Украинската полиција објави дека денеска примила над 1.200 анонимни електронски пораки за закани со бомби од државните и локалните власти, образовните институции, бизнисите, банките и други. Властите веруваат дека постои можност да станува збор за „нова операција за дезинформација“ што се води од Русија. Полицијата објави на Телеграм дека не се потврдени информации за поставување бомби. Во вакви случаи, при секоја пријава на посоченото ...

Фокус на нови проекти и продлабочување на партнерството Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта остварил средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, при што во фокусот биле економската соработка, инвестициите и конкретни проекти со потенцијални придобивки за граѓаните. „Денеска во Будимпешта остварив значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови ...

Бизнис форумот ги поврза компаниите од двете земји Продлабочување на економската соработка и отворање нови инвестициски можности беа во фокусот на бизнис форумот во Будимпешта, на кој се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Настанот „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија“ обедини претставници од институциите и деловните заедници, со цел јакнење на економските врски и директно вмрежување на компаниите. Во своето обраќање, ...

Обвинителката Адела Бојчевиќ денеска, по рочиштето во Основниот кривичен суд Скопје против Стојанче Јовановски, изјави дека исказот на обвинетиот не ги исполнува законските услови за признание на вина, поради што судот не го зел предвид и постапката продолжила со изведување докази. Законската застапничка на оштетените, адвокатката Неда Чаловска, изјави дека очекува обвинението да биде прифатено во целост. Во изјава за медиумите, Бојчевиќ ...

Одбележан јубилејот со пораки за развој и соработка Три децении постоење на Општина Новаци беа одбележани со свечена академија, на која присуствуваше министерот за локална самоуправа Златко Перински. На настанот, организиран по повод 30-годишнината, беше истакната улогата на локалната власт во градењето на иднината на општината и подобрувањето на условите за живот. Во своето обраќање, министерот упати честитки и ја нагласи важноста на ...

Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, со јасна подготвеност за справување со сите предизвици што произлегуваат од надворешните ризици“, истакна гувернерот д-р Трајко Славески во интервју за емисијата „Трилинг“. Тој посочи дека институцијата внимателно ги следи економските движења, особено во услови на зголемена светска неизвесност и засилени ризици од надворешното ...

Во студиото на Радио Лидер гостуваа Драган Томовски од иницијативата на оштетени од Лајонес и економскиот експерт, проф. Дејан Крстевски со кои разговаравме за пропадната приказна на Лајонес, оштетените граѓани кои го тужат Витанов, но и за новата платформа за која се шпекулира низ јавноста која наводно ќе ги вратела парите на граѓаните. Кривична пријава за „МајВорлд“ Томовски појасни дека група оштетени граѓани пред неколку недели поднеле ...

Мустафа Хајрулахи беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“, базирано на наводи дека во периодот од септември 2023 до октомври 2024 година, тој користел хиерархиска надреденост за континуирано психичко насилство и закани врз пет вработени жени, при што наводно им се заканувал дека „ќе ...

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски пристигна на аеродромот во Будимпешта. – Заедно со претседателот на Владата, Hristijan Mickoski сме на првиот лет од новата авиолинија Скопје – Будимпешта, која започнува од денеска. Ова е линија која отвора нови економски, туристички и пријателски односи меѓу Македонија и Унгарија. Скопје – Будимпешта создава нова можност за патување, студирање, водење на бизнис ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес го потпиша колективниот договор за вработените во Министерството за јавна администрација, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата. Со Колективниот договор се предвидува зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 ...

Полицијата уапси 40 годишен гостиварец кој возел во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес. Според информациите на МВР, вчера 19:30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го уапсија Ј.Н.(40) од Гостивар, затоа што на автопатот управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки во спротивна насока на автопатот. По ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали износот на ...

Ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту премиерот Христијан Мицкоски не ја загрозиле независноста на обвинителката Ленче Ристоска со тоа што постојано ја напаѓаат на прес-конференции или беше нарекувана медиокритет. Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети. Во иницијативата ...

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила Водно. Потоа ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација. Во рамки на официјалната ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со градоначалниците на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и Општина Илинден, Александар Георгиевски, за изградба на нови полициски станици во овие две општини со цел унапредување на безбедноста и подобрување на услугите кон граѓаните. Со Меморандумот се уредува начинот на меѓусебна соработка помеѓу институциите, со акцент на поефикасно ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека дадена била насока до директорот на ЈП „Градски паркинг”, во општина Аеродром, во Реонскиот центар каде се воведува зоната D12, дека останува да важи старото правило: секој резидент – физички и правни лица, ќе може да се паркира на сите зони на територијата на општината без да плаќа надоместок, како што беше најавено претходно. „Ова правило останува да важи за цел Аеродром! ...

Мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска, пред Основниот кривичен суд Скопје, изјави дека ќерка ѝ со години живеела во страв од сопругот Стојанче Јовановски, со видливи модринки, под постојана контрола и со постојана мисла дека ќе ѝ биде одземена ќерката. Сведочејќи хронолошки за нивната врска, таа рече дека Ивана и обвинетиот на почетокот живееле под кирија, дека кратко се познавале пред бракот и дека ќерка ѝ на почетокот гледала ...

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие ...

Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Според најавите од Управата на хидрометеоролошки работи (УХМР), пообилни врнежи ќе има во среда и четврток кога локално се очекува да наврнат над 50 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец. Во деновите од ...

Резултатите од нашите активности потврдуваат дека Финансиската полиција во изминатава година и пол работи поефикасно и пофокусирано во справувањето со финансискиот криминал од претходно, изјави директорот на управата Слободан Ивановски. Во 2025 година се спроведени 58 финансиски истраги, што претставува енормно зголемување во споредба со претходните години. И покрај помалиот број на кривични пријави, откриената противправна корист и ...

Обвинетиот Стојанче Јовановски денеска пред Кривичниот суд призна вина за две кривични дела, односно за нанесување телесни повреди на неговата сега почината сопруга Ивана, која трагично почина по пад заедно со нивната малолетна ќерка. Сепак, тој изјави дека не се чувствува виновен за делото наведување на самоубиство. Судот констатираше дека признанието за двете дела не е дадено доброволно и не ја прифати изјавата за признание на вина. Судот ...

Советот на јавните обвинители на денешната седница едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска, која тврдеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, особено поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ. Во иницијативата Ристоска навела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на ...

Полицијата го уапси 27-годишениот жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка. Ова се деталите од полицијата за несреќниот случај на семејно насилство. – На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од ...

Граѓанскиот суд ја отфрли тужбата што ексградоначалничката на Скопје Данела Арсовска, секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров и советничката Ирена Витина ја поднесоа против новинарот и уредник на „Скопје1“, Кристијан Ландов. Судијата Кристијан Митревски ги одби тужбените барања како неосновани. Тужбените барања одбиени како неосновани Тројцата поднесоа тужба за утврдување одговорност поради јавно поставено прашање и пренесен став што се ...

Колку и СДС и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да се претстават како жртва, стратегијата им станува попровидна. вмрМожат да бидат иронични за анкетите но не можат да ја сменат реалноста па затоа повторно глумат жртва, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Обидите за создавање нов имиџ преку склопените пи-ар пораки на Башановиќ не можат да го сокријат фактот дека Филипче се наоѓа далеку од врвот на довербата ...

Започна судењето против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса. Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според наводите на Основно јавно обвинителство, обвинетиот подолг временски период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа, како што се наведува, била тепана, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фајненшл тајмс“ (FT), објавено синоќа, изјави дека сака „да ја земе нафтата во Иран“ и дека американските сили би можеле да го заземат островот Харг, центарот на извозот на нафта на Иран, објавија Ројтерс и Би-би-си. „Да бидам искрен, мојот омилен избор би бил да ја земам нафтата во Иран, но некои глупави луѓе во Соединетите Држави велат: ‘Зошто го правите ова?’ Но, тие се глупави луѓе“, ...

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката, оваа информација ја потврди за МИА, доктор Ратко Грков, од Итната медицинска помош во Кавадарци, кој бил на местото на повик во Росоман. – Нашата екипа беше повикана и на лице место констатиравме убод со нож во вратот. Од повреда, жената починала на самото место, појасни Грков за МИА. Засега нема повеќе детали за случајот. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Убиство во Росоман, ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денес престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија. Во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања, соопшти прес службата на Влада. Потоа, премиерот ќе има свое ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД веруваат дека постигнале промена на режимот во Иран. Трамп на новинарите во претседателскиот авион им рече дека режимот во Иран е „десеткуван“ и „уништен“, пренесува Би-би-си. – Веќе имавме промена на режимот, ако погледнете, бидејќи еден режим е десеткуван, уништен, сите се мртви – изјави Трамп. Тој додаде дека следните по ранг припадници на иранскиот режим се „главно мртви“, а ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1005
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
4.12
57%
1001
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
62%
999
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
71%
1006
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.48
78%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
97%
1000
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
4.02
65%
1006
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
1007
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
94%
1006
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
78%
1006
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
52%
1001
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
1007
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Калај

55.99

Злато

151413.64

Кобалт

45.39

Сребро

2812.48

Бакар

13.22

Родиум

320703.70

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Платина

68577.54

Цинк

0.00

Алуминиум

3.64

Паладиум

47550.95