации“. „Не е можно да се патува од Сеута и Мелиља кон континентална Шпанија без идентификација на полициски контролен пункт. Интегритетот на шенгенскиот простор е целосно загарантиран. Доста со намерните дезинформации“, ...
Три лица од Скопје се лишени од слобода поради обид за подигнување кредит од банка со фалсификувана документација, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од СВР Скопје, Единицата за економски и компјутерски криминал, на 29 јули ги лишиле од слобода И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), сите од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“. Според информациите ...
Соединетите Американски Држави и Израел планираат интензивна воздушна кампања врз иранската енергетска инфраструктура, а нападите би можеле да започнат уште овој викенд, објави „CBS News“, повикувајќи се на повеќе извори. Според истите извори, се разгледувала можноста операцијата да заврши пред отворањето на финансиските пазари во понеделник, поради загриженоста за можните последици од нападите врз американската и светската економија. Сепак, ...