Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Министерството за здравство информира дека досега нема регистриран ниту хоспитализиран пациент во Скопје чија здравствена состојба е поврзана со консумирање загадена вода. Ова го потврдил директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, на денешната прес-конференција во Министерството за здравство. Информацијата ја потврдиле и одговорните лица од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје. Оттаму посочуваат дека ...
Прогласувањето епидемија на Западно-нилска треска во одредено место, значи дека е утврдено ширење на инфекцијата во таа област и дека ризикот за населението е поголем од вообичаено. Прогласувањето епидемија е пред сè јавно-здравствена и административна мерка за организирано справување со заразна болест, а не нужно знак дека постои непосредна опасност за населението. Тоа не значи дека сите жители се заразени, ниту автоматски значи дека местото ...
Според урбанистичко планската документација на Град Кочани од 1998 до денеска и согласно Законот за градење на предметната локација на која функционира објектот дискотека/кабаре „Пулс” не е дозволена пренамена од индустриски објект во објект за вршење угостителска дејност. Од 2012 година инвеститорот почнува дел од објектот да го користи за намена дискотека/кабаре што е спротивно на ДУП и законската легислатива за урбанистичко планирање и ...
Според новите правила, од денеска на пазарот на целата територија на ЕУ не смее да се става амбалажа за храна што содржи PFAS во концентрации еднакви или повисоки од пропишаните граници. За поединечни PFAS-соединенија границата е 25 ppb, за збирот на целно анализираните PFAS-соединенија 250 ppb, додека за вкупната содржина на PFAS, вклучително и полимерните PFAS, границата е 50 ppm. Германските организации за заштита на потрошувачите ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. „Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“. Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. На средбата, заменик претседателот на Владата, Николоски го истакна огромниот потенцијал на Македонија како туристичка и авио дестинација, особено во услови ...
Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски заедно со претставниците од Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Скопје и Клиниката за инфективни болести, на денешната прес конференција информираа за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава. – Навремено и транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со западнонилската треска. Ова не е ново заболување, присутна е и во текот на претходни години, а ...
Три дена во Свети Николе не се пие водата од водоводот. Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење. „При редовни неделни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа, и покрај утврденото присуство на резидуал хлор од 0,4 мг/л кој е главен индикатор за безбедна вода за пиење, се ...
Сметам дека како држава сме созреани да имаме капацитет веќе да ги надминуваме етничките линии и да градиме вистинско граѓанско општество што е насочено пред сѐ на предизвиците на 21-от век и времето во коешто ние живееме. Бидејќи институциите, системот, државата му припаѓаат на граѓанинот пред сѐ, нагласи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на панел-дискусијата „Иднината на Охридскиот договор и градењето ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска се закани дека ќе заплени бродови од европските земји. Неговата објава е одговор на плановите за продажба на товар од пресретнати руски бродови што припаѓаат на таканаречената „флота во сенка“, објавува Euronews. Заканата беше поттикната од пресретнувањето на неколку бродови што превезуваат руска нафта, со што се прекршени европските санкции наметнати врз клучните извори на приходи на Москва. ...
Во тек е координирана операција за пребарување и спасување на четири млади португалски државјани кои исчезнаа за време на силна бура во каналот Велебит, објави Националниот центар за координација на поморско пребарување и спасување во Риека Известувањето за исчезнувањето на четирите лица го примила околу 4 часот наутро нивна познаничка. Според неа, четирите пријатели тргнале од камп северно од Сењ со рекреативен надувувачки чамец, долг околу ...
По поразот од Хапоел Бер Шева синоќа во Белград со 2:0 во реваншот од квалификациската рунда за Лигата на шампионите, тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, се збогуваше со своите играчи и поднесе оставка, објави „Директно“. Со оваа постапка не се согласува раководството на српскиот клуб и затоа ќе се обиде да го разубеди Станковиќ околу неговата одлука за заминување. Прес-конференцијата и стандардните процедури по натпреварот не беа ...
Маж цели 18 месеци се претставувал како полицаец и учествувал во официјални полициски постапки на аеродромот „Брник“ кај Љубљана, пренесува „РТВ Словенија“. Пропустите можеле да доведат до неовластен пристап до заштитени подрачја, па дури и до загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Загрозена можела да биде и безбедноста на полицајците, бидејќи полицијата не реагирала навреме откако добила информации дека на аеродромот „Брник“ ...
Министерството за транспорт ќе го преземе решавањето на проблемот со сложеното движење на земјиштето кај Теферич, а во санацијата ќе бидат вклучени експерти од Министерството и од Јавното претпријатие за државни патишта. Доколку биде потребно, ќе бидат ангажирани и дополнителни стручни лица. Министерот за транспорт Александар Николоски вчера изјави дека станува збор за сложена проблематика, која по својата природа е слична на проблемот со ...
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека веќе 95 институции се поврзани преку Платформата за интероперабилност. За 130 отсто e зголемен бројот на трансакции споредено со лани, на 3,5 милиони трансакции во јули. – Податоците треба да се движат, не граѓаните. Ако државата веќе има одреден податок, нема причина повторно да го бара од вас на шалтер – посочува Андоновски на објавата на Фејсбук. Целта, како што вели, ...
Една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години во земјава се коцкале за пари во последните 12 месеци, или 34 отсто од момчињата и 16 отсто од девојчињата. Од ХЕРА по повод Меѓународниот ден на младите преку герила акција во Скопје го изразија својот револт од сè поголемата присутност на коцкањето и обложувањето во секојдневието на младите. Тие побараа доследна примена на регулативата и контрола на оддалеченоста на коцкарниците и ...
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на следните делови од Скопје: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Според здравствените власти, од почетокот на годината има 24 потврдени пациенти заболени од западнонилска треска, а двајца се суспектни. Дваесет се хоспитализирани на Инфективната клиника ...
Жителите на северната хемисфера на Земјата денеска ќе можат да проследат редок астрономски настан – помрачување на Сонцето. Во некои региони ќе има целосно затемнување, а во други само делумно. Овој астрономски феномен се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи ја сончевата светлина целосно или делумно. Целосно помрачување на Сонцето ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот ...
Машко шестмесечно бебе беше спасено од урнатините на зграда во Кали во Колумбија, благодарение на глас од урнатините, додека друга млада жена беше спасена во Переира, 36 часа по силниот земјотрес. Бебето беше спасено во Кали благодарение на Брајан Осорио Зулуага, кој по земјотресот застана пред урнатата петкатница на пат кон дома и почна да вика за преживеани, и покрај предупредувањата за можно истекување на гас, објавува CNN. Како одговор ...
Европската Унија разгледува измени во правилата за проширување поради сè поголемата загриженост дека забрзаниот прием на нови членки би можел да го отежне или блокира носењето клучни одлуки во Унијата, објавува „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Иако земјите членки јавно ја поддржуваат политиката на проширување, во некои од највлијателните престолнини, меѓу кои Париз, Берлин и Хаг, постои резервираност кон значително ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во Општина Бутел се реализира проект за изградба на мега парк на површина од 50.000 квадратни метри, кој ќе претставува една од најголемите зелени површини во овој дел од градот. Според најавата, паркот се гради долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, а проектот е поделен во две фази. Првиот дел, со површина од 8.000 квадратни метри, е речиси целосно завршен и вклучува ...
ДУИ бара одговори за имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС, особено за инвестициите во Mercedes-Benz Group AG кои според партијата се сомнителни и треба да се проверат од антикорупциските органи за потеклото на капиталот. Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на утринското соопштение на СДСМ и Венко Филипче во врска со одморот на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја опозициската партија за политички напади и создавање поделби. -Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза. Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на ...
Велосипедската рута на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Крит завршила со пад и со посета на болница. Тој поминал со полесни повреди и по лекарскиот преглед продолжил со планираните активности. Мицотакис ги минувал слободните денови на родниот остров Крит. За време на возење велосипед на планински терен загубил контрола и паднал. Премиерот потоа бил пренесен во Општата болница во Ханја. Лекарите го прегледале и констатирале полесни ...
Министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во интервју за „Телма“ вели дека Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. – Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Во овие земји македонските извозници најчесто одат бидејќи ...
СДСМ го критикува одснесувањето на власта која кога има проблем исчезнува „од радар“, а премиерот оди на промоција на секакви некакви објекти, или како што велат: „Кога има лента за сечење – доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани – исчезнуваат и напаѓаат“. -Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат. Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни – сите се соочуваат со ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ја брани идејата за затворање на подрачни училишта и покрај противењата на родителите во дел од засегнатите места. Таа вели дека има случаи на едно дете во еден клас и во едно училиште, што го смета за несоодветно. Целта е поквалитетно образование, додава таа, а растојание од, на пример два километри, не е далечина што родителите не можат да ја совладаат. Тоа е пракса во големите градови, ...
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, 41-годишниот Кристијано Роналдо се ожени со својата долгогодишна партнерка, моделот Георгина Родригез (32) на граѓанска церемонија во Португалија. Португалскиот напаѓач објави слика на својот Инстаграм профил на која се гледаат две раце со венчални прстени. Нарекувајќи ја „свадба на годината“, португалските медиуми објавија дека двојката се венчала на 11 август во крајбрежниот град Каскаис во ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...