Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Континуирана поддршка за развој на локалната самоуправа и подобрување на условите за граѓаните Унапредувањето на институционалната соработка и континуираниот развој на локалната самоуправа беа главна тема на денешната средба меѓу градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и вршителката на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс, во рамки на нејзината официјална посета на општината. ...
Партијата обвини за „бегство“ од седница и остро реагираше на соопштение од СДС ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДС, Венко Филипче, ја напуштил седницата за пратенички прашања, додека неговата партија паралелно објавувала соопштенија за наводните случувања во Собранието. Од партијата реагираат дека ваквото однесување е контрадикторно и го оценија како избегнување на директна дебата. „Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. ...
Пратеничко прашање до министерката Јаневска за образовниот систем Пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, на денешната седница за пратенички прашања ја критикуваше процедурата за стекнување на звањата наставник ментор и наставник советник во основното и средното образование. Таа посочи дека процесот е дизајниран како административен лавиринт кој служи за партиски награди или елиминација, создавајќи системско понижување на македонскиот ...
Првата дама на САД Меланија Трамп предизвика реакција од Атина, откако во јавен настап ја ослови македонската држава со нејзиното вистинско име Македонија. Тоа предизвика формална интервенција на грчката амбасада во Вашингтон, која инсистира на „доследна примена на одредбите од Преспанскиот договор и употреба на „уставното име“ „С.Македонија“ во сите официјални и јавни комуникации. Грчкиот портал Greek reporter објави дека „за време на ...
Рози Мицкоска, сопругата на премиерот, денеска учествуваше на Глобалниот самит во Белата куќа, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп. Настанот беше посветен на влијанието на вештачката интелигенција врз образованието, а Мицкоска во својот говор истакна важни аспекти за оваа тема. МИА го објавува нејзиниот говор во целост: „Ви благодарам, почитувана прва дама на Соединетите Американски Држави, г-ѓа Меланија Трамп. Почитувани први ...
Пратеничката побара од министерот за детали околу електронската архива Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, денеска на седницата за пратенички прашања постави две значајни прашања до министерот за дигитална трансформација. Таа истакна дека Владата планира Јавното обвинителство да го преземе државниот систем за управување со документи и електронската архива, со цел да се зголеми транспарентноста и да се намалат ...
Системот еДМС овозможува транспарентност и безбедност на документите Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Собранието објасни како функционира системот за електронско управување со документи (еДМС) и кои се придобивките од целосната дигитализација на архивите. Тој истакна дека новите решенија овозможуваат распределување на предметите до последното лице во институцијата и гарантираат дека нема „предмети во ...
Според Николоски добро македонската јавност да знае дека една од основните причини зошто цената на станбениот квадрат во неколку скопски општини, во остатокот од државата е релативно коректна е ваква каква што е заради хистеријата која што вие и вашите прокси коалициони партнери ја создавате. Според него, во Македонија во моментов да се донесе детален урбанистички план се смета за поголемо злодело од да се убие човек на улица. И заради тоа ...
Попоски предупредува: Ризик за овошните култури и пониските предели Според најновите ажурирања на Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF), од 26 март 2026 година, Балканот се очекува да го погоди вистинска снежна бура. Најпогодени ќе бидат Босна и Хрватска, каде на планинските места се предвидува снежна покривка до еден метар. Врнежи од снег ќе има и на помала надморска височина, проследени со бурен ветер. Температурите ќе опаднат ...
Поротата утврди пропусти во информирањето за ризиците Суд во Лос Анџелес донесе одлука против „Мета“ и видеоплатформата „Јутјуб“, утврдувајќи дека компаниите не ги информирале соодветно корисниците за потенцијалните опасности од користењето на нивните услуги. Поротниците заклучиле дека постои небрежност во начинот на кој платформите ги третирале ризиците поврзани со зависноста од интернет. Според пресудата, на 20-годишната тужителка ѝ е ...
Економски показатели во услови на енергетска криза Платите бележат раст, инфлацијата и буџетскиот дефицит се намалуваат, а економијата остварува реален раст од 3,5 проценти, посочи премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој нагласи дека овие резултати се постигнуваат во време на сериозна енергетска криза. „И во услови на епска, историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и ...
Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања. Додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата Левица води ...
Висок израелски функционер потврдил за медиумот „Тајмс оф Израел“ дека Алиреза Тангсири, командант на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, е убиен во напад во иранскиот пристанишен град Бандар Абас. Тангсири важеше за една од најмоќните фигури во иранската воена хиерархија. Според израелските наводи, токму Тангсири бил главниот стратег одговорен за плановите за затворање на Ормуската Теснина – една од најкритичните точки за ...
Дипломатски канали преку Пакистан и поддршка од Турција и Египет Контактите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран се одвиваат индиректно, преку пораки што ги пренесува Пакистан, потврди шефот на пакистанската дипломатија Мохамед Ишак Дар. Според него, ваквиот формат на комуникација веќе е во тек, додека истовремено Турција и Египет даваат поддршка на иницијативата. Тој наведе дека во јавноста се појавиле шпекулации околу можни мировни ...
Пентагон развива воени опции за „финален напад“ врз Иран, што би можело да вклучува употреба на копнени сили и масовни воздушни напади – изјавија двајца американски функционери и два извора запознаени со плановите. Според американскиот портал „Аксиос“, драстичната воена ескалација станува поверојатна ако дипломатските преговори не дадат резултати, особено ако продолжи блокадата на Ормускиот Теснец. Некои американски функционери веруваат дека ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Украина сериозно ги сфаќа мировните преговори со Русија и дека тие би биле поефикасни доколку се водат на ниво на национални лидери. Во интервју за Ројтерс, тој нагласи дека Киев е подготвен за такви разговори, но Москва поставува ултиматуми. Киев подготвен за разговори, Москва со услови „Украинците сериозно ги сфаќаат преговорите. Веруваме дека разговорите се неопходни – по можност на ...
Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот изнесуваше 3 милијарди денари. Половина од овој износ државата ќе го врати во текот на овој ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека буџетот за здравство е приближно 1 милијарда евра, како и тоа дека оваа година платите на здравствените работници ќе растат, а покрај тоа ќе продолжат и вложувањата во здравството, особено во инфраструктурата, иако состојбата која се наследи во здравството како последица на минатото и т.н. Стабри здравствени политики беше катаклизмична. ...
Полицијата во текот на изминатото деноноќие приведе 12 возачи низ државата поради безобѕирно управување со возило. Дел од нив возеле без дозвола, а други седнале зад волан под дејство на алкохол, при што двајца предизвикале и сообраќајни незгоди. Според информациите од Министерство за внатрешни работи на Македонија, осум возачи управувале возила без возачка дозвола, меѓу кои имало и малолетник. Без дозвола биле затекнати три лица во Скопје, ...
Пожар избувнал по полноќ во затворот „Идризово“, зафаќајќи дел од објектот на затвореното одделение. Инцидентот бил пријавен во 00:21 часот, кога од казнено-поправната установа информирале дека гори кровот на амбулантата во рамки на затворот. На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита од Скопје, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. Во настанот нема повредени лица. Надлежните извршиле увид, а се преземаат мерки за ...
Сопругата на претседателот на Влада, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска го продолжи своето учество на глобалниот самит во Белата куќа, во организација на правата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието. Овој настан во рамките на иницијативата „Fostering the Future Together“, претставува историски самит, како најголемо меѓународно собрание организирано од ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади, претставувано од министерот Фатмир Лимани, и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, заедно со Синдикалната организација на Министерството, претставувана од Андријана Гуговска, склучија Колективен договор за вработените во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Колективниот договор кој ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. „Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на ...
Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите, истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија. По краткотрајни реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата брзо се стабилизира. Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател за довербата на граѓаните во банкарскиот систем – ...
Царинската управа и МВР ги зајакнуваат капацитетите за заедничко делување против обидите за криминал на меѓународните аеродроми. До крајот на мај се очекува целосно да се стави во оператива Граничната меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле Охрид, како дел активностите што ги презема државата во рамки на втората фаза од Програмата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за промовирање на владеење на правотo и добро ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Законот за правична застапеност откако ги помина сите филтри и добри препорака од Венецијанска комисија за многу брзо ќе се најде во Собрание, додека во врска со забелешките за користењето на јазиците посочи дека никој нема против користење на друг јазик, но потсети дека официјален јазик на целата територија на земјава според Устав ...
Санитарната инспекција привремено ја затвори кујната во РЕК Битола, а работниците од синоќа и денеска добиваат сув ладен оброк, информираа од комбинатот. Одлуката на санитарната инспекција доаѓа по вчерашната појава на здравствени проблеми, стомачни тегоби, кај работници на РЕК Битола кои јаделе лазања со сос. Во текот на вчерашниот ден до 15 часот беа регистрирани 81 преглед во Инфективно одделение на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, а ноќеска ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека отворањето на Уставот е сензитивна работа која не треба да се прави ад-хок, нагласувајќи дека клучната одлука е во рацете на политичките партии. „Отворање на Устав е сензитивна работа. Пред сѐ е работа на договор помеѓу политичките партии и тоа знаете дека во Собрание треба две третини од пратениците. Не би коментирал, би оставил партиите да одлучат кога е потребно да се направи и за кои ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. „Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот Обвинител, ...