Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, која 17,5 години поминала во затвор за убиство на сопругот, заслужува остатокот од животот да го помине на слобода. Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на НУ „Струшки вечери на поезијата“, претседателката го образложи своето решение за помилување на Јакупи во траење од една и пол година. Сиљановска-Давкова посочи дека ...
Шумски пожар во вашиот регион. Ако се наоѓате во Сивири, во регионалната единица Халкидики, упатете се кон Мола Калива, е пораката од бројот за итни случаи 112 што кусо по 15 часот по локално време беше испратена до жителите и оние кои се во околината на Сивири на првиот крак на Халкидики, поради пожарот што избувна денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот интервенираат 122 пожарникари со три пешадиски тима и 41 возило, меѓу ...
Струга е град што помирува и почитува етнички, верски и секакви разлики, град кој може да биде пример за соживот. Ова го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со струшкиот градоначалник, Менди Ќура. Сиљановска-Давкова истакна дека симболично ја избрала Струга за посета на денот кога се одбележуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, нагласувајќи дека градот претставува пример за почитување на ...
По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“, Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и како наследничка на Јустинија Прва и на обновената Охридска Архиепископија, МПЦ – ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна дека СДС, како што вели, повторно шири паника меѓу граѓаните со тврдења дека водата во Скопје е небезбедна за пиење. „Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење“, вели Петрушевски. Од партијата велат дека ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик во случајот „Државна лотарија“. Станува збор за предметот во кој обвинети се поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами и поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби. Според обвинението, обвинетите, во ...
Вчерашниот ден беше најтежок од почетокот на новата сезона на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, од кои 46 се изгаснати, додека шест сѐ уште се активни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Покрај активните пожари, тој посочи дека се појавиле и нови жаришта ширум државата, а најголем предизвик, вели, се пожарите во општините Студеничани и Македонски Брод, додека ...
Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“ следната година. Според одлуката, двете полуфиналиња во градот на брегот на Црното Море ќе се одржат на 11. и 13 мај, а финалето ќе биде на 15 мај. Ова е објавено денеска на заедничка прес-конференција на Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ). На почетокот на јуни, БНТ објави дека Софија, Пловдив, Варна и Бургас ја продолжуваат трката за домаќин на натпреварот ...
На 12.08.2026 во 11:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Н.(63) и С.Н.(32), двете од Тетово. -Според пријавеното, С.Н. била повикана во Центарот за социјални работи Тетово во врска со претходно пријавено семејно насилство и во 11.15 часот отишла заедно со нејзината мајка М.Н. и веднаш започнале агресивно да се однесуваат кон две вработени, им се заканувале и се обиделе физички да ги нападнат, информира ...
Турист од Грузија вчера се удавил во водите на Охридското Езеро кај Пештани, соопшти денеска СВР Охрид. Според информациите, вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од водите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице. Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу констатирала дека лицето починало. Според информациите, немало видливи повреди. Првичната истрага покажала дека се работи за ...
Петнаесетгодишната Кристина од Охрид која утринава беше пријавена за исчезната, е пронајдена. Од полицијата информираат дека малолетничката е предадена на родителите. -Денеска (13.08.2026) во 12:20 часот на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот. Во содејство со ...
Денес се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор —историски документ кој остави силна трага во развојот на државата. Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, да се даде пообјективен осврт на она што се случувало во тие денови,истакна во своето обраќање заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на Свечената седница по повод 25 години Охридски рамковен договор. Македонија беше ...
Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Денес, на годишнината од неговото потпишување, важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината, напиша премиерот Мицкоски. Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. Историјата не треба ...
Суб. Спец. д-р Игор Маљковиќ од Белград, Србија, искусен пластичен и реконструктивен хирург со долгогодишно искуство во лекувањето на најсложените случаи на изгореници заедно со тим од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија извршиле сложена реконструктивна операција кај еден од најтешко повредените пациенти од пожарот во Кочани, објави Клиниката на својот профил на социјалните мрежи. По иницијатива на директорката ...
Во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што бројот на заразени од почетокот на летото се зголеми на 110. Регистрирани се и три нови смртни случаи, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Од вкупно 110 заразени, 81 пациент се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна парализа). Од заразените, 35 ...
Семејството и блиските на малолетната Кристина од Охрид бараат помош во нејзиното пронаоѓање, откако девојката е пријавена за исчезната. Според информациите што ги споделиле нејзините блиски, последниот контакт со семејството го остварила вчера околу 16 часот. При излегувањето од домот била облечена во црна маица и широки фармерки. Исчезнувањето е пријавено во полиција, а семејството апелира до сите граѓани кои можеби ја забележале Кристина ...
Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. Ова е четврти ...
Единствениот македонски претставник на Европското првенство во пливање во Париз, Никола Ѓуретановиќ денес го имаше својот прв настап. Македонецот во квалификациите на 200 метри слободно постави нов државен рекорд со време – 1:52.59 минута и за 15 стотинки го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко од Копенхаген. Воедно, Ѓуретановиќ за 27 стотинки пливаше побрзо од своето најдобро време постигнато во јуни годинава. Македонскиот ...
Рускиот претседател Владимир Путин го посети Итуруп, еден од островите во спорниот синџир Курилски Острови, за кој Јапонија тврди дека е негов, објавија руските медиуми во четврток. Неговата посета дојде еден ден по големите поморски вежби и ракетниот тест од страна на Северна Кореја, објави Ројтерс. Долгогодишен спор Москва и Токио не потпишаа формален мировен договор од Втората светска војна. Клучна пречка за нормализирање на односите е ...
Пронајдени се живи двајца млади Португалци, маж и жена, по кои се трагаше откако во силно невреме тие заедно со уште две лица синоќа исчезнаа во Јадранското море. Се уште се трага по другите двајца португалски државјани, пренесува Индекс. Поради исклучително лошите временски услови на море, со силни налети на бранови високи до три метри, МРЦЦ Риека, во координација со Капетанијата на пристаништето Сењ, Капетанијата на пристаништето Риека и ...
Утрово телото на Лирим Хајредини, директор на Алсат телевизија е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според информациите Хајредини паднал од зграда, а се истражува дали е самоубиство или несреќен случај. Повеќе од 16 години тој беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат. Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција. Тој беше искусен менаџер ...
Севастопол остана без електрична енергија по масовен украински напад со беспилотни летала врз Крим во текот на ноќта, потврдија руските власти. Нападите биле насочени кон енергетската инфраструктура, а надлежните сè уште ја проценуваат штетата. Гувернерот на Севастопол поставен од Москва, Михаил Развожаев, соопшти дека руската противвоздушна одбрана, авијацијата и мобилните огнени групи го одбивале нападот, но дека бил погоден енергетскиот ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека следната недела ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци. Дезинсекцијата ќе се реализира во вторник во раните утрински часови, информираат од градот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите ...
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти, соопшти денеска Министерството за дигитална ...
Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците, се наведува во соопштението на ВРЕДИ. -Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го обезвредни, претворајќи го во ...
Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што вчера попладне беше демантирано од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ЈП „Водовод и канализација“ и од Министерството за здравство. „Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и тие се ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со ново соопштение во кое прашува каде се наоѓа лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека седми ден е на одмор во Грција, во друштво на поранешниот премиер Зоран Заев. Од партијата тврдат дека Филипче на 6 август со мотор ја напуштил државата преку граничниот премин „Богородица“, по што, како што наведуваат, заминал кај Заев. „Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 ...
Гласачите во Клактон, крајбрежен град во близина на Лондон, гласаат во четврток на предвремените избори што ги предизвика Најџел Фараж откако поднесе оставка од функцијата пратеник. Фараж, лидер на антиимиграциската партија „Реформа на Велика Британија“, се повлече од Долниот дом со надеж дека новите избори ќе ги замолчат прашањата за неговите финансии. Опозицијата и политичките противници го опишаа потегот како политички маневар, а големите ...