Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираат дека во текот на денешниот ден одржале прес конференција каде информирале за сите досега превземени активности од надлежните институции ( АХВ, ДСЗИ, ЦЈЗ Скопје, Детска Клиника) кои се во постојана комуникација и координација како и за сите резултати од узорцираните примероци и од доставените материјали за анализа. Од таму посочуваат дека бројот на земени примероци и пристигнати материјали е ...

Ги отстрануваме бесправно изградените објекти – нема повеќе узурпација. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти, во тесна соработка со сите скопски општини, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Јавните површини им припаѓаат на граѓаните. Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес. Повеќе нема компромис кога се во прашање ...

Во рамки на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урнала нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало. Како што информираат од прес-службата на Општина Центар, конструкцијата со димензии 15 x 5,7 метри била изградена без одобрение за градење и го узурпирала заедничкиот простор предвиден за граѓаните. -Јавните површини во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме ...

Антониј беше дел од таа група на дечиња на кои им се случи тоа што се случи, тоа труење. Имаше некои медиуми кои пренесоа дека е во тешка состојба, дека бил хоспитализиран. Сакам да демантирам. Беше во состојба во која што беа сите други дечиња. Имаше некои кои, за жал, правеа таква драма, морам да признаам дека тоа не е вистина. Инаку да, беше и тој жртва на тоа труење, три дена примаше инфузија, не одеше во училиште. Тој е храбро момче, ...

Овој чекор на ЕСЧП како дел од процесот низ кој очекувам да се констатира повреда на членот 6 од Европската конвенција за човекови права односно повреда на Правото на правично судење, го гледам како еден логичен след на настаните. Од самиот почеток на постапката за овој предмет пред македонските институции, за оние кои сакаа да бидат објективни беше очигледно дека во него не постои кривично дело (кое како такво е предвидено во Кривичниот ...

Околу евентуалното зголемување на цената на струјата од јануари, премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата и понатаму ќе ја субвенционира цената на електричната енергија, а дека цената зависи од Регулаторната комисија. „Регулаторот одлучува за висината на цената на струјата. ЕВН Хоум е снабдувачот кој што има јавна набавка за цела 2026 година. А, ЕСМ соглано политиките на владата ги достави вкупните количини коишто се бараат согласно ...

Четириесет и осумгодишен струмичанец од селото Просениково во средата во семејниот дом се обидел да ја убие сопругата прво со течност која сакал да и ја вбризга во устата, а потоа со нож и нанел посекотини во близина на каротидната артерија на вратот. Против него, е поднесена кривична пријава за убиство во обид, а од страна на јавен обвинител е побарано да му се одреди мерка притвор. Осомничениот ја фатил за главата спроугата и со шприц се ...

Резултатите од вонредниот надзор покажуваат безбедна вода Водата во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е санитарно исправна и безбедна за употреба, покажале резултатите од вонредниот надзор што ЈП „Водовод и канализација“ го спроведе пред два дена. Контролата беше направена поради пријавени стомачни тегоби кај повеќе ученици, од кои дел беа и хоспитализирани. Земени примероци од повеќе локации во училиштето Од ...

Денеска остварив средба со министерката за европски прашања на Кралството Шведска, Јесика Розенкранц, објави премиерот Христијан Мицкоски. Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен фокус на европските интеграции, сеопфатните реформски процеси и зајакнувањето на институционалните капацитети, рече Мицкоски. Средбата претставува силен поттик за понатамошно унапредување на партнерството и заедничките иницијативи ...

Процесот на доделување на студентските вредносни ваучери за набавка на електронски уреди интензивно се одвива, а интересот е рекорден. Студентите веќе аплицираат и ги подигнуваат уредите што ќе им овозможат современо, конкурентно и европско ниво на студирање. Владата информира дека заклучно со 22 ноември, доделени се вкупно 33.682 ваучери, секој во вредност од 15.300 денари. Од нив, 11.500 студенти веќе го реализирале ваучерот и подигнале ...

Започна шестнеделниот божиќен пост за православните верници што се водат по јулијанскиот календар За православните христијани кои се придржуваат до јулијанскиот календар денеска започна божиќниот пост, кој трае 40 дена – до празникот Божиќ на 7 јануари. Бидејќи датумот на празнувањето не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември и завршува со Бадник, на 6 јануари. Постот како вовед во празникот Христијанскиот пост е воспоставен ...

Владата отвора прифатилишта и подготвува финансиска помош за семејствата Бројот на загинати во катастрофалниот пожар што го зафати станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг се искачи на 128 лица, соопштија властите на денешната прес-конференција. Пожарот, кој бил целосно изгаснат околу 10:18 часот по локално време, зад себе остави најмалку 79 повредени, додека десетици жители и понатаму се водат како исчезнати. Властите информираа ...

Македонија до 2031 година ќе има нова двоколосечна пруга од граница со Србија до граница со Грција, а првата карго линија ќе почне со сообраќај во 2028 година. Започнавме со подготвителни работи на терен, подготовките одат добро, а изградбата ќе започне најдоцна идната есен, истакна во вчерашното гостување во „Само интервју“, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Потпретседателот на Владата ...

Бараат пари за поголеми плати и буџети, а не работат, не можат сами да се реформираат и не испорачуваат резултати, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во “Само интервју” на ТВ Канал 5, зборувајќи за состојбите во македонското судство и обвинителство. Коментирајќи ги забелешките за работата на судските органи, тој вели дека видни се притисоците од меѓународниот фактор, иако ...

Уапсени раководители на фирмата поврзана со трагедијата Полицијата во Хонгконг ги уапси раководителите на градежната фирма поврзана со пожарот во станбениот комплекс Ванг Фук Корт, при што загинаа најмалку 83 лица, а се водат како исчезнати околу 300 жители. Ова апсење се случи по оцена дека компанијата користела небезбедни материјали и дека тоа придонело трагедијата да се развие неконтролирано и да предизвика голем број жртви. Полицијата се ...

Во вечерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој истакна дека партијата останува на ставот дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, потенцирајќи дека Бугарија не ги применува пресудите од Стразбур и дека Македонија очекува нивна имплементација и признавање на македонско малцинство. „Ние сме кажале, а тоа е дека не прифаќаме уставни измени под ...

Ленче Софрониевска, истакнат правник и судија кој значајно го обликуваше современиот судски систем во Македонија, почина вчера на 77-годишна возраст, соопшти семејството. Таа својот професионален живот го посвети на реформи во правосудството, со цел обезбедување на независност и самостојност на судската власт од извршната и законодавната власт. Софрониевска е родена на 14 јануари 1948 година во Скопје. Кариерата во правосудството ја ...

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во ,,Само интервју“ на Канал 5 телевизија, се осврна на повеќе теми меѓу кои и темата за правосудството во земјава. Тој зборуваше за нефукнционалноста на судството, и го посочи како најголем проблем во земјата, при што истакна дека Владата не може да нема слух за истото. ,,Проблем е, што или не работат или ги ставаат работите под тепих, или нешто ако сработат најчесто им ...

Нов режим за турски државјани Од крајот на октомври, откако Владата на Црна Гора привремено воведе визен режим за турските државјани, речиси девет илјади Турци ја напуштиле земјата. Министерството за внатрешни работи на Црна Гора за „Вијести“ соопшти дека во истиот период биле поднесени 320 барања за визи, од кои 194 биле одобрени, 29 одбиени, а 97 се уште се обработуваат. Министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ нагласи дека визите ...

Обилните врнежи што го зафатија западниот дел на земјата предизвикаа свлечиште во тетовското село Шипковица на падините на Шар Планина, при што четири куќи се директно загрозени, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Преку бројот за итни повици 112 е пријавено настанатото свлечиште, кое претставува непосредна опасност за жителите на селото. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се присутни лица од ЦУК, СВР Тетово и ...

Постот започнува утре, на 28 ноември и завршува на Бадник, 6 јануари Божиќниот пост започнува утре, на 28 ноември и трае 40 дена. Тој завршува на Бадник, односно на 6 јануари. Постот трае до Божиќ, кој се празнува на 7 јануари. Датумот на празникот не се менува. Затоа и секоја година постот има ист почеток и крај. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос. Тој, според преданието, поминал 40 дена во пустина во пост и молитва. ...

Обезбедивме средства од Европската банка за обнова и развој со кои ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви, модернизирање на Македонски Железници со кои ќе можеме да го оплужиме целиот карго превоз во земјава, истакна на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. „Во соработка со Европската банка за обнова и развој, обезбедивме средства во ...

Судот изрази сомнеж и ја отвори втората фаза од постапката Уставниот суд соопшти дека сè уште не е донесена конечна одлука за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој во јавноста е познат како линеарно зголемување на пензиите. На 24. седница одржана на 19 ноември 2025 година, со мнозинство гласови, судот изрази сомнеж во уставноста на членот 2. Во моментов се одвива втората фаза ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја одржа првата седница на Координативно тело на градоначалници, нагласувајќи дека по повеќе од три години во главниот град повторно се воспоставува редовна и функционална меѓуопштинска координација. На прес-конференцијата тој говореше за плановите за подобрување на соработката, актуелните инфраструктурни и финансиски состојби, како и за низа прашања поврзани со јавниот превоз, комуналната ...

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во врска со извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и во однос на преземените чекори кон евроинтеграциите, ги потенцираше специфичните условувања кон Македонија, билатерализацијата на патот кон членство во Унијата, се наврати на однесувањето на минатите влади и неколкупати прифатените условувања вон Копенхашките критериуми, но и посочи на конкретни преземени ...

По повеќе од три години застој, денес во просториите на Град Скопје се одржа првата седница на Координативното тело на градоначалници. Со повторното активирање на ова тело се воспоставува редовна и функционална пракса на координација меѓу сите општини, со цел навремено и системски решавање на проблемите во Скопје. Градоначалниците договорија заеднички пристап во креирањето на Буџетот на Град Скопје и во дефинирањето на приоритетите, со што ...

Несреќа пред средното училиште „Јосип Броз-Тито“ На улицата „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје, во текот на вчерашниот ден се случи сообраќајна несреќа пред гимназијата „Јосип Броз-Тито“. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во незгодата учествувале патничко возило „хјундаи“ со скопски регистрациски ознаки, управувано од Б.М., и пешакот О.Д. (51) од Скопје. Повредениот пренесен во болница Од МВР информираа дека ...

Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ примивме синоќа на Клиниката за детски болести. Вкупно пет имаме на болничко лекување, информира денеска директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди. Тој посочи дека сите се со слична клиничка слика и симптоми сомнителни на алиментарна токсоинфекција – со стомачна болка, повраќање, кај некои од нив и дијареја и зголемена температура. – Сите деца добиле соодветен медицински третман и потребна грижа. Тие се во ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања остро реагираше на информациите дека Уставниот суд донел одлука за укинување на линеарното зголемување на пензиите. Според него, постапката е покрената по иницијатива на судијката Добрила Кацарска, која, како што рече, била „архетип на неправдата во судството“. „Точно е дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка за која сите ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (27 ноември 2025 година) во Сараево, Босна и Херцеговина, заедно со министри за одбрана од земјите од регионот учествуваше на министерскиот состанок на процесот СЕДМ чија основна цел е унапредување на стабилноста и безбедноста во регионот преку развој на воено-политичката соработка меѓу земјите членки. За време на првата сесија на министерскиот состанок, министерот Мисајловски се осврна на ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
996
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
78%
993
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
990
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
72%
997
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.68
95%
998
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.85
98%
989
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
2.68
90%
996
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
996
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
996
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
92%
998
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
2.06
95%
990
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
76%
999
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2686.19

Калај

48.19

Злато

163150.25

Алуминиум

3.11

Кобалт

64.04

Иридиум

213919.04

Цинк

3.34

Бакар

12.01

Платина

68448.94

Рутениум

45750.51

Паладиум

54945.63

Родиум

334367.76