Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината ја потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот. Станбени згради, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина им ги предала на американските преговарачи своите предлози за план за завршување на војната со Русија. Изјавата на Зеленски доаѓа во услови на најави од Москва и Киев дека американските преговарачи наскоро би можеле да ги посетат двете земји во рамки на напорите за продолжување на мировниот процес. – Ги предадовме нашите предлози на американската страна. Но, Соединетите ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и во петок (14 август), со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Пријавените кандидати денеска ќе го полагаат тестот по изборниот екстерен испит – математика или ...
Со изведување на градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека ...
На територијата на државата до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во Општина Ново Село, на ...
Експлозивна направа била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 18:10 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид, А.С. од Охрид пријавил дека во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани, била пронајдена бомба. Известена била Дирекцијата за заштита и спасување за подигнување на експлозивната направа. Експлозивна ...
Активисти итно бараат помош за срна која е повредена на патот меѓу Кичево и Демир Хисар, во близина на селото Цер, кое се наоѓа на границата меѓу двете општини. Според објава во група за заштита на животните, срната е неподвижна и тешко повредена, откако била удрена од возило чиј возач продолжил да се движи, оставајќи го животното во тешка состојба. На социјалните мрежи се објавени и фотографии од повредената срна, која лежи на коловозот. ...
Постигнат е договор за откупната цена на пиперката „куртовска капија“. Пиперката што ќе се носи во преработувачките капацитети ќе се откупува по цена од 30 денари за килограм, соопшти министерот за земјоделство Борче Серафимовски. Според него, цената од 25 денари е ставена во категоријата прва-втора класа, во која припаѓаат околу 80 проценти од родот. Од утре, среда, ќе започне примената на новите откупни цени, кои ќе важат до завршувањето ...
Проблемот со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи е надминат, информираат МВР и Фондот за здравствено осигурување. Вработените во МВР повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги и да ги остваруваат правата од здравственото осигурување. Во текот на денот, двете институции биле во континуирана координација, во соработка со Управата за јавни приходи. Преземени се потребните активности ...
Учениците новата учебна година ќе ја започнат со обезбедени учебници, а дистрибуцијата на најголемиот дел од нив веќе е завршена. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, посочувајќи дека во тек е финализирањето на целиот процес. Нов модел за издавање и дистрибуција Јаневска во интервју за телевизија Сител посочи дека Министерството за образование и наука презело повеќе мерки за подобрување на системот за издавање и ...
Министерството за транспорт ја презеде обврската да го реши проблемот со свлечиштето на патот за Тефериџ во Кисела Вода бидејќи проблемот е комплициран и бара поголема експертиза. Тендерот за изведувач се уште трае, по изборот на изведувач ќе започнеме да работиме и очекувам за година дена да го санираме лизгањето на земјиштето, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Телма. ...
Водостојот на реката Рајна во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија достигна историски минимум во Келн, покажуваат податоците од Канцеларијата за водни патишта и пловидба на Рајна. Водостојот се намали на 56 сантиметри, а според прогнозите се очекува дополнително да опадне на 54 сантиметри во текот на денот. Се очекува дополнително намалување Метеоролозите предупредуваат дека состојбата би можела дополнително да се влоши. До ...
Парламентот на Унгарија го избра Андраш Бака, поранешен претседател на Врховниот суд, за претседател на земјата. Бака ја доби функцијата, која во најголем дел има церемонијален карактер, со поддршка од владејачката десноцентричната партија Тиса. Пратениците од опозицискиот Фидес претходно најавија дека нема да учествуваат во гласањето. Претседателот на Унгарија се избира во Парламентот со двотретинско мнозинство на тајно гласање. Доколку ...
СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите и хистеријата во јавноста. Денеска ова на прес-конференција го правеше нивниот Андреј Жерновски кој на јавноста и е познат по менување партии, неуспешна политичка кариера, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Жерновски. -Во суштина тоа се тие ликови на актуелното раководство на СДС кои реално се талогот на Македонија. Тоа се тие на кои им пречи се, им пречи Македонија, им ...
Помош од внатре при кражбата која ја опустоши електровлечната потстаница Драчево, во сопственост на Македонски железници – Инфраструктура. Извори од компанијата велат дека е речиси невозможно кражбата да била извршена без помош од нивни колеги, затоа што крадците имале многу информации што ги знаеле само ограничен број вработени и технички знаења потребни за таков зафат, пренесува „Телма“ Направиле штета од 5 милиони евра за да ќарат околу ...
Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката. Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните служби, ...
Во јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации поврзани со површинска депонија, која се доведува во врска со изворот „Рашче“, што предизвика загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење. Од Град Скопје информираат дека водата е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи. Депонијата е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“ Според ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека депонијата за која се зборува во јавноста, не се наоѓа на територијата на Град Скопје. „Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија која се поврзува со изворот „Рашче“, а со тоа се создава непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење. Затоа, сакам најпрво да ги кажеме фактите. Депонијата ...
На 11.08.2026 во 01:51 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„Младинска“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од с.Просениково, струмичко и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишникот, додека со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, констатирани ...
Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, откако на денешната средба во Струмица е постигнат договор меѓу производителите, откупувачите и преработувачите. Според договореното, првата класа ќе се откупува за 40 денари за килограм, прва/втора класа и пиперката наменета за индустриски капацитети ќе се плаќа 30 денари, додека за шкартот е договорена цена од 15 денари за килограм. Информацијата ја соопшти министерот за ...
Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...
Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура на државата. Но историјата нè учи дека договорите, колку и да се праведни на хартија, можат да бидат изопачени во пракса. Можат да бидат релативизирани и обезвреднети кога недостигаат политичка култура и морал, истакна на денешната прес конференција Дритон Сулејмани од политичката партија ВРЕДИ. -Токму тука лежи најголемиот тест низ кој помина ...
На 10.08.2026 во 14:45 часот на патот Тетово–с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од с.Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопшти МВР. Имено, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото. Во врска со ...
Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе чекаат до 1 септември кога во Брисел е закажан состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија од чиј исход ќе зависи дали ќе преминат кон протести. Тие денеска во Скопје одржаа состанок по којшто изјавија дека не сакаат да протестираат, но дека ако бидат приморени ќе го преземат овој чекор со тоа што протестите нема да прекинат како минатиот пат, туку ќе траат до исполнување ...
Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е блиску до можноста за безбедна употреба и за пиење, информираат од Локалниот кризен штаб од каде посочуваат дека резултати од микробиолошките анализи се поволни, а последните мерења потврдиле дека и нивото на хлор се враќа во дозволените граници. Координаторот на Локалниот кризен штаб и член на Централниот штаб, Зуди Џелили посочи дека одлуката за повлекување на забраната за користење на водата ...
Дете на возраст од година ипол било нападнато и искасано од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, информираат неговите родители, пренесува РомаПрес. Според сведоштвото на семејството, кучето најверојатно влегло во дворот додека членовите на семејството биле на терасата. Детето во тој момент било малку подалеку од останатите. Кога мајката се обидела да го избрка кучето, животното, според нивното сведоштво, се нафрлило врз ...
Согласно официјалните информации од Универзитетскиот институт за позитронско емисиона томографија, моменталниот застој во работењето на ПЕТ/КТ скенерот е предизвикан од технички проблем во производството на радиоизотопи, поврзан со циклотронот. Овластениот сервисер интензивно работи на отстранувањето на дефектот, а преземени се сите неопходни чекори апаратот повторно да биде ставен во функција во најкраток можен рок, информираат од ...
Крушево деновиве повторно живее со параглајдингот. Од 8 до 19 август, Крушево е домаќин на 18. FAI Европско првенство во параглајдинг, еден од најзначајните меѓународни настани во дисциплината Paragliding Cross Country. На првенството учествуваат 130 пилоти од 38 земји. Заедно со тимовите и придружниот персонал, во Крушево се присутни повеќе од 200 учесници директно поврзани со натпреварувањето. Главното полетување се одвива од Мечкин Камен, ...
Вкупно 113.436 туристи ја посетиле Македонија во јуни годинава и оствариле 221.608 ноќевања, покажуваат податоците за туристичкиот промет. Од вкупниот број туристи, 22,8 отсто биле домашни, додека 77,2 отсто биле странски гости. Кај ноќевањата, 29,2 отсто биле остварени од домашните, а 70,8 проценти од странските туристи. Меѓу странските гости убедливо најбројни биле туристите од Турција. Во јуни Македонија ја посетиле 24.570 туристи од оваа ...
Кога немаат идеи и резултати, во СДСМ произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски. – Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека така повторно ќе дојдат на власт – рече Манасиевски. Таа ...