
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Општата болница во Струга, по што случајот бил пријавен во полицијата, информираше СВР Охрид. Случајот бил пријавен во 9:50 часот, кога медицински лица од болницата ја информирале полицијата за трагичниот настан. Детето било донесено во тешка здравствена состојба, но не успеало да преживее, и покрај веднаш укажаната медицинска помош. Се презема истрага за целосно расветлување на ...
Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога. Ова се фотографии од куќа сопственост на таткото на судијката Даниела Алексовска Стојановска, во која е сместен штабот на СДС во Ранковце. Судијата Даниела Алексовска Стојановска која требало да биде непристрасна и без партиски влијанија, не само што во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДС, туку во нејзиниот дом го сместила и ...
Престанете со политизација на случајот со Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова. ПИШУВА ЉУПЧО ЗЛАТЕВ, уредник и новинар Вистината е едноставна, за неговите злодела одговорни се ОЈО Скопје, Основен суд Скопје 1 и апелација. Нормално, луѓето од таму имаат име и презиме а Лидер кој го објави името на Васил ги објави и имињата на луѓето од таму. Одговорни се и оние кои таму фаќале врски и му дале автомобил со кој две години дивеел без да има ...
Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска денеска на социјалните мрежи реагираше за одредени обвинувања кои се појавија во јавноста, а во кои ја посочуваат токму неа дека интервенирала за пуштање на возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, уште кога Обвинителството го гонело за дрога Во продолжение ФБ статусот на Шеќеринска Длабоко сочувство до семејството и блиските на Фросина Кулакова. Од почит кон нивната болка и ...
Модерниот свет денес познава демократија и тоталитарен режим. Демократијата подразбира владеење на гласот и довербата на народот. А од трите столба на демократијата, трите власти – законодавна, извршна и судска, во Македонија првите две црпат легитимитет од народот и од неговата доверба, на избори, на гласање, со програми и со оценка на резултати. ПИШУВА НАУМ СТОИЛКОВСКИ Но, од што влече легитимитет судската власт во Македонија, која 35 години е ...
Во денешниот протест што ќе се одржи во 17 часот на булеварот „Партизански одреди“, повторно ќе се бара одговорност од институциите за поголема безбедност на улиците. Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и оддаваат почит на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин. Протестите не се само посветени на Фросина, туку и на сите други жртви на сообраќајни незгоди во земјата. Повик за одговорност и промени во ...
Во тек е акција на МВР преку Бирото за јавна безбедност за откривање на фалс пари Според неофицијални информации во тек е голема меѓународна полициска акција на територијата на повеќе градови. Покрај зголемено присуство на македонски полициски службеници забележани се и полициски службеници кои носат амблеми на ЕВРОПОЛ или ИНТЕРПОЛ кои меѓусебно ги координираат активностите со своите колеги од Македонија. Според неофицијалните информации се бара ...
Канада и Мексико најавија реципрочни мерки откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп воведе нови царини од 25% за нивните производи. Овие мерки се дел од неговата стратегија против миграцијата и трговијата со фентанил. Оваа одлука може да доведе до трговска војна со потенцијални глобални економски последици. Трамп воведува царини за Канада, Мексико и Кина – Волстрит во пад Канада воведува контра царини од 25% Канадскиот премиер ...
Судијке Даниела Алексовска Стојановска, Откако Основен кривичен суд Скопје јавно ја објави пресудата К.бр. 1439/24, со која „помладиот полнометник“ Васил Јованов од Скопје е огласен за виновен за две кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсории“, внимателно го прочитав тој текст и решив јавно да ви се обратам. ПИШУВА БРАНКО ГЕРОСКИ, уредник и новинар Поттикнат сум од ...
Семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова изрази јавна благодарност до директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, за неговата брза реакција по откривањето на мобилен телефон кај Васил Јованов, возачот кој ја усмрти 22-годишната девојка. Овој случај ја разгоре јавната дебата за безбедноста на улиците, казнената политика и одговорноста на институциите. Семејството Кулаков: Благодарност за праведноста и ...
Анкетирање на членството пред финален избор на кандидати за градоначалници на локалните избори Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, примерот на Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со Извршниот комитет на партијата, ќе предложи свои кандидати за градоначалници на локалните избори. Кандидатите ќе бидат подложени на анкета меѓу партиските членови. Овие предлози се различни од имињата предложени од општинските комитети, што внесува нова динамика во ...
Во семејниот дом во Пробиштип, 16-годишно девојче му нанело убодна рана на својот татко И.А. (46) со остар предмет, по претходна семејна расправија, соопшти СВР Штип. Според првичните информации, несреќата се случила утринава околу 09:40 часот, а повредениот веднаш бил пренесен во Здравствениот дом Пробиштип, каде му била укажана лекарска помош. По лекарскиот преглед, и малолетничката била однесена во здравствена установа за дополнителен ...
Претседателот Доналд Трамп нареди координирани воздушни напади врз цели на Исламска држава (ИСИС) во Сомалија, што претставува прва воена операција на САД во оваа африканска земја во неговиот втор мандат. Нападите беа извршени од Командата на американската војска за Африка (AFRICOM) и беа директно одобрени од Трамп. Секретарот за одбрана Пит Хегсет потврди дека операцијата била координирана со сомалиската влада. Трамп: „Ќе ги пронајдеме и ќе ги ...
Пишува Алесандар Пандов Почитувана јавност, во моментов сум во КПД Скопје-Скопје, народски познат и како затворот Шутка, каде извршувам увид во преземените активности веднаш откако беше утврдено дека повеќе притворени лица користат мобилни телефони во притвор, што е најстрого забрането. Мобилниот телефон на притворениот возач-убиец на Фросина Кулакова му е веднаш одземен, по спроведената акција попладнево, како и повеќе други телефони кои се ...
Претставници на Европската Унија дискутираат за можноста за обновување на снабдувањето со руски гас како дел од потенцијален мировен договор за војната во Украина. Според извештаите на Фајненшл тајмс, некои земји-членки на ЕУ, како Унгарија и Германија, ја поддржуваат оваа идеја. Тие тврдат дека ќе придонесе за стабилизација на енергетскиот пазар и ќе ги намали трошоците за енергија. Сепак, оваа иницијатива предизвикува остра дебата во рамките ...
Фотографии со телефон во рака во дворот на притворскито оделение Шутка од Васил Јованов кој на партизанска ја усмрти 22 – годишната Фросина Кулакова се појавија на социјалните мрежи. Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов за „Слободен печат“ вели дека мобилниот телефон веднаш му е одземен на Васил Јанев. – Извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица. Ќе следува и истрага и санкции за ...
Вчерашниот бојкот од граѓаните поради растот на цените, доведе до значителен пад на прометот во најголемите супермаркети во Македонија. Податоците што ги добивме од Управата за јавни приходи (УЈП) покажуваат дека прометот во осумте најголеми супермаркети бил намален за 46.59% во споредба со вообичаеното. За време на бојкотот, маркетите продале продукти во вкупен износ од 114,293,367 денари или приближно 1,9 милиони евра. Пад на прометот во ...
Протест за безбедност: неказнивост и глорификација на девијантното однесување Граѓаните на Скопје ќе се соберат на мирен протест, кој ќе се одржи во недела, 02.02.2025 година, во 17:00 часот, на булеварот „Партизански одреди“, кај Универзалната сала. Протестот е организиран како одговор на убиството на Фросина Кулакова и повторувањето на случаите на неконтролирано возење и неказнување на прекршителите. Повик за револт и барање на системски ...
Убиство на пешачки премин – Загуба на млад живот На 1 февруари 2025 година, граѓаните продолжија да оддаваат почит на Фросина Кулакова, која беше убиена по прегазувањето на пешачки премин во Скопје. Овој инцидент повторно ја покрена јавноста за безбедноста на пешаците и одговорноста на возачите. Убиството на Фросина Кулакова предизвикано од небрежност и алкохол Дваесет и двегодишната Фросина Кулакова беше прегазена од 20-годишниот Васил Јованов, ...
Пожарот на депонијата кај Алинци конечно е ставен под контрола. Благодарение на силната подршка со расположливата механизација и човечки ресурси на компанијата Бехтел и Енка, Јавното претпријатие Комуналец, заедно со Територијалната противпожарна единица Прилеп успешно се справуваат на гаснење на пожарот на општинската депонија кој започна да гори од 26 јануари. На барање на Министерството за трамспорт, тимовите на Бехтел и Енка кои работат за ...
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека сите надлежни институции се излезени на терен и активно вршат инспекција во супермаркетите низ целата земја. Ова следува како дел од владината стратегија за справување со високите цени на производите, кои влијаат на стандардот на граѓаните. Премиерот нагласи дека ова е важен чекор за одржување на економската стабилност и заштита на потрошувачите. „Инспекторите веќе работат на терен, а деталната анализа ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, најави дека јавните здравствени установи ќе добијат значително зголемен буџет за 2025 година. Според неговите изјави, овој буџет ќе биде поголем за повеќе од 100 милиони евра во однос на претходната година. Ваквата ситуација ќе овозможи значителни подобрувања во здравствената инфраструктура и услуги. Зголемен буџетот за здравствени установи во 2025 година Како што изјави премиерот, Буџетот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска официјално воведува нови царини Американскиот претседател Доналд Трамп денеска официјално воведува нови царини за најголемите трговски партнери на САД, што предизвика пад на берзанските индекси на Волстрит. Според Каролин Левит, прес-секретар на Белата куќа, мерките предвидуваат царини од 25% за увозот од Канада и Мексико, како и 10% за кинеските производи. Трамп ги оправда овие потези како одговор ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, најави дека јавните здравствени установи ќе добијат значително зголемен буџет за 2025 година. Според неговите изјави, овој буџет ќе биде поголем за повеќе од 100 милиони евра во однос на претходната година, што ќе овозможи значителни подобрувања во здравствената инфраструктура и услуги. Зголемен буџет за здравствени установи во 2025 година Како што изјави премиерот, Буџетот за јавните ...
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека сите надлежни институции се излезени на терен и активно вршат инспекција на поголемите супермаркети низ целата земја. Ова следува како дел од владината стратегија за справување со високите цени на производите, кои влијаат на стандардот на граѓаните. Премиерот нагласи дека ова е важен чекор за одржување на економската стабилност и заштита на потрошувачите. „Инспекторите веќе работат на терен, а деталната ...
Блокади во Нови Сад. Студенти и граѓани од Нови Сад денеска ја организираат блокадата на три клучни мостови во градот: Варадински, Жежељев и Мостот на слободата. Овој протест се случува три месеци по трагичната несреќа пред железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица. Студентите и организаторите го изразуваат своето незадоволство што никој од властите не е повикан на одговорност за трагедијата. Големи протести и поддршка од Белград ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека 42-годишната С.В.М. беше лишена од слобода по инцидентот што се случи вчера на крстосницата помеѓу булевар „Кузман Јосифоски Питу“ и улица „Бојмија“. Истиот ден, околу 14 часот, таа со својот автомобил „Цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38), по што побегнала од местото на несреќата без да му пружи помош. Полицијата ја идентификувала и уапсила осомничената возачка По пристигнувањето на полицијата ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека Владата ќе продолжи со изградба и распределба на социјални станови за ранливите категории на граѓани. Овој проект претставува важен дел од поддршката за оние кои имаат потреба од пристап до сигурни и пристојни домувања. Во моментов, се завршуваат или се градат нови станови во општините Кочани, Велес, Прилеп, Каменица и Бутел. Продолжување на инвестициите за ранливите ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска присуствува на доделување клучеви од нова зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани. Како што најавија од владината прес-служба, исто така во Општина Кочани ќе се пушти во употреба и градинка. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, веднаш по доделувањето на клучевите од новата зграда за социјално ранливи семејства на ул.„13 Бригада“ населба ...
Трагедија се случи во Филаделфија. Медицински транспортен авион со шест лица на бордот се урна во станбена населба при што загинаа сите патници. Несреќата се случи набргу по полетувањето од аеродромот, а според сведоци, леталото експлодирало во воздух. Катастрофа над станбена област Леарџет 55, регистриран на компанијата „Мед Џетс“, полетал во 18:06 часот по локално време, но само неколку минути подоцна исчезнал од радарот. По експлозијата, ...