Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Ред и дисциплина во исплатата – социјалната помош се злоупотребувала Премиерот Христијан Мицкоски, во гостување на вестите во Сител Телевизија, се осврна на наводните доцнења во исплатата и истакна дека социјалната помош се злоупотребувала, нагласувајќи дека Владата нема да дозволи такви злоупотреби. Тој додаде дека имало случаи каде што одредени лица примале и до 60-65 илјади денари месечно по различни основи. „Состојбата е стабилна, но ...
Едно лице е тешко повредено, а уште две се здобиле со повреди во тепачка во штала во селото Арнакија, скопско, откако бил нарушен јавниот ред и мир поради претходно нерасчистени имотно-правни односи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот бил пријавен вчера, 14 декември 2025 година, околу 14:15 часот во СВР Скопје. Според пријавата, во пресметката учествувале М.З. (24), Л.З. (21) и Р.З. (59) од една страна и А.З. (63), С.З. ...
Нема простор за паника – исплатите ќе се реализираат навремено Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска демантираше објави дека трезорот ќе се затвори на 15 декември поради немање приливи и истакна дека исплатите ќе се реализираат навреме и нема простор за паника. „Не сме го заклучиле Трезорот. Ова прашање го следам деновиве и излезе од контрола. Не можам да ги разберам објавите, поготово што доаѓаат од опозиција која ...
Повлекувањето на нивото на Преспанското Езеро овозможи да излезат на копно археолошки локалитети во неговата крајбрежна зона, меѓу кои и локалитет во близина на селото Наколец, каде што беа спроведени сондажни археолошки истражувања, додека долж македонскиот дел од брегот беа евидентирани и и документирани вкупно 11 археолошки локалитети. Истражувањата ги реализираа НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на ...
Притисокот врз Киев за мирен договор останува Подготвеноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски условно да се откаже од настојувањата за членство во НАТО, изразена во пресрет на берлинските разговори, ја одбележа најновата рунда преговори меѓу Украина, САД и европските сојузници, која денеска заврши во Берлин без изјави за јавноста. Средбата траела околу 90 минути и во неа учествувале соработници на претседателот на САД Доналд ...
Ден на жалост по терористичкиот напад во Сиднеј Австралија денеска одбележува Ден на жалост по терористичкиот напад на плажата „Бонди“ во Сиднеј, во кој загинаа 15 лица, а десетици се ранети, од кои неколкумина се во критична состојба. Нападот се случил за време на еврејски фестивал посветен на Ханука, а истрагата упатува на поврзаност на напаѓачите со Исламска држава. Знамињата низ земјата се спуштени на половина копје по нападот што го ...
Дрога и нож пронајдени при полициски контроли на различни локации низ главниот град Полициски службеници од СВР Скопје во текот на ноќта меѓу 14 и 15 декември извршиле повеќе приведувања на различни локации низ главниот град. Во акцијата биле лишени од слобода М.Е. (19) од село Кондово, скопско, Т.П. (42), С.Б. (27), Б.Б. (37), Ф.Ч. (33), И.А. (37) и двајца 16-годишници, сите од Скопје. При извршените контроли, кај приведените лица била ...
Советот на Општина Ѓорче Петров ги осудува дезинформациите и политичките манипулации Советот на Општина Ѓорче Петров јасно ја отфрла секоја лага и манипулација поврзана со наводно прифаќање мигранти или изградба на мигрантски кампови, истакна градоначалникот Александар Стојкоски. „Во нашата општина нема, ниту било побарано, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови или трајно сместување мигранти“, порача Стојкоски. Тој додаде ...
Утре прекин на водоснабдувањето на булевар „Св. Климент Охридски“ Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека утре, 16 декември 2025 година (вторник), ќе има прекин на водоснабдувањето поради уличен дефект на булевар „Св. Климент Охридски“, спроти Соборниот храм. Без вода ќе останат корисниците на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански Одреди“ до паркингот ЈАТ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до ...
Од ГСС Прењ информираат дека планинарот загинал откако паднал во кањонот на реката Ракитница. За несреќата биле известени од Оперативниот центар на Полициската управа Коњиц, по што веднаш била покрената сложена и исклучително тешка спасувачка и евакуациска акција. Во моментот на несреќата со загинатиот бил и негов пријател, кој се спуштил до него, но поради исклучително непристапниот терен и целосна исцрпеност не можел сам да се врати, па ...
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните. На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на ...
Град Скопје официјално ќе ја започне новогодишната програма вечерва со свечена церемонија за осветлување на елката на Плоштад Македонија. Церемонијата ќе започне точно во 18 часот, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Новогодишната програма ќе трае до 31 декември, а за време на овие 16 дена, секоја вечер со почеток во 18 часот ќе се одржуваат музички настапи, диџеј сетови и други уметнички изведби. „Со оваа церемонија започнуваме ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Поевтинуваат горивата од полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат. Поевтинуваат горивата за 2,00 ден/лит. Малопродажната ...
Во свечената сала на Македонската филхармонија вечерва ќе се одржи традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата, збогатен со настап на музичари од оркестарот на Вооружените сили на Романија. Концертот, организиран од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, кој ќе се одржи под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“ ќе понуди репертоар со дела од светски реномирани композитори, како и ...
И во проширената ракометна Лига на шампиони без македонски клуб И покрај тоа што ракометната Лига на шампиони од наредната сезона ќе се прошири и ќе брои 24 екипи, наместо досегашните 16, Македонија нема да добие директно место во елитното натпреварување. Позицијата на ЕХФ ранг-листата пресудна Македонија во моментов се наоѓа на 12. место на ЕХФ ранг-листата, што не е доволно за директен пласман во групната фаза. Според критериумите на ...
Емотивни зборови на херојот Ахмед од Синдеј Објавени се емотивните последни зборови на Ахмед ал Ахмед, храбриот продавач кој разоружа еден од напаѓачите за време на терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, како и фотографии од неговото закрепнување во болница. „Ќе умрам, кажете му на моето семејство дека сакам да спасам луѓе“, му рекол 43-годишниот Ахмед на својот братучед Јозај Алканџ непосредно пред да се стрча кон напаѓачот. Во ...
Николоски и Лукровски на терен Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски присуствуваа на почетокот на градежните активности на улицата Јуриј Гагарин. Механизацијата веќе е на терен, а Лукровски од почетокот на мандатот се вложи за да се откочи целата постапка и оваа улица да добие нов лик. Започнаа градежните работи на улицата „Јуриј Гагарин“ во Општина ...
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, истакна денеска Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа резолуција за осуда на манипулациите се очекува да биде прифатена од мнозинството. „По ширењето на лажни вести, невистини и манипулации од страна на ...
Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Тој беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој во јануари годинава, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин удри во Фросина Кулакова, која починала на лице место. -Апелациониот суд Скопје во ...
Бугарските власти побарале од Европскиот парламент да го одземе пратеничкиот имунитет на европратеникот Илхан Ќучук поради тужба што против него ја покренал еден од неговите локални асистенти. Според информации на бриселскиот портал „Еурактив“, ова барање за одземање на пратеничкиот имунитет се очекува да биде разгледано за време на овонеделната сесија на Европскиот парламент, која започнува попладнево во Стразбур. Процесот за одземање на ...
На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова го соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите. Потенцира дека се уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница ќе биде неговото разрешување, но оти би требало да му биде доставена во текот на денов. До крајот на декември се очекува да ...
Американски милијардер донираше речиси 100.000 долари за херојот од Сиднеј Американски милијардер донираше речиси 100.000 долари, односно максималниот дозволен износ за онлајн донација, на човекот кој во јавноста е наречен „херојот на плажата Бонди“. Донацијата изнесува 99.999 долари, што е околу 85 илјади евра, а е наменета за граѓанинот кој за време на нападот совладал еден од напаѓачите и му го одзел оружјето. Вирално видео и пофалби од ...
Повторни блокади на Евзони и Ники Граничниот премин Евзони кон Северна Македонија денеска повторно ќе биде затворен поради протестите на грчките земјоделци. Блокадата за сообраќајот на сите возила е најавена во периодот од 12 до 16 часот по локално време, како и повторно од 18 часот попладнево. Истовремено, на граничниот премин Ники ќе има прекин на сообраќајот, но само за товарни возила, во периодот од 19 до 23 часот, информира грчката ...
Граѓаните и фирмите заедно должат околу 202 милиони евра за неплатени придонеси, даноци царини и акцизи, покажува последната листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП). Интересно е колку граѓаните и фирмите должат. Највисок е долгот за даноци и придонеси на граѓаните и фирмите за периодот август – октомври изнесува околу 198 милиони евра, додека, пак, долгот за царински давачки изнесува 3,4 милиони евра. На листата има 2.049 фирми ...
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е најевтината земја во Европа кога станува збор за цените на храната. Стандардната потрошувачка кошничка во Македонија изнесува само 73 евра, што е 27% поевтино од просечната цена во Европската Унија. Разликите во цените на храната низ Европа се значителни. Најновите статистики откриваат каде купувањето е најповолно, а каде најмногу ќе го оптоварите куќниот буџет. Според податоците на ...
Двајца мажи од Куманово и од Скопје беа приведени на автопатот Табановце–Куманово, откако полицијата кај нив пронајде поголема количина брендирана стока и рачен алат без соодветна документација На 14 декември 2025 година, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ лишија од слобода двајца мажи по два одвоени инцидента на автопатот Табановце-Куманово. Првиот настан се случил кога полициските патроли сопреле ...
„Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДСМ за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева несигурност и паника меѓу граѓаните. Лажните сценарија на СДСМ паѓаат во вода, државата има јасна политика против нелегалната миграција, нема мигрантски кампови, има Резолуција која носи стабилност и сигурност“, соопшти партијата. ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната ...
Во пукањето во Австралија убиена ѕвездата на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден Во вооружениот напад што се случи на плажата Бонди Бич во Сиднеј, животот го загуби Дан Елкајам, член и една од ѕвездите на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден. Нападот, кој австралиската полиција го третира како терористички чин, однесе најмалку 15 цивилни жртви, а десетици лица се повредени и се наоѓаат на лекување во болниците низ градот. Во ...
Веднаш по масовното пукање на плажа во Австралија, на социјалните мрежи почна да се споделува видео на кое се гледа како невооружен маж му се приближува на еден од напаѓачите и му ја одзема пушката со која пукал кон посетителите на плажата Бонди во Сиднеј. Храбра интервенција среде хаосот – Ахмед е херојот од Сиднеј! Мажот, случаен минувач, е идентификуван како 43-годишниот Ахмед ал Ахмед, кого јавноста масовно го нарекува херој. На видеото, ...
Ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков, беше приведен по сериозен инцидент што се случи по завршувањето на натпреварот во Охрид. Според информациите од СВР Охрид, Манасков физички го нападнал помошник-тренерот на охридскиот клуб, К.А., при меѓусебното поздравување на играчите. Манасков беше приведен по сериозен инцидент, што привлече значително внимание. Инцидентот се случил на 14 декември 2025 година околу 20:20 часот, во просториите на ...