Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, информираат од Владата. Мицкоски потоа ќе изврши увид на реконструираната улица „Кленоец“ во општина Охрид. Како што соопштуваат од Владата предвидено е премиерот да даде изјава за медиумите. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент ...

Шпанската фудбалска репрезентација е вториот полуфиналист на Светското првенство кое годинава се игра во Америка, Канада и Мексико, бидејќи вечерва ја совлада и елиминира селекцијата на Белгија со 2:1. Шпанците вечерва повторно го слават играчот од средниот ред на Арсенал, Микел Мерино, кој исто како и против Португалија во осминафиналето е херојот на репрезентацијата предводена од селекторот Луис де ла Фуенте од клупата. Овој пат тој му ...

Џавит Муса, припадник на скопската банда Беланоца и баран за убиство на офицер на АРМ во Батинци е пронајден од Интерол во албанскиот град Драч. Убиството се случи лани на влезот во селото кога осомничениот ја начекал жртвата во автомобил и испукал повеќе куршуми кон него. Жртвата Агим Муареми, како што пишуваше тогаш Телма, е убиен поради тоа што не дозволувал неговата ќерка да се венча со припадникот на подземјето. Уште еден макеоднски ...

Ерлинг Халанд привлекува внимание на Светското првенство не само поради својот фудбалски талент, туку и поради својата препознатлива фризура, која ја претвори во успешен бизнис производ. Норвешка стигна до четвртфиналето откако го победи Бразил со 2-1 во осминафиналето, а ќе игра против Англија на 11 јули. Заедно со головите и настапите на Халанд, неговата препознатливo опавче привлече големо внимание од публиката. Напаѓачот го претвори во ...

Нов судир околу германската поддршка за Украина избувна во Бундестагот, откако пратеникот на Алтернатива за Германија, Маркус-Корнел Фронмаер, го обвини канцеларот Фридрих Мерц дека им дава предност на интересите на Киев пред потребите на граѓаните во Германија. Фронмаер реагираше на најавите за нов пакет помош за Украина, оценувајќи дека Берлин презема преголем дел од финансискиот товар во период кога САД постепено го намалуваат своето ...

Окружниот суд во Љубљана го прогласи патријархот Порфирије од Српската православна црква за виновен за вознемирување на работното место и го осуди на условна казна затвор од четири месеци и условна парична казна од 10.000 евра. Пресудата е епилог на повеќегодишниот спор меѓу поранешниот љубљански православен свештеник Жељко Лубарда и раководството на Српската православна црква (СПЦ). Веста за пресудата ја објави и СПЦ, кој ја опиша одлуката ...

Јаник Синер против Александар Зверев ќе ја брани тутлата на Вимблдон. Двајцата со 3:0 славеа во полуфиналните пресметки против Артур Фери, односно Новак Ѓоковиќ. Најдобриот на светот, Јаник Синер, беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:4, 6:4 и така го продолжи својот пат кон одбрана на трофејот. Овој натпревар беше многу сличен на оној од претходната година, во истата фаза, а Синер делуваше како непремостлива пречка, и поради неговиот ...

Загрепската полиција уапсила маж кој во петокот попладне се заканувал дека ќе активира експлозивна направа во населбата Утрине, во близина на основно училиште. Полицијата ја добила пријавата во 16:10 часот за лице со експлозивна направа на улицата Шишиќева, по што на местото биле испратени повеќе полициски екипи, меѓу кои и специјализирани службеници. Според неофицијалните информации, полицајците му се приближиле на мажот додека се движел по ...

КОГА претседателот Володимир Зеленски воведе санкции за поранешниот пратеник Борислав Береза на 7 јули, многумина се прашуваа каква врска има тој со Русија или закана за националната безбедност на Украина. Имено, Береза никогаш јавно не изразил симпатии кон Русија, а во текот на целата своја кариера бил прозападен политичар и блогер. Санкциите, кои Украина почна да ги воведува по почетокот на руската војна во 2014 година, првично беа ...

Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ се согласи на понуда за преземање од 5,7 милијарди фунти (6,69 милијарди евра) од американскиот инвестициски гигант „Аполо“, откако компанијата ја победи конкурентската понуда. „Изиџет“ соопшти дека ја прифатил понудата, која ја победи претходната понуда од 5 милијарди фунти од приватната инвестициска компанија „Касллејк“. Понудата на „Аполо“ од 715 пени по акција значително ја надмина понудата на ...

Бројот на сообраќајни несреќи на подрачјето на Гевгелија во првите шест месеци од годинава е намален за речиси 40 отсто во споредба со истиот период лани. Од јануари до јуни биле евидентирани 49 несреќи, наспроти 79 минатата година, покажуваат податоците презентирани пред Советот на Општина Гевгелија. Намалени се и несреќите предизвикани од возење под дејство на алкохол. Лани биле регистрирани 18 такви случаи, а годинава шест, што ...

Целосно завршен е проектот кој опфати поставување нова водоводна и канализациона мрежа во должина од 6,4 километри во месноста Моклиште како и резервоар со капацитет од 150м3, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. -Со ова се обезбедува стабилен и квалитетен систем за водоснабдување и канализација за жителите, но и за околу 400 нови викенд куќи. Овој проект е вреден 1 милион евра – финансиран од Министерството за животна средина ...

Министерството за одбрана на САД денес ја објави четвртата серија декласифицирани записи за неидентификувани аномални феномени, или UAP, попознати како НЛО. Новата серија беше објавена како дел од системот PURSUE, американска иницијатива за објавување на владини записи за средби со неидентификувани објекти. На официјалната веб-страница се наведува дека четвртата серија е објавена на 10 јули 2026 година, додека првата серија е објавена на 8 ...

Американските здравствени власти предупредуваат на ширењето на опасна мешавина од фентанил и ветеринарниот седатив ксилазин, позната како „транк“, која предизвикува тешки рани, некроза и зголемен ризик од смртно предозирање. Ксилазинот не е одобрен за употреба кај луѓе, но сè почесто се додава во нелегалниот фентанил за да го продолжи неговото дејство. Голем дел од корисниците, според американските власти, воопшто не знаат дека ја внесуваат ...

Телефонски разговори помеѓу дел од обвинетите ја откриваат шемата за заобиколување на критериумите за добивање европски пари преку ИПАРД програмата. Според комуникациите кои денеска беа презентирани во судницата, посредник била Јасмина Костадинова која веќе призна вина и беше осудена на 10 месеци затвор пренесува Сител. Таа преговарала со обвинетите Фејзула за сумата од 50 илјади евра кои како поткуп за да го добие ИПАРД проектот, ги дал ...

Македонија не бара гарантирано членство во Европската Унија, туку фер и предвидлив пристапен процес во кој напредокот ќе се оценува според реформите, а не според билатерални прашања поврзани со историјата и идентитетот, порача заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски на состанок во Рим. „Не бараме гаранции дека ќе станеме членка на ЕУ, туку уверување дека нашите пристапни преговори нема да зависат од ...

Откако ВМРО-OКГ и нивните партнери од ЗНАМ (кој веќе практично не постојат) нè навикнаа на тоа дека голем дел од владините функционери и нивните семејства имаат бугарски државјанства, сега добиваме и нов министер за земјоделство кој се школувал во Бугарија – се вели во партиско соопштение на СДСМ. Борче Серафимовски, предложен од ЗНАМ за министер за земјоделство, според достапните информации од лани поседува голема фотоцентрала за ...

Александар Кржаловски, директор на невладиниот Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), вчера во емисијата „24 анализа“ на телевизијата „24“ рече дека државата се наоѓа на истото место како и пред четири години кога се усвојуваше „францускиот предлог“, кој, според него е основата на денешниот проблем. Според Кржаловски, главниот проблем отсекогаш бил фактот што за клучните национални прашања кај нас не се постигнал консензус, за ...

Во 114-та минута од натпреварот од осминафиналето помеѓу Швајцарија и Колумбија, Гранит Џака направи грешка и му овозможи голема шанса на Хамингтон Кампаз. За жал на Колумбијците, играчот од редот за врска, шутираше над голот. Подоцна Швајцарците славеа на пенали со 4:3 се пласираа во четвртфиналто каде ги чека Аргентина. Популарниот „Ел Бичо“, како што е познат на својот континент, не се качи на летот од Ванкувер до Богота како што ...

Девет европски земји побарале од Европската Унија да ја продолжи флексибилната примена на новиот систем за влез и излез EES, предупредувајќи дека биометриските проверки создаваат долги редици и сериозни проблеми на аеродромите, граничните премини и во туристичкиот сектор. Според „Еуроњуз“, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија испратиле заедничко барање до ЕУ сегашните олеснувања да ...

Британската полиција соопшти дека ја истражува смртта на поранешната конзервативна министерка Ен Видекомб како убиство. Видекомб (78), поранешна членка на Европскиот парламент и една од најистакнатите активистки за Брегзит, која стекна популарност преку појавувања во забавни телевизиски емисии, беше пронајдена мртва вчера во својот дом во Девон. Полицијата во Девон и Корнвол соопшти дека пронашла знаци на „сериозни повреди“ на нејзиното ...

Во главниот град на Словенија, Љубљана, синоќа се одржа протест, на кој се побара излегување од НАТО. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел и пренасочување на воените расходи кон јавната сфера. Демонстрантите исто така изразија критики кон сегашната ...

Грчката антитерористичка полиција уапси три лица во истрагата за серијата напади со импровизирани запаливи направи врз домови и имот поврзани со функционери на владејачката Нова демократија во Солун. Меѓу уапсените се 29-годишен маж и 26-годишна жена, осомничени дека учествувале во нападите, додека третото лице наводно им помагало да се кријат. Полицијата спроведува претреси на објекти и возила во Солун и на Крит. Нападите се случиле на 1 ...

Вкупно 1.443 гранати и бомби од Првата светска војна биле пронајдени на местото Тумбе Кафе, во просторот на поранешната касарна во Битола. Како што соопшти полицијата, во средата во 10:38 часот пиротехничар од битолското одделение на Дирекцијата за заштита и спасување го пријавил случајот во СВР Битола. На локацијата биле пронајдени и безбедно подигнати 540 минофрлачки гранати, 371 рачна бомба и 532 тромблонски гранати. Сите експлозивни ...

Три лица, меѓу кои двајца доктори, биле приведени поради сомнежи дека биле дел од организирана криминална група вмешана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала. Во рамките на истрагата, вчера биле извршени претреси на пет локации во Скопје, меѓу кои и во две здравствени установи. Врз основа на прибраниот доказен материјал, јавниот обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка против ...

Современиот пазар на трудот повеќе не бара само работник со диплома и искуство, туку човек способен постојано да учи, да се приспособува и да ги менува своите вештини во согласност со новите технологии и начини на работа. Традиционалниот модел – образование, едно вработување, долга кариера и пензија – сè повеќе се заменува со чести промени на компании, професии, алатки и работни навики. Професијата веќе не е само трајна титула, туку ...

Законот за заштита од пушењето е еден од најбитните закони во Министерството за здравство од тие 15 што ги работевме и се надевам дека за две-три неделни ќе биде изгласан и ќе стане дел од нашиот здравствен екосистем во државата, бидејќи е многу битен за здравјето на нашите граѓани, изјави министерот во здравство во заминување Азир Алиу на брифингот со новинарите. Со реконструкција на Владата, нов министер за здравство ќе биде Сашо ...

Министерството за надворешни работи побарало официјална информација од албанските власти за инцидентот на граничниот премин „Ќафасан“, каде што на еден македонски државјанин не му бил дозволен влез во Албанија. Од МНР соопштија дека вчера била одржана средба со претставник на Амбасадата на Албанија во земјава. Средбата следувала по настанот во кој тројца функционери од коалицијата Вреди биле задржани на преминот, додека нивниот придружник ...

Од коалицијата ВРЕДИ ја обвинија ДУИ дека е во паника и дека се обидува да го политизира процесот за решавање на прашањето со имињата на улиците и плоштадите во Тетово. Според ВРЕДИ, последното соопштение на ДУИ покажува дека партијата стравува од можни избори во Тетово и се обидува да создаде тензии околу прашање кое, како што велат, конечно се решава институционално. „Граѓаните знаат дека проблемот со имињата на улиците и плоштадите не го ...

За вкупна почетна цена од 2.457.000 евра, државата повторно ги стави на продажба трите луксузните станови на Водно, кои Обвинителството ги презентираше како скриен имот на екс премиерот Никола Груевски, а кои беа конфискувани со пресудата за случајот „Плацеви на Водно“. Овие апартмани досега два пати беа ставени на продажба, но немаше заинтересирани купувачи. Станува збор за три стана во Панорама резиденс, со вкупна површина од 750 ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
78%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Калај

46.54

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Бакар

12.58