Со длабока почит и искрени честитки, на српскиот народ им го честитам големиот духовен и национален празник Свети Сава, симбол на просвета, мудрост, духовност и државотворност, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски. Наследството на Свети Сава претставува темел врз кој се изградени вредностите на образованието, верата, културата и заедништвото, кои и денес се силна инспирација за градење праведно, хумано и напредно ...

Здружение на матични гинеколози денеска преку соопштение изрази својата силна и недвосмислена поддршка на предлог-законот за заштита од пушењето, со кој се предвидува целосна забрана за употреба на цигари и сите видови никотински производи во затворени простории, вклучително и електронски цигари и уреди за загревање тутун. – Како здравствени работници кои секојдневно работат со жени во репродуктивен период, бремени жени, родилки и парови кои ...

Обилните врнежи во струмичко засега не предизвикуваат поголеми проблеми, а единствено е забележано поплавување на дел од земјоделски површини и неколку дворови во селата Муртино и Сачево, информираа утрово од Регионалниот Центар за управување со кризи во Струмица. Според информацијата оттаму, нивото на водите во реките се стабилизира, посебно на реката Тркања кој вчера преливаше пред влезот во Струмица, а екипи на ЈП „Плаваја“ од Радовиш ...

Мицкоски: Очекувам проблемот со превозниците да се реши Од септември месец ова прашање е на дневен ред во рамки на нашите разговори со Европската комисија. Министерот за надворешни работи е задолжен од Владата да разговара за ова прашање, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за блокадите за превозниците и решавањето на овој проблем. -Очекувам ова да се реши. Вчера побарав телефонски разговор со претседателката со Европската комисија, ...

Сега постапката е да се произнесе Јавното обвинителство, односно Советот на јавни обвинители, да почекаме тие да се произнесат, а потоа Владата ќе излезе со свој став, рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по увидот на инфраструктурни проекти во Општина Гази Баба. Петмина кандидати се пријавени на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија, што истече ноќеска на полноќ, но за да се затвори листата, се остава ...

Надојдената вода од реката Тркања однесе 120 јагниња и 100 овци Надојдената вода од реката Тркања вчера попладне однесе 120 јагниња и 100 овци од шталата на Никола Колев во селото Костурино, лоцирана на местото „Шепово“. Според сопственикот, се се случило за помалку од 10 минути, а надојдената вода влечела се пред себе. – Од брзата и надојдена вода, која достигна над два метри, не успеавме да ја отвориме шталата и да ги извадиме јагнињата и ...

Премиерот, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што се случува со спортската сала во Расадник, до каде е реконструкцијата, бидејќи долго време беше запуштена, изјави: „Да благодарам, мислам дека е при крај. Мислам дека веќе следниот месец или месецот потоа најдоцна, треба и таа да се пушти во употреба, исто како што и салата во склоп на универзитетскиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. ...

Нелоски: СДСМ да ги изнесе информациите во потврдна форма за да поднесам тужба за клевета СДСМ да не поставува прашања, туку да ги изнесе информациите во потврдна форма за да поднесам соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи, порача преку својот фејсбук профил Владимир Нелоски. Обвинувањата што ги изнесува СДСМ, тој ги квалификува како тирада на нечесни и валкани прес-конференции кои изобилуваат со невистини, креирани ...

Асоцијацијата на автобуските превозници „Исток“ укажува дека новиот начин на евиденција во шенген-зоната го отежнува нивното секојдневно работење Асоцијацијата на автобуските превозници „Исток“ укажува дека новиот начин на евиденција во шенген-зоната ги отежнува нивното секојдневно работење и редовното одржување на секојдневните меѓународни линии за превоз на патници. Од европските институции бара фер и применливо решение што ќе го земе ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека не бил статист и не правел селфија во Давос, каде што минатата недела учествуваше на Светскиот економски форум, како што тврдеа патолошките лажговци од СДС, кои последниот месец само тоа и го прават. Тој детално кажа со кого сѐ учествувал на трите панели и со кои луѓе седел на иста маса за време на свечената вечера на која што бил поканет, што СДС и не можеа да го знаат затоа што не беа таму, ...

Како одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува обврска јавно да ги демантира невистинитите и неаргументирани тврдења изнесени во јавноста, поврзани со постапката која се води пред надлежните институции, а произлегуваат од предметот помеѓу Македонски Телеком и Фокуснет. И покрај тоа што оваа постапка според Законот за Судски совет е тајна, во јавноста беа изнесени нецелосни и неточни информации од страна на суспендираната судијка ...

Премиерот ја коментира најавата за синдикален протест Премиерот Христијан Мицкоски, прашан за утрешниот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), истакна дека „секој има право да протестира“. Тој нагласи дека минималната плата ќе се зголеми во согласност со законот, односно платите што работниците ќе ги добијат во април за месец март ќе бидат повисоки. „Во согласност со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, ...

Гувернерот Волц доби ветување за независна истрага по пукањето во Минеаполис Гувернерот на Минесота, Тим Волц, денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп се согласил да размисли за намалување на бројот на федерални агенти во државата и ветил дека ќе разговара со Одделот за внатрешна безбедност за да се обезбеди независна истрага на државните служби за пукањето што се случи во саботата, објавија американските медиуми. „Потребна е ...

Министерот за надворешна работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва истакна дека македонската владина делегација на Светскиот економски форум во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија. -Целта на нас како владина делегација на овој настан беше насочена кон следење на најновите трендови и активна комуникација со компаниите кои можат да ни помогнат во насока на ...

Евакуирани 1.000 лица, власти обезбедуваат итни средства за справување со штетите Италијанската влада прогласи вонредна состојба поради штетите предизвикани од медитеранскиот циклон „Хари“. Бурата го погоди главно јужниот дел на земјата, а најтешко погоден е регион Сицилија. Регионалниот гувернер Ренато Скифани изјави дека штетите во Сицилија се проценети на повеќе од 1,5 милијарди евра. Големи штети беа пријавени и во регионите Сардинија и ...

Отсуството на СДСМ открива внатрешни поделби Пратениците на СДСМ денеска не присуствуваа на Националниот совет за евроинтеграции, каде беа презентирани приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на Европската Унија. „Кога дури ни сопствените пратеници не му се појавуваат на седница што ја води Венко Филипче, прашањето веќе не е дали во СДСМ има внатрешен конфликт, туку колку е длабок“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране ...

Сегашната в.д. обвинителка Тополова Исајловска и четворица други се во трката До Собранието на Република Македонија досега пристигнале пет кандидатури за избор на нов државен јавен обвинител. Во трката се в.д. државната јавна обвинителка Анита Тополова Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и обвинителката Лидија Раичевиќ. Рокот за ...

Град Скопје ги повикува граѓаните и компаниите да ги подмират долговите Град Скопје соопшти дека од 26 јануари 2026 година започнува постапка за присилна наплата на данок на имот за 2021 година, поради тоа што значителен број обврзници сè уште не ги подмириле своите обврски. На 9 декември 2025 година, според градската управа, бил упатен јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, со цел да ги подмират долговите по ...

Советот на честа при ЗНМ информира дека во изминатите неколку недели до Советот се доставени повеќе претставки од политичката партија СДСМ, кои се однесуваат на содржини објавени во форма на колумни и јавно изразени ставови на онлајн медиумот Плусинфо. Во согласност со правилникот за работа, Советот на честа ја спроведе постапката во рамки на новинарската саморегулација и врз основа на Кодексот на новинарите на Македонија одлучи да побара ...

Обележан Меѓународниот ден на Царината Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, денеска го одбележа Меѓународниот ден на Царината со доделување признанија на вработените кои со својот труд и посветеност ја зголемиле ефикасноста на управата. „Меѓународниот ден на Царината го одбележавме со доделување признанија на колегите кои со својата работа дадоа исклучителен придонес за поголема ефикасност на управата. За мене, резултатите ...

YouTube пред медицинските веб-сајтови во AI одговорите Анализа на најновите одговори од функцијата „AI Overviews“ на „Google“ откри дека „YouTube“ се користи почесто од било кој медицински веб-сајт кога се одговара на прашања за здравје. Компанијата „Google“ соопшти дека одговорите на вештачката интелигенција, кои се појавуваат на врвот на резултатите од пребарувањето и користат генеративна AI за одговори на прашањата на корисниците, се ...

Енергетска состојба во Киев и најпогодените региони Енергетската состојба во Киев е исклучително тешка, а повеќе од 1.200 станбени згради остануваат без греење. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека денеска бил одржан посебен состанок на кој биле разгледани состојбите во регионите каде што енергетската ситуација е најтешка. Според изнесените информации, како најпогодени се наведени Киев и Киевската област, Харков и ...

Синоќа во полицијата во Радовиш било пријавено дека настанал пожар на автобус Синоќа во полицијата во Радовиш било пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворното место на Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во овој град. На местото на инцидентот веднаш пристигнала екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, која успешно го локализирала и изгаснала пожарот и нема повредени лица. По преземените истражни ...

„Евродизелот“ (Д-Е V) од полноќ поскапува за 1,00, а екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари за литар. Цените на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „евродизелот БС“ (Д-Е V) ќе изнесува 67,50 денари, а на екстра-лесното масло (ЕЛ-1) 66,50 денари за литар. За 0,112 денари поскапува и „мазутот М-1 НС“ и еден килограм ќе се продава ...

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Струмица Петар Јанков, денеска го предадоа во употреба мултифункционалното игралиште во Гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица. Според министерот Ристовски, низ државата се отворени многу мултифункционални игралишта и сега во Струмица, зашто, како што рече тој „со години Струмица беше запоставувана и не се градеа такви игралишта кои се од големо значање и за учениците и за сите кои ...

Жолт хидро аларм за поголем дел од земјава Управа за хидрометеоролошки работи издаде жолт хидро аларм поради можност од зголемување на водостојот и потенцијално излевање на реките во периодот од 26 до 27 јануари 2026 година. Жолта фаза во централна и источна Македонија Според официјалната мапа на хидро алармот, најголемиот дел од територијата на државата е означен со жолта боја, што укажува на состојба на внимателност. Во зоната на ...

Зијадин Села, денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на измените на Законот за прекршоците Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на измените на Законот за прекршоците, кои се донесени со цел имплементација на проектот „Безбеден град“. Според Села, законското решение е спорно од повеќе аспекти – од процедурата на носење ...

Сведоштво за хаосот во „Пулс“: Стампедо, чад и безживотни тела Сведок кој кобната вечер бил гостин во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за првпат денеска во судницата во Идризово од лично искуство опиша што се случувало во моментот кога избувнал пожарот. Тој раскажа дека настанало стампедо, се чувствувал силен мирис на чад, а на скалите пред излезот едно лице паднало, по што сите се струполиле, пренесе МИА. Малолетници во дискотеката и отсуство ...

Кои прекршоци се санкционираат од „Сејф сити“ и која цена? Во рамки на мерките за зголемување на сообраќајната безбедност и доследна примена на законските прописи, Министерство за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците кои се евидентираат и санкционираат преку системот „Безбеден град“, како и за висината на предвидените глоби. Казни за брзина и поминување на црвено светло За пречекорување на дозволената брзина во населено ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1009
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
67%
1012
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
84%
1009
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
8.75
74%
1015
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
5.41
96%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
97%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
4.12
75%
1007
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1007
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
7.72
76%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
87%
1012
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
9.77
83%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

55363.59

Родиум

334367.76

Платина

68416.79

Сребро

2677.51

Злато

163216.16

Калај

46.04

Бакар

11.84

Иридиум

215504.98

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.07

Цинк

3.29