Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Во Основниот кривичен суд продолжи судскиот процес за случајот „Пулс“. Овој случај е поврзан со трагедијата од 16 март 2025 година, во која загинаа 63 лица. Над 200 беа повредени во трагедијата. На денешното трето рочиште беше изнесено дека обвинетиот службеник во Министерството за економија, Џеваир Камбери, уште во 2019 година директно побарал и примил 200 евра од Дејан Јованов на својата банкарска сметка. Ова се случило без да спроведе ...
Во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов ги образложи ставовите на партијата за новиот Предлог-буџет и тековната економска состојба во државата. Тој направи споредба со периодот на владеење на СДСМ и ДУИ. Според него, просечниот економски раст тогаш изнесувал 1,1%. Додека годинава растот се движи од 3,5% до 3,8%. Пренџов истакна дека домашната економија покажува подобри резултати ...
Во Скопје денеска започна Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа. На неа, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека безбедноста на патиштата е заедничка одговорност. Активностите мора да бидат координирани, системски и во согласност со современите стандарди. Николоски нагласи дека патната инфраструктура што се креира мора да биде безбедна по дизајн. Ова е со цел ...
Новинарот и директор на неделникот „Капитал“, Љупчо Зиков утрово беше гостин на емисијата „Утринско еспресо на Радио Лидер“. Зиков: Со критиките овој пат претеруваме Зиков смета дека темата е важна, со критиките овој пат според него се претерува. Додава дека ова веќе го има низ целиот свет Со пеналитетот… Темата е убава, вежна, а менталитетот ни е балкански се да примаме со резерва. Мора да се побуниме пред да сфатиме што е што. Јас мислам ...
Во услови на зголемена воена напнатост во Карибите, претседателот на Венецуела Николас Мадуро порача дека земјата е подготвена да се брани. Во меѓувреме, САД разгледуваат можност за копнен напад. Според „Скај њуз“, Американската армија веќе има распоредено носач на авиони и илјадници војници во регионот. Ова значително го зголеми ризикот од директен судир. Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп синоќа одржал средба со тимот за ...
Нема тешко повредени по протестот во Софија Ниту едно лице не е тешко повредено или животно загрозено по вчерашните протести во Софија, соопшти за БТА портпаролката на Центарот за итна медицинска помош, Каја Сунгарска. Таа информира дека медицинските екипи немале случаи што барале итна животоспасувачка интервенција, објави Днес.бг. Интервенции на терен и хоспитализации За време на протестот биле извршени 22 медицински интервенции, при што ...
Министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашање Орхан Муртезани денеска во Брисел ќе имаат средба со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Според најавите, средбата се одржува во контекст на континуираната посветеност на земјата кон европскиот интегративен процес и заедничката заложба за унапредување на партнерството со Унијата, особено во областите на ...
Министерството за внатрешни работи воведува нова техника за контрола на брзината со набавката на специјализирани Форд возила. Тие се опремени со интегрирани радари и камери со висока резолуција. Плус, софтвер што овозможува веднаш да се лоцираат и документираат сообраќајни прекршоци. Возилата ќе патролираат низ целата држава. Ќе регистрираат пречекорувања на дозволената брзина во градски зони, на регионални патишта и на автопатиштата. Од МВР ...
Ескалација на протестите во центарот на Софија Илјадници граѓани денеска протестираа на улиците во Софија, изразувајќи незадоволство од буџетскиот план на бугарската влада за следната година – првата во која земјата ќе ја користи валутата евро по официјалното пристапување на 1 јануари. Дел од демонстрантите се судрија со полициските единици кои ги обезбедуваа канцелариите на владејачките партии, фрлајќи камења, шишиња и пиротехнички средства ...
Во интервју за „360 Степени“ на МТВ, премиерот Христијан Мицкоски отвори повеќе теми поврзани со финансирањето на правосудниот систем. Тој ги спореди Македонија со европските земји и ги разгледа состојбите во судството. Уште на почетокот тој ги изнесе податоците од извештајот на Советот на Европа. Преку нив ги спореди примањата на судиите, издвојувањата од БДП и економските разлики меѓу земјите. Премиерот направи паралела меѓу Македонија и ...
На синоќешната работна средба во ЖРСМ Транспорт, делегација беше предводена од претставникот на Министерството за транспорт и врски. Заедно со државниот секретар Стефан Волканоски и со поддршка од министерот Александар Николоски, ги отворија сите актуелни и наследени прашања. Тие прашања со години ги засегаат машиновозачите и персоналот од одржување. Според претставниците на Министерството, состојбата во која компанијата беше затекната во ...
Продолжува судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица – главната расправа е во Идризово Во судницата во Идризово денеска продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а повеќе од 200 беа повредени. На денешното рочиште се очекува одбраната да се произнесе за вината и да ги изложи воведните зборови. На претходното рочиште, Судот ги прифати приговорите на дел од ...
Повеќе од 40.000 Бугари излегоа на протестот кој ескалираше Демонстрациите против предлог-буџетот за 2026 година во Софија добија насилен карактер уште пред нивниот формален старт во 18 часот, кога илјадници граѓани се собраа на Плоштадот на независноста. Повеќе од 40.000 Бугари излегоа на протестот кој ескалираше. Околу 22 часот протестната колона се упати кон седиштето на ДПС, каде што тензиите дополнително се зголемија. Од коалицијата ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ ги коментираше и последните обвинувања на СДСМ за местени тендери за што рече дека истите се клевети за кои како многупати во минатото СДСМ ќе треба да се извинува и дополнително да губи супстанца од својот кредибилитет. „Доколку постои било какво сомневање за сторен криминал, СДСМ може веднаш до нивните инсталации во Обвинителството да достави докази и нивните ...
Загревањето на домаќинствата е основниот проблем со загадувањето Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека е потребно сериозно да се работи на основниот проблем со загадувањето, а тоа е загревањето на домаќинствата. Тој појасни дека веќе имале неколку средби со претседателот на Владата за гасните централи кои се планираат во главниот град. „Ние треба сериозно да работиме на она што е базичен проблем во однос на загадувањето, а ...
Кадровско освежување во Владата напролет Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, откри дека во следниот период ќе се извршат кадровски промени во Владата и државните институции. Тој потврди дека Беким Сали и Мухамед Хоџа се неговите предлози за нови министри и најави дека напролет ќе има промени и пошироко, во различни државни органи. „Мојот предлог денеска е доставен до Собранието, а тоа се Мухамед Хоџа за министер за животна средина ...
Стратешки документи што ќе ја моделираат иднината на партијата На гостувањето во „360 Степени“ на МТВ, Христијан Мицкоски објасни дека конгресот во Кавадарци ќе има силно значење. Тој рече дека таму ќе бидат усвоени неколку стратешки документи. Според него, тие документи ќе ја моделираат иднината на партијата. Тој додаде дека како најголема политичка партија, тоа неминовно ќе има ефект врз работата на Владата. Мицкоски истакна дека овој ...
Над 1.000 жртви во Азија- спасувачките екипи се борат да достават хуманитарна помош Спасувачките екипи од Индонезија, Тајланд, Малезија и Шри Ланка интензивно работат за да ги расчистат патиштата и да достават хуманитарна помош по тропската бура што однесе над 1.000 животи. Бурата предизвика поплави, свлечишта и прекини во снабдувањето, што го отежнува пристапот до загрозените жители. Во Тајланд, најмалку 176 лица загинаа, а во Малезија три. ...
Јавна расправа за заштита на жените Покрај формалната, потребна е и реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција. На расправата што ја организираше собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, таа истакна дека Извештајот на Државниот завод за ревизија открива системски недостатоци и дава прецизна дијагноза на ...
Разговори со Макрон за траен мир во Украина Володимир Зеленски, претседателот на Украина, денеска престојува во Париз, каде оствари повеќечасовни разговори со францускиот претседател Емануел Макрон. Главната тема на средбата била изнаоѓање начини за завршување на војната, со нагласок дека мирот во Украина мора да биде навистина траен. „Војната мора да заврши што е можно побрзо. Многу зависи од ангажманот на секој лидер. Денеска ќе разговараме ...
Вонредна проверка во основните училишта во Карпош Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), заедно со службеници од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), на 27 ноември изврши вонредна контрола во девет основни училишта во општина Карпош. Целта беше да се провери хигиената и безбедноста на храната во училиштата. Од секое училиште беа земени мостри од храната, како и брисеви од работните површини во кујните за анализа. Резултати од анализите По ...
Нова проценка за „основни платформски услуги“ на Apple Ads и Apple Maps Европската комисија започна нова постапка за да утврди дали Apple Ads и Apple Maps треба да се класифицираат како високо регулирани „основни платформски услуги“ според Законот за дигитални пазари (DMA). Ова следува откако Apple официјално ја информира Комисијата дека двете услуги ги исполнуваат двата критериуми предвидени во законот: повеќе од 45 милиони месечно активни ...
При рутинска контрола во Скопје фатен е малолетник со пиштол Рутинска контрола во Скопје завршила со поднесување кривична пријава против 16-годишник од Скопје. СВР Скопје соопшти дека пријавата се однесува на сомнежи за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Информациите биле утврдени по проверката на околностите. Полициски преглед и одземениот материјал Полицискиот преглед бил извршен ...
Исплатата на средствата од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува. Од Управата за јавни приходи (УЈП) уверуваат во ова и нагласуваат дека мерката не е прекината, ниту откажана. Во процесот на исплата, кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка. „Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати кои ќе важат од втори декември 2025 година. Според најновата одлука, дел од горивата поевтинуваат од полноќ, додека бензините остануваат со иста цена. Дел од горивата поевтинуваат од полноќ -Еуросупер БС-95 останува 75 ден/лит -Еуросупер БС-98 останува 77 ден/лит -Еуродизел БС (Д–E V) се намалува од 70,50 на 69,50 ден/лит ...
65.000 прекршоци за првите 12 часа работа Алармантни податоци пристигнаа од Министерството за внатрешни работи уште на првиот ден од тест-периодот на системот „Безбеден град“. Министерот Панче Тошковски од СВР Скопје соопшти дека во само половина ден камерите регистрирале вкупно 65.000 сообраќајни прекршоци, бројка што ја надминува и најпесимистичната прогноза и го отсликува реалниот степен на некултура во сообраќајот. Поминување на црвено ...
До Собранието денеска е доставен предлогот за именување на новите министри од редовите на Вреди, соопшти попладнево кабинетот на претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши. Новите членови на Владата треба да ги заменат Изет Меџити, кој досега беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, а кој по изборот за градоначалник на Општина Чаир ја напушти функцијата, и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани. ...
Македонската фудбалска репрезентација влегува во период на промени. Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес реши да не го продолжи договорот со селекторот Благоја Милевски, чиј мандат истече на 30 ноември. На седницата беше соопштено дека одлуката е донесена по завршувањето на неговиот тригодишен период на клупата. Тој започна на 1 август 2021 година. Во овој мандат, Милевски ја предводеше репрезентацијата на 48 ...
Интензивни работи на автопатот Гостивар – Букојчани: Пробиени 17 километри На автопатската делница Гостивар–Букојчани, дел од стратешкиот Коридор 8, се изведуваат засилени градежни активности. Делницата е составен дел од трасата Скопје–Струга–Охрид, а според најновите информации работите напредуваат со забрзано темпо. Забележан е напредок на стратегиската делница од Коридор 8. Објава од министерот Николоски Вицепремиерот и министер за ...
Почина гинекологот Венци Чалков, обвинет во случајот за смртта на Маја Кадиева Неколку дена по објавувањето на пресудата за двајцата обвинети гинеколози во случајот за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе од Дојран, почина еден од нив – Венци Чалков од Гевгелија. Тој е третиот од четворицата обвинети кој почина за време на десетгодишниот судски процес. Породувањето се случи во Општата болница Гевгелија на 22 октомври 2015 година. ...