Намерното запирање на европскиот пат на Македонија претставува форма на државен удар , оцени претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции. Тој оцени дека последните извештаи на Европската комисија се сериозно предупредување за состојбите во државата, посочувајќи дека во нив се нотирани проблеми со владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата, притисоците врз ...

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне истакна: Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Клиниката з ахируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје каде што беше пуштено во употреба реконструираното одделение за Трауматологија. Би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на директорот, на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат и за сето она коешто го прават за да корисниците услуги од оваа здравствена установа ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, изјави: „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно работата се презема, после летаргијата којашто ја имаше ...

Смирувачки тренд на епидемијата во Гостивар. Вака министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја опиша состојбата со Гостивар поткрепено со бројот на лица кои побарале лекарска помош. -Вчера имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се околу 190 пациенти, имаме натамошно намалување што е значајно од врвот со саботата. Продолжуваме со поддршка на сите епидемиолошки активности, неопходни да се утврди хронологијата на ...

Македонскиот фудбалски шампион Вардар, вечер од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, ќе биде домаќин на Рига од Летонија. Ова ќе биде првиот од двата меѓусебни натпревари во второто квалификациско коло од Лигата на Конференции. Тренерот на „црвено-црните“ Кристијан Фабијани изјави Мотивирани влегуваме во дуелот со Рига. Ќе играме да докажеме дека можеме многу подобро од мечот со Купс на домашен терен. Тоа го заслужуваат нашите ...

Возач на автобус на ЈСП со својата смиреност и професионалност се погрижил патниците безбедно да стигнат до своите домови, откако ги зафатило силното невреме кое вчера го погоди Скопје и околината. За неговата постапка сведочи скопјанката Далиборка која се превезувала со автобусот на линијата 65 кон Раштак. Невремето ги затекнало кај Бит-пазар, каде парчиња од околните објекти удирале во автобусот, а дрвја паѓале во непосредна близина. И ...

Повеќе објекти од витално значење, се оштетени во вчерашното невреме кое го зафати Скопје и околината. На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа оштетување на часовникот на Музејот на град Скопје, кој е потсетник на катастрофалниот земјотрес кој во 1963 година во погоди главниот град. Оштетена е стрелката која ги означува минутите, 5 часот и 17 минути, моментот на земјотресот кога и часовникот запрел со работа. Во ...

Во Музејот на град Скопје денеска е откриен споменик на Махатма Ганди. Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија. Споменикот е откриен во време кога во посета на земјава е индиската претседателка Драупади Мурму која денеска заедно со претседателката Гордана ...

Блиското пријателство меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, би можело да се развие во официјално политичко партнерство. Според американските медиуми, Трамп сака да го види Инфантино за шеф на Обединетите нации. Според „Њујорк пост“, Трамп верува дека Инфантино е „почитуван низ целиот свет“. По успешното организирање на Светското првенство во три различни земји, 45-тиот и 47-миот претседател на ...

На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата, соопшти Царинската управа. Според соопштеното, станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот ...

Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот. -Во координација со Градот Скопје, екипите на претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Се реализираат рачно и машинско метење и миење, ...

Денеска ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), велат од УХМР. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. ...

„Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност. Токму тоа е суштинската разлика ...

Социјалдемократски сојуз на Македонија бара итни оставки од министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска и од сите други одговорни лица кои, како што велат од партијата, со своето непостапување и криење на информации придонеле за масовното труење на жителите на Гостивар. Според опозициската партија, иако загадувањето на водата во Гостивар започнало уште на 25 јуни, здравствените и ...

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши врховниот командант на вооружените сили, генерал Олександар Сирски, по неколкудневните масовни протести што избија по смената на министерот за одбрана Михаило Федоров. Отстранувањето на Федоров минатата недела предизвика силни реакции во јавноста и во армијата, откривајќи сериозни несогласувања околу стратегијата на Украина во војната со Русија. Зеленски во меѓувреме му понуди нова висока ...

Србинот Љубиша Каровиќ (61), кој беше тешко повреден за време на летот од Солун до Меминген во Германија откако се скрши прозорецот на авионот, поради што се најде со половина од телото надвор од кабината, за првпат јавно проговори за грчките медиуми. Две недели по инцидентот, Љубиша Каровиќ ги опиша драматичните моменти што ги доживеал. „Спиев. По некое време ме разбуди многу силен тресок што звучеше како експлозија на бомба. Бев свесен ...

Цените на нафтата на светските пазари денес пораснаа за повеќе од два проценти, достигнувајќи ги највисоките нивоа за повеќе од еден месец, во услови на растечки стравувања на инвеститорите за стабилноста на снабдувањето преку клучните извозни рути на Блискиот Исток и регионот на Црното Море. Цената на северноморската нафта брент се стабилизираше околу 91,2 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI флуктуираше околу 84,5 долари ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје. Од владината прес-служба информираат дека предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за ...

Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на Скопје, каде до вчера до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица, соопшти МВР. Дополнително, биле оштетени повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и ...

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје. Од владината прес-служба информираат дека предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за ...

Вкупно 15 лица се повредени во силното невреме што попладнето го зафати Скопје и биле згрижени во две здравствени установи. Девет пациенти се примени на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски, изјави за МИА ...

Припадниците на Армијата се вклучија во расчистувањето на последиците од силното невреме што го зафати Скопје, соопштија од Армијата. Во објавата се наведува дека војниците без одлагање излегле на терен за да им помогнат на надлежните служби во справувањето со последиците од невремето, кое предизвика паднати дрвја, искршени гранки и отежнато движење на повеќе локации во главниот град. Од Армијата истакнуваат дека брзата реакција, ...

Шест лица повредени во силното невреме што го зафати Скопје биле донесени во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, каде им била укажана медицинска помош. Директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов, информираше дека пациентите се со посекотини и набиеници и дека сите се третираат амбулантски. „Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно лекување“, изјави Настов. ...

Осумдесет и шестгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако врз неа паднало дрво на подрачјето на Карпош, а при потрагата по нејзината чанта била пронајдена и експлозивна направа, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, настанот бил пријавен на 20 јули околу 20:25 часот во СВР Скопје. По падот на дрвото, К.М. (86) од Скопје била пренесена во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била ...

Современите методи за експлоатација на бакар овозможуваат високо ниво на заштита на животната средина и значително се разликуваат од рударските практики што се применувале во минатото. Ова го оценува професорот Благој Голомеов, коментирајќи ја технологијата предвидена за проектот „Иловица – Штука“. Според него, процесот на преработка на рудата е добро познат во светската рударска практика и се спроведува преку контролирани технолошки ...

Силно невреме што во моментов ја зафаќа Црна Гора се движи кон Македонија, предупреди вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Претходно попладнево по 17 часот, невреме проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државата. Последици од невремето се регистрирани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница и Струмичко, каде што се пријавени различни штети. Од УХМР информираат дека ...

Една од најпознатите уметнички имиња од просторот на поранешна Југославија, Оливера Катарина, почина денеска на 87-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиното семејство, а дополнително ќе бидат објавени информациите за комеморацијата и погребот. Оливера Катарина беше актерка, пејачка и писателка, која со својата долгогодишна кариера остави значаен белег во југословенската, но и во пошироката светска уметност. Најголема ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07