Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Маж на возраст од 42 години од Тетово, кој бил пријавен за исчезнат, попладнево е пронајден мртов во околината на градот. Телото било откриено во џип „Ауди“, а според првичните информации од МВР, мажот бил застрелан. Сопругата на починатиот вчера пријавила дека тој излегол од дома околу 18 часот и оттогаш не се јавувал на својот телефон. По пријавата, полицијата организирала потрага, која денес довела до пронаоѓање на телото на нива во ...
По воведувањето на новата функција на социјалната мрежа „Икс“, која овозможува да се види потеклото на корисниците според нивната IP-локација, дел од профилите што ја промовираат кампањата и политичките пораки на Доналд Трамп започнаа масовно да ги менуваат јавните податоци или целосно да се сокриваат. Профили што вчера експлицитно се прикажуваа како корисници од Македонија — со ознаки како „потекло од Македонија“ — денес се со изменети ...
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, повторно упати силна критика кон европските лидери и повика Брисел и Киев без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина. Според него, секое одложување го зголемува ризикот и ја продлабочува кризата во Европа. Во својата изјава, Сијарто оцени дека „безусловната и целосна поддршка за американскиот мировен план е единствено прифатливо однесување за сите европски ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет, на предлог на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, прифати амандман со кој од државниот буџет за 2026. треба да се обезбедат шест милиони денари за реконструкција на натпатник на патот Штип-Чардаклија на источниот дел на градот. Амандманот од Мицевски предизвика дебата на денешната седница на Комисијата, која петти ден одржува амандманска расправа за Предлог буџетот за 2026 година. Фатмир ...
Кривичниот суд во Кочани ја одби жалбата на Обвинителството и потврди дека двајцата инспектори од Управата за јавни приходи, осомничени во најновата истрага поврзана со пропустите околу дискотеката „Пулс“, ќе останат во куќен притвор. Судот процени дека оваа мерка е доволна за да се обезбеди нивна достапност во постапката. Во овој случај, обвинителството тврди дека инспекторите земале поткуп и му давале информации на синот на сопственикот на ...
Интегрален текст од прес-конференцијата на пратеникот Бојан Стојаноски: „Почитувани, Ве известуваме дека Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, денес поднесовме Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Македонија. Анкетната комисија ќе има за цел утврдување на одговорност на функционери, носители на јавни функции и други поврзани ...
Воспоставувањето на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините е стратешка алатка со која ја зацврстуваме имплементацијата на Националната развојна стратегија, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации и со поддршка на Владата. Овој центар не е само нова институционална структура. Тој е јасен доказ дека Македонија ја гради својата иднина врз темели на современо управување, транспарентност и ефикасност, соопшти ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати нова порака за мировните преговори помеѓу Русија и Украина. Тој ја сподели на својата социјална мрежа Трут соушл (Truth Social), оставајќи загатлив впечаток за текот на разговорите. „Не верувајте дека е постигнат голем напредок помеѓу Русија и Украина – уште не“, предупреди Трамп. Во продолжение, тој напиша: „Дали навистина е можно да е постигнат голем напредок во мировните преговори помеѓу ...
Бебето починало по донесувањето во болница, без траги на насилство Вчера вечер во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение на Општата болница во Кичево било донесено бебе родено во 2024 година, кое било во критична здравствена состојба. И покрај брзата медицинска интервенција и обидите за реанимација, бебето починало. Лекарите потврдиле дека смртта настапила без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, ...
Јанкулоска истакнува дека повредите на правото се препознаени Европскиот суд за човекови права денеска објави дека отвора сериозни прашања поврзани со повредите на правото на правично судење во предметот против поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата. Јанкулоска посочува дека одлуката на судот не само што ја потврдува неправдата и бескрупулозноста на ...
Јанкулоска доби признание за повреди на правото на правично судење Европскиот суд за човекови права започна постапка по предметот поврзан со повредите на правото на правично судење во случајот „Тенк“. Предметот се однесува на поранешната министерка Гордана Јанкулоска и набавката на блиндираното возило за Министерството за внатрешни работи. Судот побара од македонските власти објаснување за предметот, со оглед на тоа дека Јанкулоска немала ...
Европскиот суд за човекови права во Стразбур започна постапка по жалбата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“. Целта е да се утврди дали постојат сериозни индиции за прекршување на правото на фер судење. На новинарско прашање, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека во соопштението на ЕСПЧ јасно стои дека се укажува на забелешки во процесот и начинот на судење и дека се отвора предмет за преглед на целиот процес ...
Премиерот вели дека законите важат за сите без исклучок Премиерот Христијан Мицкоски бил информиран за инцидентот со приведувањето на Аца Лукас дури по завршувањето на случувањата, согласно тоа што му го пренеле лицата од неговиот кабинет. Тој нагласува дека не бил вклучен во настанот и дека за деталите дознал подоцна. Пејачот и неговиот менаџер излегоа со обвинувања упатени кон Мицкоски, но премиерот вели дека некој сака да прави естрада. ...
Во текот на минатата седмица, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје оствари работни средби со претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици. Целта на овие средби беше нивно запознавање и едукација за правилно одлагање на отпадот. Претставниците на Еко-патролата презентираа како и каде треба да се одложуваат комуналниот отпад и отпадот од пакувања што се создаваат при ...
Заедничка изјава за продолжување на преговорите Соединетите Американски Држави и Украина изработија ажурирана мировна рамка за ставање крај на конфликтот, по вчерашните разговори одржани во Женева, соопштија Киев и Вашингтон. Двете страни се договорија да продолжат со интензивни консултации во наредните денови и да останат тесно координирани со европските партнери. „Конечните одлуки во однос на оваа рамка ќе бидат донесени од претседателите ...
Резултатите од гласањето Граѓаните на Словенија на вчерашниот референдум го отфрлија законот за асистирана еутаназија на лица во терминална фаза на болест, што словенечкиот парламент го усвои во јули годинава, јавуваат регионалните медиуми. Според делумните неофицијални резултати, по пребројани 95 проценти од гласачките ливчиња, против законот гласале 53,07 отсто од граѓаните со право на глас, додека 46,93 отсто го поддржале. Законот се ...
Ден со облачни периоди и слаб до умерен ветер Времето денеска ќе биде со облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, а на некои западни места повремено ќе се засилува од јужен правец. Минималната температура ќе биде од -3 до 3 степени, додека дневната ќе достигне од 9 до 16 степени. Сончеви интервали и јужен ветер во Скопје Во Скопје се очекува мешавина од облаци и сончеви периоди. Ветерот ќе дува со слаб до умерен интензитет, ...
Настанот ќе ги собере сите градоначалници Денеска на настан во Скопје ќе биде промовиран Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините, при што се очекува присуство на сите градоначалници, соопшти Министерството за локална самоуправа. Воведни обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, претставникот на УНДП во државава, Армен ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе им ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ на 20 најдобри студенти за академската 2025/2026 година. Студентите ќе го продолжат своето образование на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција. Стипендиите се резултат на заедничката соработка меѓу Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и Сити колеџ, ...
Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред. -Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција. Митева нагласи ...
Сегашната пруга ќе се исправи, ќе се гради и нова Планот на ЈП Железници Инфраструктура е на релација север-југ да има две пруги. Сегашната ќе се задржи, но ќе се исправат кривини на одредени места за да се забрза сообраќајот, додека втората пруга ќе се гради колку што е можно поблизу до постојната, вели директорот Синиша Ивановски во интервју за Радио Слободна Европа. „Нашиот план има две компоненти. Првата е да ја задржиме постојната ...
На 22.11.2025 година, во 20:51 и 21:17 часот, на линијата за итни повици 112 пристигнаа пријави за наводно поставени експлозивни направи во објектите на Спортската сала „Јане Сандански“ и хотелот до неа. „Веднаш беа преземени неопходните мерки и активности од страна на полициските службеници. Извршени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава“, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за ...
Дурловски бара строги правила за настапи на странски изведувачи по случувањата во Кавадарци Игор Дурловски испрати силна порака дека културниот простор во државата брзо се трансформира под влијание на надворешни актери и интереси. Тој оцени дека јавната сфера се претвора во терен за конфликти што немаат допирна точка со локалниот контекст. „Во држава која и понатаму се обидува да зачува барем минимална културна сувереност, нашата јавна сфера ...
Откажани летови поради предупредување од САД Шест меѓународни авиокомпании вчера суспендираа летови кон Венецуела, откако федералните власти на САД ја алармираа цивилната авијација за „зголемување на воените активности“ во областа каде што се распоредуваат американски сили во Карипско Море. Здружението на венецуелски авиопревозници потврди дека компаниите го стопирале редовниот сообраќај кон земјата. Листата на превозници што ги прекинаа ...
Реките Вардар, Треска и Пчиња со значително зголемени водости Водостоите на речните текови во земјава денеска се значително повисоки од вообичаеното за месец ноември, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Единствено кај реката Брегалница во Берово водостојот е понизок од просекот – измерени се 12 сантиметри, наспроти вообичаените 22. Кај другите реки се забележуваат големи зголемувања. Вардар кај ...
Централниот дел на земјата најтешко погоден Министерството за заштита на животната средина на Виетнам соопшти дека во последната недела најмалку 90 лица загинале поради силните поплави кои ја зафатија земјата. Од 16 ноември, повеќе од 60 тела се пронајдени во планинската провинција Дак Лак, каде што надојдената вода поплави десетици илјади домови. Во јужните и централните делови на Виетнам дождот врне речиси секојдневно од крајот на ...
Нападот се случил по прекин на врската Основното јавно обвинителство во Гевгелија започна истражна постапка против едно лице за полов напад и силување, според член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот се сомничи дека на 19 ноември, со употреба на сила и против волјата на оштетената, ја принудил на сексуален однос. Жртвата, со која претходно имале подолга врска која таа ја прекинала, била пречекана пред своето ...
Елмас го прослави јубилејот од 200 натпревари за Наполи со врамен дрес Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, синоќа го одбележа значајниот јубилеј од 200 натпревари за италијанскиот клуб Наполи. Во рамките на прославата, „Дијамантот“ од Наполи доби врамен дрес со бројот 200 како подарок за ова големо достигнување. Елмас настапи во победата на својот тим против Аталанта со резултат 3:1, играјќи околу 20 минути од натпреварот. ...
Водачот на навивачите на „Партизан“ убиен Утрово во Нов Белград беше убиен Тадија Пантиќ, 23-годишен млад човек за кого медиумите во Србија пишуваат дека е водач на навивачите на клубот „Партизан“. Според информации од полицијата и извори на „Новости“, Пантиќ бил погоден од две непознати лица додека се движеле на скутер. Телото со бројни повреди на главата е пронајдено на тревата зад трафика на прометна улица. Во моментов полицијата ...
Забранет увоз и нештетно уништување Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) открија и спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, кој на 23 мај 2025 година веќе имал поминат рок на употреба. Компирот, увезен од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар. Забранетите количини, во присуство на инспектори за храна од АХВ, беа нештетно уништени на депонијата Дрисла, врз основа на ...