Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Швајцарија ќе гласа за нов данок на наследство: иницијатива што ја подели јавноста Швајцарија на 30 ноември ќе одлучува дали да воведе нов данок на наследство, мерка која предизвика бурни реакции и покрај малите шанси за нејзино усвојување. Иницијативата е покрената од младинската организација на Социјалдемократската партија Jeunesse Socialiste и предвидува данок од 50 проценти на наследства што надминуваат 50 милиони франци. Според најновите ...
Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на К.С. од село Горна Речица, украле 160 вреќи со компир, соопштија од СВР Струмица. Во сопштението се наведува дека од слобода се лишени Ј.А.(40), М.А.(34) и Р.Д.(31), сите од Струмица. „Во просториите на СВР Струмица бил повикан и И.А.(38) од Струмица, кој исто така се сомничи дека заедно со ...
Голема акција на МВР, се апсеа лица осомничени за трговија со дрога. На 28/29.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.К.(29) од Р. Словенија, О.О.(30) од Р. Турција, М.И.(39), Р.Ш.(42) и К.К.(43) сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и четири шишиња со течност. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни ...
Се разобличуваат скандалите од времето кога СДС беше власт, и сето тоа е показател за структурниот хаос, распаднатите институции и неодговорноста на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Случајот со стоковите резерви е само уште едно потсетување дека институциите под контрола на СДС функционирале само како импровизирани конструкции без механизми за одговорност. Отписот на 2000 тони пченица и јачмен од стоковите резерви, преку Трајан Димковски, тогашен ...
Илир Демири ќе дејствува како независен пратеник Пратеникот Илир Демири официјално го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши, дека од овој момент ќе дејствува како независен. Оваа одлука беше потврдена преку соопштение од кабинетот на собранискиот спикер. Политичка позадина и изборен контекст Демири беше избран за пратеник во шестата изборна единица како дел од Алијансата за Албанците, од крилото на Зијадин Села. Партијата ...
Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието, рече синоќа на прес-конференција претседателот на партијата Венко Филипче. Тој одговори на новинарско прашање во врска со неодамнешната изјава на Спасовски дека понудил оставка од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ Поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски, неодамна не зборуваше за „недоразбирања д техничка природа“, како што ...
Пратеникот Илир Демири ја напушти коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ и од сега во Собранието ќе делува како независен пратеник. За својата одлука пратеникот вечерва го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши. Демири, кој по професија е лекар, инфектолог, во претходниот владин состав ја извршуваше функцијата министер за здравство. Тој доаѓа од крилото на Алијанса на Албанците предводено од Зијадин Села, кој неодамна ...
Анализите на мострите од водата земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“ се целосно завршени и покажуваат дека физичко-хемиските и микробиолошките параметри се во рамките на референтните вредности, а тешки метали не се пронајдени, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од Институтот потсетуваат дека претходно, при анализата на мостри од храната и работните површини, биле детектирани фекални бактерии enterobacteriaceae во мусаката, како и ...
Обилните врнежи од ноќеска предизвикаа сериозни проблеми во источниот дел на земјата, каде Кочанска Река излезе од коритото и ги поплави селата Чешиново, Облешево и Чифлик. Најтешките последици се во Облешево, каде под вода завршија куќи, земјоделски површини и магацини со ориз. Поради состојбата, Општина Чешиново–Облешево активираше кризен штаб. Градоначалникот Јорданчо Костадинов изјави дека екипите работат на терен, но дека е неопходна ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска објави дека воздушниот простор над и околу Венецуела треба да се смета за „целосно затворен“, во услови на растечки конфликт со претседателот на земјата, Николас Мадуро. „До сите авиокомпании, пилоти, трговци со дрога и луѓе, ве молиме сметајте го воздушниот простор над и околу Венецуела за целосно затворен!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Администрацијата на Трамп, во ...
Фондот на ПИОМ соопштува дека исплатата на пензијата за ноември банките ја започнаа вчера и ќе заврши во понеделник на први декември 2026 година. Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, исто така, ја информира јавноста дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, бидејќи Владата ја гарантира истата и не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата на ...
Филипче и СДС се последните што имаат кредибилитет да зборуваат за состојбите во енергетиката, бидејќи токму раководствата поставени од нив оставија сериозни структурни, технички и финансиски последици врз домашните производни капацитети. Наследени беа деградирани и недоволно одржувани рудници за јаглен, запуштена и застарена опрема во термокапацитетите, истрошени хидропотенцијали, што се состојби што не може да се санираат за една година, ...
Заклучно со завчера исплатени се 552 милиони денари на сметките на граѓаните по основ на Мој ДДВ, а подготвени се налози за исплата на уште 370 милиони денари, информираше директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова. Кај некои граѓани можно е да има застој во исплатата, но тоа, според Петрова, се должи на технички проблеми кои не зависат од УЈП, како што е на пример невалидна трансакциска сметка. „Процесот за Мој ДДВ е во тек. ...
Пензионерите и понатаму се во неизвесност дали најавеното линеарно зголемување на пензиите ќе се реализира поради потегот на Уставен суд и Кацарска. Поради тоа, во понеделник, први декември, со почеток во 11 часот пензионерите од цела држава ќе протестираат пред Уставниот суд во Скопје. Во скандалот кој го тресе македонското судство, а овојпат адресата е Уставен суд Б.Б. По предлог на судијката Добрила Кацарска, за која цела Македонија многу ...
Причината: влијание на сончевото зрачење врз клучните податоци Европскиот производител на авиони „Ербас“ издаде итен повик за ажурирање на софтверот на повеќе од 6.000 авиони од серијата A320, поради утврдено влијание на интензивното сончево зрачење врз податоци важни за контролата на летот. Како што наведуваат од Er Србија, директивата на „Ербас“ и Европската агенција за безбедност на воздухопловството се однесува само на одредени модели од ...
Променливо облачно со сончеви периоди. На планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. T=9°C. P=988hPa. U=80%. V=3m/s. До вторник ќе биде претежно облачно и ...
Денес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вицепремиерот Љупчо Димовски и министерот за спорт Борко Ристовски го отворија „Гранд при Скопје – 13 Ноември” во карате во организација на КК „Цветан Димов”. -Општина Бутел е горда што има можност да биде домаќин на овие спортски настани на кои настапуваат 600 натпреварувачи од 15 држави, вели градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Меѓународниот карате турнир ...
Раст на онлајн продажбата и нови прогнози Купувачите во САД годинава имаат рекорден Црн петок, при што онлајн потрошувачката достигна 8,6 милијарди долари до 18:30 часот по источно време, со раст од 9,4 проценти во однос на лани. Овој резултат е нешто повисок од претходната проекција за раст од 8,3 проценти. Adobe Analytics сега проценува дека вкупната продажба до крајот на денот ќе изнесува од 11,7 до 11,9 милијарди долари, што би ...
„Визер“: Летовите од Скопје и Охрид се одвиваат непречено по софтверското ажурирање Од унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ информираат дека нема никакви пореметувања во сообраќајот од скопскиот и охридскиот аеродром. Според нивното официјално соопштение објавено на социјалните мрежи, софтверското ажурирање на сите авиони од фамилијата „ербас 320“ е успешно извршено, пренесува СДК. Софтверот ажуриран на целата флота „Ажурирањето на ...
На Детската клиника сè уште се хоспитализирани 4 деца од основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Сите се во стабилна состојба. По анализите во Институтот за јавно здравје, во мусаката e пронајден ентеробактер, фекална бактерија што ја имало и на чешмите. Земените мостри укажуваат на нехигиена во просториите. МИЦКОСКИ ОДГОВОРИ ЗА НЕГОВИОТ СИН: Антониј примаше инфузии по труењето, но не е точно дека бил хоспитализиран во тешка состојба Денеска ...
Најголемата јапонска авиокомпанија, „Ол нипон ервејс“ објави дека откажала 65 од своите домашни летови поради проблем со софтверот што влијае на илјадници авиони на „Ербас“ низ целиот свет. Се очекува откажувањата на летови да влијаат на над 9 илјади патници што го користат аеродромот Ханеда во Токио, како и на други префектури. Втората голема јапонска авиокомпанија, „Јапан ерлајнс“ пак соопшти дека нејзината флота на авиони не е засегната ...
Утрово од 8.30 часот магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, поради случена сообраќајна несреќа сообраќајот е во целосен прекин, информира Автомото сојузот на Македонија. На 28.11.2025 година во 17.45 часот регионалниот пат Р1105, на делница од селото Јосифово до селото Пирава, поради обилни врнежи од дожд, повторно е надојдена Калковска Река и сообраќајот е пренасочен за сите видови на моторни возила и тоа кон магистралата А1 од селото ...
Денот на Републиката: 29 ноември – празникот што го славеше СФРЈ Денешниот датум, 29 ноември, со децении се славеше како голем празник во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, познат како Денот на Републиката. Празникот го одбележуваше Второто заседание на АВНОЈ од 1943 година, кога беа поставени темелите на новата југословенска држава и беше конституиран законодавниот и извршниот орган на тогашна Југославија. Од 1945 година, овој ...
Еден од лидерите на ВРЕДИ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска потврди дека поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали прв вицепремиер. Потенцира дека останува само да се дефинира Сали со кое Министерство ќе раководи. -Нема да има реконструкција, но ќе има главно пополнување на местата. Тие се финализираат. Она што е познато е ...
Ставот на Унгарија кон конфликтот меѓу Украина и Русија е јасен, и кога ќе се одржи Самитот за мир во Будимпешта, ќе направиме сè за да биде успешен, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со рускиот претседател Владимир Путин. -Како соседи на конфликтот, го гледаме неговото влијание секој ден, врз семејствата и врз нашата економија. Ставот на Унгарија е јасен. Сакаме мир и сме подготвени да бидеме домаќини на разговори ...
Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска изјави дека Турција е повторно подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул и нагласи дека тековните преговори мора да продолжат. „Како што знаеме, во Женева започна нов процес на преговори, откако планот претходно беше лансиран во Истанбул. Овој моментум на преговори мора да се одржи. Што се однесува до нас, ние сме подготвени повторно да ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска гостуваше во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетната комисија во Собранието. Тој нагласи дека суштината не е само водење на дневна политика, туку менување на системот. Затоа, според него, кога веќе во Собранието ќе има Анкетна комисија, тој извештај покрај тоа што ќе се достави до Владата, треба да се поднесе и до Јавното ...
Министерството за правда на САД ќе покрене обвинение за убиство од прв степен против Авганистанецот осомничен за пукањето и убиството на припадник на Националната гарда, како и за ранување на друг припадник на гардата, изјави денеска обвинителката од Вашингтон, Џанин Пиро. Британските медиуми јавија дека таа вчера изјави дека осомничениот ќе биде обвинет по три точки за напад со намера за убиство, како и по три точки за поседување огнено ...
Во узорираниот примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето, информира Институт за јавно здравје (ИЈЗ). Како што посочуваат од ИЈЗ, после денешната прес-конференција добиле нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва ...
Парното греење во Скопје поскапува, одлучи регулаторната комисија за енергетика. Новата цена ќе се пресметува со сметките од декември кои граѓаните ќе ги плаќаат во јануари. – Единствена причина за зголемувањето на цената на топлинска енергија е потребата да се инвестира во мрежата за затоплување. Сакам да ги повикам граѓаните да имаат разбирање затоа што долги години не е инвестирано, сега конечно ја управува државна компанија и сигурен сум ...