Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Во Италија денеска избил вистински хаос пред натпреварот меѓу Пиза и Верона во рамки на седмото коло од Серија А. Пред почетокот на дуелот, кој започна во 15 часот, на улиците на Пиза дошло до жесток судир меѓу навивачите на двата клуба. Снимки од местото на настанот, кои брзо се проширија на социјалните мрежи, прикажуваат масовна тепачка, во која хулиганите користеле метални шипки, факли и друга пиротехника, а дел од нив биле со ...
Новиот контакт меѓу Москва и Вашингтон предизвика лавина реакции во европските дипломатски кругови. Германскиот дипломат Кристоф Хојсген оцени дека рускиот претседател Владимир Путин повторно успеал да го одврати американскиот лидер Доналд Трамп од посилна поддршка за Украина. Според Хојсген, рускиот претседател вешто ја користи секоја комуникација за да го спречи Трамп во носењето конкретни одлуки. „Имам впечаток дека Путин секогаш успева да ...
Приговори за лично избирачко право Денеска, Државната изборна комисија (ДИК) ја разгледа листата приговори поднесени од граѓани кои бараат да го остварат своето лично избирачко право. Од вкупно десет разгледани случаи, седум беа одбиени како неосновани, додека три беа прифатени и ќе им овозможат на подносителите непречено гласање. Отфрлени беа приговорите на Радица Радеска од Битола, Зилќафете Мемеди и Иџел Камбери од Желино, Гордана Радеска од ...
По утринскиот застој гласањето се одвива во најдобар ред Во Општина Ново Село, по утринскиот застој предизвикан од печатна грешка на гласачките ливчиња, изборниот процес за болните и изнемоштените лица е продолжен. Новиот изборен материјал е веќе доставен. Гласањето, како што информира претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, се одвива без проблеми. Сите пријавени граѓани ќе можат да го остварат своето избирачко право до ...
Поддршка за трите клучни дигитални закони од страна на европската комисија Европската комисија донесе одлука да ѝ одобри на Македонија нов пакет финансиска поддршка во износ од 16 милиони евра, како дел од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Средствата следуваат по позитивната техничка процена на четири успешно спроведени реформи, од кои три се во областа на дигиталната трансформација. Министерството за дигитална трансформација ...
Застој во гласањето во Ново Село – повлечен гласачки материјал Застој во гласањето се случи во Општина Ново Село, каде што болните и изнемоштените лица денеска не можеа да го остварат своето избирачко право. Причината е погрешно испечатени гласачки ливчиња со сменети редни броеви на двајца носители на советнички листи, што го наруши текот на изборниот процес. Избирачките одбори утрово не тргнале кон домовите на пријавените болни и изнемоштени ...
Украина верува во САД и завршување на војната Украина верува во САД, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој ја оцени ја средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа како продуктивна. „Им веруваме на САД, веруваме дека претседателот Доналд Трамп сака да ја заврши војната.“ Зеленски не даде изјава во врска со можната испорака на ракети „Томахавк“ од САД, објаснувајќи дека: „Разговаравме и за ракети со долг ...
ТАВ ги најави новите линии за зимската сезона 2025/26 ТАВ Македонија најави дека зимската сезона 2025/26, која започнува на 26 октомври и ќе трае до крајот на март 2026 година, ќе донесе 10 нови дестинации од македонските аеродроми. Според генералниот директор Неџат Курт, девет од новите рути ќе бидат опслужувани од Wizz Air, додека EasyJet ќе ја врати линијата Скопје – Женева. Од новите линии што стартуваат оваа сезона се издвојуваат: Скопје – ...
Дилавер Бектеши од Кичево, обвинител близок до албанска опозициска партија, му зема 15 илјади евра на еден иселеник. Иако, ова го објавив уште порано, законот не презеде никакви мерки против него — плукам по законот и по сите вас, објави Ел Чека на својот фејсбук профил. -Дилавер Бектеши: Сумата е 15 илјади евра Граѓанинот: Евра а? -Дилавер Бектеши: (Објаснува нешто полиција, куршуми)….. А потоа или ти да признаеш, ќе направиме договор со ...
Без проблеми започна гласањето во КПД „Идризово“ Гласањето во КПД „Идризово“ за локалните избори започна на време. Од Избирачкиот одбор на избирачкото место 2536 информираат дека се одвива без проблеми. Претседателката на избирачкото место, Јадранка Митиевска, изјави: „Гласачкото место се отвори на време. Гласањето почна во 7:00 часот и тече во најдобар ред. Се надевам дека и до крајот на гласањето ќе остане така.“ Таа посочи дека вкупниот ...
Автобус излета од патот кај Сремска Митровица Во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, автобус излета од патот, при што животот го загубија три лица – две на лице место, а едно почина во болница поради тешките повреди. Од Општата болница во Сремска Митровица за РТС потврдија дека состојбата на 39 повредени патници е стабилна, но сериозна. Осум лица се на Одделението за интензивна нега, ...
Завршена постапката за избор на изведувач По повеќе од една деценија застој, Скопје конечно ќе ја добие Универзалната сала во сјајот што го заслужува, истакна министерот за култура, Зоран Љутков. Тој додаде дека објектот ќе стане симбол на културата на нашиот град. Вчера беше завршена постапката за избор на изведувач, со донесена одлука за најповолен понудувач по јавната набавка за реконструкција на објектот по принцип „Клуч на рака“. По ...
Јавното обвинителство изврши увид и постапува по настанот При градежни работи во близина на спомен-куќата на Владо Малески во Струга дојде до оштетување на објектот. Јавното обвинителство изврши увид и отвори предмет за случајот, а работите ги изведувало лице од Велешта. Во моментот се преземаат дејствија за утврдување на околностите под кои се случил настанот. Јавен обвинител денеска соопшти дека на 16 октомври извршил увид на лице место во ...
Домашните набљудувачи и нивните организации За осмите Локални избори во Македонија, кои ќе се одржат в недела, ќе мониторираат 1.451 домашни и странски набљудувачи. Според податоците од Државната изборна комисија, акредитирани се 807 домашни и 644 странски набљудувачи, како и 12 странски новинари. Најмногу домашни набљудувачи има Здружението за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје со 549 набљудувачи. Изборите ќе ги ...
Вкупен број гласачи и посебни категории На осмите Локални избори во Македонија, кои ќе се одржат в недела, право на глас имаат 1.832.415 гласачи. Од нив, 1.717.803 се во земјата, додека 112 илјади се запишани во посебниот избирачки список со лица во странство. Особено право на глас имаат 2.162 лица затворени или во притвор, како и 450 гласачи во старските домови. Иако гласање во дијаспората нема, лицата кои се на привремена работа или живеат во ...
Животот на дрвосечачка и независна жена 27-годишната Сандра Бојаниќ од которското село Драгаљ го привлекува вниманието на целиот регион, но не со својот изглед, туку со тоа што го прави во секојдневието. Таа е дрвосечачка, а нејзиниот начин на живот е необичен и за многумина инспиративен. „Сечам камион дрва, потоа одам дома, работам низ куќата, сечам и делам дрва, ги товарам, возам и така минува денот“, вели Сандра за РТЦГ. Таа додава дека не ...
Денес гласаат затвореници, болни и стари лица Денес гласаат затвореници, болни и немоќни лица, како и жители на старските домови, во рамки на локалните избори во Македонија. Вкупно 2.162 лица се во затвор или домашен притвор, 8.851 се болни и немоќни, а 442 гласачи живеат во старски домови. Гласањето започна во утринските часови и се одвива под надзор на изборни комисии, кои внимателно го следат целиот процес. Спроведувањето на овие изборни ...
Облачно време со повремени врнежи Денес времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд од послаб интензитет, придружени со локални облаци низ повеќе региони. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец, кој повремено носи посвеж воздух и благо раздвижување на атмосферата во одредени делови од земјата. Минималните утрински температури ќе се движат од 5 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат ...
Поддршка за вакцинацијата на здравствени работници од директорот Клековски Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, го посети вакциналниот пункт во Институтот за јавно здравје, каде што се спроведува вакцинацијата на здравствени работници против сезонскиот грип. Со оваа посета се нагласува значењето на превенцијата и поддршката за заштита на здравјето на граѓаните, особено на оние кои се директно вклучени во ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од вечерашниот завршен митинг одржан во општина Охрид, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакнувајќи дека е наследена лоша состојба во Македонија која од ден на ден се менува, за подобра иднина на сите граѓани, притоа посочи дека по изборите ќе следи длабока реформа во судството и обвинителството, институции ...
„Сосема е јасно дека на овие избори се судрија два концепти — оној кој нуди реални решенија и иднина, и оној на лаги, манипулации и привиди,“ порача вечерва од митингот во Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во своето обраќање, Мицкоски остро го критикуваше својот политички противник, Венко Филипче, и владејачката СДСМ, обвинувајќи ги за „седумгодишно уништување на државата“ и „потценување на јавноста“. -Вчера Венко ладнокрвно на ...
Брутална ликвидација на Црногорец во Белград на вода Според најновите медиумски извештаи, човекот кој беше убиен синоќа на Херцеговачка улица во Белград е жителот на Цетиње, Ф.И. (33), кој во моментот на убиството поседувал фалсификувани документи од странска земја. Полицијата веднаш по инцидентот го уапсила Ѓ.З. (21), кај кого биле пронајдени два пиштола, пренесуваат белградските медиуми. Против Ф.И. претходно била распишана меѓународна ...
И додека Алијансата се справува со сериозни предизвици на повеќе континенти, Западен Балкан и натаму има значајно место на агендата на НАТО, изјави заменик-генералниот секретар на Алијансата Радмила Шеќеринска на маргините од состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. Таа подвлече дека стабилноста на регионот е од суштинско значење за Европа и дека мисијата КФОР останува најдолгата и најзначајната операција на НАТО, што го потврдува ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети „Томахавк“. „Го прашав: ‘Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?’“, им рече Трамп на новинарите. Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“. Разговорот меѓу двајцата лидери се одржал по телефон, пред ...
Планирал да убива христијани во Австрија Двајца тинејџери – еден со потекло од Македонија и еден од Чеченија – повторно се наоѓаат во притвор во Австрија, овојпат под сомнение за терористички активности, објави австрискиот портал „Хојте“. И двајцата беа осудени во летото 2023 година од регионалниот суд во Леобен, поради планирање напад врз средно училиште и намера да воспостават „калифат“ во Австрија. Првично, добија делумно условни казни од 15 ...
„Го слушав тоа, и не можев да се изначудам, и тоа го коментирав на еден мој настап, да си се држи до тоа до коешто е добро, а тоа е неврохирургијата, односно лекарскиот занает. Неговите претходници ми држеа лекции, па видовме како завршија, ако било толку добро, а тоа е од 2022 надвор од владата, тогаш немало тие да бидат во дебела опозиција и со оние бројки како што ги имаат сега и во парламентот и генерално во јавното мислење. Но, повторно она ...
ОЧЕКУВАЊЕ ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг пресуди дека рускиот претседател Владимир Путин мора да биде уапсен доколку отпатува на планираниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, објавија холандските медиуми. Според соопштението на судот, сите земји-членки на Римскиот статут на МКС се должни да ги извршуваат налозите, односно очекување за апсење на Путин, што важи и за Унгарија и соседните ...
ЉУБОВНА РАСПРАВИЈА ЗАВРШИ СО НАСИЛСТВО Во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријавил дека на 16 октомври околу 19 часот, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со сопственото возило удрила во неговото, по што со остар предмет му ги оштетила гумите и физички го нападнала. Инцидентот бил пријавен на 17 октомври во 03:20 часот, потврдија од полицијата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно ...
ПАДНА ВТОРОТО ОБВИНЕНИЕ ЗА „ПУЛС“ Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека во целост е одобрено второто обвинение за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“, во кое обвинет е Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“. „Обвинителниот акт беше поднесен на 4 септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице, А.Н., кој се јавува како одговорно лице – реален ...
Голем скандал се случил пред два дена во основното училиште „Киро Глигоров“ во општина Центар, дознава КУРИР. Имено, револтирани родители се обратија до нашата редакција, тврдејќи дека ученичка од седмо одделение, која веќе имала дијагноза, но немала придружба за време на наставата, брутално нападнала три наставнички, кои се здобиле со повреди. Како што дознаваат од Курир, прво била нападната една од наставничките која била турната на земја од ...